You are on page 1of 124

УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА

АРХИЕПИСКОПИЈА* 1767 г.

Co оваа моја доброволна и непринудна оставка долупот-


пишаниот јавувам дека поради тоа што не ми е возможно да
ги уредам и поправам потребите на Охридската архиепис-
копија, коишто се јавија една по друга пред нас и во наши
дни и им дадоа не мал повод на злосторниците да го напа-
ѓаат името на Архиепископијата и да ги оштетуваат и нав-
редуваат потчинетите на Охридската архиепископија мит-
рополити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да
се избави од нивните раце тамошната земја и сиот христи-
јански род, освен преку уништувањето на Архиепископијата
- поради тоа имено се откажувам од Охридската архиепис-
копија, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија
(којашто уште ја имам додека сум жив за своја прехрана и
за задоволување на своите потреби). При таква согласност
со моите собраќа свети архиереи се направи и оваа (моја)
доброволна и непринудна оставка, којашто треба да се пос-
тави во светиот кодекс на Великата Христова црква (и во
оној на блажениот ерусалимски патријарх г.Партениј) 1767
г.јануари 16.
Охридски Арсениј ветува.

*Укинувањето на Охридската архиепископија станало по отстранувањето на ар-


хиепископот Арсениј на 16 јануари 1767 г, кога тој бил принуден да даде отказ. Овде
се дава во целост неговиот отказ од Архиепископијата.

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ, ОД „ОГЛЕДАЛО"


1816 г.

Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и


кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села,
да чува Господ, дип грубо.
Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници.

5
5
Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост
хора игаат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет,
давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден при-
чештиа чекаат. А попот узел, осом села попуат, каде по
напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит
свјатии тајн. А едни сиромаси христиани дури ги жалим заш-
то до само полдне чекаат попа, на сам царскиј великиј ден
гладнии стоат и чекаат попа да му донесет причесна и ви-
каат:"Се забави попот, тоа му било она му било!" Другиј пак
велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да се не за-
бават!" А еднии, чорбаџие што сат, мало позенгини, како
кметинке, пак тија велат: „He така. Да го тепамо, ќе не гло-
бит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да иде-
мо да потнесемо овен на агата или на пашата, да му аливе-
рисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа,
ако е подалеко со куќата." Пак другиј кмет велит за друго-
то тамо! Обај поп се забават, ама бре помало земат, ем ве-
ресие пеет, чекат за паре со години, а друиот поп со Турци
си земат хекот, ако му не платиш,,.

"Појавата на првите печатени книги на македонскиот јазик во почетокот на ми-


натиот век е најважен настан во однос на остварувањето на стремежот да се поста-
ви писмениот јазик на народна основа. Тоа се текстовите на Кирил Пејчиновиќ и Јо-
аким Крчовски. Огледало на К.Пејчиновиќ е печатено во Будим 1816 г. Тоа, како и
другите негови книжевни дела, содржи се уште доста црковни елементи, но во осно-
вата на неговиот јазик е тетовскиот говор, измешан спорадично со елементи на цен-
тралните говори. Оваа одломка е од „Поучение свакому христиану како подобает
празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое
причештение".

ОТВОРАЊЕ НА ПРВОТО СВЕТОВНО НАРОДНО


УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА*
1837 г.

Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам:


Буквар, св.Историја, Црквена Историја, Оглашение вери, Ге-
ографија, Всеобштаја историја, Граматика со художнословие
и дијалектика, Црквена оправа (?), Толкование все свеште-

6
6
ноописание, Митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно,
и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесува-
ат и така мене сите наши граѓани ме извишија до небеси.

*Во Велес во 1837 г, во маалото Прцорек, на левата страна на реката Вардар,


Јордан Хаџи Константинов Џинот го отворил првото световно училиште во Македо-
нија со настава на народен јазик.

ЗАПИС НА УЧИТЕЛОТ ЃОРЃИ МАКЕДОНСКИ


ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО* 1846 г.

Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш,


Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето сел-
ско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гро-
ша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и
мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет
машки и седум женски. Славјанското писмо го изучив од
татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме
Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф,
свјаштеник, а неговиот дедо Стоиман, свјаштеник. И ја пре-
карот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо
ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Го-
лема Богородица на 1846 година.
Ѓорѓија Македонски.

* Учителот Ѓ. Македонски, родум од с.Радибуш (Кривопаланечко), по повод на


стапувањето на учителската должност во родното с.Радибуш, го оставил овој запис
со фразата вообичаена за тоа време: „Да се знае" (Знано будет...)

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ. ЗА УЧИТЕЛСТВУВАЊЕТО


НА ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ВО ОХРИД
(ОД „АВТОБИОГРАФИЈАТА")* 1848 г.

Како за утеха на поминатите наши несреќи, Митре Ми-


ладинов дојде да учителствува во Охрид. Он се смести во
дедова ми куќа заедно со својата млада невеста. Меѓу де-
7
7
сетте учители што се изменија през моето ученикување во
Охрид, ниеден не им беше толку полезен на учениците кол-
ку Миладинов. Он во секоја постапка имаше нешто прив-
лечно. Речта му течеше од устата како мед. Свештен оган
му гореше во очите. Он знаеше дека треба да не учи на грч-
ки, инаку не можеше ни да се мисли.
Но т о ј е в е ка к о н е уче ше : до н е се мо да
******?Ф??????????итн. До негово време не знаевме речиси
ништо од аритметика. По негов совет ние, постарите учени-
ци, ги земавме огромните три тома од лексиконот на А.Га-
зи, се собиравме дома и го преведувавме Плутарха на но-
вогрчки. Боже мој! Колку широка беше тогаш нашата памет!
Миладинов не запозна и со италијанскиот јазик. За шест
месеци го преведовме целиот први том на Теламаха.
Испитите станаа какви што не беа станувале. Насекаде
се разнесе глас за цутењето на охридското училиште. Од
многу градови и паланки на Македонија и од најзападниот
дел на Албанија се стекоа ученици во Охрид да се учат при
Миладинова...

* Во оваа одломка од „Автобиографијата" Григор Прличев говори за учителству-


вањето на Димитрија Миладинов во Охрид во 1848 год.

ПИСМО ОД ДИМИТРИЈА МИЛАДИНОВ ДО КУКУШАНИ *


24 октомври 1857 г.

Драги,
Co задоволство го прочитав вашето пријателско писмо, и
со голема радост разбрав за вашите благородни чувства
кон Словенството и за образованието на нашиот народ. Јас
скокам од радост кога го гледам вашиот стремеж и љубов
спрема нашиот мајчин јазик, и особено заради тоа што мно-
зина од младинците и свештениците решиле сесрдно да го
учат словенскиот јазик, та по неколку месеци да можат да
ја служат и божествената служба на стариот наш праде-

8
довски јазик...Согласен сум со вашиот предлог и во скоро
време ќе дојдам.

* Уште додека бил учител во Прилеп, Димитрија Миладинов бил поканет од ку-
кушките граѓани да дојде за учител во Кукуш.
При ова кратко изложение присовокупуваме неколко народни песни на Македон-
ското наречие, кои в много отношенија се љубопитни.

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ ДО ГЕОРГИ С. РАКОВСКИ*


8 јануари 1859 г.

Господине Г. С. Раковски!
Ние Македончината, недавна овде дојдени, неожидано
получихме Вашето писмо, полно от искрена и горешта љу-
бов кон отечеството ни.
Познакомството со Вас ја слагам (читам) голема за мене
радост и счастие. Ја многу сум слушал за Вашето бестраш-
но стремление кон општата полза, за Вашите трудови, кои
приносихте на жертвеникот от отечеството со драго срце.
Узнаваештем Вашето жаление, за да се знакомите со
мак(едонското) наречие. Ви пуштам другиј перевод от об-
јавлението от „Парусат". Во „Болгарск. Книжици" ќе бидет
напечатени собст(в)енни мои песни, можит да е и мало па-
тешествие во нилова пустина. Тие можат да ги прочитате.
Ја от Вашите сочиненија сум читал саде „Горскијт патник".
Бидете така добри да ме позарадвите со некое Ваше сочи-
нение, кога ќе издадите на печат; и ја от моја страна ќе се
печаљам на општо можам да удовлетвора жалението Ви.
Чух че имате големо собрание от народни песни. Зашто
побрго не знакомите љубезнателите от нашата словеност?
Песните се драгоцениј клад от народните чувства и вира-
женија, затоа секој Болгарин ќе Ви бидит сознателен
(=признателен). И ја имам многу макед(онски) песни, кои
сакам да ги издадам малко подоцкна, зашто сега не ми поз-
вољават обстојатељствата.
Останвам Ваш искрениј пријател:
9
9
1859 со ново счастие
јануари(ја) 8
Москва
К.Миладинов
Сите Македончина на име Ви се кланает и Be благодар-
јат за љубовта Ви и попечението, кое имахте за них. Сите
шест заедно седиме на едно место и над ним имам свевоз-
можно попечение, за да успејат в науката поскоро.

*Се однесува до бугарскиот преродбеник и револуционер-демократ Георги Стој-


ков Раковски (1821-1867), познатиот автор на„Горски патник", кој со својот патриот-
ски патос и револуционерна романтика извршил силно влијание врз македонските
преродбеници, а во Русија водел грижа за младите Македонци што таму студирале.

ПРОТЕСТ НА ОХРИГАНИ ПРОТИВ ПОСТАВУВАЊЕ НА


ГРЧКИ ВЛАДИКА ВО ОХРИД*
7 мај 1860 г.

Кога се чу дека стигнал во епархијата на втор ден Велиг-


ден, стана едно општо собрание од сите охридски стареши-
ни и од блиските села по еден или двајца од секое, така што
се наполни митрополијата. Во тоа собрание се реши што да
направат корисно во моментот за да се сврши нивната бор-
ба, т.е. да го истераат од епархијата, но престижот на В.
црква да не се навреди. Се реши, значи: прво да пратат во
селото каде што застана еден човек од името на сите да му
рече на Мелетија од општинската страна дека не смее да
дојде во Охрид за да не настрада нешто ненадејно. Така се
испрати старешината охридски и му рече се што требаше.
Од тогаш Мелетија се запре дури до 9-ти овој месец; второ
на собранието решија да протестираат против Мелетиевото
испраќање. И пред сите еден протест. Се напиша и се пот-
пишаа уште од епархијата и досега се потпишани 4000 или
5000 потписници, а бидејќи е епархијата растурена, до не-
дела ќе се сврши и ќе се испрати во Цариград.
Господин Константин Робев и Стефан поп Димитров, за-
10
едно со К. Манчев, порано големи непријатели, сега сложни
и здружени, го зедоа в раце знамето и одат напред, а сите
жители од епархијата охридска, мало и големо, повеќе се-
ланите (зашто тие виделе и страдале повеќе маки од Ме-
летија кога беше протосингел и епископ на Дионисија) трчаа
по нив со голема сесрдност како овците по својот угич, за да
застанат под нивното знаме и оваа работа да се сврши. Си-
те им викаа сложно на гореспоменативе главатари: „Гледај-
те добро, ако не се сврши оваа работа, ако В. црква не ни го
даде пастирот за кого пишавме во молбата, ние сите ќе по-
латиниме..."

*Од 60-тите години наХ1Х век натаму во Македонија се крева силен бран од не-
задоволство на народните маси против фанариотските владици и грчката Патријар-
шија. Тој се изразува во општо барање за добивање наши владици, воведување сло-
венска служба во црквите, народен јазик во училиштата и враќање на автокефал-
носта на Охридската архиепископија. Во првите редови на овие борби се наоѓал на-
родниот трибун и пламенен патриод Димитрија Миладинов од Струга. Оваа статија е
од него и е печатена во „Цариградски вестник".

ТОДОР КУСЕВ ЗА ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА"


28 јануари 1867 година
Битола, 28.01.1867 г.

Г-не Редакторе на „Македонија"


Вашиот весник со самото име го зачудува секого во Ма-
кедонија до таа мера, што секој трча да види што весник е
што го носи името на нашата земја... Весникот кај Грците и
гркоманите е дочекан со тага и бес, зашто тие секојпат во-
деле борба за погрчувањето на Македонците, уништувајќи
ја и Охридската архиепископија - „Искрата на нашата идни-
на". Но и колку да се мачеа да не сопрат да одиме напред,
не можеа да го скоренат чувството сосема Македонците да
не бидат Македонци.
Охрид само пред сто години беше столнина на Патријар-
шијата основана од Јустинијан, а едно време и светилник на
просветување на словенскиот век, но пак не остана назад,
11
зашто не го изгубил семето на славните свои прадедовци.
Досега тој ги испраќаше по цела Македонија, дури и во
соседните земји најопитните но да учат на туѓ јазик и туѓа
политика, а денеска не само што не престанува да праќа,
туку праќа за просвета на своите еднородни браќа и да ја
откриваат заблудата како едно време кога и самите тие
паднаа под заблуда. Ете денеска со задоволство како едно
време кога и самите тие паднаа под заблуда. Ете денеска
со задоволство гледаме како тие досегашни грчки учители
ја увиделе вистината и го просветуваат народот со голема
усрдност и неуморна грижа на нивниот мајчин јазик.
Денеска во Охрид заѕуни народниот глас во деновите на
пресветлиот Цар Султан нашиот татко, А. Азис. Самите до-
сегашни грчки учители, а особено г-дин Прличев, кој беше
крунисан во Атина, проповедуваше во грчки училишта за до-
сегашните наши заблуди. Секоја недела по црквите се пре-
несуваат трогателни говори за заблудата и досегашната бо-
лест под грцизмот и потребата таа сосема да се искорени за
да се види бел ден. Но чунки и многу им пречи владиката и
не ги остава да пеат на мајчин јазик и им ги затвора училиш-
тата, што е против редот на високите царски фермани и ги
гази сите нивни придобивки, гледајќи со четири очи, според
заповедта на Портата да не го испуштат некако од своите
раце и овој град, град што ги открива сите нивни мрачни де-
ла по црковното прашање. Сите решија еднодушно, мало и
големо, мажи и жени да ги испадат и да ги бараат своите
права, зашто има испратени многу жалби во Цариград.
He само во Охрид, денеска се разбудуваат и ги бараат
своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си от-
вораат училишта, да се воведе служба во црквите на ста-
рословенски јазик, да не ги оставаа училиштата и народни-
те работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго
место кои по секој начин гледаат да спречат се што е на-
родно. Насекаде започнуваат да се воведуваат трговски
книги не на грчки туку на мајчин јазик. Мало и големо се ве-
сели под големата сенка на нашиот просветител цар С.А.
12
Азис, и се насладуваат на тоа дека си ја осознале својата
народност.

Т. Ив. Кусев
„Македони-fc" (Цариград), бр. 1 (28 И 1867 година).

Македонско (Кресненско) востание (1878/79 г.)


ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ
ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ* 1878 г.

Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја


Македонија поради причини за егоистички цели од страна на
големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот
конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на
нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого.
Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот ја-
рем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме,
бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме ка-
ко поборници на слободата. Co нашата крв што ја пролеавме
низ полињата и горите македонски ние служиме, како маке-
донската војска на Александар Македонски, за слободата со
нашата девиза: „Слобода или смрт!"
Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем
број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се
воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востани-
ците, решивме да поднесеме едни правила од Македонски-
от востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се уп-
равуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободи-
ме целата наша татковина Македонија.

Целта на востанието во Македонија


1.Востанието во Македонија, кое сега е уште локално,
треба да се прошири низ цела Македонија.
2.Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија,
кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на

13
својата татковина.
З.Во востанието можат да учествуваат и сите македон-
ски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја
сакаат слободата.
4.Сите доброжелатели на Македонците од соседните и
подалечните земји можат да учествуваат во Македонското
востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанич-
ки комитет и искрено се залагаат за ослободување на Ма-
кедонија.
5.Им се дозволува на таканаречените Благотворителни
комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието,
меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на
парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од
секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однап-
ред определени места, за да се доставуваат на востанич-
киот терен; исто така и храната (да се доставува - б.р.) до
востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно
прехраната и облеката во оние места каде што селата и ку-
ќите се разорени ли ќе бидат разорени.
б.Се повикуваат доброволците надвор од Македонија -
кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љуби-
тел на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со
својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде
до местото каде што ќе се приклучи во редовите на воста-
ниците и ќе му се даде оружје и се што е нужно.
б.За мрзливците, крадците и арамолепците нема место
меѓу македонските востаници, како што нема место на
слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турски-
те башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото
беспокојство во народот. Такви доброволци не му се пот-
ребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од
каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.
7.Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си
ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и
благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот
до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.
14
8.Нашата цел на Македонското востание не е никаква
тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на
славните словенски просветители и учители св. Кирил и
Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа се-
кој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си пра-
ви своја сметка - за него нема место во востанието.

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА (1880/1881)

ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА - „ЕДИНСТВО"*


21 мај 1880 г.

НоЗ
21 мај 1880 година
Гремен теке

До Неговото Превосходителство
Серускиот генерален конзул Н. Улјанов во Солун

Ваше Превосходителство,
Од името на Привремената влада на Македонија Ви го
испраќаме ова протоколно решение на Националното соб-
рание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Се-
рускиот Император Александар II. Се надеваме дека руска-
та влада ќе ги потпомогне праведните барања на македон-
скиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични
на останатите балкански народи.

Привремена влада на Македонија


Претседател:
Васил Симон

Членови:
1. Анастас Димитрович
2. Али Ефенди (Албанец)
15
МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА
HA МАКЕДОНИЈА* 23 март 1881 г.

Македонци,
Нашата мила татковина Македонија била некогаш една
од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, уди-
рајќи ги првите темели на воената вештина, со своите по-
беднички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивили-
зирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна на-
ша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради
нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и
сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да
ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај, не
може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како неко-
ја вдовица: толку грозно ја напуштиле нејзините синови. He
го развева повеќе знамето што го носеа во триумф побед-
ничките македонски војски. Таа е денес само географски
поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да
бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го иско-
пале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата зем-
ја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гро-
бари на големата и славна татковина; тоа се, исто така,
оние интриганти што бараат да ја издробат или поскоро да
направат да влезат во неа победничките трупи на Австро-
Унгарија. Co минувањето од еден јарем во друг, регенера-
цијата на Македонија нема да стане можна и нашата народ-
ност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се
работи за нејзиниот живот или смрт.
Вистински Македонци, верни деца на татковината!
Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погле-
дајте ја како е покриена во ропство и со рани што и ги нап-
равиле околните народи. Погледајте ја и видете и ги нејзи-
ните тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓај-
ќи се во ваквата немоќ и гледајќи ја целата расплакана, на-
ша мила Македонија, нашата драга татковина Be вика: вие
16
што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Алексан-
дра Велики сте мои наследници; вие во чиишто жили тече
македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете
ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе
биде ако станете очевидци на мојот погреб. He, не, еве ви ги
моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири:
скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се
на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единстве-
на и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро,
истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во
своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки
страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, по-
тоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш
единствен национален белег, дигнете го високо и подготве-
те го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно:
Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!
Постои гласот на нашата татковина, постои слободата,
тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие
зборови, тоа значи да ви ракоплескаат слободоумните лу-
ѓе, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрза-
ат да дојдат да се бијат за да ви помогнат да ја добиете таа
света слобода која од многу векови побегнала од нашата
драга татковина.
Македонци, сетете се за нашето потекло и немојте да го
откажувате!
Ќустендил, 11/23 март 1881 година.
Верно на оригиналот.
Доспат, 18/30 април 1881 г.

Претседател,
Васил Чомо* (Васил Чомо го среќаваме и како Васил Си-
мон.
Секретар, Никола
Трајков

17
ПРОГЛАСОТ НА СИЛАГОСОТ „МАКЕДОНИЈА
HA МАКЕДОНЦИТЕ"* 15 април 1891(?)

До македонските народи!

Нашата татковина Македонија била некогаш една од


најславните земји. Македонскиот народ ги турил првите те-
мели на овената вештина. Co победничките фаланги на
Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета
во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечки-
от род. Но таа некогаш толку славна татковина денес е во
опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние
Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите
народи ја бараат нашата земја како своја, бараат да ја пот-
чинат нашата голема народност, која во минатото во своја-
та самостојност така светела.

Вистински Македонци!

Нашата татковина е станата сираче. Нејзиното побед-


ничко знаме од кое трепереше целиот свет, денеска веќе не
постои како знаме на одделна народност. Денес се пишува
во картата името на Македонија како некој спомен, а нејзи-
ните победнички гревови лежат во големите гробишта на
заборавот, благодарејќи на разорните сплетки на оние што
веќе неколку години крстосуваат низ нашата земја, засипу-
вајќи го нашиот народ со раздор и отворени страсти. Овие
органи се гробари на некогашната славна Македонија. Тие
работат за нејзиното раздробување и со месните расправии
готват терен за напливот на туѓа војска во нашата таткови-
на. Настапија критични дни за опстанокот на Македонија.
Се решава нејзиниот живот или смрт. Јунаци македонски!
Зар ќе останете додека сте уште живи да се закопа ваша-
та убава татковина? Погледнете ја разранета од отровните
стрели на околните народи што сакаат меѓу себе да ја рас-
черечат. Во таквата очајна положба нашата драга мајка
18
Македонија гледа на нас со очи полни со солзи и ни вика:
Ако сте навистина мои деца, ако во вашите жили уште
тече македонска крв, тогаш е подобро да загинете со мене
отколку да останете живи сведоци на исчезнувањето на
македонската народност. He верувајте им веќе на интриги-
те на соседните народи коишто работат само за мојата про-
паст. Вие сте челад од мојата утроба, па макар зборувале
турски, грчки, бугарски, српски, романски, влашки или ев-
рејски. Вие сте сите мои родени деца верувале вие во Му-
хамеда, Мојсеја или Исуса. Иако вие ги признавате за ста-
решини едни папата, други шеих исламот, трети егзархот,
четврти патријархот, петти рабинот, пак сте вие сите деца
од една иста мајка Македонија што плаче ден и ноќ колнеј-
ќи ве да се смирите, да се сложите и да се побратимите. Зар
не ќе се засрамите ако ве расчеречат и разделат соседите
кои зборуваат со односниот јазик но кои се мои непријате-
ли? Зар вие уште ќе им помогнете за да ме закопаат в гроб,
а со мене и славното име македонско? Ако тоа го нејќете,
ако напротив сакате да ги залечите моите рани, а вие како
вистински Македонци решете: на знамето што денес го ви-
јат да се напише: Македонија на Македонците, па тогаш ис-
терајте ги од својата предедовска земја сите интриганти
што денес распируваат меѓу вас расцеп на народносните
страсти што вас, моите деца и еднокрвни браќа, ве кинат на
разни туѓи народности. Признавајќи го ова мое знаме како
единствено ваше знаме, викнете: Да живее неразделниот
македонски народ!
Од протоколот од последниот состанок на централниот силогос „Македонија на
Македонците" на кој е решено да се отпечати овој проглас на сите јазици на Македо-
нија.
Во Цариград, 15.04.1891 год.
Централен силогос
В. Ѓорѓевиќ, Србија и Грчка. Београд, 1923, стр. 94-96.

19
НАЦИОНАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ПРОЈАВИ И БАРАЊА

ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК ОД ТРИ ЈАЗИКА (Извод)*


1875 г.
С Македонски
Пи.
А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, ка-
жи ми со ред?
Од.
Славјанскијод јазик имал пет разљики.
Пи.
Који се тије разљики, кажи ми со ред?
Од.
Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македон-
ски.
Пи.
Који јазици с наљик еден со другијод од напред речените?
Од.
Рускијод и бугарскијод наибљизу се.
А хрватскијод и бошњачкијод и македонскијод наибљизу
се.
Пи.
А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод,
зашто се именувад с. македонски? - Дека с македонскијод
јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тоа је
старославјенски.
ИИ.
Одг.
Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборува-
јед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со
други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; ти-
је људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се
вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Маке-
донија.
Пи.
20
Што требувад за да се управувад и да се крепид еден
народ? Од. Треба да имајед цар и управљеније царско.
Речник од три језика. С македонски, арбански и турски. Књига II. Написао Ѓорѓе
М. Пуљевски. У Београд,

РЕЧ НА ИСАИЈА РАДЕВ МАЖОВСКИ*


18 јули 1888 г.

Реч одржана на 18 јули 1888 година на паробродот „Ри-


цар" насред реката Днепар во градот Киев, Русија, од Иса-
ија Радев Мажовски од село Лазарополе, Дебарско - Маке-
донија.
Многупочитувани господа и словенски браќа, Дознавме во
нашиот крај во Македонија, во Дебар и Ки-чево, за
големиот радосен настан - 900-годишнината од
покрстувањето на братскиот руски народ од големиот руски
кнез св. Владимир и се подготвивме неколкумина од нас да
дојдеме во словенската голема Русија за да присуствуваме
на овој свечен голем руски празник, но за голема жал не
можеме да добиеме паспорти за Русија. Но јас се осмелив и
решив да дојдам сам и народот ќе ме испрати со солзи на
очи, сожалувајќи дека повеќе луѓе не можат да дојдат во
Русија. Јас решив, повторувам, и тргнав ноќно време и цели
30 дена одев, криејќи се од прогонувањето на Турците, и
најсетне успеав да дојдам во славна словенска голема Ру-
сија. И многу повидни од мене лица од словенска Македо-
нија имаа желба да дојдат во голема братска Русија и да
присуствуваат на свечениот празник на 900-годишнина од
покрстувањето на рускиот голем братски народ, кој е на-
дежта на сите поробени словенски народи, но не смееја и се
плашеа да дојдат, зашто добро знаеја дека ќе бидат фате-
ни и испратени во азиските пустињи.

21
Многупочитувани господа,
Македонскиот старословенски народ уште пред 2.500
години е доведен во Македонија од цар Каран, кој како цар
Филип и цар Александар бил чист Словен,* не повеќе од 500
години поминаа откако Македонија и македонскиот стар
словенски народ се потиснати и се наоѓаат под тешкиот
турски јарем. Ние, клетите Македонци, офкаме и плачеме,
но никој не сака да не чуе, дури и самите наши браќа ни
пречат.
Браќа руски Словени,
Ние кутрите турски робови, македонските Словени, де-
ноноќно го молиме севишниот Господ и нашиот спасител
Исус Христос да му даде здравје и долг живот на Негово ве-
личество рускиот император - единствениот силен заштит-
ник на сите словенски народи, ние го молиме Бога да му да-
де здравје и долговечност на целото руско возвишено цар-
ско семејство, ние го молиме Бога да му даде живот и
здравје на целиот руски православен народ, ние несреќни-
те сакаме да задува рускиот силен ветар и да ги распрсне
темните и мрачни облаци со кои е обвиена поробена Маке-
донија. Ние го молиме Бога да им подари сила и крепкост на
руските храбри орли, да летнат во воздух и ја покријат це-
ла Македонија, да ги претераат лутите змии и беспоштед-
ните ѕверови, за да ги скршат вековните тешки железни
пранги, да ја ослободат вековната турска робинка Македо-
нија.
Да живее велика и силна Русија! Нека сјае руската злат-
на круна како сонцето на небото во веки веков амин!

КОСТА ШАХОВ „ПОКАНА"


21 октомври 1888 г.

При се што сме 2.000.000 луѓе, пак немаме, барем овде,


во слободна земја, еден каков и да е весник, кој ќе не држи
во текот на работите што се случуваат околу нас и за нас; и
22
кој ке ни служи за да ги изразиме нашите народни искажу-
вања и мисли... Денеска печатот е посилен од топот и со He-
ro се служат скоро сите народи на светот, освен нас. Co тоа
ние самите се претставуваме пред очите на образованиот
свет нешто како народ... На крајот, ние Македонците, како
сме едни под двојно и тројно ропство, а други прснати по
разни страни, сепак не смееме да си ја заборавиме татко-
вината и сме должни да работиме за подобрување на нејзи-
ната положба; Зашто како народ ќе бидеме одговорни пред
нашето потомство ако и при толку неволји во својот живот
мине времето безработно, без борба за слободен живот,
бидејќи нашите господари не сакаат да се грижат за олес-
нување на нашиот живот.
Побудени од сето тоа, иако со слаби сили, го започнува-
ме издавањето на весникот „Македонија" со цел и барање
да се подобри положбата на Македонија. Весников „Маке-
донија" ќе биде далеку од секакви партиски интриги и ќе
води независна политика по македонското прашање. Стра-
ниците ќе бидат слободни за секој родољубец само ако се
пишувани во духот на времето и целта... Задачата на в.
„Македонија" е да се бори за духовното и културното изди-
гање на Македонците.
„Македонии" Русе Ред. отг. К. Шахов, Год. 1, бр. 1, (21.10.1888 година)

МОЛБА НА ОХРИДСКОТО ГРАЃАНСТВО ЗА


ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА*
1890 г.

До Неговата Светост Великиот Патријарх во Цариград,


Ние верните поданици на Неговото Величество царот
Султан Абдул Хамид I од долго време немаме црковна сло-
бода, а од 1872 година станавме уште повеќе заблудено
стадо, зашто дојдовме под Бугарска егзархија, заблудени
од бугарската пропаганда. Така и ние станавме шизматици.
Ние, Словените од Македонија, од секогаш сме имале

23
своја црква, Охридска архиепископија, која имаше седиште
во нашиот град. Денес ние би сакале одново да си ја врати-
ме и така живееме во слога со Великата црква.
Бидејќи нам ни е потребно Вашето свето благоволение
по однос на нашата словенска црква во Македонија, пора-
ди тоа Be молиме, макар и да сме измамени од страна на
Бугарите, да ни простите, бидејќи сте благ Христов служи-
тел и да ни ја обновите нашата црква.
Покрај тоа што Бугарите не измамија и излагаа, тие ни го
отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи и
ја менуваат и сета наша лика и прилика. Ние тоа не може-
ме повеќе да трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат
нас и гробовите на нашите предеди.
Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме сло-
венски општини во Македонија, и сочинуваме самостоен народ.
Како такви, ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта.
Ние си најдовме и наши учители, кои ги плаќаме и издржуваме.
Како такви, ние Be молиме, Ваша Светост, да бидете
наш толкувач и пред Отоманската порта, да ни издејству-
вате како на Словени-православни секаква наклоност, ка-
ко и дозвола за обнова на Охридската архиепископија, доз-
вола за наши училишта во кои нашите деца ќе учат на сво-
јот мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на својата пра-
вославна вера и црква.
Ви ја целиваме Вашата св. Десница.
Ваши духовни чеда.
(Следуваат 120 потписи на охриѓани.)
ДА ДСИП - Београд - ППО, Ф. 7, д. 6, п.бр. 962, 1890.

ПРОГРАМСКИ ПРИНЦИПИ НА МЛАДАТА МАКЕДОНСКА


КНИЖОВНА ДРУЖИНА*
Јануари 1892 г.

Поминаа цели 54 години откако покојниот Македонец


Барон Костадин Бели го упатил од Виена горниот повик

24
„Кон своите еднородци Македонци" во кој е излеана сета
негова душа, срце и нерви. Жално е дека неговите патриот-
ски совети, засновани врз вечни вистински принципи досе-
га не биле чуени од оние на кои им се тие упатени. Напиша-
ни на грчки јазик, тие можеле да се користат само од Грци-
те. Но за тоа никој не смее да го обвинува покојниот Барон:
тогаш нашата татковина беше покриена со дебел мрак, на-
шиот народен јазик задушен, во нашите училишта и цркви
се читало и поело на грчки, - и Костадин Бели се служи со
богат доминантен грчки јазик.
Да, нашиот сонародник ни наспомнува за еден најсвет
долг. И навистина, што е посреќно, што е поблагородно од
тоа - да и служиш и да работиш за татковината, за општо-
народно добро, од кое зависи и личната наша среќа?
Надвор од татковината, отфрлен од народот, човекот е
најнесреќен, и тоа ако сака да биде облеан во злато. Наро-
дот, татковината, општеството се нешто, човекот е едини-
ца - ништо...
Зборовите на нашиот сонародник се прекрасен доказ за
тоа.
Претрупан со богатства, кои му придобиле почести и ба-
ронска титула во престолнината на Австрија, нашиот сона-
родник се чувствува незадоволен, нему му недостига многу
нешто.
Но, и покрај ова незадоволство, тој не извикува како Со-
ломон: „Суета на суетите!", ами вика од далечната туѓина:
татковина, народе!
Така човекот има потреба од татковината и од народот,
но и татковината има потреба од човекот; денес татковина-
та има потреба од нас.
Само еден поглед е доволен за да се видат очајничките
потреби на нашата татковина. Благодарение на последните
политички настани на нашиот Полуостров и географската
положба на Македонија, денеска таму се собрале севоз-
можни надворешни елементи кои, воодушевени од своите
за нашата иднина разурнувачки планови и интереси, сло-
25
бодно и со трескава енергија го засолуват антагонизмот, кој
и без тоа постои во земјата. Само еден силен отпор од на-
ша страна може да не зачува од грабливите посегнувања.
Но, во денешнава состојба ние не можеме да извршиме
слично дело; за тоа нам ни се потребни сили, а нашите се
разнишани, раздробени. Значи, треба да се обединиме, да
ги собереме во една општа, моќна сила - народна сила, ако
сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина.
Тоа треба да биде стремежот на секој чувствителен Ма-
кедонец, каде и да се наоѓа тој. Младата македонска
книж.(овна) дружина ја има предвид токму оваа цел. Видно
е дека таа претензија е многу голема. И навистина, таа мно-
гу ги надминува силите со кои засега располага Дружината.
Но во истото време Дружината верува дека таа нема да би-
де за долго време изолирана од патриотите.
За постигнување на таа цел "Дружината" ја издава своја-
та "Лоза".
Им остава на оние што се интересираат да се притечат
со морална и материјална поддршка, со кое, меѓу другото,
ќе поттикнат и еден книжевен зафат.

ПЕТАР ПОПАРСОВ „СТАМБОЛОВШТИНАТА


ВО МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИТЕ
ПРЕТСТАВНИЦИ" (ИЗВОДИ)* 1894 г.

... Одземете му го на човека полето на дејствување - тој


е веќе мртов: така и нашата "љубезна" Егзархија со своите
два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одзе-
ме благородното поле за работа, преку својот авторитет,
сака да ги умртви, да ги убие! ... На помош, сите чесни Ма-
кедонци! Дојдете да ги спасиме умирачките општини во Ма-
кедонија, со што сакаат да не претворат во мртов труп за да
си играат со нас, како што сакаат божемните наши браќа!...
Ох, грозно! ... Грозно е братоубиството! ...
Нашите вековни господари никогаш не задирале во на-
26
шето општинско самоуправување: макар и под грчки влади-
ци, нашиот народ во општините бил слободен во издржува-
њето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите
и други народно-општествени прашања; тука, во тоа свето
гнездо, народот се воспитувал во општественост, во хума-
низам и на својот дух му давал повозвишен елан, престану-
вајќи да се грижи само за својата лична егзистенција; тука,
во тој единствен наш парламент, се чувал и зајакнувал ста-
риот словенски демократски дух на нашиот народ - основа-
та на патријархалниот словенски совет.
И точно таа наша општина - единствена народна устано-
ва што ја зачувала нашата национална и човечка физионо-
мија низ петстотинигодишниот период, Егзархијата со се-
какви средства сака да ја претвори во нула, да ја задуши,
да го задуши народниот дух!!!...
Може ли да има поголемо злосторство од тоа?
- Кој ти ги извади очите?
- Брати ми.
- Затоа толку длабоко ти ги извртел!
Токму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не
убијат... По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите оп-
штини ... им натрапуваат севозможни претседатели, дирек-
тори, учители и други, за да ги контролирале (?!) сумите -
единствениот мотив на бугарската пропаганда!... Да, бугар-
ската пропаганда!
Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Буга-
ри: владици, архимандрити, директори, инспектори, учите-
ли, деловодители, редакори итн. итн., а од егзархиска
служба ги отстранува совесните Македонци против кои се
употребуваат сите дозволени и недозволени средства да
бидат изгонети надвор од својата татковина...
Co тоа „народната" Егзархија совршено смислено се
стреми да го ликвидира, секое посамостојно движење кај
нас, на Македонецот да му одземе секаква можност да се
занимава со повозвишени општествени прашања; да не
окове во синџири за да не разигрува како мечка и да не во-
27
ди таму од каде што ќе добие поголем бакшиш ...
На секој чесен Македонец, девиза нека му биде пред се
Мирскиот совет со чие формирање ќе се реши и прашање-
то за општинската самоуправа ... да се знае кој е кум а кој е
старосват; што е Мирски совет, што Егзархија, што Синод,
што Егзарх, што општина, епархијален совет, владика, оп-
штински претседател, пансионска комисија, и што е дирек-
тор, инспектор, учител, гаваз, слуга; што е училишно и што
црковно настојателство итн. итн.
... Имајќи ги предвид годинашниве башибозуци во учи-
лишното дело, општиот впечаток што го прави Училишниот
оддел при Егзархијата е таков, што никогаш Одделот не се
напинал до таков степен да се постави над волјата на оп-
штественото мислење како оваа година... предавниците,
развратниците, шарлатаните, подлеците кон кои и нивните
пријатели чувствуваат презир и одвратност, одделот ги за-
држа и ги унапреди во службата, додека претставниците на
законитоста, правдата и слободата или беа принудени да си
поднесат оставка, или беа онеправдани низ понижување и
преместување, или пак беа изгонети од службата.
Од Одрин до Скопје нема град каде што оваа година Од-
делот не извршил по неколку диви незаконитости.
Солун. 1.11.94 г.
Вардарски

ПЕТАР ДРАГАНОВ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК*


1888 г.

Самиот Востоков по прашањето за потеклото на старо-


црковно-словенскиот јазик се застапуваше за македониз-
мот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и
затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македон-
ски. Но Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот
на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој
збор , како што тврдеа некои негови противници; напротив,
28
што се однесува до сопственото бугарското наречје, тоа,
според Востоков, можело од старо време да се разликува
од првото (македонското) по многу важни признаци и, ќе
забележиме од своја срна, како што и сега тоа се разлику-
ва од него. Би требало да се очекува дека порано или по-
доцна убедувањето на Востоков ќе се потврди со истражу-
вања не само по историските споменици на јазикот ами и на
современиот строј на словенските наречја и особено на
словенските говори во претполаганата татковина на кири-
ло-методиевскиот словенски јазик.

ИВАН ХАЏИ НИКОЛОВ ЗА ОСНОВАЊЕ НА


РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА* 1892 г.

Во јули 1892 година дојдов во Софија за да побарам пре-


ку Коста Шахов, кој издаваше македонски весник, едно ав-
торитетно лице, Македонец, кој ќе дојде во Солун и ќе зас-
тане на чело на револуционерната организација за ослобо-
дување на Македонија.
Откако ме ислуша, К. Шахов ми рече: разбрав што са-
каш, но не можеш да го најдеш тука бараното лице. Тука си-
те се шмеќари, само зборуваат, а кога ќе дојде за работа, ги
нема. Тука има само едно лице со кое можеш сериозно да
зборуваш по македонското прашање. Тоа е јункерот Гоце
Делчев...
Се согласивме со Коста Шахов да му соопшти на Гоце
дека сакам да се видам со него и в недела во два часот
попладне да се сретнеме кај Шахов. Во определеното вре-
ме јас отидов во печатницата на Коста Шахов и таму ги за-
теков двајцата. За да разговараме послободно, предложив
да отидам во Борисовата градина и таму, во некој оддале-
чен крај, да разговараме.
Планот на основање на револуционерната организација:
1. Организацијата да се основе во Македонија, а не во
Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Со-
29
фија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на
бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од
нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа
треба да биде тајна.
2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро
име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во
контакт со населението во Македонија, да бидат и тие из-
ложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложе-
ни нивните следбеници, преку кое полесно ќе ја спечалат и
довербата на населението.
3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија.
Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлин-
скиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме
автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од
Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш грани-
ците на автономна Македонија, Србите и Грците не ќе мо-
жат да бараат делови од неа, додека ако посакаме присо-
единување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе
посакаат и тие делови од неа. Нашата задача треба да би-
де да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане пре-
ку автономна Македонија.
4. Организацијата треба да биде самостојна и независна,
да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседни-
те држави, зада не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е
орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика про-
тивдејство од страна на другите соседни влади.
5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе
бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни
се мешаат во работата.
По четиричасовно осудување К. Шахов и Г. Делчев го
прифатија планот. Гоце рече: "Слушај, г. Хаџи Николов,
толку време минало, нека мине уште една година. Јас в го-
дина го завршувам военото училиште и ќе ме произведат за
офицер. Ќе подадам оставка на офицерството, ќе дојдам во
Солун и ќе ја основаме револуционерната организација. От-
како ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет
30
и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице."
Гоцев лист 1/1 (1933), 8; Гане Тодоровски, Формирањето на ВМРО според рако-
писните мемоари на Иван Хаџи Николов. - Разгледи XI/10 (1969), стр. 1072-1074.

ЛОЗА, 1894 г.

Нам на Македонците, положбата во овие последни годи-


ни уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелиген-
тното и најбогатото население од Македонија чувствително
се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат со-
седните ослободени земји, од друга страна, секоја година со
десетици илјади работни раце не се слободни да ги обрабо-
туваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, оста-
ват се пусто и заминуваат во странство, од каде што нај-
малку половината век не се враќаат по своите куќи; од тре-
та, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршува-
ат од своеволните разбојници. Додека, и самата турска
влада, со својата присторена трпеливост, им дава полна
слобода на разни пропаганди, кои го разделуваат христи-
јанското население и го развратуват било преку големи
поткупи, било преку внесување на заблуда, иако самата
влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа
несреќно население и е должна да го заштитува од осквер-
нување на неговите чувства и обичаи. Ако турската влада
ги имала присрце вистинските интереси и христијанското
население, пропагандите немаше така лошо да не распоки-
нат, како што не смеат да го распокинат турското населе-
ние. Ако се додаде кон ова и заселувањето на избеганите
Турци черкези-маџири од ослободените земји, од кои мно-
зина сега им се одмаздуваат на христијаните за несреќите
што им ги донесе војната и постојано и неказнето ги загра-
буваат нивјето и ливадите од рајата, сето тоа е еден доста
јасен портрет кој ни ја покажува безизлезната положба на
нашата мила татковина - Македонија. Таква е иста полож-
бата и во Одринскиот вилает.

31
Оваа ужасна положба на рајата во Турското царство нај-
после го принудува секој малку поразбуден патриот да раз-
мислува и да направи можни усилби за да се апелира и кон
своите браќа и кон потписниците на Берлинскиот договор и
кон човекољубивите чувства на образованиот свет, за да се
подобри оваа положба на намаченото христијанско населе-
ние во Турско.
Но нашиот долг кон татковината не се запира само до
сувото апелирање. Ние треба да се нафатиме со една сис-
тематска борба и да објавиме војна против нашите тирани.
Ние сме среќни дека, бидејќи го имаме за основа Берлин-
скиот договор, имаме на своја страна шест големи сили. От-
како ќе се уверат дека при денешнава положба на работи-
те во тие провинции од европска Турција не може да има
спокојство, тие ќе го принудат Султанот најмалку да вове-
де реформи определени за тие наши места во член 23 од
Берлинскиот договор.
Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска
дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет на-
шата лоша положба и ќе го постави одново македонското
прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената
маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на си-
те Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да
дејствуваме.

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДО ЕФРЕМ КАРАНОВ*


17 октомври 1895 г.

Господине Каранов,
Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска
униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи
внатрешно востание! Благородна намера! Нема поспасоно-
сен лек од оној со кој се зафатил Чакаров. Ослободување-
то на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што
мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се ла-
32
же и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега
на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се
крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна
државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, то-
гаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петве-
ковниот длабок сон, којшто го направил Македонецот дос-
та дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не цели-
от народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо
г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да зас-
танат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прог-
ласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко
за виновникот. Жално е зашто залудно ќе се изгубат нај-
млади сили (едни по зандани, други по бесилки), ќе се ос-
тават невини Македонки на самоволието на скотските и
жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под ја-
таганот на Азиецот 5-годишни деца и 70-годишни старци и
за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата
совест, и пред народот, и пред историјата.

СРЕДБА И РАЗГОВОР НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


CO ГЕНЕРАЛОТ ДАНАИЛ НИКОЛАЕВ*
Февруари 1896 г.

/Генерал Николаев/ - „Значи вие, младичок, сметате де-


ка македонското население е способно да се бори, да поди-
га револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа
е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги
прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие
сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна?
Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една
организација - тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам
дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади ре-
зервни војници. Co мене се официрите. И тогаш ќе подигне-
ме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. A co селани,
со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се
зз
робје..."
/Гоце Делчев/ - „Беа робје, господине генерале но веќе
не се. - Значи Вие откажувате каква и да е работа внатре?
Според Вас..."
/Генерал Николаев/ - „He, не откажувам, при извесни ус-
лови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховни-
от комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во
Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане
потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов:
ќе не слушате и надвод од Турско нема да преземате ниш-
то. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се
однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога,
каде и што ќе правите. Освен тоа кога треба да се подигне
востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа... ние..."
/Гоце Делчев/ - „Тоа нема да биде, господине генерале.
Вие, како што разбирам, - тоа е Врховниот комитет и уште
некој... He ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите
Вие за Македонија. Ние, знаете кој сме ние: селаните, ма-
кедонското население, народот.Ние не можеме да правиме
политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават поли-
тика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или
смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да
живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание,
ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од
овдека, за да не внесете, како што се обидовте лани, во Mr-
pa на востание. Сега една таква авантура може да биде
страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе
возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на
измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови.
Ние нема тоа да го дозволиме. He, крвта на народот е ска-
па и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живи-
от народ сака да живее и да расте.
- Гледам дека Вие не ги познавате условите во Македо-
нија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат
и да ја остават Внатрешната револуционерна организација
да организира, да раководи, да решава. Ние сметаме дека
34
од Вас - од комитетот и од емиграцијата можеме да добие-
ме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, a
уште помалку господари."
/Генерал Николаев/ - „Како смеете! Вие не знаете ниш-
то за меѓународната ситуација. Јас имам писма од туѓина.
Ние ќе решиме кога е моментот да се дејствува. Дали раз-
бирате? Ние ќе го имаме врховниот збор, а ако сметате да
ни пречите - а ако ни пречите, ќе ве парализираме. -"
/Гоце Делчев/ - „Повелете - или вие нас ќе не парализи-
рате, или ние вас!"

УСТАВ НА ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА


РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА*
1896 г.

Глава I
Цел
Чл. 1. Тајната македонско-одринска револуционерна
организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите не-
задоволни елементи во Македонија и Одринско, без разли-
ка на народност, за извојување преку револуција полна по-
литичка автономија за тие две области.
Чл. 2. За постигање на таа цел организацијата се бори да
ги премавне шовинистичките пропаганди и националните
караници кои го расцепуваат и обессилуват македонското и
одринското население во неговата борба против општиот
непријател; дејствува за внесување на револуционерен дух
и свест меѓу населението и ги употребува сите средства и
усилби за поскорешното и своевремено вооружување на
населението со се што е неопходно за едно општо и сеоп-
што востание.
Глава II
Состав и устројство
Чл. 3. Тајната македонско-одринска револуционерна
организација се состои од месни револуционерни организа-
35
ции (дружини), составени од членовите на секоја одделна
месност (град или село).
Чл. 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и
Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бес-
карактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува
да му биде полезен на револуционерното ослободително
дело.
Чл. 5. Секоја организација се раководи и управува од свој
местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на
селски, околиски и окружни.
Чл. 6. Секоја месна организација се дели на групи со по
еден началник (десетник).
Чл. 7. Селските комитети им се потчинети на околиски-
те, околиските на окружните, а целата организација се ра-
ководи и управува од Централниот таен револуционерен
македонско-одрински комитет.
Чл. 8. Селските комитети (управни тела) се избираат од
членовите на месните организации и се потврдуваат од
околиските комитети (управни тела); последните се рако-
водат од членовите на околиските центри и се потврдуваат
од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните
се назначуваат направо од последниот. Во извонредни слу-
чаи ЦК има право да го довери раководењето на работите
во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано
внатрешно или ополномоштено надворешно лице.
Чл. 9. Членовите на Централниот комитет се избираат
секоја година од околиските и окружните комитети по спо-
годба. Изборот станува по начин каков што околностите го
диктираат. Местото и времето на избирањето се определу-
ва од ЦК.
Чл. 10. При изборот на ЦК се определува местото на се-
диштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и
околиските комитети.
Чл. 11. Секој околиски револуционерен реон си има сво-
ја чета, задачата на која се определува во специјален пра-
вилник.
36
Чл. 12. Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е
даден од Центр. комитет.
Чл. 13. ТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пуш-
ки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен
револуционерен комитет. Големината и особените знаци се
определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на
окружните и околиските комитети со специјална окружни-
ца.
Чл. 14. За поврзување со околните комитети секој окру-
жен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта.
Чл. 15. За следење на работата на надворешните и внат-
решните непријатели и за претпазливост од нив, секој ко-
митет си има своја тајна полиција.
Чл. 16. Секој комитет го држи во тек на работите во сво-
јот реон погорниот од него комитет, а на крајот на секој ме-
сец му дава подробен извештај за сите свои работи во секој
однос.
Глава III
Материјални средства на револуционерната организација
Чл. 17. ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни
прилози; 2) од редовните членки влогови и 3) од пари, соб-
рани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или
пак месниот со претходна согласност на Централниот.
Глава IV
Казни
Чл. 18. Секој што ќе згреши по штета на делото, бил тој
работник или не, се казнува. Казната му се определува од
месниот комитет и се извршува со согласност на Централ-
ниот.
Чл. 19. Врз основа на овој устав е изработен подробен
внатрешен правилник.
Крај
(1896)
ПРО. - ФО 78/4951. Туркеѕ (Булгариа). Фром Еллиот.
1898: УСТАВ HA TMOPO.C.1.

37
ПЕТАР МАНЏУКОВ ДО КОСТАДИН КИРКОВ*
1898 г.

Драги Костадине,
Ропството наше можеби немаше да биде толку тешко ако
во нашите работи не се заплеткаа секакви пропаганди, кои
под името на „браќа" и „доброжелатели" го разединуваат
брат од брат и ги предизвикуваат Турците да вршат најголе-
ми злосторства. Тие наши „браќа" прават се да го оневозмо-
жат единството на нашите слободољубиви сили. И што ста-
на од сите такви пропаганди: дури и вистинските синови на
нашата земја, оние што навистина не ги жалат животите да
ги приложат на олтарот на Татковината, често погрешно
мислат дека ослободувањето на Македонија не може да се
замисли без замешувањето на оваа или онаа држава. Тие се
определуваат за овој или оној народ, а го забораваат својот.
Наместо да ги здружат силите во корист на својот народ и
заеднички да се борат да го ослободат од ропство, тие не
можат да се спогодат на кого треба да му служат.
Ние знаеме, драги Костадине, дека нашата татковина се
разликува по населението од една Бугарија, Грција или Ср-
бија, кои се еднонародни земји. Кај нас се настанети повеќе
народности и вери. Кај нас има Македонци, Грци, Власи,
Турци, Евреи, Албанци, па и по некој Ерменец, а за Цигани-
те да не зборуваме. Затоа ние ќе мораме да водиме сметка
за тој факт и нашата борба да ја усогласиме со интересите
на сите тие народности. Тоа можеме да го постигнеме само
тогаш кога сите тие народности ќе разберат дека слобода-
та не е во тоа како државата се именува, туку кој ја држи
власта во неа. Тогаш и нашите муслимани ќе разберат дека
не се слободни во турската држава, како што не се слобод-
ни Македонците. Во турската држава владеат беговите и
агите муслимани, заедно со македонските чорбаџии, на кои
исто така им е добро во турската држава како и не бегови-
те, па меѓусебно се почитуваат и ги гонат бедните луѓе.
Драги Костадине,
38
Јас сметам дека македонскиот народ во ваквата сегашна
положба не може да се ослободи за едно востание, кога се
знае дека против себе ќе ја има не само Турција туку и Европа,
а да не зборуваме за балканските држави. Јас, а и другарите од
МТРК не сме против востание, како што тоа го мислат лето од
Внатрешноста. Ние сме за востание, но кога ќе бидеме убеде-
ни дека тоа ќе успее, а не само да го изложуваме целиот наш
народ на една кланица. Ние сакаме да ги жртвуваме своите
сопствени, а не народни животи за создавање на услови за ед-
но широко востание и ослободување на нашиот народ. Ние са-
каме повремено да предизвикуваме судир со турските башибо-
зуци и со нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатии-
те на „човекољубивата" Европа и да ја придобиеме во едно на-
ше востание ако не помага, барем да не биде против нас.
И така, македонското прашање ќе може најдобро и нај-
скоро да се реши само ако ние предците Македонци се кре-
неме и постојано предизвикуваме безредија. Впрочем, на-
шиот спас е во револуцијата! Затоа запознај ги нашите дру-
гари со ставот на нашиот МТРК и шри ја неговата идеја. Ко-
га јас ќе си дојдам, ќе имаме можност да зборуваме пооп-
ширно и да те запознам со напредните идеи на Европа. Ќе
донесам со себе доста материјали, кои го објавуваме или
сметаме да ги објавиме во интерес на нашата татковина.
А сега, до скоро видување. Примете срдечни поздрави ти
и нашите другари од мене, вашиот искрен другар и пријател.
Петар Манџуков
ЦДИА (Софи-fc, ф. 70, о., АЕ 70-74; - Разгледи, Х/7 (1968), стр. 847-851.

СЛАВЕ МЕРЏАНОВ ДО ДИМИТАР МЕЧЕВ* 23


јуни 1898 г.

Берн, 23јуни 1898 г.


Драги мој Димче,
Ми пишуваш дека Русија е таа што ќе ни помогне да се
ослободиме. А знаеш ли ти дека таа не може никому да по-

39
дари слобода, зашто и самата ја нема. Како во Турција, та-
ка и во Русија царува апсолутна монархија. Кога Русија би ја
истерала Турција од Македонија, би воспоставила своја
власт во неа. А за каква власт би станало збор, може да ти
го рече тоа рускиот мужик.
За развиток на еден народ е неопходна слобода, а сло-
бодата не е производ само на силата туку и на нуждата и на
свеста. А таква свест може да му вдахне на народот само
една авангардна револуционерна организација каква што е
нашата.
Дали треба да чекаме помош од нашите соседи: Ние ги
познаваме нивните волчји апетити. Нивните шовинистички
аспирации и завојувачките стремежи се толку погубни за
нас. Сити сме од разните покровителства и милости што не
вредат ништо. Бидејќи досега дадовме доста жртви за ту-
ѓинските интереси, сметам дека треба да се престане со се-
какво кокетирање со кој било сосед.

ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ, ПРЕДГОВОР


КОН „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА"
Декември, 1900 г.

Што напишав јас? - Ништо не напишав. Јас го препишав


од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија
она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во
театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готов-
носта на Македонките да умрат, но верата да не си ја мену-
ваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им одмаздува
на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја из-
валкаат неговата семејна чест - ете, во тоа главно се сос-
тои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препи-
шав? - не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари.
Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам
на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која
мене не ми беше по силите.
40
Пред себе сум оправдан, зашто не мислев да бидам пи-
сател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам
долгот кон мојата поробена татковина.
Г-дата критичари, читателите и гледачите, кога ќе ги
имаат предвид горните околности, верувам дека ќе бидат
снисходливи кои мојот скромен труд, а поспособните наши
писатели ќе се зафатат да напишат нешто за нашиот мно-
густрадален живот и ќе ги раздвижат спокојните, лабави
струни на македонскиот роб!
Софија, декември 1900 г.
В. Чернодрински

ДИМО ХАЏИ ДИМОВ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ*


1901 г.

... Ослободувањето на Македонија не може да биде дру-


го освен предмет на најгрубо и надмено бесчестие од стра-
на на дипломатскиот свет, зашто тука се истакнуваат нај-
јарко аспирациите и мечтите на големите сили. Односите на
последниве кон несреќите на македонскиот роб, какви и да
стануваат во текот на времето, не можат да бидат добро-
детелни и хумани. И нека изјавиме уште отсега дека ако на
Македонија и е пишано да се ослободува исклучиво по дип-
ломатски ред, без активното учество на самите Македонци,
кое е мошне неверојатно, тогаш овој „Хуман", како што ќе го
наречат, акт ќе биде продукт на грубо материјални и спеку-
лативни сообразувања. Впрочем, за ова не треба да збору-
ваме, зашто одбегнатата рамнотежа помеѓу државите ста-
рателки, докажано е, не се нарушува без сериозни бунтови
и безредици. Овдека исто така нека изјавиме дека не би
постоело никакво источно прашање ако не беше таа фа-
тална тактика на големите држави да прават најчудовишни
злосторства за задоволување а својата незаситена дрч-
ност. Одамна ќе изгрееше во Македонија, како и насекаде
каде што има потреба, сонцето на слободата, ако само чо-
41
векољубивост ја движеше дипломатијата! Бидејќи одамна и
мошне одамна постојат условите и потребните мотиви за
една таква патриотска постапка од страна на силите. Зарем
не гледаат тие дека од векови се измачува безбожно еден
кроток народ, осквернувајќи му ги светите чувства, мисли и
желби? Тие го гледаат, но за несреќа пасивно ропско него-
дување не е доволно да ја предизвика нивната благородна
интервенција: тие само го унесреќуваат уште повеќе и без
тоа злосреќниот народ, како во непомирливата омраза и
нетрпеливост, што ги чувствуваат меѓу себе, се заборават и
се подбиваат со патилата на оние што во еден миг, без кап-
ка крв би можеле да се престорат во слободни граѓани.

НИКОЛА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ*


1902 г.

Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат се повеќе и повеќе само ка-
ко голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој
свет ги поднесува.
Одамна требаше веќе да им се даде називот извештаи
за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни
блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе
в затвор. He треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е веќе да
станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грци-
те ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бори-
ме за наша Македонија, што ја засилува организацијата ме-
ѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите
Македонци работеле за присоединувањето на Македонија
кон Бугарија или Грција".
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја од-
земе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се го-
тови со пушка в рака да се бијат.
42
Н(икола)
„Сами ние да се бориме за наша Македонија", (Необјаве-
но писмо на Никола Карев до Гоце Делчев) - Нова Македо-
нија (Скопје) г. XXIV бр. 7744 (5 мај 1968) стр. 8.

ВИЛИЈАМ ГЛЕДСТОН ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ*


19 јануари 1897 г.

Тврдината Хаварден, Честер,


19јануари 1897.

Драги Господине,
Безнадежноста на турската управа ќе ме натера да ста-
нам со задоволство сведок на нејзиното истерување од
земјите што ги потчинила: и тоа без да се знаат изворите
што се готови да го поддржат бунтот. Јас лично не се осме-
лувам да преземам на себе одговорност за каква било не-
гова поддршка.
Уште полошо и посрамно од самата турска управа е пос-
тоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плано-
вите на постојните држави за присвојување на туѓи терито-
рии. А зошто да не биде Македонија на Македонците, како
што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие
сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусеб-
но за одрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од
другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како
последица од нивните меѓусебни караници.
Ваш многу искрен
В.Е. Гледстон

The Times (London), 6.II.1897, r. 12.

43
АПЕЛ НА „МАКЕДОНСКИОТ КОНГРЕС" BO ЖЕНЕВА*
12 јануари 1899 г.

МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВО ЖЕНЕВА

АПЕЛ
До заштитниците на човечката совест,
правдата, мирот и човечноста
Имајќи ги предвид несреќите што ги поднесува народот
во Македонија и Одринско со отоманското ропство, кое ги
притиска повеќе од петстотини години;
споменувајќи си ги ужасните сцени од Виница, ужасните
пискоти на нашите живо горени браќа, на силуваните деви-
ци и на децата истргнати од прегратките на нивните мајки;
имајќи ги предвид сите грозотии, Централниот македон-
ски комитет се зафати со тешката задача да биде заштите-
на на македонскиот народ со овој Апел до благородните лу-
ѓе ги изразува само своите оправдани стремежи.

ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ свикува за


следниот 3 март конгрес во Женева. Овој конгрес има за
цел да ги изрази јавно оправданите желби и политичките
барања на Македонците; откако ќе се задоволат тие бара-
ња, пак ќе завладее на Балканскиот Полуостров мир и
правда.
***
Како што произлегува од претходното излагање, кауза-
та на ослободувањето на Македонија се заснова врз зако-
нитоста и врз јавниот морал.
ЦЕНТРАЛНИОТ МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ бара поддрш-
ка од членовите на Конгресот за подобрување на судбина-
та на Македонците. Тој предлага да се организира постојан
комитет, кој би бил задолжен да ги претставува интересите
на Македонија пред европските сили.
Централниот македонски комитет ќе се договори со
претставниците на Конгресот во врска со мерките што не-
44
посредно ке се наложат за смирување на земјата.
Тој ќе достави на Конгресот мемоар, кој со исклучок на
измените што самиот Конгрес би можел да ги внесе, ќе би-
де доставен до европските сили, потпишан од членовите на
Конгресот.

Женева 12 јануари 1899 година


За централниот македонски комитет,
Ѓорѓи Ив. Капчев
Главен уредник на весникот
„Macedoine"
Public Record Office (London) FO 78/5061, (Turkey) / Bulgaria/ (Diplomatic). From Fiiot,
January - May 1899.

ГОВОР HA АНАТОЛ ФРАНС ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕРМЕНИЈА


17 март 1903 r.
Граѓани,
По наредба на Црвениот Султан, паднаа триста илјади
Ерменци. Од врвовите на Таурус до високорамнините на
Арарат, еден народ сиракживее под нож. Во Македонија, не
неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и
функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќер-
ките и жените. Овие злосторства се направени за срам на
Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја за-
должува со тоа, а Берлинскиот договор и дава за тоа сигур-
но право.
Франција испрати свои оклопни кораби да бараат од
Портата, преку топовските отвори исплаќање на Лорандо и
Тубини. Нашите оклопници, дали се единствено во служба
на Турбини и Лорандо?
Султанот, предавајќи им ги Ерменија и Македонија на
крвниците, нели се изложи на некаков приговор од страна
на силите? Германија, Англија и Франција, неговите стара-
телки, ќе му речат ли: „Можеш да убиваш, само ако пла-
тиш?"

45
Ако им се верува на умешните луѓе, постојат две полити-
ки. Една што се раководи од претпазливоста, и нашата. Ние
одговараме дека пред злосторството има само една поли-
тика: човечност.
Се вели дека нам ни недостигнуваат водржаност и прет-
пазливост. He. Предвидувајќи ги колежите, што по неколку
дена ќе ја окрвават Македонија, и викајќи му на секој оној
што може да не чуе дека турската сабја постојано е крена-
та над Ерменија, нам не ни недостигнува ниту претпазли-
вост, ниту разумност. Претпазливоста не се состои во тоа
да се премолчуваат и негираат колежите. He e претпазли-
вост одобрувањето на злосторството со едно страшливо
премолчување. Страшливоста никогаш не е разумна.
Каква е таа разумност да се молчи кога крвта на жртви-
те повикува? Единствено нашата политика е разумна, би-
дејќи е отворена и искрена, и бидејќи надвор од правите
патишта постојат само изненадување и опасности.
Единствено нашата политика е мирољубива, бидејќи се
засновува врз народното чувство кај цивилизираните нации,
а народот насекаде ја мрази војната.

Граѓани,
Интересирајќи се за судбината на Ерменците и на Маке-
донците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе,
ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба, и за
зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршува-
ње на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и
Македонија.
Братски поздрав
/Анатол Франс/
Anatole France, Vers les tmps melleurs. Paris 1906, I-III; Claude Aveline, Vers Les temps
meilleurs. Trente ans de vie sociale. Paris 1949, 1953, vol. I, p. 138-139.

46
ГОРЧЕ ПЕТРОВ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ПЕРЕ ТОШЕВ
ЗА РЕШЕНИЈАТА НА СОЛУНСКИОТ КОНГРЕС
НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА*
Јануари 1903 г.

... За да дискутираме по предлогот на ЦК се собравме


овде во Софија на заседание околу 20 души видни органи-
зациски сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис
Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Силјанов,
Герџиков, В'лчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов,
Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку па-
ти од 16 до 24 души.
Матов и Татарчев го прочитаа писмото и брзо ја искажаа
својата согласност. Големото мнозинство од собранието ја
поткрепуваше идејата за востание... Против востанието ка-
тегорично станавме само јас и Делчев. Пере не се искажа
извинувајќи се дека е нов, дојден од затвор, дека не е доб-
ро информиран за вистинската положба овде и внатре, a
интимната мисла му била против востанието.
Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар
за зборување, се искажа дека е категоричен противник на
такво востание како што проектираа, a e за востание какво
што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти,
се расфучи.
Јас станав и држев реч тогаш, што траеше шест часа.
Како што ми признаа тие, ја разбив увереноста на оние што
беа се изјасниле за востание и мнозина од нив станаа (Сил-
јанов, Герџиков и др.) и ми признаа: „Ти си несоборлив во
твоето мислење". Јас ги разоткрив вештачките пристапи за
кревање на востанието. Матов, Татарчев протестираа.
Фактите што ги приведуваа тие дека ќе имало избувнување
на населението, еден по еден ги урнав по признавањето на
оние што биле во тие места. На пр. фактот дека селаните
излегле со оружје в шума не е уште знак за востание, туку
само да избегнат за да не им го земат оружјето Турците и
да не настрадаат лично... Точките по однос на опасноста
47
дека ќе пропадне оружјето ги побивав исто така: опасноста
не е толку голема; го уверував собранието дека не треба
никогаш да се плашиме дека една околија што е подготве-
на за востание ќе го предаде своето оружје, ами напротив -
ако е едно население готово да го предаде своето оружје,
тогаш тоа не е подготвено за востание.
По однос на фактичката подготвеност со сигурни пода-
тоци, што мене ми беа познати повеќе одошто на самиот ЦК,
им докажав дека можеме да ги сметаме за што-годе под-
готвени само седум околии: Костурската, Леринската, Би-
толската, Демир-Хисарската, Кичевската - Битолско; во
Солунско само Кукушката и тоа доста слабо; во Струмичко
само Струмичката околија и тоа со незгодни пушки кримки
и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мар-
тинки... Го уверував собранието: ако го прогласиме ова вос-
тание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за
долго време, зашто ќе се кренат само во неколку околии.
Уверував дека е сега невозможно сенародно востание,
зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За
одоваде Вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе ра-
ботиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 го-
дина - востание само со чети од Бугарија што ќе биде про-
тив основните задачи на Организацијата како што ги разби-
равме тогаш.
Како резултат на сето тоа апсолутното мнозинство реши
да им се соопшти во Солун од името на сите присутни дека
сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо
(Ковачев - б.р.) навидум се согласија (гласаа против). Оста-
наа само Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден -
двајца што гласаа за востание. бевме натоварени јас и Ма-
тов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го сос-
тавиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мо-
јата редакција, поотворена и порешителна се прими и се ис-
прати во Солун како мислење на овдешните претставници
на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за
востание оние што не мислеа да земат и не зедоа учество
48
во востанието. И во Солунскиот конгрес беа за востание
најмногу оние околии што подоцна не зедоа учество, Со-
лунската на пример, макар што во Солун се изигра најваж-
ната улога за прогласување на востанието. Спомени на
ГИорчо Петров, стр. 154-157.

РЕШЕНИЈАТА НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС


НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА*
2-7 мај 1903 г.

Решенија од првото заседание


Денеска, 19 април (стар стил - б.р.) илјада и деветстоти-
ни и третата година, дванаесет часот по турски утрината, по
покана на раководителите од Вториот македонско-одрин-
ски округ, се собравме во местото определено од него - се-
ло Смилево, Битолско - окружните раководители на Бито-
ла: Анастас Лозанчев, Георги Поп Христов, Георги Пешков.
Делегатите од Централниот комитет: Даме Груев, Борис
Сарафов, Димитар Дечев; Делегатите од подвижните гор-
ски раководни тела: (и неподвижните градски) на Битол-
ско-Пелистерскиот дел ... Потоа се пристапи кон разгледу-
вање на прашањата предложени од окружните раководи-
тели.
Откако се кажа целта на Конгресот и се прочитаа земе-
ните решенија во минатите заседанија со кои наполно се
согласија пристигнатите, се пристапи кон дневниот ред: Оп-
ределување на времето за востание. Се реши: донесените
одлуки на Конгресот по однос на подготвувањето и распре-
делувањето на сите да се приведат што поскоро во испол-
нување и реоните да бидат готови за востание не подоцна
од крајот на месец мај. Датумот на востанието да го опре-
делат претставниците на штабот, сообразно со гореизло-
жените услови. При тоа се задолжуваат реонските начал-
ници да ја соопштат навреме застрашувачката положба на
нивните реони. На крајот се прочита дисциплинарниот устав
49
и се прими наполно...
За верноста на гореизложеното следуваат потписите на
претставниците.
Оригиналните протоколи от Смиленскис конгрес. СИобЕава Скендер - бе"Б.
ИлОстраци-fc Илинден бр. 87 (1937), стр. 7-12.

ЦИРКУЛАР CO КОЈ СЕ ОБЈАВИ


ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ*

15 (28 јули по нов стил) 1903 г.


Главен штаб на II македонски
револуционен округ Врф
„Победоносец" 15 јули, 1903 г.

До центровите и селските началници и народот


Браќа,
Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне,
за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на за-
гинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо
викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сес-
три сакат да си дојт на место!
Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поар-
но смрт отколку страмен и скотски живот!
Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе
требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот,
јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по
вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата!
Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и дол-
готрајна борба јет нашето спасение!
Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Be целиваме братски
Штабот
Н.К. МаЅски, Илинден. Драма в пет деЅстви"ѓ> 1923, стр. 49.

50
ШТАБОТ НА КРУШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ
ГО ОБЈАВУВА ВОСТАНИЕТО* 20
јули (2 август по нов стил) 1903 г.

Слобода или смрт!


Штаб на крушевските востаници
Но1219
Гората, 1903 година

До раководителот на Крушевскиот околиски револуцио-


нерен комитет и до началниците на грчките, влашките и ал-
банските групи

Браќа,
Брзаме да ви го честитаме востанието! Денеска цела
Крушевска околија заедно со цела Македонија крена вос-
тание и вика: Долу тиранијата! Да живее слободата и рав-
ноправноста меѓу македонските народности! Камбаните на-
секаде бијат, народот со чудесна радост се прибра под зна-
мето на слободата. Момите и невестите ги китат со цвеќи-
ња главите и пушките на востаниците! До што Турчин се
најде по патиштата и селата, се фати и е прибран како пле-
ник и залог. Насекаде пеење, радост и веселба. Гориме од
нетрпеливост и чекаме ноќ, за да дојдеме и да го заземеме
Крушево, та заедно со целиот народ да го извикаме побе-
доносното македонско ура! Бог и правото се со нас!
Да живее Македонија!
Потпишале: Питу Гули, Иван Алабак, Андреја Димов,
Ѓурчин Наумов и Ташко Карев.
Штаб:
Никола Карев, Томо Никлев, Тодор Христов, Антиноген
Хаџов

Ангел Динев. Илинденска enonet. TOM. 1. Софи"ѓ>, 1945, стр. 317

51
КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ*
2-Завгуст 1903 г.

Слобода или смрт


Штаб на крушоските востаници
Илинден 1903 г.

Прокламација до турскиот народ во Крушоската Револу-


циона Околија

Браќа земљаци и мили комшии!


Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници отху-
бавото Крушево и от неговите китни села без разлика на
вера, народност, пол и убежденија, неможејќи веќе да тр-
пиме иранијата на жедните за крф и гладните за човечко мо
муртати шчо гледаат и нас и вас, да дотераат до нош, и нас
и вас да дотераат до питачки стап и нашата мисла и богата
земја Македонија да заприлаегат на пуста пустина, денеска
дигнафне глава решифне со пушка да се браниме от тие на-
ши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно
знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кла-
дофне главата в торба, за да заживјеме чоечки или пак да
умриме јуначки! Бидејќи от дело - предело си живејме како
браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до
крај да останиме сфои. Ние не дигнафне пушка протиф вас
- това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф
мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се
прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брати и со
него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не изле-
гофне да колиме и да грабиме, да палиме и крадиме - дос-
та ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сиро-
та и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјан-
чуаме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќер-
ки: требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашат
вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет,
скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот,
52
верата и честа, ние сне зеле пушка. Ние не сне муртати на
сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесе-
џии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за
слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф
ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите,
протиф арамиите, протиф зулумќарите ијанкесеџиите, про-
тиф насилниците на нашата чес и на лумќарите и јанкесе-
џиите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата ве-
ра и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат
нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите -
никому зијан не ќа сториме. Ние не само ве имеме како
сфои браќа туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи раз-
бираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на
царските бегој, ефендии и паши, ројбе на богатите и на сил-
ните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запа-
лија царшчината от четирите страни и шчо не натераа нас
да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот.
За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас, да
дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани,
при нас да тргниме против вашите и наши душмани! Елате
пот бајракот на „Афтономна Македонија"! Македонија е за-
едничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме
синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страда-
нија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас
браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние
и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си рабо-
тат спокојно и да напредуват!... Мили наши комшии! Како
Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите
оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на цар-
скиот бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не
јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разбе-
рите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се обја-
вите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и
по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мра-
зиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет пот-
ребно, до еден ќа умриме пот бајракот за нашата и ваша
53
слобода и за нашето и ваше право. „Слобода или смрт" јет
писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе
го дигнафне тој бајрак и немаат враќање. Ако и вие не има-
те како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да
живејте сонас, како што сте живејале до сега и ако сте вер-
ни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни по-
можите само со еднонешчо - а тоа јет голема помош: да не
се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф
нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Госпот Бог да блослојт светата борба за правото и
слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и доб-
ри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија"!
Н.К. Мајски, Илинден, стр. 36-38.

„РЕФОРМИ" ЗА БОРБАТА ВО МАКЕДОНИЈА


16август 1903 г.

Борбата во Македонија предизвика такво воодушевува-


ње во срцата на многумина младичи во странство, што не-
кои од нив решиле да ги остават и коските за слободата на
херојските Македонци. Такви борци се јавиле од Чешка, од
Одеса и други места. Дури и еден потпоручник од српската
армија, родум Македонец, ја напуштил војската и влегол во
редовите на македонските востаници. Јавуваат од Италија
дека некои од италијанските гарибалдинци се готвеле да се
борат за слободата на Македонија.
„Реформи" (Софи-fc) 36 (16.ВИИ 1903); Странскиот печат за Илинденското воста-
ние. Скопје 1953, стр. 72.

54
АПЕЛ НА „МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТЕТИ"
ОД ЊУЈОРК И ФИЛАДЕЛФИЈА*
Септември 1903 г.

Плач од Македонија
Она што Павле го виде во духот, визијата на човекот од
Македонија, кој го повикуваше него да му помогне на него-
вата земја, ние сега тоа го имаме пред нас. Од болките и од
сиромаштијата резултираше востанието во Македонија, тоа
беше крајност. Четириесет илјади Македонци беа принуде-
ни да ја преминат границата за во Бугарија. По извесно вре-
ме во Македонија останаа бездомници, нивните добици и
посеви се уништени, упропастени од гладот и студот. Секој
еден од блиските сакаше да помогне во состојбата што ги
надвладеа во оваа несреќна земја во последните две годи-
ни и повеќе. Активната агитација на македонските револу-
ционери крена на востание дел од македонскиот народ.
Турските власти се обидоа да ја задушат револуцијата со
крајна жестокост на надмоќните сили. За правата и неправ-
дите на Македонците ние сега не сме заинтересирани, но
ние не можеме да не бидеме заинтересирани да им помог-
неме на тие човечки суштества и сродни христијани, на не-
вините жени и деца, што гинат по стотици и ќе гинат на ил-
јади, најсвирепо, ако не е христијанска Европа и христијан-
ска Америка да ги спаси.

Комитет во Њујорк.
Комитет во Филаделфија.
G.N. Chakaloff and S.J. Shoomkoff. The Macedonian
Problem. Philadelphia 1904, p. 108-109

55
ПОСЕБНОСТИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ
ИДЕНТИТЕТ МЕМОРАНДУМ ЗА МАКЕДОНСКИОТ
ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК*
12 ноември 1902 г.

.. На ова и на другите прашања може да се одговори са-


мо потврдно. Нема сомнение дека особеностите на кој и да
е говор, а камоли наречје, можат да бидат воведени во се-
општа потреба во писменоста на определена земја, на оп-
ределен литературен или научен кружок или дури и во пис-
меноста на одреден народ. Тоа може да се направи несвес-
но или свесно. Историјата на јазикот ни покажува дека ја-
зикот на спомениците пишувани во различно време, или во
едно и исто време, но во различни краишта на една јазична
територија не е еднакво, а тоа е затоа што секој писател
или пишувач на споменикот несвесно внесе во него особе-
ности од својот говор и од своето време. Во овој случај ние
гледаме несвесно внесување особености од определен го-
вор во јазикот на писменоста.
Понатаму, спомениците од разни краишта од една и иста
епоха ги одразуваат во себе говорите на тие краишта. И од
тоа произлегува дека одделните личности од одделните
краишта, занимавајќи се со литературна работа, ги внесу-
вале во писмениот јазик особеностите во своите говори.
Влијанието на говорите врз литературниот јазик се ограни-
чува само кога по извесни причини некој говор или некое
наречје ќе преовлада во литературата на определен народ
или земја. Издигнувањето на определен говор на степен на
литературен јазик по извесни причини покажува дека свес-
но може да му се даде општа литературна употреба на кој и
да е говор, ако за тоа постојат достатни услови.
Сега се поставува прашањето: потребно ли е да се созда-
ва посебен македонски литературен јазик при постоењето на
српскиот и бугарскиот литературен јазик? Причините за обра-
зувањето на мак.лит. јазик се две: 1. при образувањето на
српскиот јазик - литературниот - на почетокот на XIX век не
56
им било обрнато внимание на говорите на Ист. Србија, Зап.
Бугарија и Македонија, па затоа, со примањето на херцегов-
скиот говор како литературен јазик, не биле задоволени пот-
ребите на Ист. Србија, Зап. Бугарија и Македонија. При обра-
зувањето на бугарскиот литературен јазик, со примањето на
источнобугарскиот литературен јазик, со примањето на ис-
точнобугарското наречје за општа литературна употреба, ис-
то така им било обрнато малку внимание на источносрпското,
зап. бугарското и на сите македонски наречја.
Едностраноста при образувањето на бугарскиот и српски-
от литературен јазик само го помогна расцепкувањето на
Словените на Балканскиот Полуостров на 2 лагера што се
непријателски помеѓу себе и се борат врз почвата на наречја-
та што ги соединуваат особеностите како на бугарскиот, така
и на српскиот јазик. Меѓутоа, ако при образувањето на едни-
от или на другиот литературен јазик беше издигнат на степен
на литературен јазик еден од централните говори на Балкан-
скиот Полуостров, тогаш со самото тоа ќе беше можно да се
избегне антагонизмот меѓу Словените од разните краишта на
Балканскиот Полуостров и да се обединат во една национал-
но-културна целост. Ние сметаме дека македонските нареч-
ја, кои Бугарите исцело ги признаваат за бугарски, Србите за
српски, всушност ја претставуваат средината помеѓу говорите
на денешна Бугарија и Србија, но не и другите српски облас-
ти, и како такви, во случај еден од нив да се издигне на сте-
пен на литературен јазик, можат да послужат како соедини-
телна алка помеѓу сега непријателските Бугарија и Србија.
Втората причина за издигање на едно од мак. наречја на
степен на литературен јазик е неопходноста за отстранува-
ње на претензиите на Србија и на Бугарија за Македонија,
отстранување на националните пропаганди што го демора-
лизираа мак. население, обединување на словенскиот еле-
мент во Македонија за да се зачува неговото преовладу-
вачко значење за судбината на Македонија...
ДимитријаЧуповски. том I. Скопје, 1978, стр. 180-189. (приредил: Блаже Ристов-
ски)

57
КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ, „НЕКОЛКУ ЗБОРОИ ЗА
МАКЕДОНЦКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК"* 1903 г.

Во четирите горни статији на оваа книга јас сакаф да


обрнам погледите на мојите сонародници на нуждата од
једно корено изменуајње на досегашниот процес на нашето
дуовно развијајње, како и на тоа, да мојите возгледи во тој
случај не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор нап-
ред во досегашното развијајње на нашето национално са-
мосознајње и да сет затоа сосем природни и осноатељни.
Се разбират, оти во једна мала книга, како шчо је ова
мојата, не се можат подробно да се разгледаат сите задир-
нати прашања. За секоје од ниф би се можела да напишит
по једна цела книга. Но сега за сега от таквија подробни
разгледуајња за задирнатите питајња се немат ушче голе-
ма и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се
кажит по неколку зборои за својевременоста на книгата и
нашиот литературен јазик.
Откако се изберит наречијето, кое имат да бидит маке-
донцки литературен јазик, ќе требит да се разгледат и пра-
шајњето за македонцкиот праопис.
За праописот као и за праецот на нашето културно раз-
вијајње ке требит тука да се напраит неколку забелешки.
Праописот на једен јазик, као и изработуајњето на једен ли-
тературен јазик можит да идит постепено и полусознатељ-
но. Једен чоек од једен народ, шчо немат писменост, можит
да изучит азбуката од једен народ по културен од негоијот.
Тој чоек можит да употребуат туѓата азбука и за гласои од
негоијот јазик, или да изложит својите мисли со помоќта на
туѓа азбука. Но ако во неговијот јазик се имаат гласои, кои
е немаат во јазикот, от кој шчо е позајмуат азбуката, тогаш
позамуачот на туѓата азбука ке напраит некоји изменејња и
дополнејња во еја, со који ке бидат означена разликата во
гласоите меѓу двта јазика. Таја позајмена и преработена аз-
бука се предаат от колено на колено и со предјадењето се
58
се изменуат и се дотеруат до својствата на јазикот на позај-
муачите. Така постпено и неосетно се изработуваат азбуки-
те у по некултурнитенароди од додир со по културни наро-
ди. Но таква постепеност имат место, ако два саседни на-
роди сет во не једнакви политички прилики, ке се речит,
једнијот, т.е. по културнијот народ господаруат, а другијот,
по некултурнијот народ јет заробен, или нај малу немат
полна политичка слободија. Но инак одат работите, ако
двата народи имаат своји држаи. Во таков случај озајмуај-
њата, особено културните, биваат по сознатељно и по ско-
ро. Така рисјанството и писменоста кај нас македонците с
имат зафатено нај рано от сите словенцки народи. Они се
распространуват со векови и идеа одоздолу на горе. За тоа
воисторијата ништо не се зборуат за покрстуајњеетона на-
шиот народ. Но со поркстуајњето секој пат имат идено и
писменоста. Co замолчуајњето на нашето покрстуајње се
замолчуат и процесот на образуајњето на нашата писме-
ност.
И така нашето дуовно препородуајње и просветејњето
кај нас, па и изработуајњето на нашата писменост, заради
географцките и историјцките прилики, имаат земено во пр-
вата иљадогодишнина no P. Хр. инаков ход, a y друзите
праославни словени инаков. Кај нас то се извршуат посте-
пено и незабележо, кај ниф брзо и со извесна тенденција.
От турцкото завојуајње на Балканцкијот полуостров ста-
на једна премена. Турцкото госпотство ни прсечи сите врски
сонашата старина. Нај тешко се отрази оно на Македонија,
као централна провинција, па затоа во тоа време, кога у ду-
ризте праославни словени постепено се изработуаше пис-
менијот јазик и праописот, није се поеке се обезличаафме и
готоо сосем се откажафме од нашиот јазик, као орган на
литературна реча. Од време на време во течејње на цел XIX
век немаа за жалост таков значај, да задобијат последуа-
чи, затоа, ако и сега во XX век видиме некоји опитуачки да
се пишат на македонцки, то тоа се не праит сознатељно и
од некакви патриотични влеченија и цели, а само за забаа.
59
Bo тоа се состоит разликата во нашето, т.е. македонцкото
дуовно-национално возродуајње, от тоа на друзите праос-
лавни словенцки народи, со друзи зборои: као шчо по нап-
ред није постпено и први се просветуафме со рисјанствои со
писмо, а друзите словени - после нас и на брзо, така пак
сега, во тоа време, кога сите праославни словени постепе-
но си изрботија своји литературни јазици, своји богати лите-
ратури и постпено изработени праописи, није остааме назад
от сите туку речи, без литературни традицији, не зато, шчо
и немаме, а зашчо заборааме својето, изучаајки туѓето.
Није сега со брзина ке требит да разработиме нашијот
литературен јазик, д аустаноиме нашиот праопис и да сода-
диме једна наша литература, која ќе одгоарат на сите наши
нужди. Co нашето сегашно национално взродуајње није се
протиостааме на друзите праославни словени, као шчо се
протиостаафме и напред: тогаш бефме први во дуовното
препородуајње, које кај нас беше бавно, а кај ниф скоро, се-
га наопако; тогај они нас сакаа да не достигнат и работеа со
извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
Во зависност от тоа, како се имат развијано једен народ
инегоијот јазик и праописот можит да бдит различен. Ако
једеннарод само постепено си изработуат својето писмо и
него го преработуат и при тоа во негоата историја се намат
таквија собитија, шчо ја преполоуваат и праат цела пропаст
меѓу једната, т.е. старата и другат аили ноата нејна полои-
на, - писменијот јазик и праописот содржаат во себе мнго
таквија особини, који немаат реална вредност во гласоите
на сегашното стајње на јазикот. Но, ако во историјата на
културното развијајње на једен народ се имат два периода,
меѓу који се имаат једен, као треки, но кој шчо јет период од
застој и јет као непрелазна стена меѓу ниф, - тогај вонови-
от период на развијајњето на националното самосознаајње
имаме препоодуајње на народнијот дух, кје стаат вистина на
стара осноа, но во него визаат много нои начела, согласно
со дуот на времето и со псецијалните потреби на народни-
јот жиот и негоите пројауајња. тоа препородуајње се одбе-
60
лежуат и во книжниот јазик и праописот: како једнијот, та-
ка и другијот сет горе долу слободни од некоји традицији,
који не сет согласни со современото стајње на разгоорнијот
јазик.
И така историјата на културното развијајње на народите,
согласно сонејниот ход, содејствуват: или на чисто етимо-
логијцки или историјцки праопис, или на бркан - етимоло-
гијцко - фонетичен или историјцко - фонетичен, или нај
после на чисто фонетичен праопис. Трите вида от праопис
зависат од по големата или по малата приврзаност конста-
рото или ноото стајње на једен разгоорен или литературен
јазик. Једејњот от трите праописа се усвојуат за једен лите-
ратурен јазик у једен народ, шчо се возродуат, главно во
зависност от та тенденција, шчо госпотствуваат при народ-
ното возродуајње.
Једно јет така, то и нашиот праопис и праецот на наши-
јот литературен јазик ќе требит да бидат во полна завис-
ност од та теднденција, која ќе не раководит нас при наше-
то национално возродуајње. Каква можит да бидит таја
тенденцја е видит от таја книга. Но јас ќе си довољам да по-
ворам. Она јет: прво, Македонија да е наутралисат за Буга-
рија и Србија и да се оддалечит еднакво од двете држаи и
друго, она требит да се објединит на јазична основа. Тије
принципи ќе ракоодат изработуботуајњето на литературни-
јот наш јазик; они ќе ракоодат и праописот.
На тије два принципа одгоарат: 1. Прилепцко-Битољ-
цкото наречије за литературен јазик, као једнакво далеко и
от србцкијот и бугарцкијот јазици, и централно во Македо-
нија. 2. фонетичнијот праопис со употребените во таја кни-
га писмени знакои и сомали отстапки на етимологијата и 3.
речничнијот материјал да јет собрајње от сите македонцки
наречија.

Крсте П. Мисирков, За Македонцките работи (Дототипно издание), (Уредил, То-


дор Димитровски). Скопје, „Кочо Рацин" 1953, стр. 132-145.

61
МАНИФЕСТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ ДО СИТЕ
НАРОДНОСТИ ВО ОСМАНСКАТА ИМПЕРИЈА*
31 јули 1908 г.

Драги сотатковници,
Толку долго чеканиот зрак на слободата изгреа. Нашата
измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е
во агонија. Против него стана целиот народ во лицето на си-
те нации што го составуваат. Револуционерниот повик на
нашата братска Младотурска револуционерна организација
се намери на радостен одѕив во душата на толку измачени-
от народ. И народот - роб стана господар. Неговата света
пресуда е:
Смрт на апсолутизмот!
Смрт на угнетувачите!
Драги сотатковници,
Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото
прашање: да биде или да не биде нашиот народ? Кој ќе би-
де победник - тоа зависи исклучиво од вас, од вашата вол-
ја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓа-
ни, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата,
ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го
закопате злосторничкиот апсолутизам?
Сотатковници Турци,
Вие го составувате големото мнозинство од народот, но
заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте сите злостор-
ства на нашите заеднички непријатели. Во своето турско
царство, вие не бевте помалку робје од вашите сотатовни-
ци, христијаните. Нашите управници лажеа досега дека
христијаните биле ваши непријатели. Сега вие разбирате
кои е ваши браќа, а кои ви се непријатели. Вие први изле-
говте во борбата за слобода и рамноправност. заедно со вас
се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа
треба да живеат" - ги загреа срцата на христијанското на-
селение и го олесни во мачното прашање: по кој пат може
62
да стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата бор-
ба против тиранијата за да заживее целокупниот народ?
Драги сотатковници христијани,
И вие бевте не помалку заблудувани и верувавте дека
вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски
народ. И таа заблуда падна. Сега вие си подавате братски
раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега са-
каната и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз.
ДА ги закопаме заедно со апсолутизмот и создаваните од
него национални самоистребувачки борби.
Сонародници,
Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на
слободата, можете радосно да здивнете. Era вие не сте са-
ми (и) ете зошто вашата борба станува уште понадежна и
полесна. Co заедничките усилби на сите народности ние ќе
ја извојуваме нашата полна слобода. He подавајте им се на
престапните агитации кои можеби ќе се поведат од офици-
јалните власти во Бугарија против нашата заедничка борба
со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се
стреми кон слобода.
Драги сотатковници,
Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој
од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата ат-
мосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија?
Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на
светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот.
Смрт на тиранијата - да живее народот! Да живее сло-
бодата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее
големата народна борба! Да живее народот!
Солун, 18јули 1908 год.
Сандански

Павел Делирадев. не Сандански. Софи-fc 1946, стр. 30-32.

63
ГОВОР НА ДИМИТАР ВЛАХОВ BO ОТОМАНСКИОТ
ПАРЛАМЕНТ*

Парламентарни заседанија, 1910 г.


Овој закон го сметам за привремен и површен; мерките
што овде ќе бидат прифатени ги сметам недоволни. Сака-
ме да ги стимулираме нашите земјоделци и нашата индус-
трија. Меѓутоа, по каков пат ќе ги стимулираме? Во тоа е
прашањето. Што е потребно за стимулирање на нашата ин-
дустрија? Најпрвин се потребни капиталот и капиталистите.
На второ пак место - работниците. На трето место, нужен е
пазар за индустриските производи. Од која и да било наци-
ја и земја да доаѓа, нашата земја не ќе има загуба од капи-
талот... Претпријатијата можат да бидат странски и домаш-
ни, бидејќи и во нашата земја има богаташи. Меѓутоа, тие
своите кредиторски пари ги кријат во касите, кесињата, a
најмногу ги вложуваат во банките на другите земји. Кога
овие луѓе ќе забележат напредок на претпријатијата созда-
дени со странски капитал, ќе ги извадат и ќе им ги дадат
сопствените пари на тие претпријатија...
Во нашата земја има многу работници. Се оплакуваме
дека за работниците нема доволно работа. Вистина е, нема
опитни работници. Но зарем не можат и нашите работници
да станат опитни? Ќе станат. Нашите работници што одат
во Америка, Бразил, се квалификуваат и работат за напре-
докот на тие земји. Ако отвориме индустриски училишта, и
ние ќе имаме опитни работници.
За да се покрие дефицитот, треба да го зголемиме доходот.
за да се зголеми доходот, треба да ги измениме даночните за-
кони, треба да спроведеме финансиски реформи; и пред се,
треба да работиме за прифаќање на прогресивно-пропорцио-
налниот даночен систем и за зголемување на економската моќ
на народот. Пред се, треба да ги измениме непосредните да-
вачки. Најпрвин таа реформа треба да ја оствариме. Тоа не од-
говара на приходот на населението. Поради тоа сме принудени
да направиме да се зголеми економската моќ на населението.
64
Гледате дека нашиот буџет е многу тежок за населени-
ето. За да се зголеми приходот, нужно е да се зголеми еко-
номската моќ. Ако не ја зголемиме неа, постојано ќе има
дефицит и населението ќе ги смета даноците за товар. Co
еден збор, да се изменат даноците, да се изврши финанси-
ска реформа, да се примени прогресивно-пропорционални-
от систем, да и се даде предност на економската моќ на на-
селението. Така да се следи една финансиска и економска
политика. (Продолжителни аплаузи).

А. Стојановски, Еден говор на Димитар Влахов во Турскиот парламент. Историја


(Скопје) ВИ, 2 (1970) стр. 240-247. Според А. Церрахоглу, Туркиѕеде Сосѕализм
(1848-1925). Истанбул 1968, с. 72-84).

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ „МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ"*


/„Македонискија Голос", 1913 гУ

Во време на турското господство македонските Словени


за сето време не престанува да водат свесна и упорна бор-
ба, отпрвин за својата независност, а откако конечно биле
покорени од Турците, за своето ослободување од турскиот
јарем. Тие кревале многубројни востанија, често ги поразу-
вале Турците.но, се разбира, на крајот од краиштата, вос-
танијата секогаш биле задушувани во потоци од македон-
ска крв... Тие земале учество и во ослободителната борба
на своите соседи - Србите, Грците и Бугарите - чијашто
слобода била извојувана со усилбите и со помошта и од Ма-
кедонците. Така, во време на Руско-турската војна 1877-78
г. 2/3 од доброволците од балканските Словени биле Маке-
донци. Имињата на Ѓорѓи Пулевски, Стојан Везенковски,
Попот Буфски и на цела плејада други што зеле учество во
херојската борба на крстот, со полумесецот, многу им збо-
руваа, а и сега уште им зборуваат, на срцата на Јужните
Словени. И ако Македонија, и по за неа несреќниот Берлин-
ски конгрес мораше да остане под господството на Турците,

65
тоа е само затоа што таа се наоѓаше поблиску од сите дру-
ги Словени до административните центри на Отоманската
империја, како што е Цариград, Одрин, Солун, Македонија
можеше да се ослободи само заедно со конечното пропаѓа-
ње на Турција во Европа.
Берлинскиот конгрес кој го предаде македонскиот народ
во жртва на одмаздата на разбиените Турци, кои знаеја
каква улога игра македонските одреди во за нив несреќна-
та војна, предизвика експлозија на очајот и негодување по
цела Македонија. Целиот народ, како еден човек, се крена
и започна несрамна борба против Турците за своето осло-
бодување. Востанието траеше повеќе од една година и за-
врши, се разбира, со победа на озлобените Турци, кои нај-
после, ја разурнаа таа несреќна земја. Многу села, па дури
и градови, беа изгорени, многу народ беше исклан, а маке-
донската интелигенција беше делум истребена, делум најде
спас во бегството во слободните држави.
Без оглед на ваквото крваво задушување на востанието,
ослободителната идеја не ги напушти Македонците. Сите 35
години, колку што изминаа од Берлинскиот конгрес, па се до
сегашната војна, се една крвава страница на непрекината ги-
гантска борба на македонскиот народ за своето ослободува-
ње... Стотици илјади жртви што тој ги принесе на олтарот на
татковината го искупија правото на Македонија на слобода...
Само за едно петлетје - од 1898 до 1903 година - имаше
повеќе од 400 судири меѓу Македонците и Турците.
Упорната востаничка борба против Турците се раково-
деше од таканаречената Внатрешна организација, која во
текот на 10 години (до познатото востание во 1903 година),
изврши чудесно дело: дотогаш неорганизираните, проник-
нати само со дух на протест и востание, елементи таа ги
претвори во дисциплинирана силна војска, која беше во
состојба да им дава отпор на насилниците. Највидните деј-
ци на таа организација беа Гоце Делчев и Дамјан Груев...

„Македонски глас", Институт за национална историја

66
МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ* 7
јуни 1913 г.

До владите и до општественото мнение на сојузните


балкански држави
Македонците постојано, во текот на вековите востану-
ваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упор-
на борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и
Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878
година., Македонија одново остана во дотогашната своја
неволја, таа со уште поголем самопрегор почна да се бори
за својата независност. Само во периодот од 1878 год. до
сегашната од илјада судири и борби со Турците, борејќи се
за својата „ослободителна" војна, македонските востаници
имаа повеќе слобода. Воените успеси што сојузниците ги
постигнаа во сегашната кампања се во значителна мерка
заслуга и на македонските ополченски и четнички дружини,
оформирани од Внатрешната организација и 27-те маке-
донски братства. Повеќе од сто илјади македонски четници
и ополченци се бореа рамо до рамо со сојузничките армии.
Цела Македонија беше освоена со огромното учество на
македонските вооружени сили. При заземањето на многу
градови и утврдени места Македонците пројавуваа храб-
рост и самопрегор. Во битките кај Куманово, Црни Врв,
Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Костур, Крџали, Мус-
тенли, Џумаја, Фере, Серес, Солун, Струмица учествуваа
македонски ополченски дружини. Кај Булаир, Шар-Кој, Ро-
досто, Кирклисе, Лулебургас, Чаталџа и Одрин не малку
благородни македонски синови ги положија своите животи
за општото сојузничко дело. Непристапните кресенски и
многу други планински пооди во Македонија се наоѓаа, дол-
го пред да ја објават војната сојузниците, во рацете на ма-
кедонските четници, од каде што тие непрекинато вршеа
напади на непријателот и со тоа му ја деморализираа вој-
ската. Таквата положба, кога целиот народ како еден човек
се бореше заедно со сојузничките војски, за Турската војска
67
создаде вонредно тешки услови и со тоа ја помогна нејзи-
ната брза капитулација.
Како најдобар доказ за тоа служи предавањето на еди-
наесетилјадната турска војска на Јавер-паша, која им се
предаде единствено и само на македонските ополченци. Co
своите акции во спомнатата војна Македонците го потврди-
ја своето природно, општочовечко право на слободно неза-
висно постоење и се здобија со цврсти историски аргументи
за својата слобода. Но се случи неочекуваната, историска
неправда.
Наместо Македонија, прославена од Александар Маке-
донски, осветена од апостол Павле, облагородена од деј-
носта на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од
славниот цар Самуил, бранета од храбриот Добромир
Стрез, обесмртена од Марко Крале, облеана од крвта на
милиони маченици за слобода, наместо Македонија единс-
твена, целокупна, слободна, европската дипломатија, a co
неа и вие, наши браќа - сојузници и ослободители, не рас-
кинувате на парчиња и ги газите нашите свети идеали.
Зошто? Затоа ли што, наоѓајќи се под многувековен ја-
рем, ние сепак успеавме да ја зачуваме својата национал-
ност и пламен стремеж кон независност? За тоа ли што ние
му поверувавме на вашиот повик за заедничка борба за
слобода? Целиот свет ни е сведок дека вие, објавувајќи ја
војната, свечено ја изјавивте, во манифестите и во прогла-
сите до македонскиот народ, својата некористољубивост,
дека вие одите да ослободите а не да поробувате, раскину-
вајќи го на парчиња живиот народен организам.
Сетете се, браќа Бугари, Срби и Грци, дека вие сте се
преродиле за нов живот дури по 14 крвави војни на Русија
со Отоманската империја и дека вие, со својот сегашен под-
виг, сте и вратиле на својата благородна покровителка са-
мо дел од историскиот долг. Сетете се и тргнете по приме-
рот на велика Русија, која ви обезбеди независен живот.
Сетете се дека раскинатата Македонија ќе биде меѓу вас
вечно јаболко на раздор. Сетете се дека и во минатите ис-
68
ториски времиња гинеле една по друга држави во борбата
за Македонија и не продолжувајте го крвавивиот синодик
во сегашново време. За подолгото постоење на Балкански-
от сојуз и на добрососедските односи на државите што вле-
гуваат во неговиот состав, неопходно е да се отстрани се-
какво заемно соперништво поради Македонците, како са-
мостојна и рамноправна држава, доброволно да влезат во
општиот сојуз. Внатрешните раздори на словенството и со
него историски и културно сврзаното единство се поопасни,
отколку сплетките на многубројните надворешни неприја-
тели.
Принципот на сојузништво нека биде основа на целиот
наш иден културен прогрес. Разделувањето на Македонија
ќе создаде за нас нова зависност и јаремот на родниот брат
не ќе може да ни ја замени слободата.
Во името на природното право, во името на историјата,
во името на практичната целесообразност ние ве молиме,
браќа, да го примите на знаење следново:
1. Македонија е населена со еднородно словенско пле-
ме, кое има своја историја, свој начин на живеење, своја не-
когашна државност, свои идеали, па поради тоа, и свое
право на самоопределување.
2. Македонија треба да биде, во своите етнографски, ге-
ографски и културно-историски граници, самостојна држа-
ва, со влада која е одговорна пред народното собрание.
3. Македонската држава треба да биде одделна рамноп-
равна единица на Балканскиот сојуз при општи царински
граници.
4. Во црковен однос е неопходно во Македонија да се
воспостави древната Охридска автокефална црква, која ќе
се наоѓа во канонско единство со другите православни црк-
ви: грчката, руската, бугарската, српската, романската и
сириско-арапската.
5. За подробно разработување на внатрешно устројство
на македонската држава треба во најскоро време под пок-
ровителство на државите да се свика народно претстав-
69
ничко тело (национално уставотворно собрание) во градот
Солун, избрано по пат на општо гласање.
Браќа сојузници-ослободители! Ние се надеваме дека
нашите зборови ќе стигнат до вашите срца и разум и дека
вие, по примерот на великодушна Русија, во интерес на ва-
шата иднина, ќе помогнете веднаш да се создаде независ-
на македонска држава и со тоа ќе ги зачувате меѓусебниот
мир и слога. Колку поскоро, толку подобро за сите нас. Так-
вото решение произлегува од оживотворувањето на голе-
мата словенско-елинска сојузничка идеја на Балканот, и
ова од вас го бараат интересите на културата и правдата на
целиот свет.

С. Петербург,
на ден 7 јуни 1913 г.

Потпишале полномошници:
Димитрија Д. Чуповски, Георги А. Георгиев, Д-р Г.К. Кон-
стантиновиќ, Наце Д.Димов, Инж. тех. И.Г. Георгов.

Македонски глас, стр. 52-55.

БУКУРЕШКИ МИРОВЕН ДОГОВОР*


10август 1913 г.

Член 1
Од денот кога ќе се сменат ратификационите документи
на овој договор ќе завладее мир и пријателство меѓу Н.В.
кралот на Романија, Н. В. кралот на Бугарите, Н.В. кралот
на Елините, Н.В. кралот на Црна Гора и Н.В. кралот на Ср-
бија, како и меѓу нивните наследници и следбеници на нив-
ните држави и поданици;
Член 2
Меѓу кралството Бугарија и кралството Романија...
Член 3
70
Меѓу кралството Бугарија и кралството Србија границата
ќе врви, согласно со протоколот на воените делегати, прик-
лучен кон протоколот број 9 од 25 јуни 1913 г. на Букуреш-
ката конференција, по оваа траса:
Граничната линија ќе трга од врвот Патерица на старата
граница, ќе врви по старата турско-бугарска граница и по
вододелницата меѓу Вардар и Струма, со исклучок на гор-
ниот дел од Струмичкиот дел, кој ќе остане на српска тери-
торија; ќе излезе на планината Беласица, каде што ќе се
поврзе со грчко-бугарската граница. Деталниот опис на
оваа граница како и нејзината траса на картата 1:200000 на
австрискиот генералштаб се додадени кон овој член;
На една мешана комисија, составена од претставници на
двете високи договорни страни, во еднакво број од едните
и другите ќе и биде поставена задача во рок од 15 дена по
потпишувањето на овој договор да ја повлече на теренот
трасата на новата граница сообразно со горните одредби.
Оваа комисија ќе претседава при поделбата на непод-
вижните имоти и капитали што досега им припаѓаа на око-
лиите, општините или на здруженијата на жителите, а кои
се разделени со новава граница. Во случај на недоразбира-
ње на трасата и на замерките при спроведувањето, двете
високи договорни страни се обврзуваат да се обратат до
третата пријателска влада со молба таа да се определи ар-
битар, чиешто решение за спорните прашања ќе се смета за
дефинитивно.
Член 4
Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугар-
ска граница ќе бидат уредени според спогодбата постигна-
та меѓу двете високи страни договорнички и потврдена во
протоколот приклучен кон овој член.
Член 5
Меѓу кралството Грција и кралството Бугарија...
Член 6
Врховните команди на војските ќе бидат веднаш извес-
тени за попишувањето на овој договор. И утредента по до-
71
биениот извештај бугарската влада ќе биде задолжена да ја
доведе својата војска во мирновремена состојба. Таа ќе ги
испрати трупите во нивните гарнизони, каде во најкраток
рок ќе се пристапи кон распуштање на разни резерви по
нивните куќи. Трупи чијшто гарнизон би се нашол во зоната
на воената окупација на една од високите договорни стра-
ни ќе бидат испратени во некое друго место од старата бу-
гарска територија и ќе можат да се вратат во своите редов-
ни гарнизони дури по евакуирањето на окупационата зона
за која стана збор погоре;
Член 7
Евакуирањето на бугарската територија, на старата и на
новата, ќе почне веднаш по демобилизацијата на бугарска-
та војска и ќе се заврши најдоцна за 15 дена...
Член 8
За време на окупацијата на бугарските територии по не-
која од војските ќе го задржи правото на реквизиција пла-
ќајќи со пари во готово. Тие ќе можат на тие територии да
се служат слободно со железниците за транспортирање на
трупите и за снабдување од секаков ви, а локалните влас-
ти не ќе имаат право на надомест. Болните и ранетите на
тие територии ќе бидат под заштита на тие војски;
Член 9
По изменувањето ратификациите на овој договор, што е
можно поскоро ќе се изменат меѓу себе и воените заробе-
ници.
Сите заробеници што се наоѓаат во рацете на една вла-
да ќе му бидат предадени на делегатот од оваа влада на
која им припаѓаат или на нејзин ополномоштен застапник,
на она место што ќе го определат заинтересираните стра-
ни.
Владите на големите страни договорнички ќе си подне-
сат една на друга, а што е можно поскоро по предавањето
на воените заробеници, сметка за непосредните издатоци
што ги имале околу издршката и грижата на заробениците,
од денот на заробувањето или предавањето до денот на
72
смртта или враќањето. Од сумата што би и ја должела Бу-
гарија на едната од високите страни договорнички ќе се од-
бие сумата што би и ја должела оваа на Бугарија, а разли-
ката ќе и биде исплатена на владата доверителка што
поскоро по сменувањето на гореспоменатите сметки за из-
датоците;
Член 10
Овој договор ќе биде ратификуван и ратификацијата ќе
биде разменета во Букурешт во рок од 15 дена или порано,
ако е тоа возможно.
За доказ на тоа полномошниците го потпишаа и ги ста-
вија на него своите печати.

Ѓорѓе Јелениќ, Нова Србија и Југославија. Београд 1923, стр. 312-314.

ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ, „БАЛКАНСКА ФЕДЕРАТИВНА


ДЕМОКРАТСКА РЕПУБЛИКА"*
18 јуни 1917 г.

Балканот за балканските народи,


Полно самоопределување на секоја нација.

Сегашнава светска војна на многу поробени народи им


носи слобода и самоопределување. Македонија со векови
се борела и леела потоци крв за оваа слобода и независ-
ност, но та предавнички, неправедно беше раскината од
злосторниот шовинизам и од алчноста на крвавите динас-
тии на државите што ја опкружуваат. Резултатите од овој
беспримерен грабеж во историјата предизвикаа не само за-
емно истребување на балканските народи, но потоа и досе-
га невидената светска војна. Сега, кога големиот дел од
Балканскиот Полуостров е во урнатини, а остатоците од
неговите народи се наоѓаат под тешкото австро-германско
ропство, ние, Македонците, настрадани повеќе од кој и да е
друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги за-
73
боравите минатите расправии, да се обедините и да се
приклучите кон нашата општобалканска револуционерна
програма за заедничка упорна борба и за создавање Бал-
канска Федеративна Демократска Република.
Програмата на нашиот Револуционерен комитет се сос-
тои од следниве основни пунктови:
1. Сите балкански народи се должни да ги урнат постој-
ните династии и да воведат кај себе републикански начин
на управување.
2. Секоја балканска република во својот внатрешен жи-
вот треба да биде наполно самостојна.
3. Сите балкански републики составуваат една општа
Балканска Федеративна Демократска Република.
4. Во составот на Балканската Федеративна Демократ-
ска Република влегуваат следниве републики: Македон-
ската, Албанската, Црногорската, Грчката, Српската, Бу-
гарската, Хрватската, Босанско-Херцеговинската, Слове-
нечката и Тракиската.
5. Самостојни републики на Балканот се признаваат не
само едноплеменските држави, туку и оние области, со ме-
шано население, чиишто животни интереси тесно се повр-
зани со географските, историските, политичките и култур-
но-економските услови.
6. Во републиките со мешано население можат да се об-
разуваат автономни окрузи и општини, каде што секоја на-
родност ќе има полна слобода на родниот јазик, верата и
обичаите.
7. Официјален јазик на секоја одделна република е јази-
кот на мнозинството.
8. Секоја одделна република испраќа свои ополномош-
тени народни пратеници во општиот Сојузен парламент на
Балканската Федеративна Демократска Република.
9. Од составот на ополномоштените народни пратеници
се формира Сојузна влада и Совет што го заменува претсе-
дателот на Федеративната Република.
10. Во составот на Сојузната влада и во Советот влегу-
74
ваат еднаков број лица од секоја република-федерација.
11. Федеративната влада и Советот ги раководат сите
општофедеративни внатрешни и надворешни меѓународни
работи на Балканската Република.

18.04.1917 г.
Македонски револуционерен комитет
Д. Павле-Чуповски
Б. Ристовски, Димитрија Чуповски, II, стр. 266-269.

АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД* 9


март 1919 г.

1. Македонското население, без разлика на народност и


вера, по се што проживеа има цврста и свесна желба него-
вата земја да се запази цела и неразделна како самостојна
политичка единица на Балканот во нејзините природни
балкански граници врз базата: Солун како општ центар,
Вардарска долина, Скопје и Битола со нивната стопанска и
економска заднина. Овој свој стремеж да заживее мирно и
слободно македонско население е готово да го подвлече и
отворено преку еден плебисцит кога ќе се отстранат заин-
тересираните администрации.
2. На вака создадената држава да и се даде самоуправа
со полна рамноправност и еднакви права на сите народи
без разлика на бројност и при отсуство на секакви духовни
или политички установи кои би и дале предност на која и да
било од нив или би побудиле сомневање или страв од заро-
дување на сепаратистички стремежи и аспирации.
3. Додека се организира и зацврсти внатрешно и до це-
лосно изживување на тукушто стивнатите расправии и
страсти меѓу разните народности, кои ги имаат сите при-
родни услови да заживеат во мир и братство, само да се ос-
лободат од надворешното влијание, идната самостојна Ма-

75
кедонија да добие солидни меѓународни гаранции за своја-
та постојана неутралност и да биде под меѓународна заш-
тита против секаквите завојувачки стремежи однадвор, за
да може при така гарантирано постоење да го заземе сво-
ето скромно место, штом и биде такво определено во идно-
то семејство на народите.
4. Поддржувајќи ги горните барања, македонското насе-
ление не се раководи од чувството на непријателство, туку
од желбата за живот и мир. Кристализирани одамна во сво-
јата национална физиономија, никоја од народностите во
Македонија не сака туѓо политичко господство ниту раски-
нување на една земја која, по одделувањето на соседните
балкански држави од Турција, издигна внатрешни трговски
центри како Скопје и Битола, кои што им отстапуваа само
на нивните престолнини. Притоа македонското население
во својата целоста стана жртва на една балканска полити-
ка која надворешно имаше извесна национална оправда-
ност, но која фактички поради географската положба на
Македонија, која што и даваше цена само како на цела, се
изрази во стремежи за насилни завојувања, кои го фрлија
целото население заедно со неговите балкански браќа во
катастрофално самоистребување и сега, искрвавено, разо-
рено и ги преживеало на два пати ужасите на таква бес-
плодна политика, е исправено пред неопходноста да лик-
видира еднаш засекогаш со неа и да живее самостојно, са-
мо за себеси и во братски односи со сродните балкански
народи, доколку нивните влади ќе ја почитуваат Македони-
ја како постојан и рамноправен фактор на Балканот.
Ако овие барања се навистина барања на нашите сона-
родници таму и овде, ако се тие идеалите како на населе-
нието во Македонија, така и на емиграцијата во Бугарија и
ако ние, потписниците на овој апел, подавајќи си ја братски
раката од името на еден народен идеал и решени да врви-
ме заедно до крај, ги имаме квалитетите да ја претставува-
ме бившата револуционерна организација и да и служиме
верно, дајте ни ја довербата, дајте ни ја поткрепата. Ние ќе
76
се помачиме оваа организација со сите нејзини зачувани си-
ли да стане повторно на своите нозе. Помогнете и бидете
готови да ја поткрепите секој момент, особено кога ќе и се
наложи да даде соодветна форма на нерасипаните народ-
ни сили, за да ги упати кон задачите и потребите на идни-
ната, каква и да биде таа.

9 март 1919 год.

Потпишале: Ѓ. Петров, П. Ацев, Т. Делииванов, М. Ив.


Герџиков, Таско Спасов Серски, А. Лозанчев, Д. X. Димов, Д.
Икономов, Хр. Јанков, Кр. Љондев, Н. Пушкаров, Протојереј
Томо Николов, Чуд. Кантарџиев,
Р. Ризов, Г. Скрижевски, П. П. Арсов, Пав. Христов, Лука
Џеров,
М. Шкартов, Ар. Ма-ев, Ст. - В. и др.

Архив Војноисторијског института ЈНА, (Београд) Операцијски дневник оператив-


ног одељења Врховне команде. Кут. 27, бр. 2, кн. 40, 1919, 596. Апел кг>м македонско
население и кг>м емиграци"кта в БИлгари"ѓ>.

АПЕЛ ПРОТИВ ТЕРОРОТ ВО МАКЕДОНИЈА 1


февруари 1928 г.

Толготата на македонскиот народ. Македонија обвинува.


Апел,,*

Тоа што им се има случено во последно време во Македони-


ја и тоа што сега се случува не принуди да Ви се обрнеме и да
Ви го упатиме овој апел, очекувајќи дека ќе преземете нешто за
спасувањето на македонското население од денешните ужаси.
Македонија страда. Тоа што во неа сега се случува повеќе не
може да се поднесе. Дојде такво време, што ние овде не знае-
ме дали ќе осамнеме ако сме замркнале, ниту дали ќе замркне-
ме до колку сме осамнале.
Овде народот се наоѓа во очајна состојба. Од една страна,

77
Протогеров ги испраќа своите чети за да прават атентати од кои
скоро секојпат страдаат и невини Македонци. Од друга страна,
денешниот режим секој таков обид за атентат без оглед дали ус-
пеал или не го користи за да воведува овде се посилен терор кој-
што само води кон зло.
И така, преку нашата кожа се води спор чија е Македонија, a
од тоа пресметување само Македонците страдаат, иако не соу-
чествуваат во тоа и ја осудуваат и едната и другата страна.
Долго молчевме и трпевме. Се надевавме дека владите што
една по друга се менуваат ќе обрнат внимание на оваа запусте-
на и разорена област, но попусто. Од ден на ден е се полошо. Ве-
ројатно се што е од луѓето најлошо овде се праќа чија единстве-
на грижа е на сметка на веќе оголените Македонци да се збога-
тат. Секоја чест на исклучоците, но многу се ретки.
Годинава што доаѓа не ни носи ништо подобро. Бидејќи на-
место во буџетот (да се предвиди) тоа што е вистински потребно
за Македонија, се предвидува огромно зголемување на давачки-
те за таканаречената јавна безбедност на Југот, т.е. за полицијата
и жандармеријата, иако е сега бројот на жандармите во Македо-
нија многу голем: по зборовите на г. Прибичевиќ од 15.000, кол-
ку што сега ги има, на Македонија отпаѓаат 10.000.
Ние изгубивме секоја надеж дека владата и сама ќе се сети
да и се помогне на Македонија, бидејќи се што е правено досе-
га секојпат беше на наша штета. Вистина во некои весници често
се пишува дека во Македонија е се добро. Меѓутоа, тие статии се-
когаш доаѓаат од луѓе кои се блиску до владата и до режимот и
на кои навистина им е добро. Дали некогаш се појавила статија
од овдешните луѓе кои би ја фалеле положбата овде на Југот?
Ние нема да ги бараме виновниците, никого нема да обвину-
ваме. Ние само сакаме за судбината на оваа несреќна покраина
да се заинтересираат сите напредни елементи. Зашто овде систе-
матски се спроведува злото. Луѓето што се добри спрема граѓа-
ните веднаш се преместуваат, a ce доведуваат други кои во сле-
пата желба да му угодат на денешниот режим се готови на се.
Можеби ќе се бара да се наведат таквите: невозможно е бидеј-
ќи ги има многу, би можело да се наведат само исклучоците. Нај-
78
големата несреќа доаѓа од полицијата и жандармеријата. Жан-
дармите понекогаш се посилни од поглаварот, поголеми дури и
од самиот жупан. Тие за своите дела на никого не му одговара-
ат, така што се добива впечаток дека од самите виши органи до-
биле одобрување за својата крвава работа.

Македонски граѓани
*Овој апел бил упатен до редакциите на повеќе весници: "Но-
вости,, "Рад„ "Одјек,, "Реч„ "Политика,, во Белград, "Борба,,
"Дом„ "Обзор,, и "Ријеч,, во Загреб итн. Потоа, до редакциите на
списанијата,, "Књижевни гласник,, "Мисао,, "Будучност,, во Бел-
град; "Нова Европа,, и "Књижевна република,, во Загреб. Исто та-
ка апелот бил упатен до ректорите на универзитетите во Белград,
Загреби Љубљана; до клубовите на народните пратеници, до ис-
такнати политички, јавни и културни работници како што биле Све-
тозар Прибиќевиќ, Стјепан Радиќ, Љуба Давидовиќ, Слободан Јо-
вановиќ, Драгољуб Јовановиќ, Јаша Проданови, Мирослав Крле-
жа, Анте Трумбиќ и др. Апелот го објавил само весникот "Борба,,

СУДСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗБОРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ


ЈАЗИК ВО КРАЛСТВОТО ГРЦИЈА
24 април 1939 г.

Јавниот обвинител во село Долно Котори во врска со члено-


вите 143-145 од Кривичниот закон го повикува Георги И. Митри,
жител на село Нерет, лично да се јави во судот на 15 мај 1939
година, понеделник, во 9 часот пред пладне да му се суди како
обвинет, затоа што на 19 февруари оваа година во селото Нерет
бил фатен од органите на полицијата да зборува со други лица на
јазик што останатите не го познаваат (словенски) и да пеел на ис-
тиот јазик.
Бидејќи е повреден чл. 697 од Кривичниот закон и согласно
со полициската наредба 15/36, ако истиот лично не се јави, ќе му
се суди во отсуство.
Нерет 24, IV 1939 год, Јавен обвинител
79
ПЕТИЦИЈА НА БАЛКАНСКИОТ КОМИТЕТ ДО ЧЛЕНОВИТЕ
НА ДРУШТВОТО НА НАРОДИТЕ ЗА ЖЕЛБИТЕ
НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КРАЛСТВОТО HA CXC
10 јули 1928 г.

Балканскиот комитет, вдахнат со непристрасен интерес за


доброто на балканските држави, учтиво му обрнува внимание на
Советот на Друштвото на народите на извесна желба на македон-
ското население од оној дел на Македонија и пограничната тери-
торија која се наоѓа под суверенитетот на Кралството на Србите,
Хрватите и Словенците.
...Фактите зборуваат дека жалбите на македонските Словени и
на другите малцинства што живеат на тој дел на територијата се
сосема основани поради што ние го молиме Советот на Друш-
твото на народите под закрилата на Друштвото на народите да
формира една Анкетна комисија која ќе ги испита условите под
кои македонските Словени и останатите малцинства се принуде-
ни да живеат, жалбите што тие ги изразуваат како и правата стек-
нати врз основа на Договорот за малцинствата потпишан од Ју-
гославија и главните Сојузнички сили на 10 септември 1919 годи-
на.
Ние би сакале исто така Анкетната комисија на Друштвото на
народите да се повика да предложи мерки што би можеле да се
преземат заради примената на погоре споменатите договори,
особено во поглед на поставувањето на народни учители во учи-
лиштата и народни свештеници во црквите, со што вистински би
се отстраниле жалбите што се чувствуваат на оваа територија, a
што во исто време би било од голема полза за југословенската
држава, бидејќи на тој начин би се отстранил најхроничниот извор
на судирања во нејзината администрација.
Приклучените изводи (1-5) покажуваат дека најмалку 5 од нај-
важните одредби од гореспоменатиот Малцински договор не би-
ле почитувани од државата на CXC. Co желба да придонесеме за
искрена соработка меѓу балканските народи, со доверба се об-
раќаме кон Советот на Друштвото на народите да обрне искре-
80
но и благонаклонето внимание на оваа петиција што имаме чест
да му ја поднесеме.
Потпишани:
Ноел Бакстон, претседател;
Едвард Боил, претседател;
Хенри В. Невинсон,потпретседател,
Ајрин Тувеј, секретар.

ФРАНЦУСКИОТ СЛАВИСТ АНДРЕ ВАЈАН


ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК 1938 г.

...Поимот на „словенскиот македонски" е нејасен само за оној


што тоа го сака. Словенскиот македонски претставува реалност
во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски ли-
тературен јазик, јазик на сосема мала учена литература, но на
обилна народна литература; и не се работи само за документи на
фолклорот какви што можат да се соберат сегде: лирската маке-
донска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, претставува
еден автентичен литературен жанр, со реална вредност. Овој ли-
тературен јазик, базиран врз говори што природно се разликува-
ат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа не-
гови центри беа Скопје, Тетово, Охрид, Битола (Манастир), Во-
ден, итн.

A.Vaillarrr, Le probleme du slave macedonien-BulleTin de


la socieie de NnguisTique de Paris, T.39, 2 (Numero
116), Paris 1938, p. 195

МАНИФЕСТ HA ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА


РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА)
бмај 1924 г. МАНИФЕСТ
кон македонскиот народ, кон организираното револуционер-но
население во Македонија и кон македонските револуционери
Браќа Македонци! Македонија во своите природни географски
граници меѓу ре-
81
ката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охрид-
ско Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Mope,
со едно пространство од 65.000 кв. километри, пресечена од ре-
ките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарено со нај-
разнообразни природни богатства и благопријатни климатски ус-
лови: со своето население од 2.302.000 души, разнообразно по
својот етнографски состав, со својата централна економска и
стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Ду-
нав, Егејското и Јадранското Mope ги има сите услови и права за
самостојно политичко постоење како независна држава којашто
се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, по-
литичка и економска алка меѓу народите и државите на Балкан-
скиот Полуостров.
Вековните борби на македонското население против господс-
твото над неговата територија од страна на едно племе и тирани-
јата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Ма-
кедонија; отпорот го покажа тоа спрема денационализаторската
политика на државите што ја владееле Македонија или граничеле
со неа; учеството на македонското население во сите востанија
и револуционерни движења; содејството што непрекинливо, во
сите војни на Балканот, им го даваше на земјите што се јавуваа
да се борат во името на ослободувањето и самоопределување-
то на балканските народи, е најочигледниот доказ за правата и
свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политич-
ка единица на Балканот.
Тргнувајќи од таа свест и опирајќи се врз неа, Внатрешната
македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на це-
ли десетлетија, води најрешителна револуционерна борба за ос-
лободувањето на Македонија. Таа борба, во зависност од соод-
носот на факторите во меѓународната и балканската политика и
етнографскиот состав што преовладува во организацијата, поста-
вуваше различни тактички задачи и користеше различни средства.
Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободител-
ните стремежи на великите европски сили и малите балкански др-
жави спрема Македонија, беше ги управил своите погледи кон
нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интеграци-
82
ја. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја деј-
ност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до
ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното вни-
мание, да го предизвика нивното мешање, да го искористи нат-
преварувањето на нивната политика и по тој начин да ја истргне
слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слобод-
на Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охраб-
рувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската рево-
луционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единич-
ните и делумните удари, било против владејачката власт, било
против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинден-
ското востание, најголемото и најмасовно движење, не можеше
да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку има-
ше цел да му го наложи на општоевропското јавно мислење и на
меѓународната дипломатија разрешувањето на македонското
прашање.
За една вистинска револуционерна акција во голем масовен
македонски или балкански размер којашто би сметала на себе за
извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да
стане.
Резултатите од европската интервенција по Илинденското вос-
тание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го
заздрават и закрепнат турското владеење на Македонија отколку
да ја родат нејзината слобода, го разочараа македонскиот народ.
Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којаш-
то, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански др-
жави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена
интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Ма-
кедонија во Букурешт 1913 год., a no неа и општоевропската вој-
на, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело
на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја оп-
кружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во
ослободителната мисија на интервенционистичката политика на
големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот
(1878. г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори
од 1919 год. го убедија и најпоследниот неверен Тома дека како
83
големите, така и малите европски држави спроведуваат своја
егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Ма-
кедонија може да биде само разменска монета.
Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководе-
ни од влади што ја поддржуваат завојувачката и империјалистич-
ката политика на тие договори или, со други зборови, додека кај
нив не се установат влади што ја базираат својата надворешна и
внатрешна политика врз вистинското самоуправување на народи-
те, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за
својата слобода.
Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до
цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна
борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на
крајно прогресивно-револуционерните движења во Европа, кои
се борат против империјалистичката политика на своите влади,
против постојните мировни договори и за вистинско самоопреде-
лување на своите и туѓи народи.
Ете зошто ВМРО изјавува дека во интерес на македонската
слобода ќе им ја даде сета своја поткрепа само на оние што на
балканска почва се борат против завојувачката политика на ев-
ропскиот империјализам, спроведувана било директно било пре-
ку владите на балканските држави.
Но, владите на балканските држави не се само орудија на ев-
ропскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена на-
ционалистичка, завојувачка политика. Благодарејќи на таа
општоевропска империјалистичка и општобалканска националис-
тичка завојувачка политика, Македонија, истоштена од петвеков-
ното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена
и разделена помеѓу трите балкански држави: Србија, Грција и Бу-
гарија.
Ниедна од владите на балканските држави не мисли за осло-
бодувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македо-
нија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределува-
њето на македонскиот народ во самостојна политичка единица;
ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде
правата предвидени во договорите што им го осигуруваат култур-
84
ниот развиток како национални малцинства. Поради тоа ВМРО е
принудена да изјави дека политиката на сите балкански влади е
непријателска за слободното и самостојно политичко постоење
на Македонија и дека таа најрешително и со сите средства на ре-
волуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка по-
литика спрема Македонија и македонскиот народ.
За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО
изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внат-
решната и надворешната политика на балканските држави и осо-
бено на Србија, Грција и Бугарија, кои владеат цели делови од те-
риторијата на населението на Македонија.
По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за
враќање на монархијата-најјаркиот израз на ултраимперијалистич-
ката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја поддр-
жува денешната делба на Македонија, го денационализира насе-
лението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот ет-
нографски состав, протерувајќи го домородното население и за-
менувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија.
По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори про-
тив сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат
денешната српска политика на насилнички централизам, денацио-
нализација и угнетување не само на македонскиот народ туку и на
народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово,
Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа по-
литика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон но-
ви заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска
и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните нацио-
нални борби во Југославија таа решително застанува на страната
на сите угнетени народности што ќе се борат против белградски-
те влади за демократска децентрализација и федеративна реор-
ганизација на Југославија.
По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека, и покрај сите жрт-
ви што бугарскиот народ ги давал е и готов да ги даде за слобо-
дата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на
Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ,
води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една
85
политика јавно србофилска, која не само што ја овековечува дел-
бата на Македонија туку подготвува нови територијални прекроју-
вања на Балканот за сметка на Македонија. ВМРО ги предупреду-
ва народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека бу-
гарската држава, опрена врз своите договори со некои европски
држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се готви да ја
рашири својата завојувачка политика накај Солун, терајќи ја со-
фиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја дека во противен слу-
чај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил.
И владата на Цанков е, изгледа, соблазнета од тие империја-
листички перспективи, потшепнувани од белградските сирени.
Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната македонска револуци-
онерна организација и македонското револуционерно движење,
кои се најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни на-
мери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува гра-
ѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафа-
тила со уништувањето на ВМРО.
Затворањето на неколку стотини Македонци во Бугарија, под
сомневање дека учествувале или соучествувале во македонско-
то ослободително движење; забранувањето на сите легални пе-
чатни органи на македонската емиграција во Бугарија кои го бра-
нат ослободителното дело на Македонија; готовноста на софиска-
та влада да посегне и по највидните дејци на македонското осло-
бодително движење за да ги затвори и предаде на Србија, оче-
видно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бу-
гарската завојувачка политика, се најпоследните и силни докази
за престапната политика на софиската влада.
...Зацврстувајќи го во општи линии својот однос кон државни-
те фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО из-
јавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револу-
ционерната борба:
1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите дело-
ви на Македонија во една наполно независна и самостојна поли-
тичка единица, во нејзините природни географски и етнографски
граници;
2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкан-
86
ски држави и нивното сојузување во една балканска федерација,
која единствено може да го гарантира политичкото постоење на
независна Македонија и независноста на другите балкански наро-
ди; да ги задоволи економските и културните интереси на сите
балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански
мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на бал-
канските и империјалистичките стремежи на големите европски
држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на
сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на
сите етнички малцинства.
ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македони-
ја и Балканска федерација смета, пред се, на обединетите рево-
луционерни сили на целото македонско население, без разлика
на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна со-
работка со револуционерните сили на трудбеничките маси во
другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ос-
лободителна револуционерна борба зависи од меѓународната по-
ложба, ВМРО смета, пред се, на моралната и материјалната пот-
крепа од прогресивнореволуционерните движења во европските
држави, кои се борат против империјалистичката политика на нив-
ните влади, против создадените империјалистички мировни дого-
вори и за полното и вистинското самоуправување на народите.
На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја
очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската
федерација преку интервенција на балканските шовинистички и
европски империјалистички влади.
Таа изјавува дека оние држави и влади можат да претендира-
ат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на бал-
канските народи кои со својата сопствена политика даваат довол-
но докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за
слободно самоуправување на народите. Сите други се непријате-
ли на македонската слобода и против нивната политика на Балка-
нот ВМРО ќе води најрешителна борба.
ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа
исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противреч-
ја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предиз-
87
викаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балкан-
ска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуци-
онерна борба за ослободување и самоуправување на народите е
неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите др-
жави.
ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која
Балканот ја изигра во избувнувањето на општоевропската војна
во 1914-1918 година. Таа им обрнува внимание на сите Македон-
ци и балкански револуционери дека и во идните борби, кои бргу
се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и по-
решителна улога, доволно е само револуционерните усилби на
сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети
под знамето на македонската слобода и независност, под знаме-
то на својата сопствена слобода и независност и најпосле под
знамето на Балканската федерација.
И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и
независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за
брзото формирање на еден единствен македонски револуционе-
рен фронт кој ќе послужи за образувањето на единствен балкан-
ски револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите
анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите
и туѓи народи.
За да ги даде сите докази дека ја насочува својата дејност по
тој пат, ВМРО изјавува најсвечено дека ги прекинува сите потери
и ги укинува сите егзекутивни мерки и наредби против одделните
македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено
ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во
духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под
знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на
Балканската федерација.
Co тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за созда-
вањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во ско-
ро време на еден обединувачки конгрес на целото македонско
револуционерно движење на кој, со усилбите на сите искрени ма-
кедонски револуционери, ќе се создаде единствениот македон-
ски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот бал-
88
кански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прог-
ресивнореволуционерни движења на Балканот и во Европа, ќе ја
извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи
создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на
Балканот за да го потпомогне воспоставувањето на мирот во це-
ла Европа.
Сите напред во редовите на револуционерната македонска
борба!

Да живее единствениот македонски револуционерен фронт!


Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!
Да живее обединета и независна Македонија!
Да живее Балканската федерација!
Виена, 6 мај 1924 година За ВМРО Централен комитет
А. Протогеров РЧаулев
За Т.Александров и по негово
полномошно потпишувале:
П.Чаулев
А.Протогеров

БИСТРИШКИ, "30ШТ0 НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ


СМЕ ОДДЕЛНА НАЦИЈА,,
Декември 1934 г. *

Одговорот на тоа прашање е пред се од огромно политичко


значење. Познато е дека како бугарскиот, така и српскиот и грч-
киот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската
нација. Според првиот, Македонците се "најдобриот дел од бу-
гарската нација,, Според вториот, Македонците се "чисти Срби,, a
според третиот, Македонците се "словеногласни Елини,, Така, се-
кој од тие наши поробувачи го "оправдува,, задржувањето под
свое ропство на соодветниот поробен дел од нашата татковина и
истовремено ги оправдува претензиите за завладување на цела
Македонија.
За да ги разобличиме тие маневри на поробувачите и да пока-
89
жеме дека тие немаат никакво право над Македонија, да ја поп-
речиме нивната асимилаторска политика и да водиме доследна
борба за извојување на правото на самоопределување на маке-
донскиот народ до неговото издвојување од бугарската, српска-
та и грчката империјалистичка држава и неговото обединување
во самостојна независна република на работниот македонски на-
род, ние Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ни-
ту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку сме одделна македонска на-
ција која се бори за своето национално ослабодување и одделу-
вање на своја македонска држава, Се разбира, тоа не треба да
го правиме само од политички причини. До колку македонската
нација не би постоела, не би можеле да говориме за таква. Меѓу-
тоа, таа е на лице и нејзиното постоење треба да им се предочи
на сите. Na таков начин до голем степен тоа ќе ја олесни нашата
националноослободителна борба.
Во Македонија постојат сите елементи на една самостојна ма-
кедонска нација, со своја територија и економска целост, со свој
јазик и општ национален карактер и со своја македонска историја.
1. Територијата на Македонците е одделна од територијата на
грчката, српската и бугарската нација. Таа има утврдени географ-
ски етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи,
Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистра и
Егејско Mope co пространство од 65 илјади кв. километри. Тоа
што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на импе-
ријалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единстве-
ната македонска територија на делови и нивното приклучување
кон териториите на бугарската, српската и грчката држава е на-
силно.
2, Економски Македонија претставува една целина одделена
од државите што ја владеат, Уште под власта на Турската импе-
рија Македонија тргна по патот на својот самостоен развиток по-
доцна, но независно од Србија, Бугарија и Грција. Ниту една од
последниве немаше тесни економски врски и општи трговски па-
тишта со Македонија, иако се наоѓаа заедно со неа, во рамките
на една и иста држава - Турција. А, со појавата на капиталистич-
кото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни тр-
90
говски патишта и пазари со еден општ и главен центар - Солун, a
не Белград, Софија или Атна.
Насилното распарчување на стопанската целина на Македони-
ја на три дела и нивното присоединување кон три туѓи економски
единици - Србија, Бугарија и Грција - се одрази катастрофално
врз стопанството на Македонија. Катастрофален пример за тоа
претставува и денешната положба на Солун, којшто, откако беше
откинат од својата природна економска заднина источна и цен-
трална Македонија, сосема опадна, и од првостепено пристаниш-
те на Егејско Mope ce претвори во жалосен спомен на богат не-
одамнешен трговски центар. Денеска веќе Солун се наоѓа на тре-
то место во споредба со Атина и Пиреја. Истата судбина ја има-
ат доживеано и Битола, Охрид и сите други градови во централ-
на и југозападна Македонија, кои, откинати од природниот солун-
ски пазар, се принудени да се служат со за нив неприродниот тр-
говски пат кон Белград. Во иста положба е и Македонија под бу-
гарско ропство, стопанскиот просперитет на која е тесно поврзан
со трговските патишта кон Серес, Драма, Кавала, Солун и Стру-
мица, а не со Софија-Видин и Пловдив-Бургас.
3, Јазикот на луѓето што ја сочинуваат македонската нација е
словенски, со особен дијалект - македонски. Тој јазик е заеднич-
ки за нив. Различните провинцијални (т.е. дијалектни - б.р.) нијан-
си во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци
од некогашната родовска и феудална распокинатост на Македо-
нија. Меѓутоа, провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден
општ македонски словенски дијалект по кој секој го разликува
Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој
човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните ни-
јанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиени-
те нации а не кај македонската нација којашто е национално по-
робена, не е организирана во своја национална држава и уште не
изградила литературен јазик.
Освен по дијалектот (т.е. по своите особености -б.р.), маке-
донскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа
што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и со-
држи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните и на
91
другите словенски нации,
Бугарските и српските великодржавни шовинисти ја користат
блискоста на македонскиот јазик со јазиците на нивните нации за
да тврдат дека Македонците се „дел од бугарската нација" или
„чисти Срби". А ние Македонците не сме ниту едното, ниту друго-
то. Ние не сме „тесто од кое сешто може да се измеси", како што
беше изјавил Цвииќ, еден од агентите-историчари на српската за-
војувачка политика. Ние сме одделна нација. Сличноста на наши-
от јазик со бугарскиот и српскиот е обична сличност меѓу јазици
на блиски, но самостојно развиени нации, Таква сличност на јази-
ците постои помеѓу Русите, Украинците и Белорусите како и по-
меѓу Хрватите, Црногорците и Србите, но наспроти тоа тие прет-
ставуваат одделни нации.
Великобугарските шовинисти особено спекулираат со фактот
дека македонскиот јазик е поблизок до бугарскиот отколку до
српскиот и тоа им служи како аргумент во нивните тврдења дека
Македонците се дел од бугарската нација. Аргументот им е крај-
но неоснован, зашто и Хрватите по јазик се многу поблиски до
српската отколку до чешката нација.
При тоа се знае дека не е само јазикот што ја определува на-
цијата, Дури и еднаков да биде јазикот на Македонците со овој на
Бугарите тоа уште не значи дека ние Македонците сме „дел од
бугарската нација", кога живееме со поколенија на друга терито-
рија, претставуваме одделна стопанска целина, имаме своја исто-
рија, специфични нарави, обичаи и така натаму. Англичаните, Ир-
ците и Американците од Соединетите Американски Држави на
Северна Америка говорат на еден и ист јазик, но се одделни на-
ции.
4. Четвртата по ред заедничка особина за луѓето што сочину-
ваат одделна нација е националниот карактер, во тој број и маке-
донската нација. Еднакви се нивните нарави, обичаи, игри, песни,
ора и другите народни умотворби коишто повеќе или помалку се
разликуваат од (оние на) српската, бугарската и другите словен-
ски нации. Елементите на самостојниот национален карактер на
Македонците се толку силни, што наспроти националното угнету-
вање во Македонија тие никогаш не престанале да се пројавува-
92
ат. По вечеринки, свадби, имендени итн. тие постојано се проја-
вуваат и среде емигрантско-бегалските маси во Бугарија, Амери-
ка и секаде каде што има такви.
Сите тие елементи, земени заедно, ја составуваат македонска-
та нација. Тие се непобитен доказ за тоа дека ние, Македонците,
не им припаѓаме ниту на српската, ниту на бугарската, ниту на грч-
ката нација, туку сме одделна нација.
5, Нациите не се племиња, Како и другите нации, така и маке-
донската нација не се создала од едно племе, туку од неколку
различни племиња или, поточно, од делови на неколку различни
племиња: Илири, Словени, Бугари, Срби и други. Основниот еле-
мент е словенскиот, Старите Илири се претопија меѓу подоцна
дојдените Словени во Македонија. Бугарскиот и српскиот еле-
мент во македонската нација се резултат на тоа што уште пред
турското ропство Македонија потпаѓаше ту под болјарска Бугари-
ја, ту под жупанска Србија. Безначајниот бугарски и уште побез-
начајниот српски елемент во македонската нација е остаток од
некогашните воени завојувачи, претежно од болјари и жупани, ко-
ишто со текот на времето исто така се претопија среде Македон-
ските Словени.
Според бугарските буржоаски историчари, бугарската нација
потекнува уште од времето на цар Аспарух, откако бугарското та-
тарско племе ги потчини Словените што го населуваа североис-
точниот дел на Балканскиот Полуостров, се претопи меѓу тие
Словени, но им наложи да се нарекуваат Бугари, кога се созда-
де првото бугарско царство. Според овие историчари Македон-
ските Словени исто и на ист начин се влеале во „единственото бу-
гарско национално цело" потчинети на бугарското племе.
Се разбира, историски тоа не е точно. Во тоа време недостиг-
нуваа условите за една бугарска нација поради што недостигну-
ваше и самата нација. Според тоа, не може да се мисли дека
оттогаш Македонските Словени се дел од „една единствена бу-
гарска национална целост".
Тогашната бугарска држава беше разделена на одделни бол-
јарства, строго затворени во себе со мали потцарства, со свои
граници и царинарници, без економско, културно и др. заедниш-
93
тво. Населенијата од тие болјарства влегуваа меѓу себе во допир
само на бојното none, во војните помеѓу различните болјарства
или во војните со Византија и другите држави, а пак одделни бол-
јари во Бугарија се обединуваа (не сите и не секогаш) околу нај-
силниот од нив - царот. Во такви услови не можеше да се офор-
ми бугарската нација и уште помалку во неа да се вклучат Маке-
донските Словени, зашто населенијата од различните болјарства
во феудална Бугарија не беа обединети ниту во една заедничка
територија, ниту во една стопанска целост, што претставуваше
пречка за изградување на еден општ јазик и општ национален ка-
рактер на населенијата од различните болјарства.
Освен тоа, историски факт е дека Македонските Словени не
секогаш беа потчинети под тогашна Бугарија и тогашна Србија.
Државата на богомилскиот цар Самуил не беше втора бугарска
држава како што сакаат да ја претстават бугарските буржоаски
историчари, туку таа беше држава на Македонските Словени што
постоеше паралелно со бугарското царство и српското кралство,
Таа македонска словенска држава дури подоцна ги беше завла-
деала Бугарија и Србија.
Великобугарските шовинисти многу сакаат да зборуваат за
„единствено бугарско племе", идентификувајќи го со бугарската
нација. Тие го кријат историскиот факт дека последната се созда-
де без оној мал дел Бугари што останаа во Македонија и без Ма-
кедонските Словени. Бугарската нација се создаде во границите
на денешната централна и северна Бугарија, источна Румелија и
Добруџа. Главната причина за тоа лежи во стопанството. Како
што веќе рековме, во Македонија капитализмот се појави и се
разви подоцна независно од капитализмот во Бугарија без да има
солидни економски врски меѓу тие две земји, Бугарското нацио-
нално револуционерно движење, кое се бореше за ослободува-
њето на бугарскиот народ од ропството на апсолутистичката и бе-
говска Турција, не ја вклучуваше Македонија како објект на своја-
та револуционерна дејност, Тоа доволно покажува дека создава-
њето на бугарската нација и нејзиното разбудување за самостоен
државен живот се изврши без Македонските Словени,
Таква состојба имаме и со српската нација, која исто така се
94
создаде без Македонските Словени и без оној безначаен дел на
Срби што останаа во Македонија уште пред таа да падне под тур-
ско ропство,
Но и грчките државни шовинисти, за да го оправдаат господс-
твото на грчкиот империјализам врз од него завладеаниот дел од
Македонија бараат племенска врска меѓу грчката нација и Маке-
донците. Тие препредени шовинисти ја фалсификуваат историјата
прогласувајќи го племето на старите Македоно-Илири заедно со
водачите на тоа племе - Македон, Филип Македонски и Алексан-
дар Велики како составен дел од старите Грци. При тоа тие свес-
но премолчуваат таков еден настан каков што беше населување-
то на Македонија со огромна маса Словени за кои им е сосема
незгодно да тврдат дека се Грци.
6. Македонската нација има своја историја на културно и поли-
тичко пројавување. Браќата Миладиновци се првите македонски
просветители Тие први ги посветија своите сили за разбудување
самостојно национално чувство на македонскиот роб, Тие ги опе-
аја Охрид и Македонија како своја татковина на чисто македон-
скословенски дијалект, Тие не го учеа македонскиот народ ниту
на српски, ниту на бугарски, туку го учеа на родниот македонски
јазик. Иако, наспроти тоа, тие македонски просветители зборуваа
за бугарштина во Македонија, тоа стануваше под влијание на ста-
рото минато кога Македонија со
векови се наоѓаше под феудална Бугарија. Поради тоа и бор-
бите за самостојни училишта и цркви против асимилаторската на-
паст на грчката патријаршија се водеа под формата на бугаршти-
ната. Во тоа време македонската нација уште беше во зародува-
ње, таа не беше се оформила и, што е најглавно, нејзините еко-
номски и политички интереси се уште не беа се судриле со заво-
јувачките стремежи на подоцна создадената држава на бугарска-
та нација. Денеска поимот бугарштина во Македонија, како и ср-
бизам и елинизам, е синоним на национално и економско роп-
ство применувано врз македонските народни маси од поробува-
чите-империјалисти.
По браќата Миладиновци доаѓаат многу други народни учите-
ли и духовни будители како охридскиот епископ Теодосиј и група-
95
та околу в. „Лоза", под редакторство на Петар Арсов, кои еднак-
во се бореа против Грчката патријаршија, Бугарската егзархија и
Српската патријаршија, за самостојни македонски училишта и црк-
ви, Тие таканаречени македонски сепаратисти укажуваа на посто-
ењето на одделна македонска нација и пледираа за самостоен
државен живот на таа држава,
Од истите средини произлезе Внатрешната македонска рево-
луционерна организација. Петар Арсов влезе во првиот ЦК на таа
Организација, а Ѓорче Петров, кој произлегува исто така од тие
средини, стана идеолог на Организацијата. Тој уште на времето
во духот на сепаратистичката идеја ја напиша книгата еГеографи-
јата на Македонија".
Меѓутоа, притисокот на великобугарската пропаганда - Егзар-
хијата и врховистите - се покажа толку силен, што го задуши пра-
шањето за самостојна нација и успеа да внесе во свеста на мно-
гу Македонци убедување дека се тие Бугари. Тоа беше спрове-
дено со запирањето на в. „Лоза", којшто излегуваше во Софија,
со прогонувањето од Македонија на епископот Теодосиј и на на-
родните учители коишто не се потчинија на Егзархијата, со забра-
ната на книгата на Ѓорче Петров, која и денес се наоѓа во рако-
пис во архивата на бугарското воено министерство.
Но наспроти тоа, македонскиот народ со долги и упорни бор-
би за економско ослободување и самостоен државен живот си
создаде своја историја. Тие борби во минатото се разгрнаа под
раководството на старата Гоце Делчева ВМРО против ропството
на турските султани и бегови, како и против аспирациите на бал-
канските држави.
Македонскиот народ со сопствената крв во својата историја ја
запиша првата македонска револуција - Илинденското востание,
чијшто венец е првата македонска народно-револуционерна ре-
публика во Крушево.
Откако ВМРО беше врховизирана и претворена во машина на
бугарскиот империјализам, ослободителната борба на македон-
скиот народ не запре туку се подзеде од следбениците центра-
листи-сепаратисти, левицата на ВМРО, на чело со Ѓорче Петров,

96
Петар Арсов, Сандански, Димо X. Димов и Чернопеев. Денес во
новите услови борбата на македонскиот народ против новите по-
робувачи - српскиот, бугарскиот и грчкиот империјализам за наци-
онално, политичко и економско ослободување се води со уште
поголема упорност и доследност под раководството на ВМРО
(Обединета).
Целата таа македонска историја не е само пројава на маке-
донската нација, не е само нејзин стремеж кон своја национална
држава, туку таа, македонската историја, во исто време е еле-
мент што го дооформува и доопределува самостојниот карактер
на македонската нација,
Се разбира, освен македонската нација, во Македонија имаме
и други инородни националности: Власи, Евреи, Турци, Грци, Ал-
банци, Срби, Роми. Иако се наоѓаат на една територија со маке-
донската нација, иако нивниот економски живот непосредно е по-
врзан со последната, тие националности не влегуваат во маке-
донската нација бидејќи секоја од нив си има специфичен карак-
тер.
Инородните националности во Македонија активно учествува-
ат во македонското ослободително движење бидејќи и тие се за-
интересирани за создавањето на независна македонска републи-
ка на трудбениците, за да добијат национална рамноправност и
економско ослободување, за да живеат во мир и заедно со ма-
кедонската нација да го подигнат својот и општиот културен и еко-
номски живот на македонскиот работен народ.

Бистришки
Четвртиа конгрес на Македонскиа народен сојуз в Америка. Резолуции, изложенија. Дет-
роит, Мицх. (1934), стр. 42-55.

*Оваа статија е објавена од Македонскиот народен сојуз во


Америка, како авторска на "Бистришки,, (зад тој псевдоним се
крие името на познатиот македонски публицист Васил Иванов-
ски).

97
АПЕЛ НА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА
ОРГАНИЗАЦИЈА (ОБЕДИНЕТА) КОН МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ПОД ГРЧКО РОПСТВО*
Мај 1935 г.
Браќа Македонци!
Антинародната воено-монархистичка влада на Цалдарис-Кон-
дилис веќе ја објави датата за изборите за „народни" претставни-
ци. Откако им ги одзеде сите граѓански и политички права на на-
родните маси, откако им одзеде секаква легална можност да ги
бранат своите најживотни интереси, народните џелати сакаат да
си поиграат и со „парламентаризам". Тие со оган и железо ќе се
помачат да ги истргнат гласовите на оние што на 9 јуни оваа го-
дина „слободно" ќе гласаат, за потоа, потпомогнати од послушни-
те „народни" избраници, да ги озаконат правените беззаконија.
Во таа изборна борба ние Македонците не можеме и не тре-
ба да останеме неми набљудувачи. Меѓутоа, нашиот глас во ни-
кој случај не треба да отиде за сметка на нашите тирани, во ко-
рист на антинародната влада. Нашето место во таа борба е и тре-
ба да биде само на страна на нашите браќа, по положба само на
страната на грчките работници и селани, кои исто така страдаат
од воено-фашистичкиот терор на грчката империјалистичка бур-
жоазија, кои и единствено најискрено се борат за нашето нацио-
нално ослободување.
Ете зошто апелираме кон сите Македонци:
Ниту еден глас за владата на воено-фашистичкиот терор и на-
ционално потисништво!
Застанете масовно на страната на ширењето на антифашистич-
киот фронт, земете најживо учество во неговите секојдневни бор-
би за заштита погазените народни слободи!
Сите до еден гласајте за листата на антифашистичкиот работ-
ничко-селански блок.
Таму каде што воено-фашистичкиот терор нема да го допуш-
ти тоа, гласајте со паролите:
„Да живее ВМРО (Обединета)".
„За национално самоопределување на македонскиот народ"
„Македонија на македонските работни маси"
98
„Сите енергично во борба!
Македонија, мај 1935
Централен комитет на ВМРО
(Обединета)

* Апелот е растурен во врска со закажаните парламентарни избори во Грција на 9 јуни


1935 година

„НИЕ ОСТАНУВАМЕ САМО МАКЕДОНЦИ" 31


октомври 1927 г.

Писмо на Министерството на војската и на морнарицата на


Кралството на Србите, Хрватите и Словенците до Министерство-
то на просветата Пов, бр, 2510
Командантот на III армиска област, со дов. Ѓ. 06. бр. 3711 од
28 тек. месец, го достави следниов извештај на Великиот жупан
на Битолската област.
„По патот од Скопје до Велес, а во разговор за македонско-
то прашање, Глигорие Поповиќ од Прилеп, студент на Белград-
скиот медицински факултет, го рекол ова:
„Нас студентите од Македонија во Белград не следат тајни
агенти, бидејќи не ни веруваат, меѓутоа тие можат да прават што
сакаат, ние остануваме само Македонци. Македонија е ружа ко-
јашто најмногу се расцутува, а нејзиното прашање е дело на Ев-
ропа, а не на Србија. Србите во Воената академија им прават на
Македонците се што можат и не можат, само да ги приврзат за
себе, меѓутоа тие остануваат само Македонци, па макар што Ср-
бите да им прават или да не им прават. Студентот Поповиќ итно
замина за Прилеп."
Чест ми е предното да Ви го доставам на знаење. My издадов
потребна наредба на Околискиот поглавар во Прилеп.
Co молба за увид.
Белград, 31 октомври 1927 год.
По заповед на Министерот, Началник, бригаден генерал,
Мил, Вотгровиќ

99
ЈОСИП БРОЗ ТИТО, ПИСМО ЗА СРБИЈА 2
ноември 1936 г.

...Мислам дека треба да се истакне барање власта да и се пре-


даде на влада што ќе ја ужива народната доверба од составот на
сегашната вонпарламентарна опозиција, во која ќе биде достојно
застапувана работничката класа. Таквата влада би имала задача
да спроведе избори врз основа на тајно и пропорционално пра-
во на глас со покраински листи. И тоа за да можат Хрватите, Сло-
венците, Србите, Македонците, Црногорците, па и Војводина и
Босна и Херцеговина да формираат свои национални собранија
(собори), кои суверено би решавале за своите национални и ре-
гионални барања за државното уредување. He e при тоа важно
дали тоа ќе бидат избори за обично собрание кое би се претво-
рило во уставотворно или кое би распишало нови избори за уста-
вотворно собрание, а кое подоцна би се претворило во обично
законодавно собрание.

Тези за проект-платформата за широкиот НФ


...Во платформата мора јасно и недвосмислено да дојде до из-раз
решеноста дека правото на самоопределување на сите наро-ди ќе
се почитува, т.е. не само правото на Србите, Хрватите и
Словенците туку и на Македонците и Црногорците, а исто така и
правото на народот во Војводина, Босна и Херцеговина да реши
за тоа дали да ја зачува својата регионална самостојност во фе-
деративната држава.
Исто така треба да се истакнат правата на народните малцин-
ства: на Германците, Унгарците и Албанците на рамноправност.
Се разбира во самиот НФС (не мора така да се вика) треба да
има единственост на погледите врз овие две основни прашања:
1. федеративна држава;
2. колку федеративни единици (мислам седум).

Јосип Броз Тито, Собрани дела. Том трети (март 1 935 - ноември 1937). Скопје 1978, стр.
46-48.

100
КОЧО РАЦИН, „БОГОМИЛИТЕ - КРАТКА РАСПРАВИА
ОД ИСТОРИЈАТА МАКЕДОНСКА"
1940 г.

Ќе се зачуди ли некој кога ќе чуе како кај нас у X век живеа-


ле и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи
биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? За-
ре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на
чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку
време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за
помирение со сичко - заре таја земја, уште у некое време на ев-
ропејскиот Среден век, да даде претечи на оние бунтовници од
XVII век, за равноправие на сичките лујге, и сакале, „бездржавно"
уредение на светов?...
И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло
во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со
тиа свои славни лугје! Оти противно от науката на државното
христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни
главатари и принесено от Византиа, идејно да го закрепи славјан-
скиот феодализам - противно от се това, богомилството никна во
самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско
опозициона форма го организира народниот отпор против феода-
лите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко
народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го
промени социјалниот живот. A no тиа свои особености това мно-
гу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на на-
учна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.

Кочо Рацин, Стихови и проза. Уредил Александар Спасов. Скопје, Култура 1966, стр.
180-182.

101
ПОВИК ПО ПОВОД HA ИЛИНДЕНСКИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ*
Јули 1940 г.

На работниот народ во Македонија


Работнио народ во Македонија достојно го прослави година-
ва Илинденското востание и споменот на народните борци од
1903 год.
Во Прилеп се вивна со незодржима силина борбениот пламен на
нашио народ. Илјада мажи и жени стари и млади смело се кренаа да
го кажа своето големо недоволствие со ова тешко положение со ова
ненародно управление и да ја кажа својата спремнос да се од него
ослободи. Илинденските демонстранти во Прилеп се покажа достој-
ни синој и кјерки на своите големи татковци от Илинден 1903 г.
Прослава на Илинденското востание во Македонија и големи-
те демонстрации во Прилеп докажа оти работнио народ во Маке-
донија нејќи да трпи, туку е готов да се бори за својте права. Неј-
ќи да трпи арамилок и пљачка која над него ја врши противнарод-
нава влада, разни капиталисти и воени шпекуланти, смалувајќи ги
работничките надници и цената на тутуно, афионо, кожурците и
други селски производства, а поскапувајќи го сето она што му је
на народо требно и товарејќи му на народо на грбо се поголеми
порези и други дажбини. Нејки појке да тројт со политичко бес-
правие, насилие и национална потиснатос од големосрпските им-
перијалисти, нити од ма кој други империјалисти. Нејки појке да
трпи неизвеснос и дволична политика на неутралност од ненарод-
нава влада Цветковиќ - Мачек која спроводи мобилизација не да
ги запази народите во Југославија од војна и да им обезбеди мир,
ами да ги воведи во војна.
Работнио народ во Македонија сака поарен и поубав живот.
Тој сака да има длжности али и права. Тој сака да биди слободен
на својата земја и равноправен во братска заедница со другите
народи во Југославија. Македонците сака да бида коачи на своа-
та садба и сака права народна влада. Македонците се за мир и
сака споразум за взаимна помош со Совјетскио Сојуз, едината
земја во свето која го брани миро и ги штити малите народи. Ра-
ботнио народ во Македонија сака леп, мир и слобода.
102
Апсење на десетина луѓе и жени од редоите на народните бор-
ци во демонстрациите во Прилеп и другите места не можи да ја зап-
ри правдивата борба на македонците. Нашите тирани вејке со годи-
ни гуша со терор секое недовлсвие на народо и неговата борба за
слобода, равноправие и поарен живот. Илинденските демонстра-
ции, а нарочно во Прилеп, ги собра во борбените редој сите искре-
ни македонци, верни синој на својо народ и приврженици за маке-
донската работа без обзир на нивното убејќење. На сите нас дене-
ска није јасно да без озбилна, упорна, чврста и непрекидна борба
од работнио народ од градо и селото нема успех. Ра ботниот народ
во Македонија ке дојди до победа само со единствена борба. Низ
пламено на Илинденските демонстрации се обистини единството на
народите во Македонија. Работниците, селаните и грајганите си ско-
ја сојуз на работнио народ во Македонија за натамошна борба,
Да ги оцврстиме нашите редој, да го ојакниме се појке нашио
сојуз на работнио народ во Македонија и уште поупорно и поод-
лучно поведеме во борба за народни права и народни слободи,
за слободна Македонија и поарен живот СЛАВА НА
ИЛИНДЕНСКИТЕ ЖРТВИ!
ДА ЖИВЕИ ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КРУШОВСКАТА НА-
РОДНА РЕПУБЛИКА! ДОЛУ ВОЈНА!
ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО CO CCCP! ДОЛУ
СКАПОТИЈАТА И ВОЕНИТЕ ШПЕКУЛАНТИ! ЗА ДА
ГО НЕМА МОНОПОЛО! ПОМОШ НА ВЕЖБАРИТЕ И
НИВНИТЕ ФАМИЛИИ! ДОЛУ НАСИЛИЕТО! ДОЛУ
КОНЦЕНТРАЦИОНИТЕ ЛАГЕРИ! САКАМЕ ЛЕП,
МИР И СЛОБОДА!
ДА ЖИВЕИ СОЈУЗО НА РАБОТНИО НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕИ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!
јул 1940 Илинденските демонстранти,

* Повик упатен до македонскиот народ по изведените илинденски демонстрации на


Илинден 1940 година во некои градови во Македонија (Прилеп, Скопје,) по повод на годиш-
нината од Илинденското востание. Текстот се објавува без измени.

103
МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ (АНГЕЛ ЖАРОВ) ЗА ОСНОВАЊЕТО НА
МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА* 1938 г.

Во 1938 година се замисли формирањето на „Македонскиот


литературен кружок". Во врска со тоа имав неколку средби со
Вапцаров и Антон Попов. Нашите разговори беа се околу нашите
македонски работи и кружокот. За кратко време ние толку многу
се спријателивме, та започнавме да се среќаваме секоја вечер.
Се запознав и со творештвото на двајцата. Во нивното лице ви-
дов прекрасни луѓе - со талент, срдечни, ентузијазирани. Моето
другарување со нив ме правеше среќен. Ние меѓусебно се енту-
зијазиравме. Јас им раскажував за борбите на Македонците во
Софија, за ВМРО (Обединета), во која работев до нејзиното рас-
турање, за „Македонската студентска група" итн. Сакавме што
поскоро да го образуваме кружокот, мечтаевме за идната рабо-
та, кроевме планови, набележувавме кадри, горевме од желба
поскоро да почнеме.
Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин", во куќа-
та на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присут-
ни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ан-
гел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керези-
ев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.
Рефератот беше извонредно интересен. Од корен се разлику-
ваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири,
конференции и заседанија. Својата работа Вапцаров беше ја напи-
шал оригинално, со душа, со мајсторство. Тоа не беше обичен ре-
ферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за испол-
нување на светиот долг кон нашиот народ. Напишан речовито, сли-
ковито, рефератот веднаш се „фати" за срце. Кољовиот глас звуче-
ше топло и уверливо во задимената соба. „Треба да се собереме,
да се организираме, да ги дадеме своите сили за слободата на на-
шиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е
полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни настани,
легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и воз-
будлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литература-

104
та. Богатите сижети за поети и за белетристи стојат недопрени. Се
пројавија млади поети. Треба да го стимулираме тој почеток, да ги
организираме одделните усилби, да запнеме, да го совладаме мај-
сторството, подлабоко да ги запознаеме темите, да создадеме
вистински уметнички дела. Нашата работа е благодатна. Ние треба
да влијаеме врз нашиот народ, да ја пројаснуваме неговата нацио-
нална свест, да ја разгоруваме неговата борба за национална сло-
бода и за социјална правда. Нема ништо поголемо од тоа да се бо-
риме за новиот прекрасен строј на социјализмот што доаѓа, кој ќе
му донесе среќа и на нашиот измачен народ."
Тоа беа, накратко, предадени, мислите што ги разви Вапцаров
во својот реферат. Подоцна тој ја напиша стихотворбата „Доклад"
(т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прек-
расна уметничка форма. Неговите зборови воздејствуваа со rone-
Ma сила. Огнот беше запален во нашите души. Внатрешен длабок
ентузијазам гореше во нашите срца. Искажувањата на другите
другари во врска со рефератот и за идната работа на кружокот
беа полни восхит. Таа вечер ние го образувавме кружокот. Кон
полноќ излеговме од задимената соба. Молчаливиот и мрачен
град ни изгледаше светол и убав...

Никола Вапцаров, Спомени. Писма. Документи. Софија, БАН 1953, стр. 159 - 160

*Ангел Жаров, односно Михаил Сматракалев, е познат македонски општественик и поет


меѓу двете светски војни во Бугарија. Член е на ВМРО (06). Истакнат соработник на прогре-
сивните македонски весници: „Знаме", „Македонски вести" и др. Учесник во отпорот против
фашизмот за време на Втората светска војна. По 9.IX 1944 година се наоѓа на должност член
на Советот за законодавство при Министерството на правосудството на владата на HP Буга-
рија. Co промената на политиката на бугарската влада спрема македонскиот народ положба-
та на М. Сматракалев е чувствително влошена поради неговата македонска национална опре-
деленост.

ДИМО ХАЏИ ДИМОВ, „ВО СПОМЕН НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"


1922 г.

...Гоце Делчев, може да се каже, е единствениот меѓу вода-


чите на македонското ослободително дело кој се издига над си-

105
те, како no своите револуционерни разбирања, така и по својата
практична работа во делото на Организацијата, со која тој за се-
когаш го поврза своето име. Гоце Делчев е најпопуларниот ма-
кедонски револуционер, и тоа се должи не на напишаното за Hero
no неговата смрт од негови случајни соработници, кои преку
него сакаат главно да се рекламираат себеси, туку се должи на
една дејност долготрајна, упорна и распространета речиси на це-
лата македонска територија. Таа дејност предизвикуваше необич-
но силен впечаток меѓу најшироките народни маси што беа опфа-
тени во Организацијата, а исто така, таа дејност будеше прикрие-
но или отворено восхитување во средината на целата македон-
ска интелигенција. Ако денес сосема простиот и неписмен маке-
донски селанец, кој учествува во револуционерните борби и вос-
танија, се обзема од едно особено чувство кога ќе се спомене
името на Гоцета, макар што не прочитал и не знае ништо од пи-
шуваното за него, тоа не означува ништо друго освен дека Гоце
Делчев во душата и свеста на македонското население го зазе-
ма она место што го има кај бугарскиот народ револуционерот
од предослободителната епоха, Васил Левски. Ние Гоцета Дел-
чев можеме смело да го наречеме македонски Левски. И ако де-
нес ние македонските емигранти-комунисти, како и нашите друга-
ри во Македонија, имаме потреба да го поврзуваме нашето дело
во сегашната со револуционерните борби во минатото, тоа е
името на Гоце Делчев, кое може најдостојно да ни ја даде таа ис-
ториска врска во сета нејзина широчина и длабочина...
Гоце Делчев се до својата смрт беше убеден противник на си-
те обиди што преку прочуените „врховни македонски комитети"
бугарската патриотска буржоазија ги правеше за да ја наметне
својата узда врз вратот на Внатрешната револуционерна органи-
зација, за да ја постави во служба на едно грабачко и погромнич-
ко дело. И тука треба да забележиме дека, додека кон сите ре-
волуционерни дејци, кои ја бранеа независноста на својата орга-
низација, се упатува цели купишта гнаснотии за да ги компроми-
тираат, Гоце Делчев си остана моќна фигура кон која клеветници-
те не смееја да посегнат по истиот начин, зашто чувствуваа дека
тој е олицетворение на сите лични и боречки добродетели на
106
внатрешното македонско револуционерно движење. Ете до тој
степен овој човек беше поврзан со Македонија, со македонско-
то население и со Внатрешната организација.
Тој ниту примаше, ниту правеше посети на какви и да било
официјални лица, кон кои, како и кон сиот оној џган од македон-
ски и други „општествени" величија, чувствуваше длабока омра-
за поради нивниот фалшив и продажен „патриотизам". Но и так-
виот негов однос кон односниот џган не и дозволи на последна-
та да го потура и со помија на свесно клеветништво, зашто да го
клеветиш и срамотиш Гоцета Делчев во она време би значело да
ја клеветиш и срамотиш цела Македонија.
Гоце Делчев беше единствениот меѓу неколкутемина предани
водачи на македонската револуционерна организација, кој благо-
дарејќи на својата широка популарност, уживаше голем авторитет
меѓу сите струи во оваа Организација и го овозможуваше збли-
жувањето пред се на издигнатите револуционерни дејци од за-
падна и источна Македонија, кои остро се разликуваа од остана-
тите, како што тоа и го докажа подоцна предавството на послед-
ните, кога тие отстапија под притисокот на освојувачкиот бугарски
врховизам. Околу Гоцета Делчев секогаш меѓу себе си се разби-
раа и од него секогаш наоѓаа сочувство и поткрепа, како „крајни-
те" македонски револуционери-социјалисти, како Никола Карев,
Веле Марков и други, така и бојната фаланга на серските револу-
ционери околу Јане Сандански, кои најнеотстапно ја водеа започ-
натата борба со врховистичките башибозуци. И кога поради таа
своја борба споменативе револуционери почнаа да им стануваат
омразни на оние внатрешни дејци кои веќе беа расколебани и се
готвеа да го извршат предавството, Гоце Делчев си остана нив-
ни искрен покровител и најдобро се чувствуваше токму во нивна-
та средина, во средината на борците против секое надворешно
државно и политичко мешање во делото на ослободителната
борба.
Гоце Делчев никогаш не ја земаше страната на онаа струја
што ги поддржуваше изолираните терористички акции како глав-
но средство на борбата и која најмногу послужи за вовлекување
на Внатрешната организација во потоците на завојувачкиот наци-
107
онализам. Во сите спорови околу карактерот на револуционерни-
те борби, тој неотстапно го исповедаше убедувањето и идејата на
масовно револуционерно востание.
Гоце Делчев не познаваше и не чувствуваше, а камоли да
проповедаше некаква племенска омраза кон соседните народи,
каква што постојано проповедаат и денес патриотарите национа-
листи во Бугарија, Грција и Србија. Тој мечтаеше за братско фе-
дерирање на тие народи против монархизмот и во името на Бал-
канската демократска република. Тие негови идеи и разбирања,
со кои неговата пословична скромност никогаш не му дозволи да
парадира, му беа секогаш раководни принципи и во просветната
дејност во организацијата и во неговата практична работа како
апостол на македонската револуција меѓу сите угнетени и обес-
храбрени македонски народности.
Во текот на 1902 година кога борбите меѓу врховистите и цен-
тралистите беа во својот разгор и кога се подготвуваше теренот
на онаа престапна провокација што тогаш ја нарекоа „Џумајско
востание" и преку која провокација монархизмот и буржоазијата
во Бугарија на дело пристапија кон уништување на Внатрешната
организација и на нејзиното дело, ние, една група другари, кои са-
кавме да започнеме една отворена борба во нејзина заштита се
јавивме кај Гоцета Делчев. На нашето прашање како треба да ре-
агираме против бесната клеветничка кампања, започната од Фер-
динандовите генерали против Внатрешната организација, тој ни
презентира множество факти за дејноста на навлезените во Ма-
кедонија комитски банди, коишто факти не потресоа. При тоа ни
дозволи заедно со нив јавно да ја објавиме следнава кратка но
значајна декларација:
„Комитетот во Бугарија" ви говори дека сме ние убијци, раз-
бојници, па дури и развратници. Ова нас никако не не чуди, бидеј-
ќи никој во Бугарија не ги знае така добро аспирациите на Коми-
тетот како нас, кои непосредно ги чувствуваме тие аспирации и
никој, според тоа, во Бугарија, не може да ги смета комитските
клевети за толку природни, како што ги сметаме ние, и да гледа
на нив така спокојно, како што гледаме ние. Меѓутоа, нам дури
ни на ум не ни доаѓа да се оправдуваме пред бугарското опште-
108
ство, зашто сме цврсто убедени дека не е само Врховниот коми-
тет тој што ќе ја пишува историјата на револуционерното движе-
ње во Македонија. На вас, чијашто совест е вознемирена поради
обвинувањата што се фрлат врз нас, ќе ви го кажеме само след-
ново. Ние сме „убијци" зашто ги осудуваме на смрт и ги ликвиди-
раме сите предавници и докажани пакосници на револуционерно-
то дело; зашто земаме доброволно или насила пари од оние што
се должни да дадат и можат да дадат за да ја подготвуваме ре-
волуцијата. Така не учи историјата, така не учи големиот апостол
на слободата Васил Левски. Но ние не сме развратници! Разврат-
ници се оние што се служат со презрени и од нас осудени пре-
давници и блудници кои тука ги прогласуваат за претставници на
кнезот и на рускиот император. Тоа е нашиот одговор.
Ние не мислиме за Бугарија, но ќе си ја чуваме Македонија
;не мислете и вие за Македонија, но чувајте си ја Бугарија"
Оваа декларација беше публикувана, но малкумина се сеќава-
ат за неа по толку години, а таа зборува доволно убедливо за ре-
волуционерните идеи на Гоце Делчев, којшто никогаш не беше
буржоаски националист, а уште помалку патриотар.
Некое време по оние денови, кога овде, во Бугарија, се одви-
ваа големите комитски игри и провокации, завршени со срамни-
от „Џумајски престап", Гоце Делчев исчезна од Бугарија со клет-
вата да не се врати веќе жив во неа, која клетва тој и ја исполни.
Среќен од средбата со него, по неколкумесечното бродење низ
Македонија, јас ја имав таа несреќа да присуствувам и на негова-
та херојска смрт. Тој загина во разгорот на најголемата тревога
за делото на Организацијата, што престапната џумајска провока-
ција веќе ја имаше поставено пред дилемата: или да го прогласи
веднаш готвеното за сосема друго време сенародно востание,
или да ги поднесува спокојно страшните удари што и се нанесу-
ваа, како од турската власт, така и од настапувачките и на сцена-
та од генералите на Фердинанда повикани српски и грчки
врховисти од сите страни.
Гоце Делчев иташе да се сретне со серските револуционери
и со нив да размисли за таа страшна дилема која „по принцип" ве-
ќе беше разрешена од Централниот комитет на Организацијата,
109
но за која никој од оние што беа гласале за Илинденското воста-
ние (затоа што имаше решителни гласови и против тоа воста-
ние), немал предвид друго освен сообразувањето дека „и така и
така ние сме загубени".
Co ненадејното загинување на Делчев загина фатално и проб-
леснатата надеж кај нас, затоа што од сето она што можевме да
размениме меѓу себеси во текот на двата дена пред неговата
смрт, стана наполно јасно дека едно ново разгледување на по-
ложбата можеше да го одложи погибелниот чекор на Организа-
цијата, и да загине таа ако е нужно и неопходно, но да не загине
како орудие и продолжувач на една политика, како „Џумајската",
која јавно ја осудуваше Македонија на национално и политичко
погребување, а како борец за независниот македонски ослобо-
дителен идеал, за кој Гоце Делчев апсолутно никогаш не збору-
вал двосмислено нити како националист бугарски, нити како ма-
кедонски.
Таа надежумре заедно со него, зашто немаше кој друг, со не-
говиот авторитет, да го продолжи она што тој го имаше започна-
то.
Таков беше во општи црти, во сосема општи црти, Гоце Дел-
чев. Многу нешто може да се каже за него надвор од она што за-
гадочни „историчари" го кажаа. За епохата во која тој живееше и
се бореше, неговата фигура е целосна... И токму затоа што тој е
познат како таков, македонските чорбаџии, и патриотари, кои де-
нес многу грижливо организираат утра, панахиди и комеморатив-
ни свечености за разни други, блиски до нивното срце и разбира-
ња бивши дејци, сосема безволно се однесуваат кон споменот
на Гоце Делчев... Токму затоа, другари, со сочувство ја прифаќам
вашата идеја да ја одбележиме неговата годишнина и со особе-
на радост ги напишав горниве неколку редови за него, т.е. за чо-
векот когошто лично и од близу го познавав и со кого сме се раз-
бирале секогаш, и кој во многу работи мене и на моите другари
ни беше учител и инспиратор.

Димо Хаџи Димов „Освобождение" орган на Емигранскија


коминистически сојуз
110
за македонските, тракијските и добруджанските комунистически
групи в Блгарија, НО 9-10 (1922), стр, 2-3

Димо Хаџи Димов ги напишува овие спомени за Гоце Делчев по барање од Македон-
ското друштво од Варна по повод на свечената академија посветена на 19-годишнината на
Гоцевото загинување (1922 г.).

ПРОГЛАС НА ПОКРАИНСКИОТ КОМИТЕТ НА


КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА ЈУГОСЛАВИЈА
ЗА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА*
Октомври 1941 г.

До македонскиот народ
Вејке скоро 4 месеца се бие најтешката, и најкрвава битка во
историјата на светот. Дивите фашиски бандити нападнаја ненадеј-
но мкло на големата и миролубива држава на работници и села-
ни - на СССР. Нападнаја на земњата на правда, на човечност и
благостање, на сиот работен народ. Овај нов злочин на фашиски-
те убијци и наплнил со страшно огорчение не само срцата на рус-
киот и останалите народи на земњата на социјализмот, ами и ср-
цата на сите славјани и на работнијот народ од целиот свет.
Од како пролија потоци крв и ја завија во црно цела Европа и
ги поробија незините народи, германските фашиски бандити на
чело со лудако Хитлер, ги натераја своите крвави орди над цвет-
јашта совјетска градина да го рушат она што со џиновски усилија
го правеле народите на Сов(јетски) Сојуз. Ама овој пат многу се
излагаја. Немат они сега против себе си слабите европејски др-
жави, водени од народни предатели плни со петоколонаши, ами
имат против себе слободен и снажен 200 милионски народ на го-
лемиот Сов(јетски) Сојуз, собран околу херојската партија на бол-
шевиките и околу својот голем и мудар водач Сталин. Они имаат
против себе херојската и не победива Црвена армија. Они го
имаат против себе работниот народ и национално потиснатите на-
роди од целиот свет. Това е денеска таја сила која не само што
ке им скршит забите на крвожедните фашиски дзверови, ами и

111
до краЈ ке ja уништожат Taja дзвер, Koja сакат да го загади цели-
јот свет.

*Во акциите на активноста за поведување вооружена борба против окупаторот новиот


Покраински комитет на КПЈ за Македонија во почетокот на октомври 1941 година го упати овој
проглас, прв од ваков вид, со кој се повикува народот во Македонија на вооружена борба.

ПРОГЛАС НА ЦЕНТРАЛНИОТ КОМИТЕТ НА КОМУНИСТИЧКАТА


ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДО НАРОДОТ ВО МАКЕДОНИЈА*
Јуни 1943 г.

Маквдонски народе!
Македонци и Македонки, работници, селани, граѓани и млади-
но!
Трета е година от како германските, талијанските и бугарски-
те окупатори со помошта на разнородни слуги и издајници ја рас-
парчаја нашатататковина и бездушно плачкат и жарат по неа. Еве,
веке е трета година на фашиското ропство, плачкање и убивање
по нашио вековно напатен и измачен народ. Ама и покрај сите
маки и страданија низ који помина целијо наш народ за овоа вре-
ме под фашистка окупација, се појака и појака е верата во побе-
дата над фашиските банди и нивните слуги, се појака и појака е
решеноста во борбата за остварување на вековните идеали на
македонскиот народ: национална слобода, равноправиост и брат-
ска соработувачка со сите балкански народи.
После сјајните победи на Црвената армија во течение на ми-
налото зимо кај Сталинград, на Кавказ, при Дон и Донец, кај Смо-
ленск, Илменското езеро и Ленинград, после сјајната победа на
англо-американската војска во Африка и сегашното стално и се
појако бомбардиране от страна на сојузничкото воздухопловство,
фашистките сили претрпујат сериозна криза и се навоѓат пред ка-
тастрофа. А снагите на англо-совјетска-американска коалиција от
ден на ден се се појаки, посплотени и цврсто решени да им зада-
дат брз и последен смртен удар на фашиските дзверови.
Воздушната војна, со сета своја разорна дејност, се пренесе

112
во самата Германија и Италија, а англо-американските трупи веке
се навоѓат пред вратите на самата Италија, пред вратите на Бал-
канскиот Полуостров и западна Европа. Фашиските разбојници
веке треперат пред последните ударенија кој им престојат от ис-
ток, и от запад, и от југ.
Никакво лајене и ѓурултији на Гебелс, Мусолини и нивните чи-
раци за „тотална мобилизација" и „верата во победа", за „болше-
вичка опасност" и пропаста на европејската цивилизација", не мо-
же даја скрие пропаста и заслуженото наказание које ги чека фа-
шистките грабачи и нивните слуги.
Co ce појакото ударение на сојузничкото оружје по така изре-
ченото „европејско кале", расте вулканот и у самото „кале", рас-
те геројскиот отпор и борбата на поробените, ама не и покорени-
те европејски народи. Се урнисујат веке испуканите зидови на фа-
шискиот „нов поредок", со кој фашистките грабачи мислеја да ги
за во навек оковајат во ропски синџири европејските народи.
Оганот на народно-ослободителната борба на поробените ев-
ропејски народи највише се разгореја на Балканот, во Југослави-
ја, Албанија и Грција, во непосредна близкост на нашата таткови-
на. Братските народноослободителни војски на Југославија, Алба-
нија и Грција не само што им задават се потешки и се посериоз-
ни ударенија на фашиските окупатори, ами секој ден се повише
ги прошируваат своите ослободени територији и ја чистат својата
татковина от фашистките банди. А братскиот бугарски народ веке
се навоѓа пред непосредна одлучна борба против германските
окупатори и нивните понемчено бугарски слуги.
Денот на слободата и еден поарен живот, макар уште колку
жертва и самопрегори да сака, е сосем близок!

* Ова е прв проглас издаден од ЦК КПМГ има изиграно значајна улога во мобилизира-
њето на народот во текот на НОБ.

113
ЗАПИСНИК ОД ПРВАТА СЕДНИЦА НА ПРОШИРЕНИОТ
ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА СВИКУВАЊЕ HA ACHOM*
30 април 1944 г.

ЗАПИСНИК
Составен на првото заседание на проширениот Иницијативен
одбор за свикување на македонското народно собрание, одржа-
но на 30 април 1944 година. Заседанието го отвори командантот
на Главниот штаб на Македонија, генерал Михаил Апостолски.
Присаствуваја членовите на Иницијативниот одбор - 15 делегати
од Македонија. Генерал Апостолски даде преглед на досегашна-
та работа на Иницијативниот одбор за свикување на македонско-
то народно собрание и го предложи следниот дневен ред:
1. Проширение на Иницијативниот одбор:
2. Одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб
и Иницијативниот одбор и дадените согласија пред АВНОЈ;
3. Предложение, Методи Андонов - Ченто, претседател на
Иницијативниот одбор, за свикување на македонското народно
собрание да отиде како претставител на Иницијативниот одбор
при Врховниот штаб на Југославија и АВНОЈ;
4. Прашање за македонската емиграција во Бугарија. По прва-
та точка на дневниот ред генерал Апостолски ја предложи след-
ната листа на проширениот Иницијативен одбор за свикување на
македонското народно собрание и за работното тело на Иниција-
тивниот одбор, која ќе биде едногласно одобрена:
Претседател: Методи Андонов - Ченто, од Прилеп,
Потпретседатели:
1) Мане Чучков, директор на гимназија од Штип,
2) Бане Андрејев; јавни работник од Велес,
Секретари:
1) д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола,
2) Кирил Григоров, адвокат од Штип.
Членови:
1) Генерал Михаил Апостолски, од Штип,
2) Цветко Узуновски, политички комесар на Главниот штаб на
Македонија, од Ресен,
114
3) Кирил Петрушев, типограф од с. Богданци - Гевгелиско,
4) Епаминонда поп-Антонов, професор, од Струмица,
5) Страхил Гигов, заменик политички комесар на Главниот
штаб на Македонија, од Велес,
6) Никола Минчев, учител од Кавадарци,
7) Петре Пирузе, адвокат од Охрид,
8) Мара Нацева, работничка од Куманово,
9) Благој хаџи-Панзов, адвокат од Велес,
10) Д-р Владо Полежина, правник од Кичево,
11) Ристо Бојалцалиев, приватен чиновник од Гевгелија,
12) Борко Темелков, работник од Прилеп,
13) Тодор Пецов - Циповски,
14) Панко Брашнаров, од Велес,
15) Тодор Звездин, од Скопје,
16) Генадија Лешко, од Бродско,
17) Милан Стефанов, од Прилеп.
Работно тело на Иницијативниот одбор:
Претседател: Методи Андонов - Ченто,
Потпретседател: Мане Чучков, Секретар:
Кирил Григоров, Членови:
1) Кирил Петрушев,
2) Страхил Гигов,
3) Мара Нацева,
4) Епаминонда поп-Антонов.
По второто прашање, за одобрение на земените до сега реше-
нија од Главниот штаб на Македонија и досегашниот Иницијативен
одбор и дадените согласија пред АВНОЈ, генерал Апостолски и
Методи Андонов - Ченто, објасниха оти Главниот штаб и Иниција-
тивниот одбор са биле принудени да земат важни решенија пора-
ди нуждата која се налагаше од развојот на меѓународното поло-
жение и развојот на собитијата во Југославија, да се определи по-
ложението на Македонија во денешната борба, без да може да се
чека формирањето на едно редовно народно собрание. Тие ре-
шенија са следните: Македонија денеска се бори рамо до рамо со
сите југословенски народи за една нова демократска и федера-
115
тивна Југославија, во која Македонија ќе биде една од шесте фе-
деративни, равноправни единици. Таја воља Главниот штаб на Ма-
кедонија е прокламира преку својте делегати пред АВНОЈ. Исто та-
ка, тој делегира свој преставители во пленумот на АВНОЈ и прези-
диумот на АВНОЈ. Co земањето на тија решенија се определује на-
полно положението на Македонија во денешната борба. Това се
изјаснува исто така и со издавањето на манифестот од Главниот
штаб кој ги прокламира сите тија принципи.
Членовите на проширениот Иницијативен одбор ги одобрават
земените решенија и се согласјават со досегашната работа на
Главниот штаб и Иницијативниот одбор.
По предложението, Методи Андонов - Ченто да отиде како
претставител на Иницијативниот одбор при АВНОЈ и Врховниот
штаб на нова Федеративна Југославија, сите членови се согласи-
ја да се земе това решение, имајќи предвид оти присуството на
Ченто ќе даде возможност да имаме непосреден и близок кон-
такт со одговорните тела на Федеративна Југославија, за да се из-
несе правото положение на Македонија од нејн одговорен прет-
ставител.
По прашањето за македонската емиграција во Бугарија, Бане
Андрејев предлага, и след поопширна дискусија со приема, да се
направат следните дејствија:
а) да се испрати едне општ позив до целата емиграција во Бу-
гарија и да се покани да се приклучи на борбата на македонски-
от народ;
б) да се испратат лични писма до видни Македонци од емиг-
рацијата и да се поканат да вземат учестие во борбата што е во-
ди денеска целиот македонски народ,
в) да се испратат писма до сите македонски братства во Бу-
гарија, во кои да им се објасни линијата на нашата борба и да се
поканат да извршат мобилизација на сите свои сили.
На крајот, след исчерпувањето на дневниот ред, Страхил Ги-
гов предложи да се испратат поздравни телеграми до: Тито, АВ-
НОЈ и Димитар Влахов. Предложението се прие еднодушно
След това, заседанието ја прикључи својата работа.
Секретар: Претседател:
116
(п) К. Глигоров (п) М. А. Ченто
Членови:
(п) Генерал М. Апостолски
(п) М. Р. Чучков (п) Еп.
Антонов (п) Б. X. Панзов
(п) Страхил Гигов (п) Мара
Нацева (п) Бано Андрејев
(п) Кирил Петрушев
36. АСНОМ, стр. 112-115.

*Седницата се одржа во селото Стајовце, на слободната територија во Кумановско.

ОТВОРАЊЕ НА ЗАСЕДАНИЕТО 2
август 1944 г.

Точно во 5,15 часот поручок, при полна тишина најстариот по


години член на Иницијативниот одбор Панко Брашнаров, учител
од Велес, со тих и дрхтав глас, го отвора заседанието со следни-
те думи:
„Другарки и другари народни претставители,
Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор
Пчински" и на овој историски ден -ИЛИНДЕН-, кога објавувам да
е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ос-
лободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и
пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од
Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата маке-
донска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетве-
ковниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да
се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.
Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни на-
родни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија,
им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на наша-
та слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на

117
Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска вој-
ска, и поставените темели за остварението на идеалот на две по-
коленија, на две епохи - слободна, обединена Македонија.
Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве покану-
вам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна,
бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минут-
но молчание). Вечна слава на падналите герои за слободата на
Македонија!
Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илин-
дена -1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј мо-
менти за илинденската народна епопеја и Крушовската република.
Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огром-
на беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Кру-
шовска република. Но, разјарениот башибозук и турската регуларна
војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија -
Крушовската република, го потушија востанието и го стегнаја искр-
вавениот македонски народ во ново ропство.
Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја
поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот на-
род не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се
дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фа-
шизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во
неа виде возможност да ја помогне општата борба, на сите поро-
бени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оства-
ри својот вековен национален идеал.
И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонски-
от народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословен-
ски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, брат-
ска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот,
славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македони-
ја, се стават темелите на македонската држава во која да се обе-
дини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го зас-
лужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби.
Да е жива нашата мила македонска федерална држава!
Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички
покров на братските јужнословенски народи!"
118
След речта на другарот Панко Брашнаров, четат се следните поз-
дравни телеграми испратени до Првото заседание на АСНОМ (Анти-
фашиското собрание на народното ослободуење на Македонија):
Прво заседање на Антифашиското собрание на Народното Ослободујенје на Македони-
ја. Илинден 2 август 1944, стр.,4-5. (Скратено: Прво заседање).

ДЕКЛАРАЦИЈА ДОНЕСЕНА НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ


НА АСНОМ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРАВА НА ГРАЃАНИТЕ
НА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА
2 август 1944 г.

ДЕКЛАРАЦИЈА
на АСНОМ за основните права на граѓанинот на демократска
Македонија
1. Сите граѓани на федералната македонска држава се еднак-
ви и равноправни пред законите, не гледајќи (на) нивната народ-
ност, пол, раса и вероисповеданије.
2. На националните малцинства на Македонија се осигурават
сите права на слободен национален живот.
3. На секој граѓанин му е гарантирана сигурноста за личноста
и имотот, загарантирано е правото на сопственост и часната ини-
цијатива во стопанскиот живот.
4. На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероис-
поведанието и слободата на савеста.
5. На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, пе-
чатот, собирањето, договорот и слободата на дружението.
6. Изборното право на демократска Македонија го вршат из-
бирачите со тајно гласуване на основание на општото, еднаквото,
непосредното и личното изборно право.
7. Правото да избируат и да бидат избирани во сите изборни
тела во народната власт (го) имајат секој граѓанин и секоја гра-
ѓанка кој се наполниле 18 години, ако не се провинени за некоје
престапление. До дека траје народноослободителната војна, по
решение на АСНОМ, може да се отстапи от принципите на тајно-
то и непосредното гласуване.

119
Малоумните лица, како и лицата кој со провинет по отношение
на интересите на народно-ослободителната војна, се лишават от
правата по точка 5 и 6 на оваја декларација.
8. Должност и чест е на секој за оружје способен граѓанин, без
разлика на народност и вера, да учествуе како војник во редовите
на народно-ослободителната војска и партизанските одреди.
9. Се забранува и прогонуваат сите фашиски и профашиски
дејствија, оти се против слободата и независноста На братската
заедница на народите во Југославија.
10. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба
против решениата на органите на власта по начин предвиден во
законот. Секој граѓанин има право на молба и поплака кај сите
државни власти.
11. Народната власт се старае да (ја) отстрани неписменоста
и да ја подигне народната култура како и да осигура безплатна
просвета.
Во манастирот „Св. Прохор Пчински" на ИЛИНДЕН, 2 август
1944 година.

За Антифашиското собрание на народното ослободуене на


Макеоднија.
Секретар: Претседател:
Љупчо Д. Арсов Методи Андонов - Ченто
Љ.Арсов, с.р. М.А.Ченто, с.р.

ИНИ.-Инв.бр. 2841

РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ЗА ВОВЕДУ-


ВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СЛУЖБЕН ЈАЗИК
ВО МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА
2 август 1944 г.

РЕШЕНИЕ
на Антифашиското собрание на народното ослободуене на
Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен ја-
120
зик во македонската држава
Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе на-
родниот македонски јазик.
Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН 2 ав-
густ 1944 год(ина).
За Антифашиското собрание на народното ослободуење на
Македонија.
Секретар: Претседател:
Љупчо Д. Арсов, ср. Методи Андонов- Ченто, с.р.

AM. - Фонд АСНОМ, 1 944 г.

РЕШЕНИЕ НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ HA ACHOM


ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН - 2 АВГУСТ - ЗА НАРОДЕН
ДРЖАВЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА

РЕШЕНИЕ
на Антифашиското собрание на народното ослободуење на
Македонија за прогласуене на Илинден - 2 август - за народен др-
жавен празник на македонската држава
Чл. 1
Илинден - 2 август - се прогласуе за народен државен праз-
ник на македонскиот народ и македонската држава, како симбол
на сите негови борби за неговото коначно ослободуене от веков-
ното ропство и (за) создаване на слободната и суверена Феде-
рална македонска држава.
Чл.2
Ова решение влегуе веднага во сила.
Во манастирот „Св. отец Прохор Пчински", на ИЛИНДЕН, 2 ав-
густ 1944 год(ина).
За Антифашиското собрание на народното ослободуене на
Македонија

121
Секретар Претседател:
Љупчо Д. Арсов, с.р. Методи Андонов-Ченто, с.р,
AM. - Фонд АСНОМ 1944 г.

АПЕЛ КОН МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА*


Септември 1944 г.

Драги сонародници,
Македонскиот народ има водено и води епски борби за своето
национално ослободување. Неговите најсмели и самопрегорни си-
нови непрестајно ја напаѓаа со јуриш турската тврдина на феудализ-
мот и деспотизмот. Ентузијазмот и самопожртвувањето на Македон-
ците ја создадоа херојската епопеја меѓу револуционерните борби
на македонскиот народ - Илинденското востание во 1903 година.
Водени смело од идеолозите на македонската ослободителна
борба: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Јане Сандански,
Димо X. Димов и плејада други борци, илинденците ја обесмрти-
ја таа борба и го запишаа на страниците на национал-револуцио-
нерните движења најголемиот херојски подвиг.
Ситуацијата во која беше подготвена, организирана и спрове-
дена национално-револуционерната борба бараше цврста увере-
ност и фанатична смелост. Турската власт, иако и со очевидните
знаци на деморализација, беше се уште силна за да се пресмету-
ва со македонските борби. Тогаш постојните влади на Срби, Гр-
ци и Бугари, спроводници на хегемонистичката политика на Бал-
канот, ги вкрстуваа своите аспирации за присвојување и разделу-
вање на македонската земја, за поробување и асимилирање на
македонскиот народ. За да се отстрани оваа опасност, македон-
скиот народ мораше да ја води борбата самостојно, со сопстве-
ни сили и средства, против глутница шовинисти и завојувачи, уп-
равници во балканските држави. Меѓутоа, наспроти неблагопри-
јатните услови револуционерната енергија на поробените Маке-
донци секогаш беше во бојна готовност.
Од времето на турското господство до наши дни македонски-
от народ бил непрестајно во ропство и постојано во борба за
своето ослободување. Земајќи го предвид делото на македон-
122
ската ослободителна борба во минатото, којашто најде херојски
пример во Илинденското востание, ние Македонците сме пред
настани судбоносни и големи.
Македонскиот народ преживеа тешки години на национален
гнет. По започнувањето на сегашната војна крвавиот фашизам во
лицето на хитлеровска Германија, вооружена до заби, со тајното
и јавно содејство на бугарските и македонските фашисти, стрмог-
лаво се насочи и кон Балканот, a co тоа навлезе и во нашата тат-
ковина Македонија и се наложи со својот воен и полициски апа-
рат. Македонскиот народ се најде во едно уште пострашно еко-
номско и национално ропство. Македонскиот народ беше газен,
онеправдан и жестоко експлоатиран. Тој беше ставен во нечуен
мрак, насилство и потисништво. Народната мисла беше окована
во железните вериги на најцрно мрачништво, а нејзините носите-
ли убивани на најнечовечен начин или апсени, фрлани во затвори-
те или испраќани во концентрациони логори. Се гореше имотот и
покуќнината на населението, се применуваа воопшто инквизитор-
ски средства пострашни од оние во средновековјето.
Така во Македонија од 1941 година изникна како решителна си-
ла Македонската народноослободителна војска, којашто славно ги
продолжува традиционалните и историски борби на македонскиот
народ против завојувачката политика на Балканот и во тесен сојуз
со движењето на маршал Тито да ја гради слободата на Македони-
ја и нејзиното федерирање со сите демократски сили на Балканот.
Во таа ситуација во нашата татковина се создаде АСНОМ (Ан-
тифашистичко собрание на народното ослободување на Македо-
нија) како институт од највисока револуционерна и политичка
вредност прокламирајќи го основниот закон на Македонија, a
имено: полно самоопределување на македонскиот народ,
Денеска во Македонија е установена револуционерна народ-
ноослободителна власт, која функционира преку свои органи - Ко-
митет на Народноослободителниот фронт,
Македонската емиграција во Бугарија водеше упорна и крва-
ва борба против агентите на фашистичката завојувачка политика
во нејзината средина. Co неа, со таа борба, таа се наредуваше во
борбата на бугарскиот народ против фашизмот и завојувачката
123
политика и посредно ги потпомагаше борбите на македонскиот
народ за слободата, којашто е невозможна без уништувањето на
фашистичките клики на Балканот, сплотени во последно време
зад хитлеровска Германија.

*Апелот е упатен до македонската емиграција во Бугарија од страна на видни општестве-


ни македонски дејци. Апелот е упатен веднаш по конституирањето на АСНОМ.

МИХАИЛ СМАТРАКАЛЕВ, „МАКЕДОНСКА КНИГА"* 1


јануари 1948 г.

„Македонска книга" - за нас тоа звучи непринудено гордо. До


вчера нашата нација не беше признавана. Нашиот јазик беше сме-
тан за дијалект, а нашата култура ја присвојуваа други. Македон-
ските ѕвонливи песни, убави народни ора се сметаа српски или
бугарски. Нашиот национален дух се потиснуваше од српските и
бугарските шовинисти.
... Сега поголемиот дел од Македонија е слободен и среќен.
Тој во ред со другите југословенски народи стапи тврдо по патот
на прогресот на социјализмот. Ние имаме своја Народна Репуб-
лика Македонија во рамките на Титова Југославија, своја народна
власт, свој национален јазик, свој театар, свои училишта, свој уни-
верзитет, своја литература... Сега, под топлото крило на легендар-
ниот Тито, цути македонската литература.
Македонската книга слободно се шири низ земјата на Климента
Охридски. Македонската книга навлегува во селските и градските ку-
ќи. Сега имаме свој буквар, своја граматика, свои читанки, свои вес-
ници, списанија, учебници. На македонска книга учат нашите деца. На
македонски јазик се преведува науката на напредните народи. Маркс,
Енгелс, Горки, Шолохов, се учат на македонски јазик во нашата тат-
ковина. Нашиот јазик се обогатува, развива, израснува. Толку многу
години ропство и застој - сега со брзи и големи чекори напред!
Но таа светла и прогресивна книга не стои само во HP Македо-
нија. Таа книга е за сите Македонци од Егеј до Шар од Охрид до
Места. Во Пиринска Македонија македонската книга навлегува веќе
со својата висока мисија: да ги сврзува здраво пиринците со вардар-
124
ците, да го сплотува единствениот народ. Новата книга грее во ма-
кедонските книжарници во Џумаја, Петрич, Неврокоп. Се лее звучни-
от македонски јазик по училишните соби. Македонската книга ги
збратимува долго разделените со телени мрежи. Таа ги руши гранич-
ните столбови? Таа ги сврзува Пирин со Бабуна, Шар со Егеј. Таа ја
зацврстува македонската нација. Налива гордо национално чувство
во пиринците. Го закрилува ентусијазмот на младинците - вдахнува
вера во скорешното полно обединување на Македонците..."
Пиринско дело, год, IV, бр,
1 ( 1 јануари 1948 година),

* За популаризирање на македонската книга во Пиринска Македонија на крајот на декем-


ври 1947 година се организира „Недела на македонската книга". По градовите и селата беа
организирани изложби на книги и се одржуваа предавања за значењето на книгата во разви-
токот на македонската национална култура.
По тој повод весникот „Пиринско дело" го објавува написот „Македонска книга" на ма-
кедонски јазик.

ПРОГЛАС НА ВРЕМЕНАТА ПОЛИТИЧКА КОМИСИЈА


НА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА*
12 ноември 1944 г.

До македонскиот народ под Грција


Браќа Македонци
Еден од најизмачените народи во светот е нашиот. Шес векои
чекаме да си сдобиеме слободата, шес векои со пушката во ра-
ка участвуваме во сите војни или заедно со други поробени на-
роди или сами, за да скиниме синџирите на робијата ни, и да скр-
шиме тешките пранги шо не остават да станиме и ние като сиот
друг свет да си развиеме културата ни и да продолжиме старата
ни славна историја.
Народот ни шо даде писмото и културата на триста милиони
Славјани, беше осуден да тлее и да угасне, беше казнат да спие
робскиот сон долги години без да има право да види белиот ден
на слободата, като да не заслужаваме да живиме и ние слобод-
но, како да сме вечно казнати да бидиме јаболката на раздорот
от старо време, и нашата земја, богатата и убава Македонија, да

125
се дава како дар от големите сили на империјалистичките држа-
ви на Балканот. Зато во секоја војна шо се водеше во Балканот,
Македонија не верваше дека ке можи да се ослободи, знаеше
оти постоеше само за туѓи интереси. Турското ропство иконими-
чески, културно и социјално имаше осакатено нашата мила земја.
Нашите дедои, за да земат судбината на нашата татковина во сво-
ите раци, 1903 година со една полна волја и надежда оти ке мо-
жат да успеат, зедоа пушката во рака, за да остварат тој стар наш
идеал, и да истерат петвековните поробители. Како брилјант све-
тат имината на геројте ИЛИНДЕНЦИ. Добро, ама империјалисти-
те на Балканот угаснаја со крв востанието. Дојде балканската вој-
на и во Версај не разделија меѓу великобугарите и великосрбите
и великогрците. Немаше кој да ни поможи и да ни ослужи.
Црниот јарем на грцкио фашизам беше оште потежок и от тур-
цкиот. Многу коски на наши браќа посипаја грцките острови. Ум-
ре Метаксас и со олекната душа чекафме побели дни, ама хитле-
ристите окупатори попалија нашите села и градој. Требаше да се
бориме за слободата ни или да не постоиме во овој свет.
Co полна вера и надежда оти не ке не остават другарите ни Гр-
ци от ЕЛАС да се слизниме пак во старата робска келија, влегов-
ме во борбата и три години водевме заедничка борба за истата ка-
уза - да истераме окупаторот и да добиеме правото на самоопре-
деление согласно Атланската карта. После тригодишната борба не
само не ни се даде правото да приказваме за самоопределение,
ами бојните ни другари от ЕЛАС сакаја да не нападнат и да не без-
оружат, не објавија како автономисти и фашисти и не ни позволија
после успехите шо постигнавме да приказваме на вас оти имаме
право на самоопределение како шо каза генерал ТЕМПО, преста-
вителот на Маршал ТИТО во говорот му на народниот митинг во
гр. Битола на 7. 11. 44 год. по случај прославата на големата руска
револуција, оти МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕ-
КОЈ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ.
НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ
БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛЈА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО CO
ТРИГОДИШНАТА ВОЈНА, НИЕ ГО ИЗВОЈУВАВМЕ НАШЕТО ПРА-
ВО. Ние, браќа Македонци, не бараме појке от колку заслуживме.
126
Сакаме сами да си ја решиме судбината и да пожнееме плодојте
што ги посеавме, со нашите успехи и што ги повадивме со наша-
та крв.

Смрт на фашизмот - Слобода на народот


12. II 1944год. Од времената политичка,
комисија на Македонците
под Грција

AM. - Збирка „Егејска Македонија во НОБ". АЕ: 271.


*Во прогласот е изнесен неправилниот став на грчкото раководство на отпорот спрема
желбите и стремежите на македонскиот народ; поради тоа дојде до отцепување на македон-
скиот баталјон од ЕЛАС до формирањето на Комисијата.

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СУВЕРЕНОСТ 1991 г.

На 25 јануари 1991 новото, повеќепартиско Собрание на


Република Македонија, ја усвои Декларацијата за сувереност на
Република Македонија, во која, меѓу другото, Република
Македонија е дефинирана како суверена држава, која во
согласност со своите интереси независно одлучува за своите
идни односи со државите на другите народи од Југославија.

РЕФЕРЕНДУМ 1991 г.

На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година,


граѓаните на Република Македонија по пат на плебисцит, со 95,09
отсто гласале за суверена и независна Република Македонија.
На гласачките ливчиња за непосредно и тајно изјаснување
стоеше: „Дали сте за самостојна и суверена држава Македонија"
со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на
Југославија?!

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТ 1991 г.

Врз основа на резултатите од Референдумот, Собранието на

127
РМ на седницата одржана на 17 септември 1991 ја усвои
Декларацијата за независност. Повикувајќи се на волјата на сите
граѓани изразена на Референдумот, Декларацијата изразува дека
Република Македонија како суверена и независна држава ќе се
придржува кон генерално прифатените принципи во
меѓународните односи, содржани во Повелбата и во другите
документи на ООН, Финалниот документ на КЕБС, Париската
повелба на КЕБС и тоа ќе биде основа за нејзините активности во
меѓународните односи.
На 19 декември 1991 година Собранието на Република
Македонија ја усвои Декларацијата за меѓународно признавање
на Република Македонија како суверена и независна држава.

АРБИТРАЖНА КОМИСИЈА НА ЕЗ

Арбитражната комисија на Европската Заедница Што ја


раководеше Робер Бадентер во извештајот од 11 јануари 1992
год., меѓу другото констатира дека „Република Македонија ги
задоволува условите предвидени со насоките што се однесуваат
на признавањето на нови држави во Источна Европа и во
Советскиот Сојуз, како и со Декларацијата за Југославија, што
Министерскиот совет на ЕЗ ја усвои на 16.12.1991 година.

ПРИЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА BO OOH

Собранието на Република Македонија на 29 јули 1992 година


ја изгласа Одлуката за прием на Република Македонија во ООН
како суверена и независна држава. Набргу потоа претседателот
на државата поднесе формална апликација за признавање на
Република Македонија како членка на ООН. Република
Македонија е примена за членка на ООН на 8 април 1993 година.
Република Македонија ги прифати Декларацијата и другите
документи на ООН, принципите на современите меѓународни
односи и постојните стандарди во меѓународното право.

128

You might also like