You are on page 1of 8

ПРЕДМЕТ – Историја

СЕМИНАРСКА РАБОТА

:Делчево после првата и втората светска војна

1
Содржина

Вовед...................................................................................................................................3
Ослободување на Делчево..............................................................................................4
Делчево по ослободувањето........................................................................................5-6
Заклучок............................................................................................................................7

2
Вовед

Во најисточниот дел на Република Македонија, по горниот тек на реката


Брегалница во Пијанечката котлина, помеѓу планините Голак и Влаина и на
разграноците на Осоговските Планини на 589 км2 , е распространета Делчевската
општина. Делчево, сместено на подрачјето на Пијанец на двата брега на
Брегалница, на 600 метри надморска височина со околу 9000 жители, е политички,
економски и културно-просветен центар на Делчевската општина.

3
Ослободување на Делчево

Со цел да го обезбеди повлекувањето на своите сили од групата армии од Грција ,


веднаш по капитулацијата на Бугарија, германската команда им наредила на своите
расположливи сили да ги опседнат поважните раскрсници и градови во
Македонија. За заштита на овие правци од евентуален напад на бугарската војска по
прогласувањето на Отчествено-фронтовска Бугарија и објавување војна на
Германија, тие го опседнале Делчево на 11 септември и исфрлиле предходница на
Ѕвегор со цел да го затворат патот од Горна-Џумаја, а подоцна кај Буковиќ на патот
Симитли-Пехчево и кон Голак. Главнината им била западно од Делчево, главно во
реонот на село Бигла.Германската команда го зафатила Брегалничкиот правец за да
се зачува од евентуални напади на бугарската армија.Тие имале за задача да
обезбедат непречено повлекување на нивните единици од Грција.
Од 11 септември 1944 година, кога Германците повторно го окупирале Делчево, па
до конечно негово ослободување постојано имало судири меѓу нив и околу 150
борци од командата на местото. На 18 октомври 1944 враќајки се од Грција преку
Берово, германските војски сакале да поминат преку Делчево, но при
извлекувањето од овие подрачја борците од командата на местото ги пресретнале
кај месноста Елите, на патот под село Чифлик, и по кратката борба Германците
побегнале преку Косово Дабје а борците од командата на местото заробиле големи
количества на оружје, храна и облека.Тринаесеттата македонска бригада на 13
октомври ги нападнала Германците на врвот на Чавка на Голак, и со многу жестоки
борби и големи загуби ги протерала. На 14 и 15 октомври единиците од истата
бригада воделе борба против Германците што се задржале во селото Тработивиште.
На 17 и 18 октомври единиците 50. Но дивизија воделе жестоки борби при
прогонувањето на Германците од реонот на село Бигла каде што тие имале силно
укрепување.Некаде околу 9часот на 19 октомври 1944 година тие поминале низ
Делчево гонејки ги Германците кои и понатаму давале отпор од кај Косово Дабје и
од тунелите покрај Брегалница каде што биле закрепени. По 9 септември во
едниницата се вклучиле околу 700 младинци. Голем дел од учесниците во НОВ од
Делчевската општина учествувале во пробивање на Сремскиот фронт, каде што
непријателот бил добро организиран и укрепен. При пробивот на овој фронт и на
другите боишта, над 40 броци од нив ги положиле своите животи во темелот на
Нова Југославија, заедно со нивните другари од сите краишта на земјата. Во
отпорот против фашистичкиот окупатор, како жртви на фашистичкиот терор, исто
така нападнале над 40 граѓани од Општината.

4
Делчево по ослободувањето

Делчевската општина ослободувањето го дочекала со голема стопанска


заостанатост.Главно занимање на населението било земјоделството, кое се
карактеризирало со екстензивен начин на обарбота на земјата и со многу ниски
придонеси. Во општината немало никакви придонеси. А уште кон крајот на 19век и
во почетокот на овој век, кога почнала да се оформува чаршијата, почнал по
забележителен развиток и на занаетчиството, угостителството и трговијата. Отогаш
па до ослободувањето се развивале занаети чии мајстори вршеле услоги на
земјоделското население. Во најголем дел имало ковачи, потковувачи на добиток,
кондураџии, кројачи,столари и др. Угостителството се вршело преку неколку
приватни крчми. Трговијата, исто така, се вршела преку неколку приватни дуќани
во кои се продавале алати за земјоделско производство и најосновните продукти за
живот.
Ослободувањето на земјата, во кое учествувало и народот од овој крај и новата
власт, населението го дочекало со голема радост и задоволство. Уште во првите
денови населението и народната власт почнале со организирани напори за
обновување на разурнатото и изградба на новио објекти кои ќе овозможат побогат и
подобар живот.Победата на Народната револуција и воспоставувањето на
социјалистичките општествени односи создале услови за побрз развиток на
производните сили во земјата, а овозможиле побрз стопански развиток и на
подрачјата на оваа Општина. Од почетокот се формирале работни организации од
траговијата, градежништвото и сл. Во времето на земјоделските задруги и селските
работни задруги, кои постоеле до 1952 година, биле изградени задружни домови во
селата Киселица, Габрово, Вирче, Град, Тработивиштеи помали здружни простории
во некои други села. Иако народната власт и населението од овој крај вложувале
организирани напори се до 1955 година немало никаков позабележителен
стопански развиток. Општината покажала поголем напредок од 1956година кога
започнало со работа Претпријатието за откуп и преработка на тутун. Понатаму од
1960-1964 гоина започнале со работа Конфенциската фабрика, Килимарницата,
Кожарницата итн. Особено е забележан развиток со работа на Рудникот за олово и
цинк „САСА“ и фабриката за фротир ткаенини во Делчево. За тоа зборуваат и
бројките.Во 1966 година вкупниот приход во општината изнесувал 117 милиони
динари.Во 1970 тој изнесувал 222милиони динари а до 1973 година пораснал на
414 милиони нови динари. Во 1983 година изнесувал 7,248,535,000 нови динари, за
десет години пораснал за скоро осумнаесет пати.
Општествениот производ во општината во 1955 година изнесувал 5 милиони
динари а во 1983 година изнесувал 3.500.000,000 нови динари.

5
Наведените бројки зборуваат за еден брз материјален развој во изминатите 40
години, а посебно од 1965 година, кога започнуваат со работа поголемите работни
организации во Општината. Во 1955 година во вкупното стопанство на Општината,
индустријата учествувала само со 2,2 отсто, а земјоделството со екстензивните
начини на производството и ниската продуктивност со 84 отсто. Од 1966година
индустријата учествувале со 32,69 отсто, а земјоделството со 25,51 отсто во
вкупното производство на Општината. Во 1970година индустријата учествувала со
49 отство, а земјоделството со 25 отсто. Во 1973 година индустријата учествувала
со 50 отство, а земјоделството со 16 отсто. Во 1981година. Во општествениот
производ на Општината, индустријата учествувала со 59,1 отство, а земјоделството
со 15,4отство. Непосредно по ослободувањето во општествениот сектор во
Општината имало одвај вработено 80 вработени, од кои само 4-5 со високо и 10 со
средно образование.Во 1984 година во Општината има 7068 вработени во
општествениот сектор. Од нив со високо образование се 279, со вишо 375, со
средно 1304, високо квалификувани и квалификувани 2137, полуквалификувани и
со ниска стручна спрема 2347 и неквалификувани 626. Тоа е голем квалификуван
потенцијал кој ке биде носител на уште побрз стопански и општествен развој.
На привремена работа во странство во 1984 година од Општината има 228
работнци.Во 1982 година во македонија 23,7 од вкупниот број на населението било
вработено, а во Општината 27,3. Во Општината биле невработени 9,4 од вкупниот
број на население, а во македонија 6,7.
По бројот на вработени, према бројот на населението во 1982година, Делчевската
Општина се наоѓа на десетото место во републиката, а према бројот на невработени
на четвртото место. Според пописот од 1981 година во Делчевската општина на
5754 домаќинства имало 5615 станови со 381,197 м2 поврашина.

6
Најголемиот број од становите се опремени со санитарни уреди и други уреди за
домаќинство.

Заклучок
Делчево после двете светски војни прво немало некој голем напредок но по
неколку години Делчево доживеало голем напредок. Се отвориле голем број на
фабрики од кои некои сеуште работат и ден денес.

7
8

You might also like