You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

Додипломски студии по предучилишно воспитание

Семинарски труд по предмет Историја

Тема: Силвио Пиколомини

Изработил Ментор

Анета Наумовска – вонреден студент проф. д-р Оливер Цацков


број на индекс 141756

Штип, Ноември 2019


Анета Наумовска 2
Историја – Силвио Пиколомини

СОДРЖИНА

Вовед .........................................................................................................................................3
1 Скопје низ вековите ..........................................................................................................5
2 Османлискиот период на градот .......................................................................................6
3 Силвио Пиколомини ...........................................................................................................9
4 Економско јакнење ........................................................................................................... 13
Заклучок................................................................................................................................... 14
Користена литература ............................................................................................................ 15
Анета Наумовска 3
Историја – Силвио Пиколомини

ВОВЕД

Во северозападниот дел на Скопската котлина лежи градот чија историја


почнува во далечните времиња пред нашата ера. Расположено на двата брега
на Вардар, Скопје во текот на изминатите години, има разни местоположби, го
задржува подрачјето околу реката поради природните и стратешки одлики.
Скопје се наоѓа во централниот регион на Балканскиот полуостров, што му
овозможува во текот на историјата низа предности, но и низа непожелни
последици, во вид на воено присуство и опустошување, бидејќи оваа
географска местоположба го определува за крстосница на низа природни
комуникации: по долината на Морава се слегува во долината на Вардар, каде
што се слеваат бројни природни комуникации од исток и запад, за да
продолжат како артеријата кон Солун, и со тоа кон еден голем воден базен кој
во изминатите векови, а и денес е значајна врска со другите земји.
Со право, Скопската котлина се смета за најзначајно „балканско јадро“, и
таа секако е важен сообраќајен јазол. Соодветната местоположба, е првиот
предизвик за населување на Скопската котлина од најстари времиња. Но, за
жал, населувањето на оваа месност во праисторијата не може да се
идентификува со ниедно име, ниту потекло. Засега научниците тргнуваат од
податоците кои наназад зафаќаат еден голем временски интервал – околу
четри илјади години пред нашата ера. Според некои извори, толку колку што се
проникнало во темнината на вековите, во населбите на Скопската котлина
најпрвин живееле илирските племиња Пеонци, односно втора варијанта се
Дарданците, кои го подигнуваат градот, па така во чевртиот век пред нашата
ера, се споменуваат неговите дарденски жители.
Кога денес се зборува за значењето на Скопје како стопанско, управно и
културно средиште, нејасно помислуваме дека и во минатото Скопската
котлина имала таков центар. Точно е дека ваков центар постоел и во средниот
век и во антиката, само што досега сосем малку знаеме за тоа. Литературните
податоци што се однесувааат на минатото на Скопје речиси ништо не кажуваат
за изгледот и големината, за градбите и знаменитостите во градот, за
населението и начинот на живеење.
Анета Наумовска 4
Историја – Силвио Пиколомини

Забележани се некои политички настани, управни магистрати и црковни


великодостојници, некоја катастрофа на градот и тоа е се. Во последните две
децении се водени поинтензивни арехолошки истражувања на остатоците од
Скопје и околината. Преку нив почнаа да оживуваат низа моменти од
најстарата историја на Скопје. Градот Скопје бил неколкупати преместуван од
едно место на друго, секогаш со нови вредности, со поинаква големина, со
други внатрешни и надворешни обележја. Меѓутоа, во сите епохи Скопје
успеало да ги задржи карактеристиките на вистински град.
Анета Наумовска 5
Историја – Силвио Пиколомини

1. СКОПЈЕ НИЗ ВЕКОВИТЕ

Ова поглавје го започнувам со кратко претставување на Скопје како


затворена геоморфолошка целина која во терцијалната епоха лежела под
водите на големото Среднобалканско езеро чија последна трага бил долгиот
мочуришен потег Блатијашамак (Катланово). Името на градот Скопје низ
вековите во основа останувало исто: Скупи (антика); Скопис, Скупис, Скопиа
(римско-византиски период); Искиб, Ускуп, Ускопље (османлиски период,
Скопје, Скопие, Скопље (словенски период), а денес – само Скопје.
Скопје се простира во средиштето на Балканскиот полуостров впрочем тоа
веќе го наведов во моето воведно излагање, и се истакнува како раскрсница на
важни врски и патишта и претставува воено-стратешки, верски, економски и
политички центар1. Градот бил поврзан со Медијана (Ниш) на север, со Стоби и
Солун на југ, како и со Јадранскиот брег преку магистралата Via Ignacia.
Политичкиот, економскиот и културен развој бил условен од географската
положба на градот, како и од влијанијата на другите региони, градови и народи,
од каде доаѓале нови идеи и импулси за неговиот материјален и духовен
подем.
Со нив истовремено доаѓале и се менувале завојувачите кои пустошеле,
грабале и палеле, вршеле нови населувања и колонизирања. Тоа е една бруна
историја, со духовни влијанија, воени походи и етнички миграции – од
праисторија се до најново време. Според некои археолози и историчари
просторот на Скопје бил населен од племето Пеонци, што се потврдува со
најновите откритија на проф. Иван Микулиќ во селото Бразда. Се
претпоставува дека од нив потекнува името Скупи кое има значење на колиба,
засолниште, стреа.
Раѓањето на градот е поврзано со доаѓањето на римската војска2 (13-11
година пред н.е.) во Скупи, во времето на владеењето на римскиот император
Октавијан Август. Во подоцнежниот период (284-305 година) станува главен
град на новата провинција Дарданија и седиште на христијанските епископи. Во
518 година (28 април) катастрофален земјотрес го уништил до темел градот
Скупи.

1
Поповски, Ј. (1968), Скопје – вчера-денес-утре, 10.
2
Илиевски, Б. (1998), Публикација на Скопје, 9, 13-14.
Анета Наумовска 6
Историја – Силвио Пиколомини

Најзначаен запис од тоа време потекнува од Марцеиниус Комес, канцелар


на византискиот император Јустинијан Први, кој во својата „Хроника“ запишал
дека земјотресот ја погодил провинцијата Дарданија и разурнал 24 кастели,
меѓу кои и метрополата и епископскиот стол Скупи. Така бил уништен градот со
инзворедните архитектонски градби, храмови, јавни бањи, со прекрасниот
амфитеатар и со други вредности. Природната катаклизма не го обесхрабрило
населението на Скупу, туку напротив, многу брзо бил подигнат нов град на
просторот околу Горниот град („Калето“), односно помеѓу устието на реката
Серава во Вардар, селото Таор и планината Водно.

2. ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД НА ГРАДОТ

Во манастирот Св.Теодора (1345 година) во село Водно испишано од раката


на монахот Степан стои:
„В лето 69 сатно ... к’ди Турци пријаше Скопие, месеца хоневера“ (според
новиот календар 19 јануари 1392 година). Градот го освојува Гази Евренос-бег
и Скопје станува Ускуп.

Слика 1. Скопје станува Ускуп за време на османлискиот период


Анета Наумовска 7
Историја – Силвио Пиколомини

Новите намети од освојувачите биле причина за стагнација на градот, но


сепак, стратешката положба станала решавачка за неговата понатамошна
судбина.

Слика 2. Нови намети на османлиските освојувачи


Анета Наумовска 8
Историја – Силвио Пиколомини

Со годините започнал да се зголемува бројот на населението, па било


забележано повторно заживување, па така Скопје се издига како стопанско и
политичко средиште. Во 1469 година биле изградени безистени со многу
дуќани, анови и карван-сараи, во кои наминувале трговци и патници. Во тоа
време Скопје било познато и како град со богат и ефтин пазар на робови. Во
1955 година нова катастрофа го погодува Скопје. Земјотрес разурнал многу
куќи, но граѓаните веќе навикнати на неволји, пустошења и грабежи, набргу го
обновиле градот.
Венецијанскиот пратеник Јакобо Соранцо (1575 година), покрај другото
запишал:
„Скопје зафаќа 28 квадратни километри. Жителите се Христијани, Турци и
Евреи. Куќите се мошне убави. Во градот се врши голема преработка на кожи,
што се негов главен производ. Има многу џамии, капалишта и Саат-кула, што
часовите ги брои како и на Запад, вистинска рекост во Турција“.
Турскиот патеписец Евлија Челебија, аргументирано го запишал своето
воодушевување:
„Скопје има 70 маала со 11.060 куќи на еден или два ката. Куќите се од камен
или кал, но сите подеднакво се покриени со црвени ќерамиди. Улиците се
чисти и рамни, со калдрма, а чаршијата е преполна со Латини, Французи,
Унгарци и други. Околу градот има 77.000 дулуми приватна земја и уште толку
вакуфски лозја“.
Турскиот поет Дилгер Зеде (XVI век), восхитен од местоположбата и
убавината на Скопје, вели3:
„Патував долго по таа земја Румелија, видов многу убави градови и бев
вчудовиден од благословот на Алаха. Но, ниту еден не ме зачуди и восхити
толку, како рајскиот град Скопје низ кој минува реката Вардар“.
Некои историчари запишале дека помеѓу XV и XVII век, Скопје е еден од
побогатите градови на Балканот, а според „вакуфските“ белешки, Скопје бил
втор по големина и најбогат град во Европска Турција.

3
Илиевски, Б. (1985), Скопје, 14-16.
Анета Наумовска 9
Историја – Силвио Пиколомини

3. СИЛВИО ПИКОЛОМИНИ

Поразот на османлиската војска под бедемите на Виена и нејзиното


повлекување пред австриските војски во XVII предизвикале многубројни
востанија на словенското население на Балканот. Имено, во 1683 година,
османлиите по втор пат се обиделе да ја преземат Виена. По двомесечна
опсада на Австријците им пристигнала помош (12 септември 1683 година) од
полска војска, водена од кралот Јан Собески кој им нанел жесток пораз на
турците. Дваесетилјадната османлиска војска, водена од султанот Мехмед
Четврти и великиот везир Кара Мустафа Копроло, била разбиена. Заради
неуспехот, Кара Мустафа е обезглавен уште кога пристигнал во Белград.
Митот за непобедливоста на турската армија бил раскинат и поробените
народи почнале да се ослободуваат од хипнозата за нејзината непобедливост.
Генералот Пиколомини со 3.700 војници и Павел Дак со српски доброволци
навлегле длабоко во турската територија. На 25 октомври 1689 година го
зазеле Скопското поле, каде биле пречекани со радост од населението. Го
презеле Скопје, но набргу потоа се повлекле, откако го запалиле градот.

Слика 3. Преземање на Скопје од страна на генералот Силвио Пиколомини


Анета Наумовска 10
Историја – Силвио Пиколомини

Силвио Пиколомини, бил италијански благородник и австриски генерал кој


е познат на македонската историја како одговорен за палежот на Скопје во
1689 година. Потекнувал од познато благородничко семејство, од Сиена
Италија кое за прв пат се споменува во 1220 година, кога Енгелберто д’Уго
Пиколомини го добил поседот Монтенрари во Вал д’ Орсија од светиот римски
цар Фридрих Втори како награда за своите услуги. Семејството се стекнало со
куќи, замоци и земја во Сиена. Подоцна, двајца римски папи доаѓаат од
семејството Пиколомини: Пиј Втори – Енеја Силвио Пиколомини, 1405-1464
година и Пиј Трети – Франческо Тодесини Пиколомини, 1439-1503 година.
Во австриската војска изградил кариера почнувајќи од обичен офицер до
генерал. Во текот на XVI век, економската моќ и влијанието на семејството
Пиколомини почнало да опаѓа. Водејќи ја својата армија преку Косово и
Качаник, генералот Силвио Пиколомини влегол во Скопје од северната страна,
со силна поткрепа на карпошовите востаници. Неговата намера не била да
продолжи на југ и да ја завладее Македонија, туку да го заземе Драч во
Албанија за да се доближи до Јадранското море.
За да ја уништи оваа значајна турска фортификација, Пиколомини решил да
го запали Скопје. Иако повеќе извори тврдат дека причината за палежот на
Скопје била епидемијата на колера, други сметаат дека тоа било одмазда за
опсадата на Виена во 1683 година. Се оддалечил на една височинка (веројатно
на „Калето“ или на падините на Водно) и го набљудувал пожарот.
Обидувајќи се да ја прикрие својата немоќ, во извештајот до австрискиот
цар Леополд Први, тој напишал4:
„Решив, иако не лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам за куќите,
какви што не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најубав мермер и
порфир, украсени со илјадници светилки на позлатени алкарани. Жалам и за
убавите старини, градини и места за забава. По сите улици поставив војници
со факели и на знак од три топовски салви изби пламен, што го затемни
сонцето на 26 октомври и во идните денови. Решив да го запалам градот за да
не му оставам на непријателот нешто, што може да му користи“.

4
Микулиќ, И. (1985), Скопје со околните тврдини, 7.
Анета Наумовска 11
Историја – Силвио Пиколомини

Покрај тоа, Пиколомини се разлутил што го нашол градот целосно


евакуиран и напуштен, дури и мислел дека се работи за некаква заседа. Еве
што напишал Пиколомини непосредно пред да го запали градот:
„Скопје се протега на голема површина и само за малку е помало од Прага.
Градот е обвиен со прекрасни овоштарници во пространа и плодна, добро
култивирана котлина. Градот има речиси 60.000 жители, а од нив 2.000 се
Евреи“.
Два дена беснеел пожарот во Скопје. Пиколомини и самиот заболен од
колера, умира. Погребан е во Призрен. Него го наследува херцогот од
Холштајн. Стравотниот пожар насилно го прекинал молскавичниот процут на
градот. Останале само градбите од камен, Калето, неколку џамии, црквите
„Свети Димитрија“ и „Свети Спас“ и големиот Карван –сарај.
На 10 ноември 1689 година, австриската војска стасала до Штип. Тука се
случила најголемата борба меѓу турските и австриски војски на територијата на
Македонија.Турците биле победени и принудени да остапат. Во Североисточна
Македонија народот востанал. На чело на востанието застанал Карпош.

Слика 4. Петар Карпош – предводник на Карпошовото востание


Анета Наумовска 12
Историја – Силвио Пиколомини

Во тоа време тој бил веќе познат војвода. На почетокот бил ајдук по Пирин,
Западните Родопи и Доспат. Во почетокот на септември (помеѓу 16 септември
и 15 октомври) 1689 година осмалиските власти издале заповед за негово
затварање заедно со војводата Сугаре. За да го привлече на своја страна,
османлиската власт кон крајот на септември 1689 година го направила
началник на мартолозите. Султанската заповед била упатена до кадиите,
аните, ишерлериите и матролозите во Неврокоп, Серез, Штип, Радовиш,
Велес. Станувајќи официјално признаен началник на вооружените Македонци,
тој под своја команда ги обединил мартолозите и ајдуците.
Формирале големи одреди кои почнале борба против турските власти и
била ослободена голема македонска територија. Била преземена силната
турска тврдина Крива Паланка, која станала и главна тврдина на востаниците.
Востанатиот народ изградил своја нова тврдина во Куманово. Веројатно е дека
востаниците биле во непрекинати контакти со австриските војски. Турските
хроники од тоа време го именуваат Карпош како „кралот од Куманово“5. Таа
титула му била дадена или потврдена од австрискиот император Леополд
Први, кој му испратил и круна, како знак за меѓународно признание.
Во турските документи од 1689 година пишува дека „добил круна од
германскиот цар“. Турците презеле енергични мерки за да ги разбијат
македонските востаници и да ги одбијат австриските војски. Од Пелопонез кон
Македонија се упатила голема турска војска на чело со Халил паша. На помош
на Турција им доаѓа и кримскиот хан Селим Гирај со воинствените и жестоки
татарски одреди. Најнапред било решено да се ликвидира Карпошовото
востание. Во тоа време во Крива Паланка биле собрани неколку илјади
востаници, кои се подготвувале за напад на Ќустендил. Кога разбрале дека
против нив доаѓа многу поголема османлиска сила, решиле да отстапат од
Крива Паланка. Ја запалиле и се извлекле од Куманово. Во тие борби е
заробен Карпош со голем број востаници. Во Скопје, на Камениот мост на
Вардар, славниот Карпош жив бил набиен на кол и прободен со татарски копја
и стрели. По смртта, Карпош бил фрлен во Вардар. Тоа се случило во првите
денови на декември 1689 година. Со неговата смрт згаснала надежта на
македонците за скорешно ослободување.

5
Радулов, Г. (2009), Историја на Македонија –апологија на македонството, 238-240.
Анета Наумовска 13
Историја – Силвио Пиколомини

4. ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ

Престижот на градот, како стратешки и комуникациски центар нараснува за


време на Наполеоновата империја, во почетокот на XIX век. Поради
економската блокада во Европа и војната на Американскиот Север и Југ, како и
недостигот на памук во Европа, Наполеон бил принуден да бара нови патишта
и земји со кои ќе тргува и од каде ќе се снабдува. Наоѓајќи свои трговски
партнери во земјите од Средниот Исток, Наполеон го открива патот низ Скопје
како најкус и најподобен. Патот минува низ Струмица, Велес и Скопје и поради
памукот што бил пренесуван од исток за потребите на Француското царство
бил наречен „Бел Пат“.
После 1718 година, Скопје доживува еден релативно мирен период, па во
него постепено зајакнуваат трговијата и занаечиството. Во првата половина на
деветнаесетиот век, Скопје станува важно средиште по обемот на трговијата и
по бројот на производите, во кои спаѓаат и стоки од напредното занаечиство за
стоковна размена не само на внатрешните пазари во империјата, туку и во
странство. Скопските трговци се јавуваат на пазарите на многу познати
европски пазари, како што е Виена, Лајпциг, Одеса, Киев и други6.
Во резултатот на јакнењето на занаетчиството и трговијата, во Скопје се
зацврстува граѓанскиот слој, кој потпирајќи се врз растечкиот економски
просперитет, се погласно почнало да ја изразува националната свест и
чуството на национална самобитност, што заедно ќе се искаже преку
зголеменета потреба од образование и просвета. Скопје се наоѓа токму меѓу
првите градови во Македонија, каде што во 1836 или 1837 година, отвара
училиште во зградата наменета за таа цел, во која се наоѓа и една од првите
книжарници. Тогаш, всушност, се втемелува мануфактурата, која продолжила
интензивно да се разгранува, па во такви општествено-економски услови и
влијанија, во Скопје се јавиле првите никулци на работничката класа.

6
Попов, Б. (1975), Скопје град на солидарноста, 23-26.
Анета Наумовска 14
Историја – Силвио Пиколомини

ЗАКЛУЧОК

Скопје, во еден долг временски период, се развивал и пропаѓал, се


поместувал и градел на нови простори, добивал нов изглед, што го нуделе
времето и животот. Еднаш се наоѓал во центарот на настаните, другпат на
работ на светот. Граден и уриван, поплавуван и пален, поместуван, но секогаш
во близина на вековниот тек на Вардар, се збогатувал со многу наслаги од
повеќе цивилизирани и културни влијанија.
Неговата политичка, економска и културна историја, довела до нови идеи и
влијание на неговиот материјален и духовен подем. Положбата меѓу околните
провинции на Балканскиот полуостров му дава на Скопје поголемо значење,
бидејќи од природата е надарен да биде важно средиште и стратешки центар.
Затоа низ многувековната историја играл значајна улога. Тој се развивал покрај
главните патишта: цариградскиот пат, кој водел по текот на реката Сава,
Морава, Нишава и ја поврзувал Венеција со Цариград. Еден крак од овој друм
водел преку Ниш и Скопје, за Солун, по долината на Морава и
Вардар.Природната средина, во која постои и која го опкружува, го прави
градот и животот во него многу интересен.
Анета Наумовска 15
Историја – Силвио Пиколомини

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Илиевски, Б. (1998). Публикација на Скопје. Битола: НИК „Микена“ – Битола.

Илиевски, Б. (1985). Скопје. Скопје: Македонска книга НИП „Нова Македонија“.

Микулиќ, И. (1985). Скопје со околните тврдини. Скопје: македонска книга.

Попов, Б. (1975). Скопје град на солидарноста. Скопје: Фонд за обнова и


изградба на Скопје.

Поповски, Ј. (1968). Скопје – вчера-денес-утре. Скопје: НИП „Нова


Македонија“.

Радулов, Г. (2009). Историја на Македонија –апологија на македонството.


Скопје: Плус продукција.

You might also like