You are on page 1of 12

ФДУ - Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Семинарски труд по предметот историја на уметност на тема:

Модерната и современа уметност во


Република Македонија

Изработил:
Јована Митевска

Скопје,Декември 2021
Содржина:

Вовед
1. Книжевност и сликарство во Македонија
2. Формирање на македонското граѓанство
3. Димитар Андонов Папрадишки
4. Ѓорѓи Зографски
Заклучок
Вовед

Македонската уметничка ризница ја претставува фундаменталната


компонента на нашиот историски, духовен и културен идентитет. Втемелена врз
богатата културна стратиграфија на античкото наследство, облагородена од
горливата инспирација на христијанската ученост и пробликната со сочните
творечки импулси на словенскиот темперамент, таа израснала низ столетијата на
драматичната социјална и политичка одисеја на македонскиот народ во потрагата
по вистинските етнички корени и сопствената самобитност. Изградена од
долговековната креација на неимарите и зографите, на поетите и беседниците, на
иконописците и препишувачите, на мисионерите и книжевниците, македонската
ризница на уметнички дела го одразува епскиот дух на историското опстојување и
грандиозниот творечки опус на нашите предци од средновековната епоха.
Монументалните храмови што се издигаат како тврдини на православната
духовност, инспиративните молитви напишани од рацете на народните учители,
раскошните панорами сликани по ѕидовите на црковните зданија и прекрасните
иконописни творби украсени со сребрени опкови и трепет на чисто злато го
воздигнуваат македонскиот средновековен уметнички трезор на пиедесталот на
нашите најдобри и најрепрезентативни творечки дострели.
Средновековната книжевност и уметност на Македонија претставуваат
историски аргумент со важност од цивилизациски и културни размери.
Широчината на ваквата придобивка најнапред се однесува на исполнувањето на
двата неопходни услови за постоење цивилизација: словенскиот јазик и
словенското писмо. Преку овие суштински алатки за просветителска и
општокултурна активност во средновековна Македонија, станало единствено
возможно остварливо една култура да премине во цивилизација и овој клучен
историски настан да го маркира својот културен и цивилизациски влог како
општословенски.
Црноризец Храбар во својот апологетски спис „За буквите″, посветен на
историското значење за создавањето на словенското писмо, запишал дека ако
словенските учени луѓе бидат запрашани кој им ги создал буквите или пак, кој им
ги превел книгите, одговорот секогаш ќе биде едногласен и непроменлив, а тоа се
Кирил и Методиј.

1. Книжевност и сликарство во Македонија

Раната книжевна продукција на словенски јазик, присуството на


најзначајните химнографски текстови како преводна литература во
средновековната македонска книжевност и нивната литургиска примена, како и
раното формирање на црковен чин на словенски јазик, стануваат темел на
новоформираната словенска култура базирана врз христолошкиот принцип. Во
рамките на генералната хронологија, која се однесува на присуството на
преводната средновековна македонска книжевност од времето на
кирилометодиевската мисија и нивните ученици, го истакнуваме постоењето на
најголемите интелектуални, книжевни и духовни центри, Охридската и
Преславската школа, од каде што призлегува најголемиот словенско-византиски
корпус на преводната литература. Присуството на првите преводни дела со
глаголско писмо во рамките на Охридската книжевна школа го легитимизира
писмениот карактер на словенскиот јазик, а самата препишувачка техника и
преводот од грчки придонесуваат за стабилизирање и етаблирање на лексичко-
морфолошките и синтаксичко-стилистичките нормативи на словенскиот јазик и за
збогатување на ризницата на ранословенската книжевност. Најстариот словенски
период, којшто ја опфаќа хронолошката граница од втората половина на IX до
крајот на XI век, се одликува со доминација на глаголицата, но со паралелна
употреба на кирилицата, која својата целосна афирмација во словенската
книжевност ја доживува во XII век. Според тоа, Охридската школа се
карактеризира со истакнувањето на глаголскиот карактер на книжевната дејност и
доследното следење на прасловенската основа преку присутноста на архаични
јазични средства. Преславската школа, по иницијатива на владетелот Симеон, ја
негува кирилицата и ја зема како официјална, со што истакнува нов етимолошки
пристап и поблизок однос кон грчките предлошки, реформација на правописот,
зборообразувачки иноваци, калкирани сложенки и слично.
Од 14тиот век, во Македонија започнува да се засилува влијанието на
српската варијанта од старословенскиот јазик, а нормално тоа започнува со еден
вид на асимилација, односно Македонија потпаѓа под српската држава. Можеби и
затоа сведочи до ден денес, што јужните краишта од Србија на многу сличен
дијалект зборуваат со нашите северни краишта. Со доаѓањето на Турците, односно
на Отоманската Империја во овие краишта, писменоста значително опаѓа.
Како времето поминува, вредно е да се спомене дека подоцна се јавуваат и
првите книжевни центри, тоа Кратовски, Лесновски и Слепченски. Кон крајот на
16тиот век, а и потоа во следниот период, се преведуваат зборници наречени
дамаскини, а и се формираат манастирски и свештенички улилишта. Поголемиот
број на жители, всушност и таму се описменуваат. Интересно е што токму во овие
центри, подоцна и започнува печатење на првите македонски дела.

Некои од нив се:


- Слепченскиот писмовник
- Тиквешкиот зборник
- Превод на Дамаскинските преводи

Уметноста, односно сликарстовото во тоа време, поминува врз еден


навистина сложен период. Македонија е покорена под Турците, цели 500 години,
покорена е и нема услови за позначајни уметнички дела. Во тие историски рамки,
Света Гора се јавува како чувар на Христијанството, која во тој период претставува
уметнички центар на Балканот. Зографските тајфи од Македонија кои имаат
контакти со монашкиот центар, будно ги следат моментите и работите таму, се
однесуваат и според тамошните прописи. Но влијанието не доаѓа само од Света
Гора, напротив, развојот на резбарството влече корени од Грција, односно
Мијачките резбари го научитле тој занает таму, исто постојат приказни дека тие го
учеле во Италија, подоцна преку Дебар ги пренесувале иконостасите во
Македонија.
Во почетокот на 19тиот век дејствуваат релативно непознати зографи, кои
фамилијарно биле едуцирани. Еден од најраните живописци кај нас е Трпо Зограф
од Корча, која ја живописува Наумовата капела со сцени од животот на Наум, во
Св. Наум во Охрид. Тој инаку користи грчки сликарски прирачник и по се изгледа
тоа се неговите ангажмани во Македонија. Други познати живописци, зографи се:
Теодосиј Зограф, Крсте поп Трајанович, Силја Зограф, Ѓорѓи Дамјанов, кој
навестува напуштање на старото сликарство, започнува да слика пријатни за
гледање светци. При крајот на 19тиот век, се случуваат значајни промени во
зографството – односно во сфаќањето на формата и ликовниот израз, се прифаќа
естетиката, односно се разубувавуваат облиците и профаните детали. Тоа го
наговестуваат Димитар Андонов Папрадишки и Ѓорѓи Зографски.

2. Формирање на македонското граѓанство

Со доаѓањето на 18тиот и 19тиот век, започнува, се гледа крајот на Турската


империја, таа станува економски и политички зависна од европските земји.
Феудализмот се истиснува и се афирмира стоковно паричната размена, се
насочуваат кон стоковно производство, а занаетчиството зема огромен замав, се
зголемува и по обем. Всушност токму благодарејќи на органзиацијата на
занаетчиите и трговците, во еснафи, тие имаат позитивно влијание врз градовите
и економско нивно јакнење, а со тоа и духовниот и културниот живот да градот
живнува. Иако тој период, главно градовите живеат Турци, Грци и Власи, сепак
поради огромните проблеми на село, се случува при почетокот на 19тиот век,
миграција од село во град. За ова сведочи Ами Буе, кој ја патувал Македонија од
1836 до 1838 година, Скопје тогаш според него имал само 10 илјади жители, a
Битола 40 илјади. Но со миграцијата, се менува не само демографски, туку и
етнички, се зголемува христијанското население, постепено и националниот
елемент се јакне, се случува и голем економски подем. Така постепено се создава и
македонска граѓанска средина, доаѓа до израз животот во чаршијата, младото
македонско граѓанство се консолидира и започнува да дејствува.
Со објавувањето на Ѓилханскиот хатишериф, се прокламира, родова, верска,
социјална еднаквост, без разлика на положбата на граѓаните, а со ова се воведува
и црковнословенска богослужба, се служат со народен говор, се интензивира
градењето на верски објекти како и печатењето на книги и останати дела.

3. Димитар Андонов Папрадишки

Димитар Андонов, родум од Папрадиште во Азот, Велешко, по што го зема и


своето презиме. Судбината го направила уметник, уште од самото раѓање, решен е
да го оди тој пат, за да го исполни патот кој го одредила неговата судбина. Според
семејното предание од неговата автобиографија, неговите предци – Ангелко,
Петар Неданоски, Китан Петров, биле зографи, ѕидари, каменоресци и резбари.
Неговиот татко Андон Доне Китанов, ги наследува занаетите од татка си,
оргиентирајќи се претежно на градителство, подигајќи цркви во Источна
Македонија. Димитар Андонов Папрадишки е роден 1859 година од Андон
Китанов и Илинка Стојкова, иако и според самиот Андон можеби годината на
раѓање да е промашена,односно да е 1864.
Како мал е одличен ученик, за тоа време тој се запишува во четврто класно
училиште, во Велес, кое го завршува со успех. Немајќи избор каде да оди на
образование понатаму, принуден е да го учи зографскиот занает од татка си. Како
младич, во него се јавува „патриотизмот“, силно е поврзан со родната земја, се
придружува на „комитлукот“, лично се познава и со Гоце Делчев, па дури во
неговата автобиографија споменува дека е затваран и прогонуван. Во едни тешки
политички времиња за Македонија, се јавува во него уметничкиот дух,
Папрадишки се создава како деец и човек. Уште од млад помагајќи му на татка си,
го забележува влијанието на „другите“ цркви, на другите јазици кои се пееле во
македонските цркви, па за да им помогне, тој купува славјански учебници, ги учел,
ги читал, ги знаел наизуст. Поради сето ова, тој е затворен и лежел во затвор шест
месеци. Овие години се јавуваат и неговите први дела, тој ги слика вратите за
црквата Свети Димитрија во село Кованци, Гевгелиско,во својство на зограф ова се
негови први самостојни дела. Започнувајќи ја втората деценија од својот живот, тој
започнува нова етапа од својот живот, осамостувајќи се тој ги превзема работите од
татка си, станува самостоен зограф. Учествува во живописот во црквата Свети
Атанасие во село Теово и икони за црквата Св Петка во село Ореше, претежно во
велешкиот крај. Се вели дека тој веќе станува подобар од татка си, но решава да
продолжи со образованието, заминува за Киев, каде завршува со успех, учејќи дури
три до четири години.
Во 1887ма година учествува на конкурсна изложба во Моска, освојува
сребрен медал и илјда рубли. Но во исто време добива писма од татко му, дека 200
души разбојници го ограбиле и запалиле родното село. Тој решава да се врати и да
го помогне селото со добиената награда. Тие се селат во градот Велес, а тој токму
тој период е интензивно работлив, односно ги слика иконостасите за црквите
Свети Николга во Село Лисиче, Св Ѓорѓи Победоносец во Ново Село, Св. Спас во
село Голозинци и го изведува заедно со Петар Николов и неговата зографска
тајфа, живописувањето на Свети Јоаким Осоговски во самиот манастир. Тие
години се венчал и за девојка велешанка, станува татко на две деца, Руса и синот
Томислав.
Во Штип во 1889та година го слика иконостасот за цкрвата Св. Никола, како
и Св. Троица во Кочанско. Еден плоден период за Андонов, каде што и повторно се
враќа во Св. Јоаким Осоговски каде развива работа на иконописот. Но тој тука не
запира, при крајот на 1900та година е повикан и во Софија да наслика неколку
портрети, се задржува одреден период. Заминува и повторно за Русија, односно
Москва, а потпомогнат од профсор Вајганд, оди и до Дрезден, сакајќи да види до
каде е руската религиозна и творечка уметност.
Во овие години остварува и личен контакт со Гоце Делчев. Тој во својата
автобиографија наведува дека бил помошник на Делчев и ја прифатил неговата
идеја. Ова веројатно се случило додека и двајцата работеле во Ново Село во Штип,
додека Гоце бил учител а Андонов работел во црквата Успение на св. Богородица.
Меѓутоа тој не говори за ова многу, веројатно сакајќи да ги заштити окружоците а
и самиот Гоце. Кон крајот на деценијата, тој заминува и работи во Србија, во
соработка со Ѓорѓи Зографски. Но со доаѓањето на Балканските Војни, неговот
дејствување прилично се намалува, дури тој е и затворен во Велес, а потоа и на
Косово, но тој воспоставува контакт црковните власти, таму го прави иконостасот
за црквата Св Сава. Во 1919та година тој со целото семејство се сели во Скопје, каде
настапува едно ново освежување, му прија и позитивно влијае новата клима врз
него.
Тој станува познат во чаршијата, познат мајстор за својот занает, каде прави
ателје и изложба, се афирмира како црковен сликар, а се запознава и со Никола
Мартиновски. Неговата работа оттука продолжува непречено се до неговата смрт,
слика преку 30тина цркви, за Народниот музеј на Скопје, дел е од развивањето на
скопската културна и уметничка јавност. Продолжува да живее и твори во Скопје,
живее среден градски живот, го сакал животот, љуби да се дружи, го посетуваат
сликари се до крајот на неговиот живот, каде на 95 години починува господинот
Димитар Андонов Папрадишки, погребан со државни почести.

4. Ѓорѓи Зографски

Роден во село Папрадиште, Велешко, од татко Јаков мајстор градител,


резбар, живописец и мајка Ката, домаќинка. Основното образование го минува во
Папрадиште, учејќи и едуцирајќи се да чита, учи од старите старословенски книги,
кои биле со црковен карактер. Штом малку потпораснал, оди со татко му да му
помага, да учи занает, но што се случил зулумот во 1884, селото било нападнато и
ограбено, како и сите други бил приморан да се сели во градот Велес. Но тука и се
случуваат неговите први среќни моменти, забележан е од Јатребов, рускиот
конзул, при што сака и да го прати на школување во Русија. Тоа и некако му
успева, кога самостојно заминува за Солун, каде ги добива потребните документи,
од таму и заминува во Русија на 10месечен престој.
Според неговата автобиографија тој е директен потомок на Дамјан Јанкулов,
тој се смета дека е последниот претставител на нишка долга 250 години, цело
фамилијарно стебло кое се занимавало со резбарство, мајстори на својот занает.
Тој за разлика од Андонов својот пат го гради на различен начин, во зависност од
својот животен пат,иако често соработувале со цел унапредување на ликовната
платформа. За разлика од Андонов, Зографски не запишал целосна
автобиографија, информациите се помалку достапни и се оскудни.
При крајот на 1890 година заминува во Србија, каде врши дејности и работи
повикан од српските црковни власти. Слика и украсни декорации во куќите на
побогатите семејства, портрети на неговите сонародници, а од овој период е
зачуван и „Женскиот период“, за кој се претпоставува дека е првата љубов на
авторот. Интересно е тука во Софија, дека многу веројатно го учи и фотографскиот
занает. Овој период се венча на неполни 23 години за Сава Тонева Мицајкова, од
село Скачинци Велес, го добиваат синот Тодор. Меѓутоа по краток период Сава
починува, а Ѓорѓи заминува за Србија каде работи портрети и дополнителни
работи околу црквите.
Во 1902 година Зографски поднесува до одборот за изградба на нова црква
во Кушрумлија, план за иконостасот во две варијанти. Сликарските работи се
изведени, но по се изгледа ова е и прва официјална соработка помеѓу Ѓорѓи
Зографски и Димитар Андонов, а дрвениот скелет од иконостасот го изработува
Јаков. Тука Зографски сликал и поединечни икони на светци. 1903 се преженува,
започнува да работи во својата работилница во Велес и уредува просторија за
фотографски моменти, според синот Тодор еден мошен среќен период. Доаѓаат во
посета многу зографи, тој станува достоен заменик на Јаков, дека станал подобар
мајстор од него. 1905 година го слика иконостасот за црквата Св. Петка во с.
Сечаница близу Ниш, некако тоа му се допаѓа непреченото дејствување, па така
1907 година тој се сели во Ниш, каде ја завшрува и големата слика Вистинит
настан. Таму бргу се вклучува во редовна сликарска работа, но се ангажира и во
сликањето на портрети, каде што се докажува и покажува дека знае и умее. Го
работи и иконостасот на црквата Св. Арханѓел Михаил. 1908 ја слика иконата Св.
Илија за црквата во Печењавац, Лесковачко. Портретира и две свештени лица од
Нишката епархија, со што тој добива редовно работа од нив. Со Балканските војни
заминува за Велес, каде живее и работи до крајот на својот живот. Овој период е и
уапсен поради портрет на Кралот Петар I, за што минува 15тина дена во затвор. По
завршувањето на војните, од почит, избран е за кмет на градот Велес, иако не
делува заинтересирано. Овој период слика во Оморанскиот манастир, Св Атанасие
во Богомила, Јован Претеча, Св Архангел во Штип.
Следниот период од 1927 година е еден од поплодните, слика иконостаси за
Света Недела, Св Атанасие, за Воскресение Христово во Струмичко, станува дел од
врвното црковно сликарство, но и продолжува да слика портрети. Станува заедно
со Андонов признат, почитуван сликар, во црковните кругови тој е проверен и
достоен. Во 1930тата година заминува за Србија, каде ја живописува црквата Св.
Константи и Елена во Ужичка Пожега, а потоа во Белград слика икони за Св
Никола на Новите Гробишта. Тој продолжува да дејствува и живее на релација,
Велес – Србија, се до доаѓањето на Втората Светска војна, во поодминати години,
каде постојано продолжува да твори и слика во домашни услови, каде според
наводите – тој длабоко ужива. Запаметен е како еснафски човек, доверлив,
сериозен и професионален, не само во средината на Велес, туку и на Балканот. На
74 години, починува во скопската болница, а подоцна неговите останки се
пренесени од Велес во Скопје. Никој од неговите деца не ја продолжува
традицијата на Рензовско – Зографскиот род.

Заклучок

Ако со Димитар Андонов Папрадишки започнува периодот на развитокот на


ликовната уметност во Македонија, тогаш Зографски е неговиот достоен
наследник. Од горенаведеното можеме да заклучиме, дека нивниот животен опус,
творечка дејност, е директно поврзана со развивање на „убавото“ во Македонија.
Сликајќи, резбајќи, творејќи, тие создаваат творби со профана содржина, творби
кои се директно поврзани со развивањто на Христијанството во Македонија, па и
на Балканот. И на Андонов и на Зографски животите се исполнети со мошне
плодна активност, не само во областа на црковното сликарство туку и како дел од
развивањето на македонското граѓанство.
Иако ова се мрачни времиња не само за уметноста на Балканот, туку и за
самите политички состојби на Балканските земји, сепак сите овие дела
претставуваат една органска целина што доаѓа како резултат на самиот развој на
уметноста, еволуција, промени кои за навек се дел од историјата на уметноста.
Користена литература:

1. Панонски Легенди – Скопје, 1987 година


2. Х. Поленаковиќ, Творците на словенската писменост, СКопје, 1985
3. Д. Андонов, Автобиографија Скопје 1946
4. С. Леуновиќ, Нашите последни зографи
5. Т. Зографски – Спомени за мојот татко

You might also like