You are on page 1of 16

Семинарска работа по вовед во правото во Европска Унија

Тема : Историја на Европска Унија

Ментор: Дејан Маролов Изработила : Марија Величкова

Проф. д-р Љупчо Сотировски Бр. на индекс 07860

Кочани, 2011
Историја на Европска унија

Содржина:

1. Зошто Европска Унија?


2. Десет историски чекори
3. Проширувње и соседска политика
4. Како работи Унијата?
5. Што работи Унијата?
6. Единствениот пазар
7. Економската и монетарната унија
8. Клучни датуми во историјата на Европската интеграција

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Вовед

 Зошто Европска Унија?

Обединета Европа некогаш беше идеја само за која сонуваа филозофите и


визионерите. Но, од урнатините на втората светска војна се роди нова надеж.
Луѓето што за време на војната му се спротиставуваа на тоталитаризмот, беа
одлучни да стават крај на меѓународната омраза и насилство и да
создадатуслови за траен мир.

Роберт Шуман ( француски министер за надворешни работи) ја застапуваше


идејата што првично ја зачнаа Жан Моне, и на 9 мај 1950 година, предложи
создавање на Европска заедница на јаглен и челик. Земјите што некогаш се
бореа меѓу себе, требаше да го здружат производството на јаглен и челик под
капата на еден заеднички Висок управен орган. На еден практичен и многу
симболичен начин, суровините на војната се протвораа во инструменти на
помирување и постигнување мир.

Европската унија го охрабруваше обединувањето на Германија по уривањето


на берлинскиот ѕид во 1989 година. Кога во 1991 година се распадна
советската империја, поранешните комунистички земји од Централна и
Источна Европа, по многу години одлучија дека нивната иднина лежи во
семејството на демократските европски нации.

И во 21 век Европа решава Прашања кои се однесуваат на сигурноста и


безбедноста.ЕУ мора успешно ад дејствува за да осигури безбедности
сигурност за нејзините зенји членки.

Таа има голем удел во економијата, со што нејзините земји членки се


здружуваат и учествуваат во заеднички пазар.

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Главен дел

 Десет историски чекори и нејзино проширување

На 9 мај 1950, Шумановата декларација предложи основање на Европската


аедница за јаглен и челик, која стана реалност со договорот во Париз,
потпишан на 18 април 1951 година. На тој начин се создаде заеднички пазар
на јаглен и челик меѓу шесте земји основачи( Белгија, Германија, Франција ,
Италија, Холандија и Луксембург). Целта, во периодот по втората светска
војна беше да осигури мир меѓу победените и поразените нации и истите да
се сплотат во институционална структура во која ќе соработуваат како
еднакви партнери.

Шесте земји потоа одлучија, на 25 март 1957 година со договорот од Рим, да


создадат Европска економска заедница, заснована врз заеднички пазар за
голем асортиман на стоки и услуги. На 1 јули 1968 година, царините меѓу
шесте земји беа целосно укинати, а во 1960 година беа изградени заеднички
политики си акцент врз трговија и земјоделство.

Овој потфат беше толку успешен што и Данска, Ирска и Обединетото


кралство одлучија да и се приклучат на заедницата. Првото проширување од
шест на девет земји членки се случи на 1973 година. Во исто време беа
спроведени нова социјална политика и политика за заштита на животната
средина, а во 1975 година беше основан Европскиот фонд з арегионален
развој.

Јуни 1979 година, беше сведок на еден одлучувчки чекор напред за Европска
заедница, со првите избори за Европскиот парламент по пат на директно,
универзално право на глас. Овие избори се одржуваат на секои пет години.

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Во 1981 година, Грција се приклучи на заедницата, а по неа и Шпанија и


Португалија. Овие Проширувања го зајакнаа присуството на Заедницата во
Јужна Европа и ја истакнаа потребата за итно проширување на нејзините
програми за помош на помалку развиените региони.

Светската економска криза во раните 1980-ти предизвика бран не Европизам.


Но надежта повторно се роди во 1985 година, кога европската комисија, под
претседателство на Жак Делор, ја објави белата книга во која беше зацртано
дека европскиот единствен пазар ќе бие создаден до 1 јануари 1993 година.
Оваа амбициозна цел беше втемелена во единствениот европски акт, кој
беше потпишан во февруари 1986 година, а стапи на сила 1 јануари 1987
година.

Новата европска динамика и менувањето на геополитиката на континентот


придонесоа уште три земји – Австрија, Финска, и Шведска. Тие на Европската
Унија и се придружиа на 1 јануари 1995 година.

Во тоа време , ЕУ беше на патот за најспектакуларното достигнување-


создавање на единствена валута.

Еврото беше воведено за финансиски трансакции во 1999 година, додека


банкнотите и монетите беа издадени три години подоцна. Денес еврото е
една од главните валути за плаќања и за резерви, непоредно со доларот во
САД.

Европејците се соочени со глобализација. Новите технологии и растечката


употреба на интернетот ги трансформираат економиите, но истовремено со
себе носат социјални и културни предизвици.

Речиси веднаш по проширувањето на европската унија на 15 земји- членки


започнаа подготовките на ново проширување без преседан. Во средината на
1990-те години, земјите на поранешниот советски блок( Бугарија, Чешката
Република, Унгарија, Полска, Романија и Словачка), трите балтички земји што
претходно беа дел на советскиот сојуз( Естонија, Летонија и Литванија), една

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Републиак на поранешна Југославија ( Словенија) и две медитерански земји


( Кипар и Млата) Затропаа на вратата на ЕУ.

Проширувањето на Европската унија има големо значење и притоа се


направи голем чекор во нејзината историја. Така еврпската унија ја зголеми
својата површина и население и стави крај на поделеноста на нашиот
континент.

Таа денеска функционира со сите земји членки наведени погоре, а притоа


Турција- членка на НАТО, која одамна има потпишано спогодба за асоцијација
со ЕУ, аплицираше за членство во 1987 година. Географската положба и
политичката историја на Турција беа причините поради кои ЕУ долго време се
двоумеше дали да даде позитивен одговоро на нејзината апликација. Сепак,
во октомври 2005 година, Европскиот совет ги започна преговороите за
членсво на Турција во Европската унија.

Земјите, пак од Западен балкан од од нив дел на Поранешна Југославија, се


ссвртуваат кон Европската Унија со цел да ја забрзаат нивната економска
реконструкција, да ги подобрат нивните односи- нарушени од етнички и
религиозни војни и да консолидираат нивните демократски институции. ЕУ и
додели кандидатски сатус на Република Македонија во ноември 2005 година.
Други потенцијални кандидати се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и
Србија.

 Услови за членство

Европската интеграција отсекогаш била политички и економски процес


отворен за сите европски земји кои се подготвени да се придружат кон
оснивачките договори и да го усвојат целиот пакет на законодавство на ЕУ.
Согласно со челн 237 од Римскиот договор „ секоја европска држава може
да аплицира за членство во Заедницата.”

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Во 1993 година, согласно барањата на поранешните комунистички земји за


приклучување кон Унијата, Европскиот совет ги зацрта трите критериуми
што земјите кандидатки мораат да ги исполнат за да станат членки. Пред
зачленувањето, новите членки мора да имат:

1. Стабилни институции кои ќе гарантираат демократија, владеење на


правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата.

2. Функционална пазарна економија и да се во можност да се справат со


притисокот на конкуренцијата и пазарните сили внатре во Унијата

3. Способност да се преземат обврските што носи членство во еу,


вклучувајќи и поддршка за целите на Унијата. Тие мора да имаат јавна
администрација способна да ги спроведува и да управува со закоите на
ЕУ во пракса.

Преговорите за влез се водат меѓу секоја земја- кандидатка и Европската


комисија, која ја претставува Европската унија. По завршувањето на
преговороите, одлуката за дозволување влез на една земја во ЕУ мора да
донесе едногласно од страна на постоечките земји членки кои се среќаваат во
рамките на советот. Европскиот парламент мора да ја даде својата согласност
преку позитивно гласање на апсолутното мнозинство. Потоа сите договори за
пристапување мора да бидат ратификувани од страна на земјите членки и
земјите кандидатки согласно уставните процедури на секоја земја,
поединечно.

Европската унија има две паралелни политики за нејзините односи


сососедните земји зависно од тоа дали се наоѓаат или ен на моменталната
листа потенцијални кандидати:

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

1. Спогодбите за стабилизација и асоцијација ја отвораат можноста за


една земја да стане кандидат за членство во ЕУ по завршувањето на
преговорите за спогодбата;

2. Во рамките на нејзината соседска политика, ЕУ има потпишано


спогодби за трговска размена и соработка со земји кои не се членки на
ЕУ, а се наоѓаат во областа на јужен медитеран и јужен Кавказ.

 Тријаголникот кој донесува одлуки

1. Советот на министри на Европска Унија ги представува земјите членки


и е главно тело за донесување на одлуки. Кога се среќава на ниво на
претседатели на држави или влади тој станува европски совет чија што
улога е да и го даде на ЕУ политичкиот имплус за клучни прашања.
Претседавањето со советот, најизменично го преземаат земјите членки
на секои шест месеци. На секоја седница на советот присуствува по
еден министер од секоја земја членка. Кој министер ке присуствува на
седницата , зависи од дневниот ред. Советот има законодавна
надлежност која ја споделува со Европскиот парламент во рамките на
соодлучување. Советот и парламентот ја делат и одговорноста за
усвојување на буџетот. Советот, исто така, склучува меѓународни
спогодби за кои преговара Комисијата. Согласно договорите, советот ги
носи одлуките со просто мнозинство, со квалификувано мнозинство или
едногласно, зависно од темата за која се одлучува. Советот мора да
донесе еногласна одлука за важни прашања, какви што се измени во
договорите, воведување нова политика итн.

2. Европскиот совет поправило се среќава четири пати годишно. Со него


претседава претседателот или премиерот на државата што го има
тековното претседателствово советот на европската унија. Со
договорот од Мастрихт, европскиот совет официално стана двигател на

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

поважните политики на унијата и доби надлежност да решава за тешки


прашања што министрите во рамките на советот не успеале да ги
решат. Европскиот совет ги следи најважните светски проблеми преку
заедничката надворешна и безбедносна политика, со цел да и
овозможи на ЕУ за дипломатските прашања да говори со еден глас.

3. Европскиот парламент е избрано тело кое ги представува граѓаните на


ЕУ. Тој врши политичка контрола врз активностите и учествува во
законодавниот процес. Од 1979 година, пратениците во европскиот
парламент се бираат директно, со општо право на глас, на секои пет
години. Парламентот учествува во законодавната работа на ЕУ во три
нивоа:

- Со постапка на соработка, која беше наведена во единствениот


европски акт од 1987 година, парламентот дава свое мислење за нацрт
директивите и регулативите;
- Од 1987 година постои постапката на давање согласност, со која
Европскиот парламент мора да даде своја соглесност за меѓународните
договори за кои преговара комисијата;
- Договорот од Мастрихт од 1992 година ја воведе постапката на
соодлучување со која парламентот е ставен на еднакво рамниште со
советот.
Освен овие тела во рамките на ЕУ функционираат и други институции, тоа
се:
- Судот на правдата;
- Судот на ревизори;
- Европски комитет за економски и социјални прашања;
- Комитетот на регионите;
- Европската инвестициск банка;
- Европска централна банка;

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

 Што работи ЕУ

Европската унија делува во оние области – економската, социјалната,


ртегулаторната и финансиската - во чии рамки нејзините активности за
земјите- членки. Тие вклучуваaт: Политики на слолидарност (познати и како
кохезиски политики) во однос на регионалните, земјоделските и социјалните
прашања;

- Политики за технолошки новини, кои највисоките технологии ги


воведуваат во области како што се заштитата на животната средина,
истражувањето и развојот, (И и Р), и енергијата.
- Унијата ги финансира овие политики преку годишен буџет со повеке од
120 милијарди евра, кои главно го покриваат земјите членки. Тој
претставува мал дел од колективното богатство на ЕУ (максимум 1.24
% од комбинираниот бруто национален приход од сите земји членки).

- Политики на солидарност

Главната цел на политиките за солидарност е да го одржат


завршувањето на единствениот пазар и да ја надминат сета
нерамноправност по пат на структурни мерки наменети за помош на
регионите кои заостануваат или индустриските сектори кои се
соочуваат со потешкотии.

- Регионална помош

Регионалната политика на Европската унија се темели врз трансферите


на средства од богатите на сиромашните земји. Средствата се наменети за
потикнување за развојот во регионите кои заостануваат, да се обноват
замрените индустриски региони, за вработување на млади луге.

- Мегусебно приближување

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Целта е да се помогне на најнеразвиените земји и региони побрзо да ги


приближат своите економии кон просекот на ЕУ, преку подобрување на
условите за економски раст и вработување.

- Регионална конкурентност и вработување


Целта е да се зголеми конкурентноста, нивото на вработеност и
привлечноста на регионите кои не спагаат во групата на оние најмалку
развиените.

- Европска територијална соработка


Намената на оваа нова цел е да се зголеми прекуграничната,
транснационалната и мегу-регионална соработка.

- Европски фонд за регионален развој (ЕФРР)


Ова е првиот Структурен фонд кој обезбедува средства за зајакнување на
економската, социјалната и територијалната кохезија преку намалување
на разликите мегу регионите и преку подршка на структурниот развој и
прилагодувањето на регионалните економии, вклучувајки го и
обновувањето на замрените индустриски региони.
- Европскиот социјален фонд (ЕСФ) – е вториот Структурен фонд,
обезбедува средства за стручно образование и за иницијативите за
создавање работни места.
Дополнително на Структурните фондови, постои и Кохезиски фонд, кој е
наменет за финансирање на сообраќајната инфраструктура и на проекти
од областа на животната средина во земјите на ЕУ каде БДП по жител
изнесува помалку од 90% од просекот на ЕУ.

- Заедничка земјоделска политика (ЗЗП)

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Целите на ЗЗП наведени во Договорот од Рим од 1957 година, во голем


дел се веке исполнети: на земјоделците им е возможен примерен животен
стандард; пазарите се стабилизирани; потрошувачите добиваат производи по
разумни цени; земјоделските структури се модернизирани. Потрошувачите се
сигурни во квалитетот на производите, а цените на земјоделските производи
останаа стабилни, заштитени од флуктациите на светскиот пазар. Буџетот за
ЗЗП се вика Европски фонд за земјоделско водење и гаранција.

- Социјална димензија

Социјалната политика на ЕУ има за цел да ги исправи најголемите


неправедности во европското општество. Европскиот социјален фонд (ЕСФ)
беше формиран во 1961 година со цел да се потикне создавање на нови
работни места и да се овозможи поголемо професионално и / или географско
движење на работниците.

Финансиската помош не е единствениот начин на кој ЕУ се обидува да


ги подобри социјалните услови во ЕУ. Социјалниот напредок е првенствено
резултат на економскиот раст. Тоа оди рака под рака со законската
регулатива која гарантира пакет на минимални права.

 Единствен пазар

Единствениот пазар е едно од најголемите постигнувања на европската


унија. Ограничувањатаа меѓу земјите членки во однос на трговијата и

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

слободната конкуренција постепено беа отстранети, што резултираше во


повисок стандард на живот.

Единствениот пазар сеуште не станал единствена економска зона. Некои


економски сектори (јавните услуги) се уште се под надлежност на
националните закони.

Секоја од земјите на ЕУ се уште ги има надлежностите за оданочувањето и


социјалната политика.

Единствениот пазар ја има поддршката од неколку други сродни политики кои


ЕУ ги усвуи во текот на годините.

Договорот од Рим од 1957 година, со кој беше основана Европската


Економска заедница, даде можност за укинување на царинските бариери во
рамките на заедницата.

Во јуни 1985 година, комисијата, под водство на тогашниот претседател Жак


Делор, објави бела книга која предлагаше во следните седум години да се
укинат сите физички, технички и даночни бариери и на слободното движење
во заедницата.

Денес се укинати погранични контроли на стоките во рамките на ЕУ заедно


со пасошката контрола на луѓето. Случајни проверки од страна на полицијата
( кои се дел од борбата против криминалот и трговијата со дрога) сеуште се
вршат кога тоа е потребно.

За повеќето производи, земјите на ЕУ го прифатија принципот на меѓусебно


признавање на националнитеправила. Секој законски произведен производ
кој веќе се продава во една земја членка, мора да може да се пласира на
пазарите на сите други земји членки.

Даночните бариери беа намалени преку делумно усогласување на


националните стапки на ДДВ. Одданочувањето на приходот од инвестиции
беше регулирано со договор меѓу земјите членки и некои други земји.

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

 Економска и монетарна унија и еврото

Еврото е единствената валута на Европската унија. Во 1999 12, од


тогачните 15 земји го усвоија еврото за неготоовински трансакции, а
подоцнаво 2002 година со воведувањето на банкнотите и монетите еврото
почна да се користи при сите платежни операции.

Три земји ( Данска, Шведска и Обидинетото Кралство) не учествуваа во


монетарната унија. Новите земји членки се подготвуваат да влезат во
евро зоната штом ќе ги исполнат неопходните услови.

Паралелно со целта за одржување монетарна стабилност, која спаѓа во


надлежностите на европската централна банка, земјите членки се
обврзани ина повисок раст и економска конвергенција.

Постојат три фази на економска и монетарна унија;

- Првата фаза започна на 1 јули 1990 година

Таа опфаќа: целосно слободно движење на капиталот во рамките на ЕУ


( контролите при размената беа укинати), зголемување на износот на
средства наменети за остранување на нееднаквостите и економска
конергенција, преку мултилатерален надзор над економските политики на
земјите членки.

- Втората фаза започна на 1 јануари 1994 година

Таа предвиде: основање на европскиот монетарен труд ( ЕМИ ) , и тој


беше составен од гувернерите на централните банки и независност на
националните централни банки.

- Третата фаза беше раѓањето на еврото

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

На 1 јануари 1999 година еврото беше прифатено од 11 земји, а на 1


јануари 2002 беа воведини банкноти и монети на еврото.

Заклучок

Европската унија има долга историја. Започнувајќи со нејзиното основање


од 1950 година па се до денес таа на различни начини се труди за да
достигне еден степен на совршеност во нејзиното функционирање и
добра обученост на нејзините органи.

Таа има свои клучни датуми кои се однесууват на нејзините земји членки
воопшто и притоа се од големо значење. Тоа се договорите за
пристапување, директиви и регулативи кои ги донесува и истите треба да
бидат ратификувани од сите земји членки. Освен клучните датуми за
договорите кои се однесуваат за сите земји членки и се од конститутивно
значење, таа се усовршува постепено со нејзинитеоргани. Тука спаѓаат:
европскиот совет, европски парламент, европски суд на правдата, совет
на министри итн..

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани


Историја на Европска унија

Потоа си развива своја политика за економската политика во рамките на


заедницата, а истовремено и посебни постапки за членствона други
држави.

На овој начин таа успеала да се созададе како големо семејство кое се


простира на на голема таериторија со различни ентитети и разлики меѓу
населението, а притоа да функционира совршено.

Користена литература:

- “ Европа во 12 лекции” од Паскал Фонтејн

- http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF
%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%A3%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0

- Вовед во ЕУ од проф. Д-р Љупчо Сотироски

Универзитет Гоце Делчев- Штип, правен факултет -Кочани

You might also like