You are on page 1of 16

Универзитет ,,Св.

Кирил и Методиј”- Скопје


Природно - математички факултет
Институт за Географија

ГЕОГРАФИЈА НА НАСЕЛБИ

Географска монографија на Осло

Изработил: Предметен професор:


Пане Трајков Проф. д-р Мирјанка Маџевиќ

Скопје, 2019
Содржина

Вовед............................................................................................................................................3
Географска положба и сообраќајна поврзаност......................................................................4
Природно – географски карактеристики..................................................................................6
Геолошки состав и тектоника.............................................................................................................6
Климатски карактеристики.......................................................................................................7
Биогеографски карактеристики................................................................................................8
Историски развој на населбата.................................................................................................9
Демографски карактеристики.................................................................................................10
Вкупно и природно движење на населението..................................................................................10
Економски карактеристики.....................................................................................................12
Туризам...............................................................................................................................................12
Инфраструктура.................................................................................................................................13
Заклучок....................................................................................................................................14
Користена литература..............................................................................................................15
Вовед

Норвешка, со главен град Осло е земја лоцирана во Северна Европа и на северните


и западни делови од Скандинавскиот Полуостров. Поголемиот дел од земјата граничи со
вода, вклучувајќи го Северно Море на југозапад, теснецот Скагерак на југ и Норвешко
Море на запад, Баренцово Море на североисток. Норвешка има копнена граница со
Шведска на исток, пократка граница со Финска на североисток и уште пократка со
Русија.

Норвешка има издолжена форма, високи крајбрежја и околу 50,000 острови крај
исклучително разгранетиот брег. Норвешка е една од најсеверните земји во светот и е
една од земјите во Европа со најмногу планини на чии територијални површини
доминираат Скандинавските Планини. Просечната височина на земјата е 460 метри, а
32% од копното се наоѓа над шумската граница.

Слика 1: Местоположба на Норвешка

Во продолжение ќе се запознаеме со поврзаноста на Осло со другите делови,


климатски факти за оваа северна земја, нејзината геолошка структура и биодиверзитетот
којшто е тука присутен. Осло е град каде има ботанички градини, се стреми да биде
најеколошки град и земја каде има најмногу електрични возила по глава на жител.
Ќе се запознаеме со некои интересни историски факти за почетокот на Осло и како
тоа го добил неговото име и ќе погледнеме демографски карактеристики за населението
кое живее таму.
Географска положба и сообраќајна поврзаност

Осло зафаќа земјиштен лак на најсеверниот крај на Осло-фјорд, е речиси затворен


од Несоденскиот Полуостров спротивно од Осло, кој лежи кон југ; во сите други насоки
Осло е опкружен со зелени ридови и планини. Има 40 острови во непосредна близина на
градот, а најголемиот е Малмоја со површина од 0.56 km2. Осло има 343 езера, а најголемо
езеро е Маридалсванет со површина од 3.91 km2. Тоа е и главен извор за вода за пиење во
повеќето делови на Осло.

Иако Источна Норвешка има многу реки, ниту една од нив не се влева во морските води
на Осло. Градот има две помали реки: Акерселва и Ална.

Слика 2: Главниот град Осло

Воздушно градот го поврзуваат Аеродромот Осло, каде има и експресен воз.


Аеродром Сандефјорд, во областа Вестфолд кој се наоѓа на оддалеченост од 110км и
Аеродромот Мос во областа Остфолд на оддалеченост од 60км.

Поморски градот е поврзан со секојдневни фериботи до Кил (Германија),


Копенхаген (Данска), Фредериксхавн (Данска) и Несоден (Норвешка).
Јавните фериботи одат секојдневно од и до островите наоколу водите на
пристаништето во Осло.
Во Осло се наоѓа главната железничка станица која се поврзува со: Трондхеим,
Берген, Ставангер, Стокхолм (Шведска), Гетеборг (Шведска) и Копенхаген (Данска). Во
2004г. Норвешките возови беа трета најнавремена национална железничка компанија.
Додека пак во првите 4 месеци од 2005г. точноста била 92.9 проценти.
Јавниот превоз во Осло е управуван од општинската транспортна компанија Осло
Спорвиер. Тоа вклучува метро, трамвај, автобус и ферибот, но не и локалните железнички
линии кои се управувани од државната железничка компанија. Целокупниот јавен превоз
во Осло работи со обични билети кои можат да бидат користени само во границите на
градот. Јавниот превоз изнесува 85% од целокупниот, а само 15% изнесува приватниот
вклучувајќи ги автобусите и фериботите со рути по договор.

Слика 3: Јавен превоз во Осло

Системот на трамваите е направен од 6 линии што минуваат низ внатрешните


делови на градот и се движат кон надворешните. Метро системот ги поврзува источните
и западните предградија и составува 6линии кои се спојуваат во тунел под центарот на
Осло. Постојат метро линии со броеви од 1 до 6, а тие на трамваите се со броеви од 11 до
13 и од 17 до 19.

За добивање на пристап во центарот на градот потребно е плаќање патарина на


некоја од 19те влезни точки околу обиколницата. Цената изнесува 25 NOK за влез во
управуваната зона во било кое време од денот, седум дена во неделата, а постои и
сезонски билет.
Приходите од патарините служат за финансирање на јавната патна мрежа и превоз.

Слика 4: Аеродромот во Осло


Природно – географски карактеристики
Геолошки состав и тектоника

Рифтот Осло е формиран за време на Пермот, последната фаза на Херцинската


орогенеза. Периодот на формирање на рифтот започнува во доцниот Карбон, кој
кулминирал со создавање на рифтови и вулканизам. Оваа активност била проследена со
издигнување и завршила со интруизивни карпи околу 65 милиони години по
започнувањето на создавањето. Местоположбата е во околината на Осло.

Слика 5: Рифт Осло

Лавата се создавала во големи количини и тие се одраз на период кој изобилува со


земјотреси и кога тектонските сили ја разнеле кората.

Во областа Вестфолд еден тек на лавата се депонирал во просек на секои 250,000


години, резултирајќи со создавање на 3000 метри дебела површина од главно вулкански
материјал. Во околината на Осло, лавите биле депонирани во просек на секои 800,000
години. Само неколку остатоци од растенија се пронајдени помеѓу овој простор со лави.

За време на Пермот, ерозијата ги отстранила вулканските врвови и поголемиот


слој на лава и ги оставила отворени магматските комори така што им дозволува на
научниците ретка можност за да видат што се случува под рифтот.
Климатски карактеристики
Благодарение на Голфската струја која носи топли води, климата во Осло е многу
поблага во однос на географската ширина на која се наоѓа.

Поради местоположбата некои луѓе веруваат дека Осло е најдобро да се посети


само за време на зимата. Сепак, летата во Осло се пријатни и со топли денови.

Летните месеци траат од мај до август, така што тоа претставува најдобар период
за да се посети Осло за оние што го сакаат изгрејсонцето, особено периодот помеѓу мај и
јуни. Осло може да биде зафатено од речиси 24 часовна светлина, со познатото полноќно
сонце кое вообичаено се појавува во јуни или јули.

Зимската сезона е најдобра за оние кои сакаат да скијаат или пак да се пробаат
други зимски активности како лизгање на мраз, риболов на мраз, па дури и крос-кантри
скијање. Зимскиот период трае од септември до април што е одличен за зимските
ентузијасти. Мразот се развива на фјордот и температурите одат по –6.0°C. Во просек
повеќе од 25 сантиметри снежна покривка има над 30 дена во годината. Просечните
годишни врнежи се 763 милиметри и зимото е малку посуво од летото.

Слика 6: Временските карактеристики во Осло


Биогеографски карактеристики
Островот Ховедоја има најмногу културолошка историја, најмногу посетители и
најголем биодиверзитет од било кој друг остров на Осло. Ниту еден остров во
внатрешниот дел на Фјордот Осло нема поголема различност меѓу растенијата од
Ховедоја. Во раниот XII век имало манастир каде свештениците носеле растенија за
медицински потреби на островот.

Слика 7: Цвет-симболот на Осло

Делумно благодарение на средновековните монаси, Ховедоја има огромен


диверзитет на видови растенија.
Оваа различност на видовите не може да биде одржана без помагање. Зголемениот
број на посетители, особено откако е започнато оперирањето на фериботите ја нарушува
хармонијата.

Слика 8: Лос Слика 9: Машки каперкали


Историски развој на населбата

Значењето на името на Осло потекнува од старо норвешки јазик и веројатно било


име на некоја фарма на некоја од првите населби во Бјорвика.

Во средновековието името се изговарало Асло (Ásló), а подоцна Осло (Ósló). Тоа


сугерира дека првиот дел "ás" се однесувал или на Екеберговото подножје кое се наоѓа
југоисточно од градот или пак норвешкиот хомоним што значи "бог" или "божество".
Веројатно најточното толкување би било "ливадата под подножјето” или пак "ливадата на
боговите". И двете се еднакво веродостојни.

Слика 10: Изгледот на населбата во минатото

Пожар во 1624г. го уништува поголемиот дел од градот (делот сега познат како
Гамлебјен), па градот бил преместен поблизу до Акершусовата тврдина. До крајот на
1800тите години градот бил нарекуван со името Кристанија. Службена одлука никогаш
не била направена, па така и двете форми биле во употреба. Оригиналното име на Осло
било вратено со закон на 11 јули 1924г., кој стапил на сила од 1 јануари 1925г.

Според писанијата Осло е создаден околу 1049 година од Харалд Хардрада.


Неодамнешни археолошки истражувања откриле христијански гробови кои датираат
околу 1000 година, кои служат како доказ за некаква претходна населба.
Демографски карактеристики
Вкупно и природно движење на населението
Според последниот попис, 70% од населението се етнички Норвежани. Градот има
голема популација на имигранти и многу Норвежани родени со родители имигранти. Од
648,000 новородени во Осло, 190,000 биле деца родени на имигранти што е речиси 30%
од популацијата.
Државниот просек на имигрантско население е 14%, што претставува бројка
далеку надмината во сите предградија на Осло. Предградијата Сондре Нордстранд и
Стовнер ог Ална ја имаат највисоката популација на имигранти која изнесува 50%.
Најголемото малцинство во Осло се Пакистанците, а потоа следуваат имигранти
од Шведска, Сомалија и Полска. Исто така има и големи заедници на луѓе од Ирак, Иран,
Виетнам,Турција, Марко, Филипините и Шри Ланка. Западниот дел на Осло е главно
населен со етнички Норвежани и помалку од 5% имигранти, додека пак во источниот дел
речиси 97% од децата во училиштата се имигранти. Околу 40% од децата во основно
училиште имаат прв јазик различен од норвешкиот.
Околу 63% од населението во Осло припаѓа на Норвешката Црква, далеку под
националниот просек од 82%. Муслиманите претставуваат 8% од популацијата, а по нив
следуваат католиците.
Слика 11: Наталитет и прираст на населението
Слика 12: Структура на населението

Слика 13: Населението според потеклото во Осло

Економски карактеристики
Туризам

Издигната над фјордот Осло на височинката е сместена грандиозната Акершусова


тврдина, изградена од Хакон V на крајот на XIII век. Тука е лоциран и Музејот на
Норвешката Ренесанса.

Слика 14: Акершусова тврдина

Ниту едно патување во Норвешка не би било комплетно без да се посети барем


еден од многуте музеи посветени на Викинзите. Еден од тие е Музејот на Викиншки
Бродови. Тука се сместени 3 брода од IX век, најдобро зачуваниот 21 метарски борд на
Озберг. Најголемиот зачуван предхристијански артефакт на Скандинавија, добро
декорираниот брод изграден околу 800 година кој бил користен за закопување на жената
на поглаварот и две други жени. Тие биле закопани со многу други предмети како накит,
лични предмети и сл. Другите бродови го вклучуваат и бродот Гокштад и други.

Слика 15: Викиншки брод


Слика 16: Музејот Мунк

Посветен на животот и делото на Норвешкиот најголем сликар, Едвард Мунк


(1863-1944), Музејот Мунк има огромна колекција на цртежи, графички претстави,
боења, воденибои, скулптури и сите се од неговиот живот. Има над 28,000 дела, неговата
опрема за сликање, па и неговата приватна библиотека. Музејот има посебни ексопонати
посветени на одредени делови од животот на Мунк преку филмски проекции, концерти,
организирани тури и предавања.

Музејотот на природна историја е составен од Геолошкиот музеј, Зоолошкиот музеј и


Ботаничките градини. Геолошкиот музеј вклучува минерали, драгоцени метали и метеорити,
голема колекција на скелети од диносауруси, додека пак во Зоолошкиот музеј ќе најдете 3Д
експонати од Норвешката фауна. Сепак, најдобро од се претставуваат Ботаничките градини.
Создадени во 1814 година, градините вбројуваат 7,500 различни видови растенија од Норвешка и
други делови на светот, а 1,500 од нив се лоцирани во убавата Карпеста Градина со своите
водопади.

Слика 17: Музеј на природна историја Инфраструктура

Осло и неговата околина имале огромен раст на


популацијата и вработеноста во минатото, а
растот е концентриран во одредени области.
Централните делови стануваат понатрупани, а
во останатите понадворешни делови инфраструктурата е концентрирана помеѓу
транспортните коридори. Транспортната инфраструктура во Осло и околината е развиена.
Релативно висока стапка на луѓе патуваат пеш, со велосипед или јавен превоз. Областа
има динамична економија каде знаењата кои носат голема продуктивност и бизнис
услугите вршат голема улога. Како и да е, поради големиот раст и во ниско
продуктивните индустрии, приозводството по вработен е пониско од очекуваното. Тоа е
предизвик за индустриските политики понатаму и достигнувањето на компететивност и
одржливост.
Заклучок

Осло е главниот град на Норвешка која е Скандинавска земја и како градот, а така
и самата држава се во најразвиените во светот. Приходите по глава на жител се меѓу
највисоките, а луѓето што живеат тука се прогласени за најсреќни луѓе на светот.

Градот кој во 2000тата година обележа милениумско постоење претставува место


кое изобилува со историја. Најзначајни тука се Викинзите, а за нив сведочат многу музеи,
артефакти, пишувања итн. Викинзите биле познати по морските патувања, па така слично
на нив денес Норвежаните имаат развиена водна инфраструктура. И останатите начини
на патување или водење трговија се високо развиени и не заостануваат.

Околината на Осло се наоѓа на подрачје кое било многу вулкански и геолошки


активно и затоа има премногу карпи и други појави кои укажуваат на тоа.

Развиен зимски туризам, премногу култоролошки активности и научни музеи за


посета и поврзаноста со останатиот дел од Европа и светот го прават Осло се
попривлечен за посета на туристи, а најверојатно и не само за туристите туку и за
многуте луѓе од целиот свет кои се одлучуваат да дојдат и трајно да имигрираат па тоа го
прави Осло претставува најбрзорастечки главен град.
Користена литература
https://www.oslo.com/v/geography/

http://www.eurare.eu/countries/norway.html

https://www.newworldencyclopedia.org/entry/Oslo

https://www.klimaoslo.no/2019/08/14/biodiversity-in-the-city/

https://www.oslo.kommune.no/politics-and-administration/statistics/environment-status/nature-
and-biodiversity/

http://worldpopulationreview.com/world-cities/oslo-population/

https://www.citypopulation.de/php/norway-admin.php?adm2id=0301

https://www.planetware.com/tourist-attractions-/oslo-n-osl-oslo.htm

You might also like