You are on page 1of 11

Универзитет “Гоце Делчев” – Штип

Факултет за образовни науки

Семинарска работа по предметот:

Историја на Европа XX век

Тема:

ДЕКЛАРАЦИЈАТА НА РОБЕРТ ШУМАН

Ментор: Кандидат:

Доц. Д-р Оливер Цацков Моника Анчовска

Бр.Индекс: 141241

Штип, мај 2018


СОДРЖИНА

РОБЕРТ ШУМАН ------------------------------------------------------------------------------------- 3

ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ШУМАН ВО ФРАНЦИЈА -------------------------------- 4

ЗАКЛУЧОК --------------------------------------------------------------------------------------------------------------- 11

2
ВОВЕД

РОБЕРТ ШУМАН (биографија)

Роберт Шуман бил


германски композитор и музичар, еден
од најзначајните претставници
на романтизмот во музиката. Особено
се истакнал како автор
на клавирски минијатури и соло-песни,
а компонирал и камерна и сценска
музика, четири симфонии и
една опера.

Роден е во 1810 година во


местото Цвикау во фамилија на татко
којшто имал книжарница, факт, кој рано
го насочил младиот Шуман кон
книжевноста на поблиското и
подалечното минато на неговата земја.

3
ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ШУМАН ВО ФРАНЦИЈА

Откако Мосел се вратил во Француската Република во 1918 година,


Роберт Шуман станал француски државјанин. Благодарение на неговото
познавање на францускиот и неговите правни способности, тој започнал
политичка кариера во парламентот, а исто така бил и претставник на Мосел од
1919 до 1940 година. Поради избувнувањето на Втората светска војна во 1940
година, неколку месеци, тој бил под-државен секретар за бегалци.

Откако бил уапсен од страна на Гестапо во 1940 година, во 1942 година, тој
избегал и почнал да се крие. Тоа траело до ослободувањето на Франција

Исто така , дошол на висока одговорна функција во извршните власти. Најпрвин,


како министер за финансии ( 1946 -1947 ), а потоа како премиер ( 1947 – 1948 )
– со голема храброст се соочил со тешката ситуација која помеѓу останатото ,
била одбележана со голем број на штрајкови.

Како министер за надворешни работи во периодот од 1948 до 1953 година, тој


имал водечка улога во преговорите за Договорот за основање на Совет на
Европа (1949), Организацијата на Северноатлантскиот договор (1949) и
Европската заедница за јаглен и челик (1951). Подоцна бил министер за правда
(1955 - 1956).

Во исто време Робер Шуман почнал да се залага за тоа дека земјите од


Европската заедница за јаглен и челик и Обединетото Кралство, ја зајакнуваат
одбранбената соработка, со цел заеднички да се соочат со советската закана и
истовремето да го контролираат вооружувањето..

4
На 9 мај 1950 година Роберт Шуман, тогашниот француски министер за
надворешни работи, го презентирал предлогот за создавање на
организирана Европа, како опција за одржување на мирот. Неговиот
предлог, ко јво историјата е познат како „Шуманова декларација“, се
смета за почеток на формирањето на денешната Европска Унија.

Шумановиот план, или уште познат како ШУМАНОВА ДЕКЛАРАЦИЈА,


наречен е по самиот, Робер Шуман, кој го предложил и го објавил во јавност, на
9ти мај 1950 година. Суштината на овој план бил, да се стават под заеднички
надзор, француското и германското производство и дистрибуција за челик.

По објавувањето на планот, освен Франција и Германија, кон оваа иницијатива


се приклучиле и Италија, Данска и Холандија. Планот резултирал со
потпишување на Парискиот договор – 18 април 1951 година и основање
Европска заедница за јаглен и челик.

5
9 Мај претставува европски симбол за единство, кој заедно со химната
„Ода на радоста“ и знамето го идентификуваат политичкиот ентитет на
Европската Унија. По повеќе од 6 децении од постоењето, Европската Унија
била исправена пред сериозни предизвици.

Со декларацијата, Шуман повикува на воспоставување нов поредок во кој нема


да има место за судири меѓу европските држави, а суштината на неговата идеја
била да се воспостават заеднички тела и односи, пред сѐ, во производството и
дистрибуцијата на јаглен и челик, како темел на индустриската сила. Шуман
првенствено ги имал во предвид односите меѓу Франција и Германија.

6
Европскиот совет во 1985 година во Милано донесе одлука денот на
објавувањето на планот на Шуман – 9 мај да се одбележува како Ден на Европа.

Договорот од Мастрихт од 7 февруари 1992 година стапил во сила на 1


ноември 1993 година и утврдил три столба на Европската Унија:

 наднационален столб,

 заедничка надворешна и

 безбедносна политика и

соработка во областа на судството и внатрешните работи. Европската Унија


ја сочинуваат 28 членки, но со одлуката на Велика Британија да ја напушти,
односно по завршување на процесот на Брегзит, бројот на земјите членки на
ЕУ ќе биде 27.

7
Роберт Шуман држи говор во 1950 година

Со Брексит, мигрантската криза, терористичките напади и со подемот


на популизам, ЕУ се соочува со еден од најголемите предизвици од своето
постоење. Македонија од 2005 година станала земја кандидат за членство во
Европската Унија.

Денеска со повеќе активности се одбележува и 9 Мај - Денот на победата над


фашизмот.

Секоја земја која одлучи да се приклучи на Европската унија на демократски


начин, исто така, ги прифаќа своите две основни и заеднички вредности, како
што се мирот и солидарноста. Тие биле изразени преку економски и социјален

8
развој, вклучувајќи ги и еколошките и регионалните аспекти, кои биле гаранција
за пристоен животен стандард за сите граѓани.

Роберт Шуман и Жан Моне 9 мај 1950

9
Декларацијата "Шуманoва декларација" од 9 мај 1950 година, во врска со Европската заедница
за јаглен и челик, внимателно подготвена со Jean Monnet ( Жан Моне ) и неговиот тим,
претставува добра илустрација за целите на европската интеграција; тоа се темели на
помирувањето, солидарноста, мирот.

10
ЗАКЛУЧОК

На 9 мај 1945 година Германија ја потпишала својата капитулација во


Втората светска војна, во која животот го загубиле над 50 милиони луѓе, од кои
над 20 милиони од поранешен СССР. Војната официјално завршила неколку
месеци подоцна, со капитулацијата на Јапонија, но во Европа тој ден се
одбележува како Ден на победата над фашизмот. Во нацистичките логори
биле убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи.
Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета
на околу 260 милијарди американски долари.

Македонија за време на Втората светска војна била на страната на


антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори,
според проценките на историчарите, само од вардарскиот дел на Македонија
загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои
биле депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

11

You might also like