You are on page 1of 15

Семинарска работа

По предметот:

Енергетска безбедност
Тема:

Енергетски потенцијал (ресурси) на Австралија


Содржина
Вовед........................................................................................................................2

ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА...............................................3


 Типови на ресурси за геотермална енергија ..............................................4
СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА..........................................................6
 Потенцијалот на Австралија за употреба на соларната енергија ............7
ВЕТЕРНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА...........................................................8
 Ветерни ресурси на Австралија...................................................................9

ХИДРО ЕНЕРГИЈА...............................................................................................10
 Ресурси на хидроенергија на Австралија .................................................10
 Клучни фактори во употребата на хидроенергетските ресурси на
Австралија ...................................................................................................10
 Хидроенергетски ресурси ..........................................................................10
ЕНЕРГИЈА ОД БРАНОВИ...................................................................................11
Заклучок..................................................................................................................13

Користена литература...........................................................................................14

1
Вовед
Австралија има пристап до неисцрпни извори на чиста енергија кои се користат за
греење, генерирање електрична енергија и транспорт. Меѓутоа, постојат некои значајни
ограничувања кај големото искористување на ресурсите на чиста енергија во Австралија.
Моментално технологиите за чиста енергија имаат повисоки трансформациски трошоци
споредено со другите технологии, обновливите извори често се на големи растојанија од
дистрибуциската и преносната инфраструктура и пазарите, и технологиите употребени за
искористување на тие ресурси не се развиени. Покрај ваквите ограничувања, технологиите
за чиста енергија играат значајна улога во иднината со ниски емисии задоволувајќи ја
растечката потреба за енергија на Австралија.

Изворите на чиста енергија кои моментално се користат во Австралија се хидро,


биомаса, биогас, ветерна енергија и соларна енергија. Исто така постои потенцијал за
бројни технологии за чиста енергија кои се уште не се комерцијално развиени како што се
геотермална, енергија од океанот и заробување и чување на јаглеродот за намалување на
емисиите од јаглен, нафта и гас.
Во 2010 обновливата енергија учествуваше со околу 8% од вкупното производство
на енергија со околу 1/3 добиена од хидроелектраните. Ветерната енергија учествуваше со
околу 2%.
Интересот за инвестирање во чистата енергија брзо расти, поддржан преку
напредокот на технологијата, подобрената комерцијална достапност и бројните владини
политики за поддршка. Со тек на време ова ќе направи голема промена во австралиската
енергетска поставеност а чистата енергија ќе игра значајна улога во енергетскиот микс.
Австралиската влада имплементира бројни мерки за забрзување на употребата на
технологии за чиста енергија. Проширената цел за обновлива енергија (RET) започна на 1
јануари 2010, гарантирајќи 45000 GWh кои доаѓаат од обновливи енергетски извори до
2020. Во јануари 2011 RET се раздели во две шеми за помали проекти SRES и поголеми
проекти LRES на обновлива енергија. Домаќинствата и малите бизниси се очекува да
овозможат, дури и да надминат, со дополнителни 4000MW потребни за задоволи RET.

2
ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА
Во оваа точка е даден преглед на моменталниот статус на технологијата за
геотермална енергија во Австралија 1 и можностите за иновација кои водат до пониски
трошоци за производство на енергија од овој ресурс.
Геотермалната енеригија, едноставно е топлина извлечена од земјата. Оваа топлина
може да се употреби за генерирање електрицитет преку турбина или да се користи
директно. Геотермалната енергија се користи уште од раните 1900 ти со вкупно
инсталирани генерирачки капацитети од 10715MW до крајот на 2010 ( Bertani 2010) на
светско ниво и директна употреба од 50583MW до крајот на 2009 (Lund, 2010). Тоа
претставува зголемување на капацитетот од 20% кај електричната енергија од 2005 и 60%
на директната употреба за истиот период. Поголемиот дел од електричната енергија доаѓа
од конвективни хидротермички геотермални системи. Овие системи вклучуваат
конвекција на топлината низ земјата преку топли флуиди и обично се лоцирани во области
со активна тектонска и вулканска активност кои ги нема во Австралија. Геотермалната
енергија во Австралија би ги користела проширените геотермални системи (EGS) и
геотермалните ресурси со извлекување на топла подземна вода (HAS).

Моменталната употреба на геотермалната енергија во Австралија е ограничена на


80kw од централата во Бирдсвил, Квисленд уште од 1992 и минимумот од 7MW за
директна употреба (Hill 2010). Достапни се само ограничени информации за директната
употреба на геотермалната топлина и бројни апликации на овој енергетски ресурс не се
заведени. Високиот потенцијал на геотермалната енергија за Австралија е потенциран во
извештајот за енергетски ресурси на Австралија кој говори дека само 1% од
геотермалните ресурси со минимална температура од 1500C и максимална длабочина од 5
km може да даде 190 милиони PJ енергија – доволно да даде 25 илјади пати од употребата
на енергија во Австралија. Геотермалната енергија ја има и предноста да биде
исклучувана ( достапна по потреба).
Развојот на геотермалната енергија во Австралија е на крстопат: постојат силни
показатели за долгорочна достапност, меѓутоа постои и потреба од решавање на сложени
проблеми кои треба да се надминат за да се донесе топлинската енергија на површината.
1
http://www.ret.gov.au

3
 Типови на ресурси за геотермална енергија

Посатојат три примарни стилови на геотермални ресурси експлоатирани во светот


денес (слика 1). Сите од овие ресурси бараат премногу високи температурни градиенти во
горните неколку километри на земјината кора. Овие високо температурни градиенти може
да се резултат на проток на високи температури подолу во кората, одведување на топлиот
материјал или флуидите погоре во кората, производство на топлина во погорните слоеви
поради геолошки процеси, изолирачки материјали кои заробуваат топлина или
комбинација од сите три.
Поголемиот дел од геотермални централи кои работат во светот денес добиваат
топлина преку конвективни хидротермички системи (Sanyal,2010). Овие системи ги има
во области со висок проток на топлина во кората помеѓу две плочи или пак му се
придружуваат на вулканската активност. Во овие системи топлината се движи нагоре
преку магматски продирања (вулкански) или конвективен проток на флуиди. Вулканските
системи обично се потопли од невулканските. Конвективните хидротермички системи
имаат голем проток на топол флуид во процепите кои се придружени од бунари за да ја
донесат топлинската енергија на површина.
Втората категорија на геотермални ресурси се проширените геотермални системи
(EGS) исто тка наречени топли карпи. EGS ресурсите обично се кристални карпи кои се
топлат преку распад на радиоактивен потасиум, ураниум и ториум и поклопени со
изолирачки седименти кои ја заробуваат топлината. На пример, топлината генерирана во
гранодиоритот во Биглејк е заробена од изолирачки јаглеродни камења, глина и јаглен кои
се наоѓаат над базените Купер и Ероманга во Јужна Австралија. Доста високи протоци на
топлина од пониските делови на кората исто така придонесуваат за овој ресурс. Кај нив
термичкиот градиент надминува 500C / km и топлинскиот проток надминува 100mW/m2,
скоро двојно од средната континентална кора (25-300C/km и 65mW/m2 соодветно).
Моделот за извлекување на топлина од EGS ресурсите вклучува проектирање на
резервоарот преку разделување на карпите на резервоарот за проширување на нивната
природна пермеабилност. Работниот флуид се пумпа низ резервоарот, каде се топли под
карпата и се враќа на површината каде тошплината се користи.

4
Трета категорија на геотермални ресурси се топлите седиментални води (HSA), или
кондуктивните седиментални системи. Кондукцијата е главна форма на пренос на топлина
кај овие системи слични на EGS, иако конвекцијата се смета како важен контрибутор.
HSA едноставно претставуваат резервоари кои содржат жешка вода и висока
пропусливост. Концептот за употреба на HSA е дека овие протоци на вода и
пермеабилности се доволни да ја извлечат топлината со голема брзина. Изворот на
топлина може да биде ист како за топлите карпи или пак топлина длабоко во кората.
Бидејќи Австралија е на стабилна континентална плоча далеку од границите на
плочата, конвективните хидротермички системи нема да бидат значаен геотермички
ресурс. Геотермалните ресурси на Австралија влегуваат во EGS и HSA категориите.

Слика 1: Шема која прикажува геолошка поставеност на типовите на геотермални


ресурси пронајдени во Австралија. На оваа слика топлина добиена од гранитот е покриена
преку променливи количини на седимент. Црвената испрекината линија е длабочина на
која температурата на карпите достигнува 1500C, акафеавата прикажува каде истите
достигнуваат 2000C. На левиот крај на сликата гранитот го има скоро до површината и
пластовите над него се премногу танки за да заробат топлина. Во централниот регион
гранитот е прекриен со доволно изолирачки седимент (јаглен, глина или камен) за да ја
зароби топлината произведена во гранитот и подлабоко во земјата. Тука геотермалниот
градиент е највисок и EGS ресурсот со високи температури е на достижни длабочини.
Карпите ќе треба да се искршат за да се дозволи доволен проток на флуид за извлекување

5
топлина. Над EGS, е HSA со ниска температура во песочниот слој кој може да се користи
за директна употреба. Десно, гранитот е предлебоко за достигнување. Меѓутоа, постои
доволна температура за HSA во високопропусниот песочен слој над него.

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА


Бројот на домаќинства во Австралија со соларни панели се зголеми за повеќе од 35
пати во последните три години. Постојат 513 585 соларни фотоволтажни ( PV) системи на
крајот на август 2011. Приближно 430 000 од нив се инсталирани во 2010 и 2011 год.
Повеќе од 6% од австралиските домови денес имаат инсталирано сончеви
колектори и постојат бројни фирми за нивна инсталација низ државата чиј број порасна за
6 пати во последните три години и сега изнесува 4000.
Податоците од регулаторната комисија за обновлива енергија од фебруари 2011
покажуваат дека Австралијанците топло ја прифаќаат оваа технологија вклучувајќи ги и
сиромашните и пензионерските населби низ државата. Цената на соларните панели
продолжува да опаѓа и аналитичарите сметаат дека ќе достигне цена иста како за струја од
мрежа некаде во средината на оваа декада.

Слика 4: Инсталиран кумулативен капацитет на соларни PV во Австрали

6
Австралија има највисока средна соларна радијација по m2 од сите континенти во
светот. Меѓународната агенција за енергетика предвидува дека концентрирана соларна
енергија може да му даде на Австралија дури 40% од нејзината вкупна енергија до 2050.
Екстра големи соларни проекти до 500 MW се конструирани во Шпанија,
Германија и Америка. Оваа година соларната централа од 19 MW во Андалузија во
Шпанија, е прва која произведе 24 часовна енергија со помош на напредна технологија за
складирање. Ваквите големи соларни проекти недостасуваат во Австралија, и покрај
достапноста до најдобрите соларни ресурси во светот. Австралиската влада најави прва
рунда од 1,5 милијарди долари за програма за подршка во јуни 2011. Програмата треба да
ги изгради првите навистина големи проекти во Австралија, со што ќе се стекне искуство
во развојот на идните проекти.
Емисиите на штени гасови поврзани со струјата потребна за топлење вода е втор
најголем извор на емисии од домаќинствата, сочинувајќи скоро четвртина од емисиите на
домаќинствата.
„Соларно затоплување на вода“ се однесува или на самостоен систем за топла вода
од сонцето или топлотна пумпа, која ја грее водата користејќи ја енергијата од околината.
Инсталацијата на соларен систем за топлење вода може да му заштеди на просечното
домаќинство иљадници долари од сметката за струја секоја година споредено со системот
за електрично топлење на вода. Тоа исто така, заштедува 2,4 до 3 тони на емисии на
јаглерод годишно.
Голем број на корисници инсталираат струјни панели наместо панели за вода
заради владините иницијативи и агресивните маркетинг кампањи, и покрај одличната
вредност на парите кои ја имаат кај системите за топла вода.

 Потенцијалот на Австралија за употреба на соларната енергија


Соларната радијација која паѓа на Австралија секоја година е околу 10000 пати
поголема од вкупната потрошувачка на енергија во заемјата. На слика 5 е дадена
соларната мапа на Австралија. Сонцето претставува неисцрплив извор на обновлива
енергија.

7
Постои значителан соларна енергија2 низ целиот континент. Уште поважно,
областите на кои има електрична мрежа имаат одлични соларни ресурси. Ваквата широка
распределба на соларните ресурси е важна бидејќи постои побарувачка за стабилно
снабдување со енергија и кај оддалечените и кај густо населените области. Дури и Јужна
Австралија која има помала средна годишна соларна радијација од северот има одлични
соларни ресурси. Всушност Викторија има подобри ресурси од Германија, која што има
најголем инсталиран соларен капацитет од сите држави ( Pew.2013). Во следната коцка е
дадена споредбата помеѓу двете држави.
Највисоките средни нивоа на соларна радијација се регистрирани во централна и
северна Австралија, и истите нудат високо квлаитетен извор на енергија доволен да
овозможи струја и затоплување на вода во оддалечени области кои не се поврзани на
електрична мрежа.

ВЕТЕРНА ЕНЕРГИЈА ВО АВСТРАЛИЈА


Ветерната енергија брзо ја проширува режимот на производство на обновлива
енергија во Австралија со средна годишна стапка на раст во инсталираниот капацитет од
35% во период од 5 години. Во 2011, имаше инсталиран капацитет од 2224 MW и уште
15284MW планирани или во изградба. Истата година до октомври месец,
ветрогенераторите генерирале 6432 GWh струја што е еднакво на 2.4% од вкупната
побарувачка на струја во Австралија и 21% од вкупното производство на обновлива
енергија. До октомври 2010, постоеја 52 ветерни фарми и повеќето од нив имаат турбини
од 1.5 – 3MW.
Јужна Австралија има скоро половина од државниот капацитет на ветерна енергија.
Викторија исто така има задоволителен систем, со околу четвртина од државниот
капацитет и проектите кои што се во изградба ќе го дуплираат капацитетот до крајот на
2013.
Австралија има одличен ветерен ресурс на светско ниво. Јужниот брег лежи на
карпест предел и илјадници места имаат средни брзини на ветар од 8 па дури и 9 м/с на
висина од 50 м. (висината на модерниот ветрогенератор). Југозападниот дел на Западна
Австралија, Јужниот дел на Јужна Австралија, Западна Викторија, Северна Тасманија и
2
,,Обновливи извори на Австралија‘‘ - Магистерски труд

8
висорамнините во НовЈужен Велс и Квинслент имаат добар ветерен ресурс. Неколку
држави се вклучени во систематско следење на брзините на ветрот уште од 1990 тите.
До октомври 2010, ветрогенераторите произвеле 5 TWh од вкупните 251 TWh
струја потрошена годишно, доволно струја за напојување на 700 000 домови и броеќи
околу 2% од вкупната потрошувачка на струја во Австралија. Тоа беше добиено од 52
ветерни фарми кои работат со капацитет од 100KW составени од вкупно 1052 турбини.
Ваквата слика претставува приближно зголемување од 30% во генерирање струја од ветер
секоја година во последната декада или вкупно зголемување од околу 1000% во тој
период.
 Ветерни ресурси на Австралија
Ограничувања на мрежата – недостапноста на капацитет или достапност може да
го ограничи идниот раст на ветерната енергија во некои области со добри ветерни ресурси
, особено во Јужна Австралија. Во таквите области надополнувањата и проширувањата на
струјната мрежа е повеќе од важна за да овозможи задоволителен развој на ветерната
енергија во иднина. На сите други места инфраструктурата на струјната мрежа е адекватна
за нивоата на влез на ветерната енергија проектирани за 2030.
Променливоаста на ресурсот ја поставува горната граница за влез на ветерната
енергија на пазарот. Ваквата граница може да се зголеми со подобро предвидување на
ветерот (дозволувајќи мрежата да реагира на проектираните промени на условите на
ветрот), менаџмент на побарувачката ( додавање моќност за задоволување на усповите) па
дури и додавање на јазли за складирање во мрежата (чување на прекумерната ветерна
енергија за периоди на висока потрошувачка).
Производството на ветерни турбини се дуплира на секои три години. Исто така,
постои премин од производството во Европа и САД во центри со понизок трошок за
производство во Индија и Кина. Овие два факти ќе резултираат со намалување на
трошоците за турбините.
Пристапот до ветерните ресурси на брегот на Австралија е доволен за
задоволување на потребите на индустрискиот развој во периодот од интерес. Моментално
нема планови за развој на поскапи крајбрежни ветерни ресурси.

9
ХИДРО ЕНЕРГИЈА
 Ресурси на хидроенергија на Австралија
Теоретскиот достапен хидроенергетски потенцијал на Австралија е пресметан на
60TWh годишно.
Австралија е најсушниот населен континент на земјата со 80% од нејзината
територија со годишни средни врнежи помали од 600 мм. и 50% со помалку од 300мм.
годишно.
Големата променливост на врнежите, брзината на испарување и температурата,
резултираат во тоа Австралија да има променливи ресурси од површинските води.
Во Австралија моментално работат 108 хидроелектрични централи со вкупен
инсталиран капацитет од 7,8 GW.
 Клучни фактори во употребата на хидроенергетските ресурси на
Австралија
Потенцијалот за развој на нови хидроелектрични станици во Австралија е
ограничен. Меѓутоа, надградбата и подобрувањето на постоечката хидроелектрична
инфраструктура ќе ја зголеми ефикасноста и продолжи рокот на овие станици.
Постои потенцијал за работа на мали хидроцентрали и ова ќе биде важен извор во
идниот капацитет.
 Хидроенергетски ресурси
Австралија е најсушниот населен континент на Земјата ( слика 27). Постои голема
променливост во врнежите, испарувањето и температурите низ годините што резултира со
слаби ресурси од површинските води. Теоретскиот хидроенергетски ресурс на Австралија
има средна вредност од 265 TWh годишно а технички достапни се само околу 60TWh .
Економски достижниот капацитет е пресметан на 30 TWh годишно од кои повеќе од 60%
веќе се користи (хидроенергија и брани – извештај од 2009).
Првата хидроелектрична централа во Австралија беше изградена во Ланчестон во
1895. Австралија моментално има 108 функционални хидроелектрични централи со
вкупен инсталиран капацитет од 7806MW. Тие се наоѓаат во области со највисоки врнежи
и надморска висина и главно се во Нов Јужен Велс 55% и Тасманија 29% ( слика 8.9).
Хидроелектричната шема на Снежните Планини, со капацитет од 3800MW , генерираат

10
околу половина од вкупното хидроелектрично производство на Австралија.
Хидроелектрични шеми исто така постојат и во Североисточна Викторија,
Квинслед, Западна Австралија и мини хидроелектрични проекти во Јужна Австралија.
Хидроелектичната шема на Снежните Планини е една од најсложените интегрирани водни
и хидроелектрични шеми во светот. Шемата собира и чува вода која обично би истекувала
источно кон брегот и ја пренасочува низ планински тунели и централи. Водата потоа се
пушта во реките Муреј и Мурунбич. Оваа шема се состои од 16 главни брани, 7 централи
од кои 2 се под земја, станица за испумпување, 145 км меѓусебно поврзани транс
планински тунели и 80 км аквадукти. Оваа шема дава околу 70% од вкупната обновлива
енергија достапна до мрежата на источното тло на Австралија а овозможува и струја при
оптовареност во врвен час.
Хидроелектичниот систем за производство во Тасманија се состои од интегрирана
шема на 28 хидроцентрали, голем број на езера и над 50 големи брани. Хидротасманија,
сопственикот на повеќето вакви хидроцентрали го снабдува и тасманискиот пазар а и
австралиската мрежа преку Баслинг, подводен поврзувач кој се наоѓа под Басовиот теснец.

ЕНЕРГИЈА ОД БРАНОВИ
Австралиската компанија Oceanlinx3 на крајот од октомври во Port MacDonnellu, во
Јужна Австралија, ја пуштила во работа електричната централа со снага од 1MW која ја
претворува енергијата на морските бранови во електрична. Компанијата наведува дека
станува збор за прва електрична централа со такво технолошко решение во светот.
Системот ќе биде тестиран во следната година дена и ако задоволи ќе биде
проширен на снага од 10MW. Малопродажната дистрибуција била договорена со
компанијата Diamond Energy која била фокусирана на дистрибуцијата на енергијата од
обновливи извори.
Oceanlinxova та технологија на „ зелени бранови“ се темели на системот кој
морските бранови ги користи за производство на воздух под висок притисок кој пак ја
придвижува турбината која произведува електрична енергија. Електричната централа е

3
http://www.ga.gov.au/image_cache/GA10663.pdf

11
изградена од елементи од армиран бетон кои се доволно тешки со својата тежина се
зацврстат за дното на морето, без посебна припрема со што би се нарушило дното, на
длабочина од 10 до 15 метри.
Во електричната централа биле вложени 8 милиони долари, од што австралиската
агенција за обновлива енергија во склоп на програмата за поттикнување на обновливи
извори финансирала 4.4 милиони долари.
При приликата за пуштање на електричната центрла извршниот директор Ivor
Frischknecht рекол „ Нашите вложувања покажуваат моќ на технологијата и даваат насоки
за идните проекти“.
Frischknecht бил уверен дека во Австралија постои голем потенцијал за
искористување на енергијата на морските бранови, со оглед дека според ресурсите во тоа
подрачје е меѓу најсилните во светот. Carnegie Wave Energy во моментот инсталира прв
светски мултиединичен објект крај Garden Islanda блиску до Перт.

12
Заклучок
Австралија опфаќа само мал дел од светското производство на енергија од ветрот
( пресметано на 2% во 2008). Меѓутоа, истото расте со голема брзина (69%) помеѓу 2000 и
2008.
Иако ветерната енергија моментално учествува со само 1.5% од генерираната
струја во Австралија нејзиниот удел се очекува да расти поради политиките на владата и
целта за обновлива енергија на австралиската влада и фактот дека ветерната енергија е
докажана технологија на обновлива енергија со екстремно ниски штетни гасови.
До 2029 – 2030 ветерната енергија се предвидува да даде 12% од струјата во
Австралија. Во светски рамки ветерната енергија е форма на генерирање струја со најбрз
раст и игра важна улога во енергетскиот микс, како во светот така и во Австралија.
Технологијата е веќе докажана и струјата од единечните турбини и големите фарми
значително расте во последните пет години. Пазрот на ветерна енергија достигна и
одмината фаза кај некои енергетски пазари, како што е Западна Европа бидејќи веќе е
конкурентна форма на добивање струја.
Целта за воспоставување на обновлива енергија во Австралија (RET) ќе помогне во
подршка на развојот на извори на обновлива енергија до 2020. После 2020 според ваквите
цели се очекува висината на таксата на загадувачите да порасне неколку пати што
дополнително го подржува развојот на обновлива енергија.
Ветерната енергија ќе има голема корист од тоа. Ветерот претставува најефтин
обновлив извор за добивање струја веднаш зад хидроресурсот. Меѓутоа, има значително
поголем потенцијал за раст бидејќи е поголемо нивото на сеуште неискористените
ресурси. Неговата конкурентност во поглед на трошокот ќе биде зголемена со
намалувањето на цената на турбините, особено

13
Користена литература

1. http://www.ret.gov.au

2. http://www.ga.gov.au/image_cache/GA10663.pdf

3. http://pangea.stanford.edu/ERE/pdf/IGAstandard/SGW/2006/augustin.pdf

4.http://www.tfb.edu.mk/app/webroot/uploads/trudovi/magisterski14/Obnovlivi
%20izvori%20na%20energija%20vo%20Avstralija-2%20__.pdf

14

You might also like