You are on page 1of 4

Voved

Јордан Хаџи Константинов - Џинот е македонски просветител (еден од


зачетниците на просветителството во Македонија), роден кон крајот на 1821 или на
почетокот на 1822 година, во Велес на Прцорек (познато велешко маало), на левата
страна на Вардар.

@ivot i raboten vek

По завршувањето на ќелијните школи во родниот град, Јордан своето школување


го продолжил во Самоков и Солун. Работата како учител во Велес ја започнува во
1838 година кога отпочнува со реализирање на идејата за воведување на народен
македонски јазик во училиштата. Покрај воведувањето на народниот македонски
јазик во училиштата Џинот е заслужен и за осовременувањето на наставата,
бидејќи вовел нови предмети. Со тоа учениците покрај тоа што добивале знаења за
свештени лица, со новите предмети внесени од Хаџи Константинов, учениците се
здобивале и со знаења кои подоцна со успех ги применувале во трговијата и
занаетчиството. Училиштето во Велес се наоѓало во црква во која клисар бил
неговиот татко. По несогласувањата со гркоманско настроените градски големци
околу употребата на народниот македонски јазик во наставата, тој бил протеран од
Велес. По протерувањето од и затворањето на неговото училиште во Велес, Хаџи
Константинов патувал во Солун, Света Гора, Србија и Влашко. Во 1848 година
заминал на работа како учител во Скопје во познатата скопска црква Света
Богородица каде останал 10 години. Во Скопје како учител бил повикан од
побогати трговци од македонска националност како Константин Икономов, браќата
Попови, Кочови, Зафир Малев и други угледни граѓани од Пајко Маало, за што бил
плаќан со годишна плата. За време на својот престој во Скопје, Џинот ги извршил и
првите метеоролошки мерења на времето во Македонија. Од Скопје на големо
1
незадоволство на македонското население бил истеран од турските власти кои биле
потплатени од гркоманските фамилии и свештеници. Интензивно работел на
организирање приредби и училишни претстави, соработувал со “Цариградски
весник”, ги интензивирал врските и преписките со разни културни установи, а
особено во Русија. Неговата развиена просветителска дејност предизвикала
прогони од власта и губење на работата. Учителствувал и во Прилеп од каде
истотака бил протеран поради жестоките судири со фанариотите, а од Западна
Македонија собирал стари книжевно-историски документи. По прогонот од
Прилеп, кратко време учителствувал и во селото Ваташа во ќелијните училишта во
Моклишиот и Полошкиот манастир. Од 1860-1866 година бил прогонет на 101
година робија во Мала Азија, која со помош на негови пријатели се смалила до 3
години и каде го изгубил едното око. Сите години по враќањето ги поминал во
родниот Велес. Умрел на 29 август, 1882 година. Неговиот гроб се наоѓа во дворот
на црквата “Св. Спас”.

Dela

Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на


просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата.
Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во 1845 година, кое служело
како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две
збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”,
а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении
пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието,
просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија.
Негови дела се: “Плач на скопското училиште многотрудное” (објавена во
„Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за
отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии;

2
“Дионис Вакхо” ; “Труд ми е името”, која е вистинска апотеоза на трудот; “Рај
божји”; “Аврора” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската
функција на просветата; “Крај реката Вардар” и “Горка чаша кнеза Лазара
последна тајна вечера”, која е една од најдолгите песни во Македонија од овој
книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во
македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското
училиште во дворот на црквата Света Богородица. Тоа се “Миневра и девет музи”,
“Разговор или прави человек”, “Училиште и учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја
в земел своих”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во
“Цариградски весник”, а во драмите „Минерва и девет музи“ и „Сербија
шетаетсја в земел своих“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од
долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква лежи во
македонското национално единство и слободната соработка на словенските земји.
Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни
умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не
успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител
заедно со Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски.

Citati od negovi
iskazi vo vesnici

"Цариградски весник”, 21 jули 1851: "Поради това аз с'м Болгарин и моето


благородно болгарство не мjа допушта да не бидам добр, затова имам вера и
надежда и љубов, и человечество, и учителство, сос което пуно делим роду
моему, и коj иска нелицеприjатие и безпристрастие учител, ето, коjто сам во
пламени рачение разпален с'м, подобно Етна и Хекли, и Вулкан диамантов венец
ми кова. Нек служам роду моему, ако е и за крива бога! Не е честно мене,
3
Болгарину, да се отчаjавам и да враќам зло за зло. Болгарин - прави и верниj, и
благородниj човек. Болгарин е љубител всjакое добро, Болгарин е срамота да се
отрицава от своjат род и jазик — тоj Болгарин, коjто родо своj си хули, името му
е ни ден, ни ношт. Аз с'м Болгарин, плачем за нашите изгубени Болгаре, които сja
по долнаja Мизиja, затова должни сме да сja жертвуваме за браќaта наши
пресладкиj Болгари!"

"Цариградски весник”, 1 jaнуари 1859: "Дебр е с два народа населен, т. е.


Болгари и Арнаути. Дебрските Болгари са зоват миjaци, зашто наречие нихно
совсем разнствува от наречие на охридски и крчовски Болгари."

You might also like