You are on page 1of 2

Домашна работа по историја

Создавање на македонската држава

1. Опиши го Февруарски поход и објасни ги неговите цели.


 Планот за Февруарски поход бил направен со цел да се зголемат и прошират
борбите за ослободување во источна и централна Македонија. Овој поход
започнал на 31 јануари 1944 година така што Првата македонско-косовската
бригада ја пробила планината Кожув. Таа влегла во тешки борби против две
бугарски дивизии, а најтешкиот поход бил Богомилскиот поход. Втората
македонска бригада водела борби во правецот Кожув – Демир Капија, каде
биле запленети бугарските власти и затворени бугарските училишта. Групата
баталјони, со Главниот штаб на народно ослободителното востание, од
Егејскиот дел на Македонија преку Беласица, се упатиле кон Источна
Македонија. И покрај големите времнески непогоди, тие ги поминале
планините Беласица, Плачковица и Осогово и стигнале до Козјак каде се воделе
тешки борби. Со Февруарскиот поход не бил постигнат никаков успех, но имал
значаен придонес во мобилизирање на нови борци за наредните борби.

2. Во кои реони се воделе операциите од Пролетната офанзива?


 Операциите во Пролетната офанзива се воделе за ослободување на
Македонија. Учевствувале сите три македонски бригади. Првата македонско-
косовска бригада била задолжена да го поврати Западниот дел на Македонија,
Втората бригада се борела во делот на Повардарието, Прилепско и Битолскиот
дел на Македонија, а Третата се борела за реоните Козјак и Југоисточна Србија.
За време на оваа офанзива македонската војска доживеала доста загуби, но
окупаторите загубиле многу повеќе.

3. Објасни ги најзначајните одлуки на Првото заседание на АСНОМ.


 На првото заседание на АСНОМ биле донесени 9 одлуки. Некои од нив се:
Прогласување на АСНОМ за највисок орган на државната власт, што значело
создавање на македонска држава. Потоа, решение за воведување на
македонкиот јазик како службен во Македонија, со што македонскиот јазик
станал литературен јазик. Декларацијата за основни права на нејзините
граѓани, со која секој граѓанин добил право на слобода, глас, како и право на
вероисповест.

4. Кога и како е формирана Првата македонска влада?


 Првата македонска влада била формирана на Третото заседание на АСНОМ кое
било одржано на 16 април 1945 година. За претседател бил назначен Лазар
Колишевски, а истотака имало и двајца потпретседатели и министри за секоја
стопанска гранка. Оваа влада ја донела Декларацијата на првата влада на
Македонија, во која биле наведени успесите на македонскиот народ во
ослободувањето од окупацијата и влијанието на другите држави.

Претседател на владата Лазар Колишевски


Прв потпретседател и Љупчо Арсов
Министер за финансии Љупчо Арсов
Втор потпретседател Абдураим Мехмед
Министер за внатрешни работи Кирил Петрушев
Министер за просвета Никола Минчев
Министер за правосудство Павел Шатев
Министер за индустрија и рударство Страхил Гигов
Министер за трговија и снабдување Тодор Ношпал
Министер за земјоделство и шумарство Богоја Фотев
Министер за народно здравје Вукашин Попадиќ
Министер за социјална политика Неџат Аголи
Министер за градежништво Георги Василев

Тијана Стојоска II-1 ф.л.т. бр. 30

You might also like