You are on page 1of 3

Денот на независноста на Р.

Македонија

Создавањето на независна и самостојна Република Македонија е резултат на


вековната желба и константна борба на македонскиот народ за создавање на сопствена
држава.
Формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун (1893) и
Илинденското востание од 1903 година, претставуваат првите посериозни фази за
остварување на таа идеја, која прерасна во реалност на 2 август 1944 година со првото
заседание на АСНОМ, кога беа поставени темелите на македонската државност.
Откако дојде до распаѓање на поранешната држава СФР Југославија, се формираа
самостојни држави, меѓу кои и Република Македонија. Република Македонија денеска
одбележува 26 години самостојност и независност, по успешно спроведениот референдум
што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој македонските граѓани се изјаснија за
самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од граѓаните што излегоа на
референдумот позитивно одговорија на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија
со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. Претходно, на 25
јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првиот
повеќепартиски македонски Парламент. Како важен чекор за државата следуваше
усвојувањето на новиот Устав, на 17 ноември 1991 година.
По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, Киро Глигоров
беше избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од
страна на Собранието на Република Македонија, на 27 јануари 1991 година.
По прогласувањето на независноста, државноста на Македонија меѓу првите ја
признаа Турција и Бугарија, како и Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина, а
потоа и другите држави. Државата монетарно се осамостои со воведувањето на денарот,
на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија, која роденденот го слави на 18 август.
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на
8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации,
Македонија беше примена за 181. полноправна членка на Светската организација.
Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќа
уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената
референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.
Стратешки определена да стане полноправна членка на Европската Унија и на
НАТО, Република Македонија како држава што неодамна ја стекна својата независност, ги
основаше своите институции и организации, активно работејќи на евроатланските
перспективи. Поради нејзиниот мултиетнички и мултиконфесионален карактер,
меѓуетничките односи во оваа држава отсекогаш биле предмет на различни опсервации.
Мултиетничноста, од една страна, е главната карактеристика на државата, а од друга
страна и голем предизвик на политичките елити, но и на општеството во целина, за
обезбедување рамноправност и почитување на правата на етничките заедници.

Воен конфликт во Република Македонија во 2001 година

Воениот конфликт во Република Македонија од 2001 започна на почетокот од


годината, меѓу Ослободителната Народна Армија (ОНА) и безбедносните сили на
Македонија. Конфликтот продолжи во поголемиот дел од 2001 година, а заврши со
потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август истата година, со којшто беа
унапредени правата првенствено на Албанците, но и на другите немнозински етнички
заедници во Република Македонија (Турци, Бошњаци, Срби, Власи и Роми). Во оваа
година, со Охридскиот договор кој беше потпишан меѓу главните политички носители во
земјата и со посредство и гаранција на меѓународната заедница, претставувана од ЕУ и
САД, дојде до промени во Уставот на Република Македонија. По завршувањето на
конфликтот, државата се опоравуваше од последиците и работеше на спроведувањето на
Охридскиот рамковен договор, воедно и на активностите на евроатлантскиот пат.

Македонија доби статус на земја-кандидат за членство во ЕУ

Четири години по конфликтот, во 2005 година, Македонија доби статус на земја-


кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од Европската комисија за почеток на
пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и годинава. Грција, по примерот
со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање
на прашањето за името. Македонија, имајќи го зачленувањето на ЕУ како стратешка цел
на државата, работи на исполнување на потребните реформи кои треба да придонесат за
напредување во евроинтегративниот процес.
Важноста на Самитот на НАТО во Букурешт

Освен членството во ЕУ, членството во НАТО е исто така, стратешка цел на


Република Македонија. Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година
донесе одлука за зачленување на Република Македонија во НАТО и оттогаш работи на
процесот за зачленување. Како еден од најважните настани на патот на државата за
зачленување во оваа организација е Самитот на НАТО во Букурешт. На 3 април 2008
година, на Самитот на НАТО во Букурешт, Романија, Грција ја блокира поканата за
Република Македонија за членство во НАТО. И покрај категоричното залагање на неколку
водечки земји за прием на Република Македонија, а пред сè на САД, Грција не даде
согласност за покана на Република Македонија, образложувајќи го тоа со лошите
соседски односи поради нерешениот проблем со името Македонија.

Идни перспективи

По 26 години независност на Република Македонија, членството во ЕУ и НАТО


остануваат стратешка цел на државата, за кои властите прават напори да ги исполнат
потребните реформски приоритети. Исто така, според официјалните определби на
актуелните власти, подигање на квалитетот на животот на граѓаните и градење
институции во служба на граѓаните се главните определби на државата.

Изработила: Розета Србакова

You might also like