You are on page 1of 6

1.

Вовед

YouTube претставува 81-томаркетинг средство на претприемач. Како


надополнување на претходното за кое стана збор, Flickr во кое споделувате слики,
оваа маркетинг средство се однесува на споделување на видео.

Доколку сликата вреди илјада зборови, колку ли ќе вреди едно видео. И


надополнето на ова, доколку Вашето видео биде видено од милионска
аудиенција, колкаво маркетиншко влијание ќе има Вашата активност од неколку
часа за креација на истото?

Иако насловот на овој пост потенцира конкретен сајт за споделување на видео


– YouTube, сепак постов се однесува повеќе на видео за споделување на
интернет во бизнис цели кое секако може да се сподели и со други сервиси. Сепак
го избрав YouTube како најголем од сите тие.

Споделување на видео можеби е наједноставен начин за започнување на


градење на портфолиото на социјалните медиуми за Вашиот бизнис. Доколку веќе
извесен период Вашиот бизнис постои сигурно имате направено некоја VHS
снимка која привлекува прав во некоја полица. Можеби исто така имате некое
видео од некоја реклама или снимка од производен процес, или пак снимка од
прослава со задоволните купувачи која се наоѓа на Вашиот хард диск ви зафаќа
простор и не знаете што да правите со тие снимки… Од друга страна денес не е
потребна скапа технологија за да се направи добра видео презентација. Со
инвестиција од неколку стотини евра и неколку часа Вашата виде презентација ќе
биде подготвена. Нормално, не како професионалците кои ќе Ви наплатат
поголема сума, но за еден мал бизнис со ограничени финансиски ресурси ќе биде
доволно да започне да ја гради сопствената присутност на интернет преку видео.1

2.YouTube рекламирање

Темелите на денешниот YouTube се поставени од страна на Чед Хрли, Стив Чен и


Џод Карим, поранешни работници на во фирмата PayPal. Доменот „YouTube.com“
е активиран на 15 февруари, 2005 година, а во текот на следните месеци страната
се повеќе и повеќе се развива. Во мај 2005 страната и е понудена на преглед на
јавноста, а 6 месеци подоцна и официјално почнува со работа. YouTube е
започнат со приватни средства, а инвеститорската фирма „Sequoia
Capital“ во ноември, 2005 уложува 3,5 милиони долари, за потоа во април, 2006 да
уложи дополнителни 8 милиони долари. На 9 октомври 2006 год. најавено е дека
компанијата ќе ја превземе Google за 1, 65 милијарди долари. Договорот е
потпишан на 13 ноември, а во него стои дека YouTube ги задржува своите 67
работници и продолжува да работи независно од Google.

Спрема статистичките истражувања од јуни, 2006 година на YouTube дневно се


прегледуваат по 100 милиони видеа, а во тек на 24 часа просечно се поставуваат
по 65 000 нови видеа. Спрема истражувачките
фирми Nielsen/NetRatings страницата ја посетуваат скоро 20 милиони корисници
месечно од кои 44% жени и 56% мажи, на возраст од 12 до 17 години.

YouTube претставува сервис за споделување на видео материјалчиња кој им


овозможува на корисниците лесно и едноставно без никакво техничко знаење да
постават видео на интернет и тоа преку различна технологија – веб сајт, мобилен
телефон, е-mail…

1
Lextrait, Vincent (July 2010). "YouTube runs on Python". Archived from the original on May 30,
2012. Retrieved September 5, 2010.
Она што е карактеристично за YouTube e што гледачите на видео
материјалчињата можат да оставаат коментари и секако да копираат линк за
споделување на видео или код за поставување на друг веб сајт. Сето ова го
поттикнува вирозниот елемент на овој сервис.

Секојдневно на YouTube се појавуваат илијадници нови видеа на кои луѓе на


секој можен начин се обидуваат да привлечат внимание. И не само тоа, истите
молат за лајкови и за посетеност. Основаат свои канали и секојдневно аплодуваат
нови содржини. Наизглед смешно и очајно, но всушност станува збор само за
заработка. Некогаш мала, дополнителна, но некогаш станува збор за огромни
суми.

Најпрво сите знаеме дека YouTube е веб портал за слободно и бесплатно


прикачување на домашни видеа, официјални видео записи, влогери па дури и
slideshow од слики. Се разбира претходно потребно е да имате направено свој
канал преку кој ќе ги објавувате овие видеа, а воедно добивате бенефиции да
коментирате на други видеа, да “лајкнувате” итн. Исто така можете да станете
претплатник на друг канал, со што ќе можите да ги следите активностите на тој
канал, а исто така и другите канали можат да бидат ваши претплатници.

Додека сето ова е забавниот дел, YouTube партнерството претставува веќе


бизнис и тука ограничувањата се поголеми. Постојат правила според кои можеш
да станеш YouTube партнер, а некои од нив се: објавување на оргинални видеа,
забранет расизам, национализам или било кој вид на дискриминација, забранета
е голотија и вулгарни содржини, забранет е вулгарен јазик, забранети се
прикажувања на конзумирање дрога и така натаму. Но тоа не е се. Покрај овие
пишани правила, постојат и некои други правила според кои се избираат
YouTube партнерите како на пример, потребно е над 1000 претплатници и преку
50 000 прегледи на каналот кој го поседувате. 2

2
"Youtube.com Site Info". Alexa Internet. Retrieved April 1, 2014.
Доколку успеете да станете партнер до YouTube тоа не значи дека ќе добивате
пари, сеуште. Постои ценовник по преглед кој се менува секојдневно поради
слободата на компаниите кои се рекламираат за тоа колку пари ќе одделат.
Така, процентот кој го добивате варира од 0.02 до 0.05 долари за преглед на
едно видео. Но постои уште еден последен услов. Најпрво потребно е да
постигнете гледаност од 1 милион на едно видео, за да започне процесот на
наплаќање.

2.1.План за рекламирање на Youtube

Во овој дел ќе се обидам накратко да презентирам еден процес на користење на


YouTube во маркетинг цели на Вашиот бизнис:

 Направи план. Одговори на прашањата што ќе снимам, како ќе снимам и


кога ќе снимам видео клип за бизнисот. Што ќе снимате зависи од Вашата
креативност. Дали ќе изберете тестирање на Вашите производи, или пак
некоја презентација, или пак рекламент клип, или пак How To прикажувања
на користење на Вашите производи/услуги или пак било што друго што ќе
биде од интерес на Вашите потенцијални купувачи ќе зависи од Вашата
креативност. Како ќе снимате ќе зависи од буџетот што го имате за набавка
на опрема – видео камера и/или микрофон. Кога ќе снимате ќе зависи од
тоа колку видео материјалчиња сакате да правите во одреден временски
период и колкаво време имате на располагање.3

3
Cloud, John (December 16, 2006). "The Gurus of YouTube". Time Magazine. Retrieved
November 29, 2008.
 Опрема. Набавете ја опремата, тестирајте ја и спремете ја за Вашето прво
видео. Ќе ви биде потребен и софтвер за едитирање за да можете да го
подзасредите видеото кое ќе биде снимено со камера.

 YouTube. Отворете сметка на YouTube и направете посебен канал за


Вашиот бизнис. Откако Вашето видео ќе биде спремно поминете на
постапката за аплоадирање.

 Маркетинг на каналот. Нема корист од еден ваков канал доколку не ве


дознаат луѓето. Првин, сите информативни рубрики на каналот пополнете
ги колку што може поинформтивно. Второ, поставете линк на вашиот веб
сајт до вашиот YouTube канал. Споделете го видеото на Facebook и Twitter.
Напишете пост на Вашиот блог на кој ќе го ембедирате кодот од видеото.
Ставете линк до вашиот YouTube канал на сите останати маркетинг
средства…

2.2. Приходи од рекламирање на Youtube

Приходите од рекламирање на YouTube за оваа година ќе стигнат до 5,6


милијарди долари, покажуваат пресметките на истражувачката куќа
еМаркетер. Според оваа објава, YouTube ќе задржи 1,96 милијарди долари,
а останатите пари ќе ги разделат партнерите на видео сервисот.

Инаку споредено со лани, приходите на YouTube во 2013 година ќе бидат 65


% повисоки, што значи дека ги надмина приходите на интернет гигантите
како Твитер, Амазон или Линкедин.

Анализата покажала дека приходите од рекламирање на YouTube годинава


ќе достигнат 5,1 % од вкупните приходи од реклами на Google.
Извори:

1. Lextrait, Vincent (July 2010). "YouTube runs on Python". Archived from the


original on May 30, 2012. Retrieved September 5, 2010.
2. "Youtube.com Site Info". Alexa Internet. Retrieved April 1, 2014.
3.  Cloud, John (December 16, 2006). "The Gurus of YouTube". Time Magazine.
Retrieved November 29, 2008.

You might also like