You are on page 1of 1

ШТО КЕ НАПРАВИМЕ ЗА ДА ГИ ЗАДОВОЛИМЕ ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПОТРЕБИ НА

ЖИТЕЛИТЕ НА ЕДНО ОСТРОВО?

1. Поле со сончеви панели Бидејќи во лето островот е сончев, топол и сув најдобра
опција за тој период од годината е да поставиме сончеви панели, бидејќи сончевите
панели ги абсорбираат сончевите зраци како извор на енергија за произвотство на
електрична енергија или греење. Преку нив жителите ќе се снабдени со електрична
енергија во текот на летото.Сончева ќелија е електричен уред кој директно ја претвара
енергијата на светлината во електрична енергија со помош на фотоелектричен ефект.
Таа е форма на фотоелектрична ќелија која, кога е изложена на сончева светлина, може
да генерира и одржува електрична струја без да е приклучена на надворешни извори на
напон. Во оваа група спаѓаат соларните модули, познати како соларни панели и
фотонапонските плочи кои користат и други извори на енергија освен сонцето.
2.  Ветерници Поради тоа што на островот во зима е ладно, ветровито и влажно има
услови за поставување на ветерници. Со помош на ветерниците жителите ќе ги
снабдиме со електрична енергија во зима.Ветерницата ја претвора енергијата на ветер
во ротациона енергија со помош на лопатки или ножеви. Современите ветерници го
добиваат изгледот на ветерни турбини за производство на електрична енергија. Ветерна
турбина или вртежна направа ja користи силата на ветерот за да добие механичка
енергија, која потоа ја претвора во електрична.
3. Гејзери - доколку на островот има присуство на жешки гејзери кои содржат топла вода.
Таа топла вода нема потреба од дополнително загревање затоа со помош на цевки
топлата вода ќе ја пренесуваме до објектите кои ќе ги изградиме блиску до нив заради
таа причина. Со помош на таквиот систем за добивање на топла вода жителите ќе се
снабдени со топла вода во секој период од годината и во секое време.Гејзер е жежок
извор од кој, под внатрешен притисок, повремено се исфрла млаз вода во височина во
вид на водоскок. Во некои области подземни езера, реки и извори се загреваат од
стопените карпи под нив. Жешката вода вриејќи се пробива кон површината како извори
и формира езерца или може да се пробива нагоре под голем притисок формирајќи
гејзер.
4. Хидроцентрала Доколку островот има река таа има голем потенцијал за производство
на електрична енергија. Затоа ќе направиме мала хидроцентрала преку која исто така
жителите ќе добиваат електрична енергија.Хидроцентралата е електрана за
производство на електрична енергија со погон на вода Водата ја менува својата
кинетичка енергија преку хидроулични турбини, кои се поврзани со електрична машина
односно со произведителот на електрична енергија
5. Енергија на бранови Нов вид на уред за енергија на бранови е поставен во Австралија
и ветува да обезбеди не само енергија, туку и дестилирана вода.Технологијата е
наречена CETOCETO, по името на грчка божица од морето.Развиена е од стрна на
Carnegie Wave Energy Limited, и истата е вградена во турбина за производство на
енергија од бранови со цел истата истовремено да произведува и пивка вода од морето.
Според компанијата, системот е најефективниот и најефикасниот начин за дестилирење
на вода со помош на обновлив извор на енергија.
Марко Сандев 9-б

You might also like