You are on page 1of 5

Црвен крст на Република Северна Македонија

Лого на Организацијата на РСМ Лого на Црвениот крст на Град Скопје

Црвениот крст на Република Северна Македонија е доброволна, масовна, самостојна, непартиска и независна
хуманитарна организација на граѓаните на Република Северна Македонија.

Црвениот крст на Република Северна Македонија не претставува здружение на граѓани.

Црвениот крст на Република Северна Македонија e единствена организација на територијата на Република


Северна Македонија, која ја сочинуваат организациите на Црвениот крст на општините и градот Скопје.
Положбата и задачите на Црвениот крст, употребата и заштитата на амблемот и името на Црвениот крст, како и
начинот на финансирање на задачите на Црвениот крст се уредени во посебен закон Закон за Црвениот крст на
Република Северна Македонија.

Мисија на Црвениот крст на Република Северна Македонија:

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и
ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба,
обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го
промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и
постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Визија на Црвениот крст на Република Северна Македонија:

Дејствуваме, поттикнуваме и промовираме хумани вредности за навремено да одговориме на современите


хуманитарни предизвици, а притоа решени сме да направиме повеќе, да го направиме тоа подобро и да
стигнеме подалеку.

Историја на Црвениот крст на Република Северна Македонија:

Црвениот крст на РМ е формиран на 17 март 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од
21 мај 1992 година.

Црвен крст на РМ е признат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст на 1 ноември 1995 година, а во
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година
како 169 членка.

Меѓународен Црвен крст и Црвена полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони
доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на
човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без каква било дискриминација заснована на
националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.
Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација.
Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети
во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување.

Деловите на Движењето на Меѓународен Црвен крст и Црвена полумесечина се:

 Меѓународниот Комитет на Црвениот крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во
Женева, Швајцарија. 25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно
право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени
конфликти.
 Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, основана во
1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија. Секретаријатот на
Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија. Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна
соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.

Амблем на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст Амблем на Федерацијата на здруженијата на Црвениот


крст и Црвената полумесечина

Национални здруженија на Црвениот крст и Црвената полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во
моментов, 186 национални здруженија се признаени од Меѓународниот Комитет на Црвениот крст и се примени
како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на
меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни
околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои
не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.

Мисија и задачи на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст во рамки на Движењето:

Официјалната мисија на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст како непристрасна, неутрална и независна
организација е да се залага за заштитата на животот и достоинството на жртвите на меѓународни и граѓански
вооружени конфликти. Според договорот од Севиља од 1997, тој е „Водечка агенција“ на движењето во
конфликти. Главните задачи на Комитетот, кои произлегуваат од Женевските конвенции и од сопствениот статут,
се:

 да ја следи усогласеноста на завојуваните страни со Женевските конвенции


 да организира нега и грижа за ранетите на бојното поле
 да го надгледува третманот на заробените во војна
 да помага во наоѓањето на исчезнатите во воени конфликти (трагање)
 да организира заштита и грижа за цивилното население
 да арбитрира помеѓу завојуваните страни во вооружен конфликт

Финансирање на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст:

Буџетот на Меѓународниот Комитет на Црвениот крст за 2005 изнесувал околу 970 милиони Швајцарски франци.
Најголем дел од тие средства доаѓаат од Швајцарија во функција на депозитарна држава на Женевските
конвенции, од националните здруженија на Црвениот крст, од потписничките на Женевските конвенции и од
меѓународни организации како што е Европската Унија. Сите плаќања на Меѓународниот Комитет на Црвениот
крст се доброволни и во форма на донации во два вида на барања доставени од Комитетот: 1. Годишно барање
за покривање на трошоците и 2. Итни барања за поединечни мисии. Вкупниот буџет за 2005 изнесувал околу
819,7 милиони Швајцарски франци (85% од вкупниот износ) за работа на терен и 152,1 милиони (15%) за трошоци
на организацијата.

Мисија на Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина и нејзини


одговорности во Движењето:

Федерацијата ја координира соработката меѓу националните здруженија на Црвениот крст и Црвената


полумесечина ширум светот и го поддржува создавањето на нови национални здруженија во земјите каде тие
официјално не постојат. На меѓународен план, Федерацијата организира и води мисии за помош по несреќи како
што се природни катастрофи, несреќи предизвикани од човекот, епидемии, масовни бегалци и други.
Федерацијата соработува со националните здруженија на погодените земји, како и со националните здруженија
на земјите кои се подготвени да помогнат. Помеѓу 187-те национални здруженија примени во Генералното
собрание како полноправни членки или набљудувачи, околу 25-30 постојано работат како даватели на помош.
Најактивни од нив се Американскиот Црвен Крст, Британскиот Црвен Крст, Германскиот Црвен Крст, и
здруженијата на Црвениот крст од Шведска и Норвешка. Друга главна мисија на Федерацијата која добива на
значење во последниве години е посведеноста да работи на озаконување на забраната на употреба на нагазни
мини, и да обезбеди медицинска, психолошка и социјална помош за луѓето повредени од нагазни мини.

Задачи на Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина се:

 да ги промовира хуманитарните принципи и вредности


 да обезбеди помош во вонредни ситуации од поголеми размери
 да поддржува локални проекти за здравствена заштита
 да ги поддржува националните здруженија со активности поврзани со младите.

Финансирање на Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина:

Главниот дел од буџетот на Федерацијата доаѓа од националните здруженија кои се членки, и преку приходи од
сопствени инвестиции. Износот на придонесите за секое национално здружение го определува Комисијата за
финансии, а го одобрува Генералното Собрание. Секое дополнително финансирање, особено за непредвидени
трошоци за мисии за помош, се обезбедува преку повици објавени од Федерацијата и од доброволни донации
на националните здруженија, влади на држави, други организации, фирми и поединци.

Изворното мото на Меѓународниот Комитет е “Помош во војна” (на латински: Inter arma caritas), а мотото на
Федерацијата е “Со хуманост кон мир” (на латински: Per Humanitatem ad Pacem).

Принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина:

1. ХУМАНОСТ - Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената


полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите
на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни
човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Целта на движењето е да го
заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко
разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе.
2. НЕПРИСТРАСНОСТ - Не прави дискриминација врз основа на национална, расна,
верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни
страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но,
давајќи приоритет на најитните случаи.

3. НЕУТРАЛНОСТ - Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената


полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите
на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни
човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Целта на движењето е да го
заштити животот и здравјето и да го почитува човекот. Промовира заедничко
разбирање, пријателство, соработка и траен мир меѓу сите луѓе.

4. НЕЗАВИСНОСТ - Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат


како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на
регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат
автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со
принципите на Движењето.

5. ДОБРОВОЛНА СЛУЖБА - Тоа е движење за давање на доброволна помош кое


не е инспирирано од материјални побуди

6. ЕДИНСТВО - Во една држава може да има само едно национално друштво на


Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да
ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

7. УНИВЕРЗАЛНОСТ - Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената


полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус,
одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

Основни задачи на националната организација на Република Северна Македонија се:

 Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа,


 Координација на активностите помеѓу Националните друштва, и
 Координација на активностите со меѓународните организации.

Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е регулирана со Закон објавен во „Службен


весник на Р.М.” број 41/94 од 5 август 1994 г.
Црвениот крст на РСМ е организиран на:

 Државно ниво
 Општинско ниво
 На ниво на Град Скопје
 Основно ниво

Раководна структура на Црвениот крст на РСМ:

 Собрание
 Претседател
 Потпретседател
 Раководен одбор
 Финансиска комисија

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РСМ е Собранието на Црвениот крст на РСМ кое брои вкупно 58
члена. Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.

Собранието е составено од:

 Избрани членови предложени од општинските организации на Црвениот крст.


 Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
 Раководниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РСМ е орган на Собранието кој раководи со
националното друштво помеѓу седниците на Собранието. Бројот на членови на Раководниот одбор е 13.
Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор но не
повеќе од два последователни мандати.
 Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на
РСМ, со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен
избор но не повеќе од два последователни мандати.
 Раководниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.

Статутарни комисии се:

 Комисија за организација, развој и човечки ресурси;


 Комисија за статут и нормативни акти;
 Комисија за спроведување на избори и верификација на изборен процес;
 Комисија за посредување и усогласеност.

Постојани советодавни тела се:

 Комисија за дисеминација и комуникација;


 Комисија за здравствено-превентивна дејност и крводарителство;
 Комисија за социјално-хуманитарна дејност;
 Комисија за подготвеност и дејствување при катастрофи;
 Комисија за прва помош;

За извршување на секојдневната оперативна работа функционира Стручна служба, која ги врши стручните,
материјално-финансиските и административно-техничките работи.

Со Стручната служба раководи Генерален секретар.

Членовите на Црвениот крст на РСМ кои се млади лица дејствуваат и работат во клубовите на млади на Црвениот
крст на РСМ.

You might also like