You are on page 1of 1

Gragansko

Организацијата на Обединетите нации (ООН) е една од првите универзални меѓународни


организации. Основана по крајот на Втората светска војна, во 1945 година, оваа организација е
наследничка на Друштвото на народите. Основна цел на ООН е зачувување на мирот во светот.
Меѓународен фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Основна задача на УНИЦЕФ е да
се грижи за правата на детето. Тоа може да се оствари преку активности за обезбедување на
основни услови за живот на децата, заштита на здравјето на децата, квалитетно образование и
друго.

Советот на Европа (СЕ) е регионална меѓународна организација основана во 1949 година. Оваа
организација ги обединува државите од Европа околу темелните демократски вредности:
слобода, човекови права и владеење на правото. Советот на Европа е најпознат по Европската
конвенција за човекови права (ЕКЧП)

Европската Унија (ЕУ), е основана во 1993 година, иако нејзиното постепено создавање започнало
уште во 1951 година. Оваа организација е всушност заедница на држави што се наоѓаат во Европа.
Иако ЕУ како меѓународна организација има свои посебни институции и надлежности, сепак е
неопходно да соработува со нејзините држави членки. Клучните цели на ЕУ се: унапредување на
мирот, воспоставување на заедничка зона на слобода, безбедност и правда, воспоставување
заеднички внатрешен пазар, унапредување на економската и социјалната благосостојба на
нејзините народи и зајакнување на солидарноста меѓу нејзините членки.

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) е создадена во 1975 година.


Нејзината улога е насочена кон безбедносни прашања, сигурност и стабилизација на регионот на
Европа, а подоцна и пошироко, со помош на демократски средства и демократско владеење.

Североатлантската алијанса (НАТО) е воено-политичка организација создадена во 1949 година.


Во НАТО членуваат држави од Европа и Северна Америка со цел да се обезбеди политичка и
безбедносна соработка меѓу државите членки.

Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина е една од најзначајните хуманитарни


организации во светот. Таа ги промовира хуманитарните принципи и вредности, обезбедува
помош во вонредни ситуации од поголеми размери, дава поддршка за здравствена заштита и
друго.

Меѓународен фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ). Основна задача на УНИЦЕФ е да
се грижи за правата на детето. Тоа може да се оствари преку активности за обезбедување на
основни услови за живот на децата, заштита на здравјето на децата, квалитетно образование и
друго.

You might also like