You are on page 1of 3

Joakim krcovski I kiril pejcinovik

• Некои спомени за Јоакима во народното предание, особено од Кратовско и Кривопаланечко побудуваат несомнен интерес, но нивната
веродостојност не може, се разбира, во сè да се потврди. Според соопштението на кратовчанецот Е. Кранов, татко му на Јоаким бил од  Кичево.
Фамилијата се преселила прво во Самоков, отаде во Крива Паланка и после во Кратово. Јоаким се учел во Цариград. Како даскал во Кратово тој
ги учел заедно машките и девојчињата. „Тој и неговите синови - вели Каранов - биле скитници проповедници по различни цркви и параклисчиња
од Штип до Ќустендил. Во едно од таквите скитања и умрел Хаџи Јаким“.
• Според вестите што ги собрал Ј. Иванов од Крива Паланка би излегувало дека Јоаким бил родум од кратовските села, дошол во Паланка и таму
живеел до својата смрт. Кај неговите внуци се чувала сингелија за располагањето на Јоаким за свештеник, пишувана на  црковнословенски јазик ,
издадена во 1787 година од скопскиот митрополит Захариј (Ј. Иванов, меѓутоа, немал можност и лично да го види тој документ).
• Јоаким имал три сина, од кои двајцата исто станале попови: Давид јереј останал во  Паланка, Геогри јереј се преселил во Кратово, а третиот син
во Самоков. Ј. Иванов соопштува и за една белешка во зборник што му припаѓал некогаш на кратовчанецот Коџе Хаџи Трајчев, а која гласи:
„Занимавалсја Х. Јоаким исповедник в град Кратово, 1781 година“. Тој смета дека оваа белешка потекнува од самиот писател, меѓутоа А.М.
Селишчев ја отфрла таа претпоставка излегувајќи од јазичните и правописните особености одразени во неа. Тој укажува и на несоодветноста на
датумот: Јоаким, којшто, според сингелијата, станал свештеник во 1787 година, не можел да биде веќе неколку години пред тоа исповедник.
• Исвесна поткрепа на веста дека Јоаким потекнувал од Кичево, односно Кичевско (с. Осломеј), наоѓаме во неговото презиме Крчовски, кое може
да се изведува од турската варијанта на името на Кичево (Крчова: таа варијанта е употребена во запис од 1846 година во псалтир што му
припаѓал на Шишевскиот манастир кај Скопје: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“; дека била обична и во македонската средина се
гледа особено од тоа што и Миладиновци ја употребиле во белешка при пресната бр. 339: От Крчово, кун Дебарските места). И јазикот на Јоаким
содржи особености што можат да го потврдат преданието дека неговата фамилија потекнува од Кичевско. А.М. Селишчев во својата студија за
хаџи Јоакима и за јазикот на неговите книги забележа дека во тој јазик се среќаваат и елементи на централномакедонските говори. Тие се
среќаваат спорадично насекаде и во делови за кои е јасно дека се препишувани од оригинали што немаат врска со  Западна Македонија .
Останува како најприродно објаснението дека тие елементи се влезени во текстовите на Крчовски од неговиот роден западномакедонски говор.
• Како што се гледа од тие тесктови, Крчовски во нивната основа ги поставува североисточните говори. Според тоа треба да се претположи дека во
североисточна Македонија тој живеел уште од рана возраст. Но тоа не значи дека од неговиот говор биле истиснати сите западномакедонски
особености. Тие можеле да се одржуваат во неговиот домашен круг. И така, споменот за потеклото на Крчовски од Кичевско ни се чини
веродостоен.
• Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од
неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир
"Свети Јован Бигорски". Меѓутоа, потоа татко му решава да го продаде имотот во Теарце и
со него и со неговиот чичко одат во Света Гора каде се замонашуваат. По извесно време
Кирил се вратил во Тетово, а оттаму заминува во Кичевскиот манастир „
Света Богородица Пречиста“.
• Во 1801 година Пејчиновиќ станал игумен на Марковиот манастир, кој решил да го
обнови. Манастирот бил речиси уништен, меѓутоа Кирил успеал да издејствува помош од
верниците, па конаците и манастирот биле обновени. Во наредните 17 години (до 1818
година), тој се занимавал со обновувањето и истовремено оформил манастирска
библиотека од собраните ракописи од претходниот век. Додека престојувал во Марковиот
манастир ја напишал неговата прва книга Книга сија глаголемаја Огледало, која била
отпечатена во 1816 година во Будим. По дваесет години минати во манастирот, под
притисок на грчкиот владика од Скопје, го напуштил Марков манастир и се вратил во
родното Теарце. Го обновил Лешочкиот манастир со помош на богатите верници и
отворил училиште во кое ги подучувал младите и старите. Патувал и како проповедник
собирајќи книги и пишувајќи сопствени текстови. Кирил Пејчиновиќ умрел на 12 март 
1845 година во Лешочкиот манастир и е погребан во црковниот двор.

You might also like