You are on page 1of 3

останало запаметено како Берлинската криза.

Берлинската криза всушност претставувалс


кулминација на конфликтот помеѓу истокот и западот, конфликт кој имал свои почетоци
од 1945-тата година кој индикативно одел по траекторијата на поларизирање на светот.
Накратко би се осврнале и на генезата на Берлинската криза и преку периодизација на
конфликтот и нејзините причини за да дојдеме до разумно објаснување дека оваа криза
навистина е генерирана поради војно –политички интереси на двете супер сили, а
истовремено да не се посомневаме дека постои светска конспирација меѓу нив за
поделбата на светските добра и ресурси. Раниот конфликт (1945) Конференциите на Јалта
и Потсдам поставил некои принципи и насоки како да се постави политичкиот третман
спрема Германија непосредно по нејзината капитулација. Меѓутоа, истиот момент кога
овие принципи биле поставени и изложени на маса, западните земји и Советскиот Сојуз
влегле во длабок конфликт затоа што обострано и на свој начин, различно ги
интерпретираа овие принципи. Во согласност со Конференцијата од Потсдам, Германија
била третирана како економска единка. Согласно принципите од оваа конференција,
Русија би добила репарација пропорционална на индустриските производи произведени во
Германија, а наменети за западниот пазар, а за возврат, зоната контролирана од страна на
Русија би го снабдувала западниот дел со храна и суровини (Источниот дел и зона биле
земјоделски а западниот индустриски регион. Русија имаше намера да биде снабдувана со
индустриски производи затоа што во текот на војната Германија тешко ја оштетилс
руската индустрија). Но, Русија сакала да го експлоатира источниот регион колку што е
тоа можно, а истовремено да не го снабдува западниот регион со храна и суровини. Ова
предизвикало реакција кај американците и тие го оставиле источниот дел без индустриски
продукти. Токму поради ваквата взаемна реакција на САД и Советскиот Сојуз, двете сили
ја концентрирале својата економска политика паралелно и независно, во двете зони,
источната и западната. Исто така, во согласност со Конференцијата од Потсдам, четирите
сили кои ја зазеле Германија се согласиле да го “демонтираат„ нацистичкиот систем и да
го подготват теренот за демократско уредување во Германија. За западот,
„денацификацијата“ значело дека ќе бидат казнети и санкционирани оние кои директно
учествувале и имале активно учество во нацистичкиот режим. Русите,
„денацификацијата“ ја протолкувале како казна не само за индивидуите и лицата кои
директно биле вклучени во режимот на Хитлер туку и казни за целата буржоаска класа,
затоа што за Русите буржоаскиот капитализам претставувала основата и леглото од каде
изникнал Нацизмот. На овој став реагирал западниот „блок“ верувајќи дека преку ваквиот
пристап Русија не само што ќе ги казни нацистите туку и имал намера да воспостави и
креира нов режим кој ќе го водел работничката класа и селаните. Бидејќи двете страни
носеле различни ставови и политика за нивните окупирани зони, се појавил висок степен
на меѓусебна недоверба за намерите и насоките како ќе се дизајнира пост -воената
Германија. Економски конфликт (1946) Со цел да се оживее и воздигне германската
економија што е можно поскоро, американската и британската влада и овозможиле на
западно германската индустрија до го подигне нивото на производство. Русија била
загрижена дека еден ден Западна Германија ќе се врати на економско политичката мапа
како силен приврзаник на западните земји. Во декември 1946-та, рускиот страв станл
поочигледен кога Британците и Американците ја формираа „Бизонија“ (име на
заедничката здружена економска зона, а во јуни 1948-та Франција реши да им се приклучи
на САД и Британија по што „Бизонија била преименувана во „Тризонија“). Целта на САД
и Британија била да ја намалат колку што е можно германската репарација а истовремено
да ги јакнат германските индустриски капацитети, да изградат единствен железнички
систем и други служби како и да го повратат германското индустриско производство на
она ниво какво што била пред војната. Зголемена недоверба (1947) Со претставувањето и
изложувањето на „Трумановата доктрина“ и започнувањето на „Маршаловиот план“ во
кој секако била планирана и Западна Германија, Русија се почувствувала загрозена дека
САД лансираат анти-комунистичка кампања против Советска Русија. Дипломатски
конфликт (1949) Во февруари 1948, Русија одговорил на притисокот од Студената војна со
барањето да го присвои целиот град Берлин во рамките на нејзината окупирана зона.
Наишле на жестока реакција од западните сили. САД, Британија, Франција и земјите од
Бенелукс го потпишале Лондоснкиот договор од 1948 со кој декларирале дека ќе
формираат демократска западно германска влада во западната зона. Повторно, Советскиот
Сојуз сето ова го протолкувал како закана дека САД се обидуваат да ја направат Западна
Германија воен анти Советски предводник. Берлински конфронтации (1948)
Непријателските односи меѓу САД и Советскиот Сојуз пред 1948-та неизбежно ја
креираше берлинската криза. Валутната реформа во западниот дел 1948-та автоматски ја
продуцираше берлинската криза. Целта на западните авторитети била преку
претставувањето на новата валута да се заживее германската економија. Фактот што
количината на пари во оптек била енормно 10 висока, поради недостатокот на храна и
добра и поради инфлацијата, во пост воениот период, ја довло германската марка во
обезвреднета состојба на која неизбежно и суштински и била потребна финансиски рез и
реформа со цел повторно да се креира финансиска стабилност на Германија. Но,
Советскиот Сојуз размислуваше поинаку. Повторно биле заплашени дека со финансиската
реформа, Западна Германија ќе стане моќна која ќе ги загрози интересите и позицијата на
Советскиот Сојуз во источниот дел на Германија. Кога новата валута била претставена и
пуштена во оптек во западен Берлин и западната германска зона, Советскиот Сојуз ги
прекина сите земни комуникациски линии помеѓу западен Берлин и Западна Германија.
Токму ова била причината за блокадата на Берлин на 24 јуни 1948-та година. Два милиони
жители на западниот сектор на Берлин биле престрашени дека ќе умрат од глад.
Американците сметаа дека оваа блокада на Советскиот Сојуз има за цел да ги принуди
западните сили да се повлечат од западен Берлин а со тоа да се консолидира советската
контрола во централниот и источниот дел на Европа, да се обесхрабри Маршаловиот план
како и да се охрабрат комунистичките партии во западна Европа. Накратко, за западните
сили ова била јасен знак за комунистичка агресија. Генералот Клеј, воениот Гувернер на
американската зона изјавил –„Доколку Берлин падне,следна ќе биде западна Германија“.
Тој бил на цврст став дека само војна со Русија може да го реши овој спор. Иако Франција
одбила воено да се спротивстави бидејќи била економски слаба, западните земји се
договориле дека не смее да се попушти пред притисокот на Русија и да се повлечат од
западен Берлин. Била донесена одлука, населението на западен Берлин да биде снабдувано
со храна и неопходни средства од воздух, користејќи ја авијацијата. Милиони прегладнето
западно Германци биле снабдувани со авионите на САД, Франција и Британија кои за оваа
потреба ги искористија сите транспортни авиони кои биле на располагање за да се
дистрибуираат секаков вид на материјална и прехранбена помош. Во зимскиот период,
условите за летање биле опасни и иако неколку авиони на сојузниците се срушија, тоа не
ги поколебало деноноќно да продолжи снабдувањето на организаторите со што ја

You might also like