You are on page 1of 7

Св.

Ѓорѓи Кратовски” и ,, Денешно Кратово”

Свети Ѓорѓи Кратовски


Свети Ѓорѓи Кратовски е заштитник на градот Кратово, со силен култ
не само во Кратовско туку и на многу поширок простор.

На 24/11 февруари Светата православна црква го празнува денот на


Свети Ѓорѓи Кратовски кој на овој ден 1515 година во Софија бил
мачен, а потоа спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија
и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

Житието вели дека свети Ѓорѓи Кратовски е роден во Кратово од


родители Димитрија и Сара. По желба на родителите, по
завршувањето на училиштето, пошол на кујунџиски занает кој во
Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу
станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н.
данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон
Европа, правејќи војници-јаничари. За таа цел барале млади и
способни деца.

Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да


замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе
можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и
Перник пристигнал во Софија.

И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил


забележан и од Турците. Му биле понудени благодетите на царските
власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но
Ѓорѓи Кратовски без размислување го одбил предлогот поради што
бил ставен во затвор. Ја бранел верата Христова поради што бил
мачен, а потоа и спален на 24/11 февруари 1515 година. На 8 јуни (нов
стил) моштите на св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и
овој ден Светата православна црква го празнува како втор празник
поврзан со името на овој светец.

На иконите, св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во


кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над
ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим“. Неговиот лик
бил насликан во црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Патралица-кривопаланечко
во манастирот „Студеница“ и др. места.

Во црквата „Света Богородица“ во Скопје бил претставен со крст во


десната и книга во левата рака. Од 17 век е сликан во национална
носија. Култот на св. Ѓорѓи Кратовски од Македонија се проширил и во
Србија, Бугарија и Русија.

Кога се слави празникот Св. Ѓорѓи Кратовски има многу народ тој се
одржува на плоштадот има организирано многу интересни песни, ора
којшто ги организираат децата од играорната група и многу други
работи, се продаваат разни работи.
Денешно Кратово
Кратово е еден од најстарите градови на Балканот.

За некого одмор се море, лето, сонце, плажа, за некого тоа е


несекојдневна дестинација, богата историја, место со приказна и
вредност што е непроценлива. Оттука Кратово, еден од градовите што
во сите годишни времиња е интересно и неодминливо место за
странските посетители, место што секогаш привлекува внимание,
особено ако ве угости лице домаќин кој за секој сокак ќе има што да ви
каже. Во градот турата ја започнуваме со повеќевековните борови во
градскиот мини парк „Карши бавча“, Музејот на Град Кратово,
Грофчанскиот мост. Кратово е веројатно единствениот град каде што
може да влезете во три реставрирани средновековни кули: Симиќева
кула, Златкова кула и Саат-кула.
Она што го прави посебно Кратово се подземните ходници, кои
некогаш, многу одамна, ги поврзувале кулите. Сега постои можност да
се влезе во еден ваков подземен ходник. Религијата била и е важен
сегмент во Кратово, така што во градот може да се видат три цркви.
Една посветена на заштитникот на градот – свети Ѓорѓи Кратовски,
најстарата црква во градот посветена на свети Никола Чудотворец и
најголемата посветена на свети Јован Претеча. Како и македонскиот
бисер Охрид, и древното Кратово има голем број куќи што ја
отсликуваат староградската македонска архитектура. За
авантуристите, околината на Кратово нуди голем број можности.
Можат да се посетат локалитетите Цоцев камен во селото Шопско
Рударе и археолошкиот локалитет Транупара, Големо Градиште во
селото Коњух, кој бил втор по значење.

Голем број туристи го посетуваат Кратово во текот на целата година.


Постетители има од повеќе европски земји, како што се Шпанија,
Полска, Бугарија, Швајцарија, Австралија, Белгија. Исто така, има
голем број туристи од САД. Не смееме да го занемариме и бројот на
домашни туристи кои го посетуваат Кратово, меѓу кои голем дел
доаѓаат во текот на зимскиот период за да уживаат во кратовскиот
специјалитет – пастрмајката. Сите овие туристи се презадоволни од
тоа што тука може да се види и што може да се слушне од лиценциран
туристички водич. Најголем дел туристи се изненадени затоа што
Кратово нуди многу повеќе од тоа што тие имаат слушнато или
прочитано на интернет. Воодушевени се што можат да влезат во кула
од 1365 година, да влезат во подземен ходник што ги поврзувал
кулите. Интересно им е да слушнат дека според германски генерал,
Кратово е крајот на светот. Со голем интерес ги слушаат легендите
што кружат за градењето на мостовите, легендата за посадувањето на
боровите, за „Веселата свадба“, приказните за занаетчиите во
Ајдучката чаршија, животот на кратовскиот револуционер Јосиф
Даскалов, како и познатиот македонски гемиџија роден во Кратово.

На голем број луѓе од Македонија не им се верува дека во овој мал


град може да се направи пешачка тура од два и пол или три часа за да
можат да се видат сите убавини на градот

You might also like