You are on page 1of 2

Од Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) до основањето на

Европската економска заедница

Во Европа одамна имало мировни движења и идеи континентот


да се обедини и да стане еден голем сојуз на демократски држави, со
единствен пазар, со отворени граници, со богата економска и културна
размена и со единствено почитување на човековите права и граѓански
слободи. По Втората светска војна тие идеи добиле и поконкретна
содржина: да се создаде единствена европска заедница на народи од
Ламанш до Урал и Кавказ. Во 1948 год. во Хаг е одржан првиот
Конгрес на Европа, со учество на 750 поборници на европското
здружување.
- Првиот чекор до Унијата е направен веднаш по војната, кога во
1949 е основан Советот на Европа.
Три години претходно поранешниот британски премиер Винстон
Черчил, на јавен настап во Цирих Швајцарија, ќе ја обелодени својата
визија за обединета, демократска Европа, зад која изјава стои идејата
на Черчил за европски сојуз како брана за ширење на комунизмот.
Но, во тоа време, Германија е сé уште недефинирана територија и
правен систем, Франција економски слаба, Италија сиромашна и
депримирана од воениот пораз... Само Британија е на нозе, пред сé
благодарение на сопствената доминантна улога меѓу европските
држави во Втората светска војна. Само Советскиот сојуз и Британија,
од големите европски држави, не паднаа под окупација на Хитлер. Тој
авторитет и кредит за Британците значеше лидерствово Европа по
војната. Освен овој аргумент, Британија на своја страна ги имаше и
американските повоени кредити кои ѝ дадоа лидерство и во повоената
економија.
Заради доминантната британска и американска положба во повоена
Европа, договорено е официјалната идеја да дојде од друга страна за
да се обезбеди поширока иницијатива и подршка. Што би рекле
комунистите: да се фингира идејата од базата, а не одозгора. Затоа во
1950, на петгодишнината од крајот на Втората светска војна ,
францускиот министер Роберт Шуман го објавува планот за
европската економска заедница, а германскиот канцелар Аденауер ќе
биде формалин коавтор и прв подржувач на овој план. Германија веќе
во 1951 ќе стане членка на Европскиот совет, а во 1955 и членка на
НАТО.
Со тоа, идејата на Черчил да се направи силен сојуз за запирање на
советското, комунистичко ширење, како и сојуз за побрзо економско
опоравување на Германија и Италија, е остварена. Британија и САД,
како ментори и спонзори на европското обединување, на почетокот
стојат од страна.
Денешната ЕУ влече корени од првата послевоена наднационална
институција, Европска заедница за јаглен и челик. Сојузот од шест
иницијални членови: Германија, Франција, Италија, Холандија, Белгија
и Луксенбург на 14 април 1951 почнува да функционира како
економска заедница за производство на јаглен и челик.
Идејата на Жан Моне, поддржана од страна на францускиот
министер за надворешни работи Роберт Шуман била да се стави под
наднационална управа целата контрола за производство и
потрошувачка на челик и јаглен, бидејќи баш тие биле материјали
неопходни да се произведе воглавно сето оружје во тоа време. На тој
начин се спречувала некоја нова разорна војна.
Деветти мај 1950, Роберт Шуман го претставил овој план, кој денес
го нарекуваме Шуманова декларација и таа дата се обележува како
ден на Европа.
После неколку години, шесте членки оснивачи оформиле две
важни институции - Европска економска заедница (ЕЕЗ) и
Европска заедница за атомска енергија (Еуратом).
Целта на ЕЕЗ била создавање царинска унија заснована на “четири
слободи”, принцип кој стои и денес: слобода на движење на стока,
услуги, капитал и луѓе.
Еуратом имал за цел да го ограничи развојот на атомската енергија
во воени цели.

You might also like