You are on page 1of 11

Крсте Петков Мисирков

Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и


правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми,
публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и
за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и
проучувач на македонското народно творештво.

Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска


Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија.
Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и
активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички
друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и
личност на македонскиот 20 век.
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем
број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се
занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.
Селото Постол - Ениџевардарско каде е роден Крсте Петков Мисирков се наоѓа во
Егејска Македонија, недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест
одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки
јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба
на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование.
По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво
„Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во
Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар
како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија
Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу
добро дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја
1
денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“,
Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти.
Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го
дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим
во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија,
македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле
малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да
запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се
запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која
имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски
свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го
пропагираат српството. Овојпат македонските ученици го искажале своето
незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските
ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во
Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.
Крсте Петков Mисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се
запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја
завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја
нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Неговите членови да
се запознаат и да си изработат една програма, која ќе ја пропагираат во Македонја
тајно од србската пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја
продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на
организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина.


Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во
Одеса. Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил
принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да
започне со студирањето: отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен.
Вклучувајќи се во птероградската студентска средина, Мисирков станал многу активен.

2
Меѓу другото, напишал и еден реферат под наслов За значењето на моравското или
ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот
Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско
друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.
Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се
вратил во својата Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно
со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и
етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание
„Вардар“.
При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско
друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински
комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската
влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му
останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса.
Од тоа време датира студијата кон прашањето за народноста и причината за
популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во
1902 година, Мисирков го завршил факултетот во Петроград.
Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската
престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот
Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било
преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво
„Свети Климент“ . Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници
барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се
признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на
литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.
„За македонцките работи“

Оглас за печатење на книгата „За македонцките работи“

 
Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За

3
македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја
обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и
етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава
од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно
Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик
базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи
азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно
Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над
120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се
всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен
кружок во Русија.
Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред
македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била
прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-
литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората
седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Значењето на книгата „За Македонцките работи“

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За


македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на
Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-
програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја
разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против
македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

4
Наце Димов

Наце Димов (Атанас Димов Чуповски) (18/31. I. 1876 – 15. VII. 1916) е македонски
национален деец и брат на Димитрија Чуповски. Тој е еден од најактивните членови на
Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Заедно Д. Чуповски
и д-р Г. Константинович, тие се најактивни дејци на Македонската колонија во Санкт
Петербург (1912– 1916). Автор на изданието „Историски преглед на Македонија и на
Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички
преглед на Македонија и на Македонците“ (1913) и најжесток полемичар на јавните
собири и дискусии против ставовите на бугарските и српските претставници во руската
престолнина, во заштита на целоста и независноста на Македонија.

Наце Димов е роден на 18/30 јануари 1876 година во селото Папрадиште, Велешко. По
убиството на татко му, тој со семејството се преселува во Крушево, а потоа оди на
печалба во Бугарија. Во Софија учи во вечерното училиште и влегува во Младата
македонска книжовна дружина, т.н. „лозарскиот“ круг на македонските „национални
сепаратисти“. Потоа работи на железницата во Варна, а од 1901 година тој е машинист
на железницата во Одеса (Русија).

Од 1902 до 1905 година Наце Димов се вклучува во дејноста на Македонското научно-


литературно другарство во Санкт Петербург (МНЛД). Со брат му Димитрија Чуповски и
д-р Гаврил Константиновиќ пројавува најголема активност во друштвото. Тој
изработува програма за формирање македонска национална држава во Македонија и
програма за македонската национална култура и јазик. Патува по универзитетските
центри во Одеса, Киев, Москва, Петербург, каде бара материјална и морална помош и
поддршка од славјанските друштва.

Во февруари 1903 година се вработува како машинист во Петербуршкото железничко


депо и исцело му се посветува на македонското дело, поради што во следната година
и ја напушта државната служба. За да се издржува, отвора „Европска кафеана“ во
Санкт Петербург, но, бидејќи ја претворил во клуб на Македонците и Балканците,
речиси банкротирал и одново се вработува како машинист.

5
Во периодот од 1910 до 1912 година заедно крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич–
Македонец, кој е повикан од Наце, поднесуваат молба до Светиот синод на Руската
православна црква и меморандум до Министерството за надворешни работи за
отворање стручно (занаетчиско) училиште со интернат во разурнатиот Житошки
манастир, каде ќе се предава на македонски јазик. Наце Димов членува во Санкт
Петербуршкото славјанско благотворно друштво, во Друштвото за славјанска заемност
и во Галицискоруското друштво.

Непосредно пред Првата балканска војна во 1912 година, Наце Димов станува
приватен адвокат. Како угледен граѓанин на руската престолнина, тој учествува во
речиси сите собири и дискусии за балканските прашања и се залага за слободата на
Македонија. Тој е најжесток полемичар на јавните собири и дискусии против ставовите
на бугарските и српските претставници во руската престолнина, во заштита на целоста
и независноста на Македонија.

Од 1912 година тој е член-основач на Славјаномакедонското националнопросветно


друштво „Св. Кирил и Методиј“, а во 1913 година влегува и во Руско-македонското
благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“. Во текот на Првата балканска војна (1912),
кога голем дел од членовите на МНЛД и македонската колонија во Русија заминале
како доброволци за Македонија, тој оди во Софија каде делува меѓу македонска
емиграција за зачувување на целовитоста и независноста на Македонија.

Наце бил потписник на „Меморандумот за независноста на Македонија“, кој


Македонската колонија во Петроград го испраќа на 1 март 1913 година до рускиот и
британскиот  министер за надворешни работи сер Едвард Греј, како и до амбасадорите
до големите сили кои учествуваат на Лондонската конференција за мир. Овој
меморандум бил придружуван од нациналната карта на етничка Македонија, која ја
испечатил неговиот брат Д. Чуповски.    

На 4 март 1913 година (по старо 28. II. 1913 г.), Наце Димов одржал предавање во
салата на Петербуршкото славјанско благотворно друштво под наслов „Македонија во
минатото, сегашноста и иднината“, во кое го изнесува својот став дека доколку не се
даде независност на Македонија ќе биде неизбежна нова војна која истовремено ќе ја
потресе и Европа. Истото предавање во проширен обем и наслов потоа го отпечатува
на руски јазик како посебна брошура  „Историски преглед на Македонија и на
Македонците. Причините за појавата на четничкото движење во Македонија. Политички
преглед на Македонија и на Македонците“,  во која се осврнува и на античка

6
Македонија, цитирајќи го англискиот историчар Јаков Абот за древните Македонци и
нивниот јазик неразбирлив за Грците.

Освен што е потписник на меморандумот на Македонците од 1 март, Наце Димов го


потпишува и „Меморандумот на Македонците“ од 7 јуни 1913 година, кој по
распарчувањето на Македонија е упатен до владите и до општественото мнение на
сојузните балкански држави. Во периодот 1913 – 1914 година тој е член на
Редакциониот совет на списанието „Македонски глас“ („Македонскій Голосъ“), кој е
весник на Петербуршката македонска колонија и во кој се застапени македонската
идеја за создавање независна македонска држава и славјанско братство, со помош на
Русија.

Наце Димов е потписник на Меморандумот до рускиот администратор за надворешни


работи „Македонија и нејзините очекувања од Русија“ од 15 април 1915 година. Истата
година тој е активен член и на Друштвото за помош на почетниците литератори,
артисти, уметници и научници на Русија и член на Специјалната комисија на Друштвото
за славјанска заемност што ја подготвува сепаратно објавената Резолуција за
македонското прашање од 8. VI. 1915 година.

Наскоро се разболува и умира. На надгробниот споменик во петербуршките


Бољшеоктенски гробишта уште стојат зборовите што ги напишал неговиот брат Д.
Чуповски:

„Македонски деец Наце Димитриевич Димов. Умрен на 15 јули 1916 година, на 40


години од раѓањето. Живееше Тој и се бореше за правото и слободата на
македонскиот народ. Умре Тој далеку од крајот роден без да го види слободен“.

7
Димитрија Чуповски

Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8. XI 1878 – Ленинград, СССР, 29. Х 1940)


– е македонски деец, еден  најистакнатите афирматори на македонската национална
мисла. Димитрија Димов Чуповски за време на својот живот се сретнува како поет,
публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културен
деец кој ги основал и бил претседател на Македонското научно-литературно
другарство во Санкт Петербург (1902–1917), потоа на Словеномакедонското
национално просветно друштво „Св. Кирил и Методиј (1912–1913), член и основач на
Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј (1913–1914) и член-
основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–
1924). Исто така, бил потпретседател на Друштвото за помош на почетниците
литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-
петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност
и на други руски асоцијации. Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата
како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за
обединувањето на Македонија и конституирање во национална држава
на македонскиот народ.

Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во угледно семејство на


македонски револуционери – автономисти, во селото Папрадиште, Велешко.  Роден е
како посмртче, по убиството на татко му од страна на албански платеници. Откако
неговото село било изгорено од албанските качаци, на десетгодишна возраст се сели
во Крушево, родното место на неговата мајка. Се школува во родното село и во
Крушево, каде го научил и молерскиот занает.  Заминува со своите браќа на печалба
во Софија каде го продолжува своето образование во 1892 година. Во тогаш
новосоздадената бугарска држава дење работел, а ноќе учел во Вечерната школа на
македонските „лозари“. Во присуство на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други
македонски студенти, борбата за правата и слободата на македонскиот народ станува

8
негов иден животен пат. Своето образование го продолжува во Вечерната светосавска
учителска школа во Белград во периодот од 1892 до 1895 година, каде што членува во
ученичкото друштво „Вардар“  во 1893/94 година.

По завршувањето на своето школувањето во Белград, Чуповски се вработува како


учител во во своето родно село, Папрадиште. По крткотрајното учителување во
учебната 1895/96 година, тој е затворен поради неговата револуционерна активност.
Успева да избега и преку Белград заминува во Русија. Таму го продолжува своето
образование во Духовната семинарија во Новгород и во Семферопол, во периодот од
1987 до 1900 година.

Во 1902 година го основал Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во


Санкт Петербург. Како претседател на МНЛД започнува низа активности преку кои ја
запознава руската и европската јавност за вистинската состојба во Македонија. Држи
низа предавања во Другарството и надвор од него, на кои ги пренесува желбите на
македонскиот народ за самостојност и сопствена држава. За состојбата во Македонија
води разговори со руските власти, со Турската и Австро-унгарската амбасада. Во 1905
и 1911 година патува во Македонија заради подготовки за отварање училишта на
македонски јазик. Во овој период, односно во 1909 и 1910 година, како сопственик на
посредничкото биро „Трудовиј посредник“, го издава годишникот „Дѣловой
Петербургъ“.

Во предвечерјето на Балканските војни, Чуповски настапува на јавни собири и е


присутен во рускиот печат, а по започнувањето на војната доаѓа во Македонија. По
пристигнувањето во Скопје и Велес заедно со Петар Поп Арсов, Иван Поп Јорданов и
други интелектуалци создаваат јадро на борбата на македонскиот народ за создавање
на македонска независна држава. Акцијата која ја започна Чуповски се пренесува и во
Солун, каде Ризо Ризов и Павел Шатев ги организираат симпатизерите и активистите
за спроведувањето на акцијата на Чуповски и другите револуционери од Велес и
Скопје. Како резултат на овие активности се организира општомакедоноска
конференција во декември 1912 година на која се бара ослободување на македонскиот
народ и создавање на независна и обединета Македонска држава. Од конференцијата
Чуповски добива полномошно за да може да ги застапува интересите на македонскиот
народ пред Европа, а истовремено се заклучува неговата мисија да се подржи со
широка пропаганда како во Македонија така и надвор од земјата.

9
Активноста на Чуповски во Македонија е спречена од српските, грчките и бугарските
власти, кои отворено му претат и го протеруваат од земјата. По враќањето во Русија,
Чуповски се јавува во овој период со статии за завојувачкиот карактер на војната и за
македонската државност. Тој во текот на Мировната конференција во Лондон го
истакнува фактот дека во војната против Турција учествувале равноправно илјадници
Македонци, па поради тоа бара од сојузниците да му дозволат на македонскиот народ
да создаде сопствена држава.

За подобро запознавање до македонското прашање и желбата на Македонците за


своја слободна држава, во март 1913 година ја објавува првата карта на македоноски
јазик во боја „Карта Македониіа“ и заедно со Меморандумот на Македонците од 1 март
1913 година ги праќа до Лондонската конфереција и до рускиот печат. Три месеци
потоа, на 7 јуни 1913 година потпишан е „Меморандум на Македонците“ кој е испратен
до владите и јавноста на балканските држави,  а веќе на 9 јуни 1913 година се појавува
и првиот број на списанието „Македонскiй голосъ“ („Македонски глас“).

Двата меморандума на Македонците од Петроград, покрај тоа што беа упатени во


Лондон, Софија и Атина, беа објавени и во списанието „Македонски глас“, во тоа време
единствено гласило на македонскиот народ. Списанието „Македонски глас“, кое
Чуповски и МНДЛ го издаваат на руски јазик, е најзначајна периодична публикација на
македонската национална мисла. Ова списание кое до 20 ноември 1914 години е
отпечатено во 11 броја, преставува важен и единствен историски архив за борбата на
Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојување
на националната слобода на Македонците.

Иако апелот на македонскиот народ, изразен во Меморандумот на Македонците од


Петроград, беше глас во пустиња, кој се изгуби во грмежот на топовите кои ја пустошеа
Македонија, Чуповски и македонската колонија не престанаа со своите активности.
Покрај многуте официјални акти Чуповски заедно со К. П. Мисирков, од името на
Петроградската и Јужноруската македонска колонија, поднесуваат до рускиот министер
за надворешни работи  опширен Меморандум од 14 август 1914 година. Потоа заедно
со Наце Димов во 1915 година, преку Друштвото за помош на почетници литератори,
артисти, уметници и научници на Русија организираат Словенски лазарет за ранетите
руски војници. Во 1916 година Чуповски се обидува повторно да дојде во Македонија,
но завршува неуспешно на романската граница. Со почетокот на Октомвриската
револуција во 1917 година,, пропаѓаат и обидите на Македонскиот револуционерен
комитет за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република.

10
Борбата за самостојност и за национална држава на македонскиот народ на Димитрија
Чуповски не престанува се до неговата смрт. Подготви македонско-руски речник, кој
нестигна да го заврши, а пропаѓа заедно со ракописот на лексиконот за историја,
етнографија, јазик, фолклор и културата на Македонија   во бомбардирањето на
Ленинград во 1942 година. Умира на 29 октомври 1940 година во Ленинград. За време
на погребот неговиот ковчег бил покриен со знамето на Македонската колонија
изработено во 1914 година, а на крстот неговиот син ги испишал зборовите:

„Борец за правата и слободата на македонскиот народ“,

зборови што самиот Чуповски ги испишал на брат му Наце.  Неговите коски со државни
свечености беа пренесени од Ленинград во Скопје во 1990 година.

Марко Сандев 9-б

11

You might also like