You are on page 1of 1

СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА (МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА)

Современата Македонска држава е создадена за време на четиригодишната антифашистичка и


националослободителна војна (1941 – 1944 г.)

На чело на антфашистичкиот отпор бил Јосип Броз Тито.

Борбата за слобода на Македонија почнала на 11 Октомври 1941. Тогаш пукнале првите пушки
против непријателот во Прилеп и Куманово.Затоа 11 Октомври се слави како Ден на востанието
во Македонија.

Народни херои во тоа време биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Ибе Паликуќа, Вера Циривири -
Трена, Кузман Јосифовски – Питу...

На 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински е одржано Првото заседание на АСНОМ
(Антифашистичко Собрание на Народното Ослободување на Македонија). За прв претседател на
Македонија е избран Методија Андонов – Ченто.

Ова заседание е многу значајно бидејќи: 1) Македонија е прогласена за држава,


2)македонскиот јазик е признаен за службен јазик, 3) сите граѓани на Македонија се
рамноправни без разлика на вера, пол, националност.

По Втората светска Војна, Македонија е во составот на Југославија како рамноправна република.


Македонија се гради, се прават модерни патишта, железнички пруги, фабрики, хидроцентрали,
здравствени, културни и образовни институции.

 На 8 септември 1991 г. граѓаните на Македонија на референдум гласаа за самостојна,


суверена и независна Република Македонија. Затоа 8 Септември е државен празник на
Република Македонија.
 На 17 Ноември 1991, е изгласан првиот Устав на независна Македонија.
 Во 1993 Македонија е примена како рамноправна членка на ООН (Организација на
Обединетите Нации)

Сувереност – државата самостојно донесува одлуки за внатрешните работи и односите со другите


земји.

Референдум е демократско изјаснување (гласање) на граѓаните за важни прашања за државата

You might also like