You are on page 1of 6

 

Влада на Република
Македонија
•  Влада на Република Македонија — носител
на извршната власт во Македонија и е составена
од претседател на владата и министри. Владата ја
избира Собранието на Македонија со мнозинство
гласови од вкупниот број пратеници.
• Првата Влада на Македонија е формирана на
Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944
година, во текот на Втората светска војна. Заклучно
со мај 2017, во Република Македонија се смениле
вкупно 25 влади и 16 претседатели. Во периодот од
1945 до 1991 година на чело на македонските
влади, кои во еден период се нарекувале Извршен
совет, застанале осум претседатели, додека од 1991
до 2017 година осум премиери формирале влади.
• По одржувањето на општи парламентарни
избори, Претседателот на Република
Македонија е должен во рок од десет дена од
конституирањето на новоизбраното Собрание,
мандатот за состав на Владата да го довери на
кандидат на партијата, односно партиите што
имаат мнозинство во Собранието.
Потоа, мандаторот во рок од 20 дена од денот
на доверувањето на мандатот, на Собранието
му поднесува програма и го предлага составот
на Владата. Откако тоа ќе го направи,
Собранието ја избира Владата со мнозинство
гласови од вкупниот број пратеници.
• Првата Влада на НРМ е формирана на 16
април 1945 година со одлука на Трето заседание
на АСНОМ. Нејзин прв претседател бил Лазар
Колишевски. Како приоритетни цели во
програмата на првата Влада биле поставени:
подобрување на здравствената заштита, борба
против неписменоста, озаконување
на македонската азбука и правописот
на македонскиот литературен јазик, развој на
училиштата и формирање универзитет, развој
на народно судство, борба против бирократијата
и демократизација на органите на народната
власт со спроведување слободни и тајни избори.
• Во периодот од 1944 до денес (2009), во Република
Македонија се смениле вкупно 24 влади и 13 претседатели.
Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на
македонските влади, кои во еден период се
нарекувале Извршен совет, застанале осум претседатели,
додека од 1991 до 2005 година пет премиери формирале
влади. Колишевски бил најдолго на претседателската
функција, во четири влади, со мандат од по две години, од
1945 до 1953 година. Трипати претседател на влада
бил Ксенте Богоев, во периодот од 1968 до 1971
година, Љупчо Арсов, Никола Минчев и Благој Попов биле
на чело на македонските влади по двапати. Арсов имал
мандат од 1953 до 1958, Минчев од 1965 до 1967, а Попов
од 1974 до 1978 година. По еднаш на премиерската
функција биле Александар Грличков од 1963 до 1965
година, Драгољуб Ставрев од 1982 до 1986 и Глигорие
Гоговски од 1986 до 1991 година.
• Гоговски бил последниот премиер на Извршниот совет
на СРМ, и со него завршила ерата на социјалистичкото
општество во Македонија и се отвори новиот плурален
повеќепартиски систем на општествено уредување на
независна и суверена Република Македонија. Првите
парламентарни повеќепартиски избори се одржале на
11 ноември 1990 година, после што е избрана првата
Влада на самостојна Република Македонија на чело
со Никола Кљусев. По осамостојувањето во
1991, Бранко Црвенковски трипати формирал влада –
1992, 1994 и 2002, Никола Груевски четири – 2006, 2008,
2011 и 2014, а Никола Кљусев (1991), Љубчо
Георгиевски (1998), Хари Костов (2004), Владо
Бучковски (2004), Емил Димитриев (2016) и Зоран
Заев (2017) по еднаш.

You might also like