You are on page 1of 3

За животот на Мисирков

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 г., во селото Постол (античка Пела) во
сиромашно семејство.

Основното образование го завршил на туѓиот грчки јазик. Немал средства да го продолжи


школувањето, па кога му било понудено бесплатно да учи во Србија, тој прифатил.
Сфаќајќи ја асимилаторската српска политика учествувал во немирите предизвикани од
македонските стипендисти по што морал да го напушти Белград.

Отишол во Софија каде работите не биле многу поразлични. За да го продолжи


школувањето без проблеми морал да се декларира како Бугарин. Тој не го сакал тоа, па се
вратил во Белград. Но, таму работите ескалирале, бунтот на македонските ученици го
предизвикале затворањето на училиштето, а Македонците биле испратени во
внатрешноста.

Мисирков завршил четврти клас гимназија во Шабац, но повторно се вратил во Белград


каде учел во учителската школа. Таму ја оформил ученичката дружина „Вардар“ во 1895,
која претставува еден вид продолжување на дејноста на лозарите.

Мисирков на студии во Русија

По завршувањето на учителската школа, наместо на работно место во Приштина, тој


отишол во Одеса со намера да студира во Русија. Бидејќи не му го признавале средното
образование, тој уште две години учел духовна семинарија, па патоа се запишал на
медицинскиот факултет, а во 1897 г. на историско-филолошкиот факултет.

Во Петроград Мисирков станал многу активен. Во 1900 г. го основал Тајниот македонско-


одрински кружок. Во 1902 со Димитрија Чуповски, Н. Димов, Г. Константиновиќ и др. го
основаат Македонското студентско друштво, кое 1903 прераснува во Македонско научно-
литературно другарство „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од
своите редовни седници барања пред се до руската влада, па и до владите на другите
европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се
признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската
архиепископија.

Со студијата „Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на


македонскиот крал Марко“, како дипломска работа, 1902 г. Мисирков брилјантно го
завршил факултетот.

За македонцките работи
Кога дошол во Македонија, во Битола работел за отварање македонски училишта и
комуницирал со рускиот конзул Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата, па
им станал трн во окото на турските власти.

Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и
предупредуван и укоруван. На крајот турските власти инсценирале убиство, па Мисирков
со мртвото тело на конзулот се вратил во Петроград. Тогаш избувнало и Илинденското
востание во кое Мисирков не учествувал лично.

Во Петроград ја подготвил својата книга „За македонцките работи“ и отишол во Софија да


ја отпечати. Тогаш го придружувал Војдан Чернодрински со неговата театарска група во
Србија и зборувал за македонското прашање во светлината на српско-бугарското
зближување што било остро пречекано од српскиот печат.

Кога се вратил во Софија да си ја подигне отпечатената книга, таа била откупена од


тамошните власти и изгорена, а од изданието се спасиле и зачувале само мал број
примероци. По таквиот настан Мисирков бил присилен да ја напушти Бугарија.

Ги напишал и списанијата „Вардар“ и „Македонски глас“

Други позначајни пишани творби на Мисирков се неколку статии меѓу кои:[6]

 Антируските демонстрации во Софија - oбјавено во угледниот руски дневен весник


„С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.
 Македонија и славјанството - објавена во „Славјанскија Известија”, Петроград,
1.5.1914, 146-147.
 Говор во Одеса на 6 август 1914 - ЦГАОР, Москва, ф. 579, оп. 1, ед. хр. 1728. лл. 1
—3.
 Македонски и болгарски национални идеали - „Македонскиј голос (Македонски
глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.
 Борбата за автономија - „Македонскиј голос, (Македонски глас)”, II, II 29.11.1914,
205-207.
 Македонска култура - објавена во „Миръ“, 19 април 1924.
 „Народността на Македонците“, в-к "20 jили. Македоно-одрински лист", год. I, бр.
5, Софија, 11 май 1924 г.
 Патот на примирението - објавено во „Илинден”, V, 5, Софија, 30.1. 1925, 2.
 Македонски национализам - објавена во списанието „Мир“, 12 март 1925.
 Самоопределувањето на Македонците - објавена во „Мир“, 25 март 1925.

Исто така ги напишал и пробугарски дела:

 Белешки за јужнословенската филологија и историја, објавено во Македонско-


одрински преглед Софија 1907, кн. 34-401908.
 Колењето и интелигенцијата во Македонија, објавено во Одески листок, бр. 178,
Одеса 2 август 1912.
 Нашиот народен епос и Македонија, објавено во Развитие, 1919, кн. 2-3, с. 80-81.

Според статијата „Белешки за јужнословенската филологија и историја“, Мисирков се


откажал од книгата „За македонцките работи“ велејќи дека нејзината содржина стои
далеку од беспристрасната наука и дека со тоа што во неа истапил како импровизиран
политичар по македонското прашање си задал удар на својата научна дејност и интереси. [7]

You might also like