You are on page 1of 3

9 Честички

Вежба 1

Направете реченици во кои ќе ги употребите честичките за:

Тврдење: да; Одрекување: не/ ни/ ниту; Прашување: дали/ ли/ зар/ нели; Заповед: да/ нека

/да/ : ______________________________________________________________________

/не/:
______________________________________________________________________________

/ни/:_________________________________________________________________________

/ниту/:________________________________________________________________________

/дали/:________________________________________________________________________

/ли/:_________________________________________________________________________

/зар/:________________________________________________________________________

/нели/:________________________________________________________________________

/да/:_________________________________________________________________________

/нека/:________________________________________________________________________

Вежба 2

Посочете какви видови честици се употребени во следниве примери:

А) Ми измери токму колку што ѝ побарав.

Б) Токму таа ми требаше.

В) Само нас нè поздравуваа.

Г) Ете ја жената што продава кочански ориз.

Д) Уште тој ми остана од семејството.

Ѓ) Барем да ја видевме за последен пат.

Е) Речиси до рамена ми доаѓа косата.

Ж) Имено за тоа стануваше збор во излагањето.


З) Дури и ним им го откажале гостопримството.

Ѕ) Ене ти ги книгите!

И) Рамно три години не сме се виделе.

Ј) Баш нив ги очекував.

К) Еве го и синот стаса!

Л) И неа ја поканиле.

Љ) Единствено ми остана да ја кажам вистината.

М) Ѝ укажувам, но таа пак го повторува истото.

Н) Оди, оди, одвај стасавме до дома.

Њ) Гледам и просто не можам да им поверувам на очиве.

Вежба 3

Прочитајте ги наведените реченици и одговорете на поставените прашања:

А) Само ти го знаеш одговорот.

Б) Постеше рамно четириесет дена.

В) Зар и ти, сине Бруте?!

Г) И тоа ми ти бил некаков одговор!

Д) Единствено ти можеш да му помогнеш!

Прашања:

- Во реченицата под а), честицата само е употребена со значење на _______________.


- Наведете со која друга честица би можела да се замени честицата рамно во реченицата
под б): ________________________.
- Во реченицата под в), кон прашалната честица зар е вклучена модална нијанса на
________________.
- Во реченицата под г), и претставува: а)сврзник, или б)честица за исклучување?
- Наведете со која друга честица би можел да се замени зборот единствено во
реченицата под д): _____________.
Вежба 4

Направете реченици со формообразувачките честички:

Ќе/ би/ да/ нека/ по-/ нај-/ кој-годе/ кој-било

- Би сакал да _______________________________________________________________
- Да учи ____________________________________________________________________
- Ќе ________________________________________________________________________
- __________________________________________________________________________
- __________________________________________________________________________
- ___________________________________________________________________________
- ___________________________________________________________________________
- ___________________________________________________________________________

You might also like