You are on page 1of 3

 СЛОБОДА, ПРАВДА И БЕЗБЕДНОСТ

Европските граѓани имаат право да живеат слободно, без страв од


прогон или насилство, насекаде во ЕУ. Најголеми проблеми со кои се
занимава Европа денес се меѓународниот криминал и тероризмот.
Јасно е дека слободата на движење мора да значи да му се обезбеди
секому и секаде во ЕУ подеднаква заштита и подеднаков пристап до
правдата.
 СЛОБОДА НА ДВИЖЕЊЕ:
Бидејќи беа укинати контролите на повеќето внатрешни граници во
Унијата, беа потребни дополнителни безбедносни мерки на
надворешните граници на ЕУ. Слободата на движење во Унијата се
однесува и на криминалците, националните полициски сили на ЕУ и
судските власти треба тесно да соработуваат за да се справат со
меѓународниот криминал.
Трите концепции на слобода, правда и безбедност се тесно поврзани.
Слободата станува целосно безначајна кога луѓето не можат да
живеат безбедно, заштитени од праван систем на кој можат да се
потпрат.
 На 15 и 16 октомври 1999 год. во Тампер (Финска)Европскиот
совет одржа седница на која ги разгледа прашањата за
правдата и внатрешните работи.
Лидерите на ЕУ постигнале согласност за јасна и амбициозна работна
програма -околу 60 чекори кои треба да се превземат во 2004 за да ја
претворат Унијата во „регион на слобода, безбедност и правда“.На
Европската комисија и' била доделена задача да го надгледува
напредокот на ЕУ преку „семафор на поени“.
Главни прашања разгледувани во Тампер се:
1.Заедничка политика на ЕУ за азил и емигра.
2. Единствен „европски регион на правда“.
3.Борба против криминалот во целата Унија.
4.Поголема надворешна активност.
 Еден од најважните чекори бил преземен во 1985 кога
владите на Белгија,Франција,Германија, Луксембург и
Холандија потпишаа спогодба во малиот град Шенген.
Била постигната согласност да :
1. ги укинат сите проверки на лица (без оглед на националноста)на
нивните меѓусебни граници.
.2.да ги хармонизираат контролите на нивните граници со земјите што
не се земји-членки.
3.и да воведат заедничка политика за визи.
Така се оформила Шенген зоната.Целта не била да се создаде
„Европа во бедеми“ туку олеснување на луѓето за легално влегување
во ЕУ и слободно движење.
 Азил и имиграциона политика
Владите на ЕУ се соочуваат со актуелното прашање како да се соочат
со големиот број емигранти, легални и нелегални во подрачјето без
граници.
Владите на ЕУ се договориле да ги хармонизираат правилата со цел
молбите за азил да се обработуваат согласно еден пакет принципи
подеднакво признати низ цела ЕУ. Во Тампер тие си поставиле цел да
усвојат заедничка постапка за азил и обезбедување еднаков третман
низ цела ЕУ за лица на кои им е даден азил. ЕУ ќе им обезбеди на
емигрантите слични права и обврски како оние што ги имаат
европските државјани.

 Борба со организиран криминал:


За заживување на оваа политика ЕУ мора да има ефикасен систем за
управување со емиграцијата и соодветни контроли на нејзините
надворешни граници и ефикасни средства за спречување на тајната
емиграција Потребни се координирани активности во борбата против
криминалните банди кои раководат со мрежи за трговија со луѓе и кои
ги експлоатираат децата и жените.
Организиран криминал;
Тероризам;
Беше воспоставен Шенгенски информациски систем кој претставува
“сложена база на податоци“ со кој службениците кој го спроведуваат
законот и судските власти да разменуваат информации за лица што ги
бараат или пак за имот (украдени возила, уметн. дела,или лица со
потерница или со екстрадиција.

 Најдобар начин за апсење на криминалците е да се следи


трагата на нивната нелегално стекната
заработувачка(перење на пари).
ЕУРОПОЛ е тело на ЕУ составено од полициски и царински
службеници чија задача е да го спроведува законот низ цела ЕУ.
ЕУ се справува со голем спектар активности на меѓународниот
криминал: трговија со дрога украдени возила,трговија со луѓе,
сексуална злоупотреба, порнографија, измама, трговија со
радиоактивни и нуклеарни материјали, тероризам, перење на пари и
фалсификување на евра.

You might also like