You are on page 1of 4

Универзална декларација за човековите правa

Претходници

За време на Втората светска војна сојузниците ги донесоа четирите слободи:


1. слобода на говор,
2. слобода на здружување,
3. слобода од страв
4. слобода од сиромаштија како нивни основни воени цели.
Повелбата на Обединетите нации „ја потврди вербата во основните човекови права,
достоинството и вредноста на човекот“ и ги обврза сите земји-членки да промовираат
„универзална почит и придржување кон човековите права и основните слободи на сите
луѓе без разлика на расата, полот, јазикот или религијата“.
Кога по Втората светска војна стана јасно ѕверството што го изврши нацистичка Германија,
во рамките на светската заедница се дојде до консензус дека Повелбата на Обединетите
нации не ги дефинира доволно правата на коишто се однесува. Беше потребна
универзална декларација којашто ќе ги прецизира правата на поединците за да станат
валидни одредбите за човековите права од Повелбата.

Подготвување на нацрт-декларацијата

Генералниот секретар на Обединетите нации го повика Канаѓанецот Џон Питерс Хамфри


да работи на проектот и така тој стана главниот изготвувач на Декларацијата.
Комисијата за човекови права којашто е постојано тело на Обединетите нации беше
формирана за да ја преземе работата за подготвување на она што беше првично
замислено како Меѓународна повелба за човекови права. Членството на Комисијата беше
направено така што широко да ја претставува глобалната заедница, вклучувајќи
претставници од следните земји: Австралија, Белгија, Советската Социјалистичка
Република Белорусија, Чиле, Кина, Египет, Франција, Индија, Иран, Либан, Панама,
Филипини, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Сојузот на
Советските Социјалистички Републики, Уругвај и Југославија.
Меѓу другите, добро познати членови на Комисијата, беа дел и Еленор Рузвелт од
Соединетите Американски Држави којашто беше претседател, Жак Маритен и Рене Касен
од Франција и Чарлс Малик од Либан.
Донесување
На 10 декември 1948 година, Генералното собрание ја донесе Универзалната декларација
којашто беше изгласана со 48 гласа за, а ниту еден против и 8 воздржани (воздржани беа
сите држави од Советскиот блок).

Следниве земји гласаа за Декларацијата: Авганистан, Аргентина, Австралија, Белгија,


Боливија, Бразил, Бурма, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Костарика, Куба, Данска,
Доминиканската Република, Еквадор, Египет, Ел Салвадор, Етиопија, Франција, Грција,
Гватемала, Хаити, Исланд, Индија, Иран, Ирак, Либан, Либерија, Луксембург, Мексико,
Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу,
Филипините, Тајланд, Шведска, Сирија, Турција, Обединетото Кралство, Соединетите
Американски Држави, Уругвај и Венецуела.
Во почетокот, канадската влада беше воздржана од гласање за донесување на
Декларацијата и покрај главната улога којашто ја имаше Канаѓанецот Џон Хамфри, но
подоцна во Генералното собрание, Владата гласаше во корист на финалната верзија.

Важност

Според Гинисовата книга на рекорди УДХР е опишана како „најпреведуван документ“ во


светот.
 Во преамбулата, Владите се обврзуваат себеси и својот народ на прогресивни мерки за
да се обезбеди универзално и делотворно признавање и почитување на човековите права
коишто се утврдени во Декларацијата. Еленор Рузвелт го поддржуваше донесувањето на
УДХР како декларација, наместо како договор затоа што веруваше дека Декларацијата би
го имала истото влијание врз глобалното општество како што го имаше Декларацијата за
независност во Соединетите Американски Држави.
Иако, формално, Декларацијата не беше правно обврзувачка, од 1948 година таа беше
усвоена во повеќето државни устави или пак во нив беше присутно нејзиното влијание.
Исто така, Декларацијата служи како основа за сè повеќе меѓународни договори, државни
закони и меѓународни, регионални, национални и субнационални институции коишто ги
штитат и промовираат човековите права.
Правно дејство

Иако, Декларацијата самата по себе не е договор, таа беше експлицитно донесена за


дефинирање на значењето на зборовите „основни слободи“ и „човекови права“ коишто
се присутни во Повелбата на Обединетите нации којашто е обврзувачка за сите земји-
членки. Токму затоа, Универзалната декларација е основен, суштински документ на
Обединетите нации.
Исто така, многу меѓународни адвокати веруваат дека Декларацијата е дел од
меѓународното обичајно право и дека е моќна алатка при вршење дипломатски и
морален притисок врз Владите коишто го прекршуваат кој било член од Декларацијата.
Декларацијата служи како основа за два обврзувачки пакта за човековите права на
Обединетите нации, а тоа се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и
Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, како и начелата од
Декларацијата кои се елаборирани во меѓународни договори како што се: Меѓународната
конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација, Меѓународната
конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените, Конвенцијата
за правата на детето на Обединетите нации, Конвенцијата против тортура на Обединетите
нации и многу други. И понатаму многу влади, професори, поборници, уставни судови и
луѓе кои се повикуваат на начелата од Декларацијата за заштита на нивните признати
човекови права ѝ оддаваат огромно признание.

You might also like