You are on page 1of 3

ОРГАНИЗАЦИЈА И ПОСТАВЕНОСТ НА МРО

1.Причини за појава на МРО


При крајот на XIX век македонскиот народ се уште бил
национално.економски,политички,културно и духовно обесправен.Освен
тоа,македонскиот народ бил изложен на влијание од црковно-просветните
пропаганди на соседните балкански народи кои го попречувале неговиот културен
развој.Во такви услови се изградувала и развивала младата генерација
македонски интелектуалци.Во почетокот на 90-тите години на XIX век,младата
македонска интелигенција ја согледала неподносливата состојба на сопствениот
народ наметната од османлиското господство како и последиците од пропаганди-
те на соседните држави.Тие сфатиле дека само со сопствени сили и со
формирање единствена македонска револуционерна организација ќе може да се
спаси иднината на својата татковина. Со такви идеи биле опседнати Пере
Тошев,Иван Хаџи Николов,Даме Груев,Петар Поп Арсов и други.
2.Формирање на МРО
Главен иницијатор за формирање на МРО бил Даме Груев.На 23 октомври[стар
стил]т.е.4 ное-мври[нов стил]1893 година,во Солун,во домот на Христо Батанџиев
се одржал основачкиот состанок на МРО.На него присуствувале:Даме Груев,Иван
Хаџи Николов,Петар Поп Арсов, д-р. Христо Татарчев,домаќинот Христо
Батанџиев и Андон Димитров.На основачкиот состанок било решено
Организацијата да биде тајна,во неа да можат да членоваат сите жители на Мак-
едонија без разлика на национална и верска припадност,а политичката цел да
биде извојува-ње на автономија на Македонија како преодна фаза кон создавање
на независна македонска држава.Притоа,Петар Поп Арсов бил задолжен да
изработи нацрт Устав на Организацијата,кој бил усвоен наредната година на
вториот состанок во Солун.Тогаш бил избран и Централен Комитет на чело со д-
р.Христо Татарчев[претседател]IИ Даме Груев[секретар и благајник].
3.Oрганизациона поставеност на МРО
МРО била поставена врз строго централистичка основа.Најгоре стоел
Централниот Комитет, потоа,доаѓале окружните,околиските и селските
комитети.Највисок орган бил Конгресот. Членовите се делеле на десетини и
имале свој раководител.Тие требало строго да внимаваат на своето
однесување.Писмата се пишувале со шифри,а раководителите и позначајните
места имале псевдоними.Организацијата имала тајна пошта со шифри,со свои
курири,со админист-рација.При зачленувањето се полагало заклетва пред
Евангелие,кама и револвер. Со текот на времето членството на Организацијата се
зголемувало.Значајна улога на тој план имале нововклучените членови Гоце
Делчев,Ѓорче Петров,Пере Тошев и други.Летото 1896 година,во Солун МРО
одржала Конгрес на кој присуствувале 16 делегати,меѓу кои и Гоце
Делчев.Притоа,тој и Ѓорче Петров биле задолжени да подготват нов Устав и
Правилник на Организацијата.Според новиот Устав,дејноста на Организацијата се
проширила и во Одринскиот крај,кој се уште бил под османлиска
власт.Организацијата добила ново име-Тајна македонско-одринска
револуционерна организација[ТМОРО].На Конгресот бил избран нов Централен
Комитет на Организацијата со седиште во Солун.Според новиот Устав и
Правилник највисок орган на ТМОРО бил Конгресот.За полесно раководење со
Организацијата територијата на Македонија била поделена на неколку
окрузи:Солунски,Битолски,Скопски, Струмички,Серски и
Одрински.Револуционерните окрузи биле поделени на околиски и на селски
комитети.Била организирана тајна полиција.Постоеле и револуционерни судови
за решавање на спорови меѓу населението.Заради подобра координација со
македонската емиграција во Бугарија,во Софија било востановено Задгранично
Претставништво на ТМОРО,со седиште во Софија,а за први претставници биле
избрани Гоце Делчев и Ѓорче Петров.Организацијата имала и свои
револуционерни весници: “На оружје”,”Бунтовник”,”Слобода или смрт” и други.
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧЕТНИЧКИОТ ИНСТИТУТ
Првите чети на МРО се појавиле во 1897 година.Со текот на времето бројот на
четите се зголемил.Во 1898 година Централниот Комитет донел одлука да се
формираат редовни околиски чети.Со тоа започнало изградувањето на
четничкиот институт.Главна улога при формирањето на четите имал Гоце
Делчев.Тој бил инспектор на сите чети на Организацијата. Нивното
формирање,вооружување било под негова контрола.Секоја чета имала свој
војвода и секретар.Четите одиграле важна улога во ширењето на Организацијата
и нејзините идеи.Тие пренесувале оружје,ликвидирале разбојници и
шпиони.Четите изведувале разни акции за изнаоѓање на пари за
Организацијата.Нивната главна задача била да го подготват населението за
востание.Најчесто се криеле по планините и селата.Во Македонија имало и
неколку четнички школи.Во нив се подготвувале кадри за идни војводи а
населението се учело како да раководи со оружје.На почетокот четите лично се
самовооружувале.Потоа,кога нивниот број постепено се зголемувал,се
пристапило кон самофинансирање по пат на доброволни членски прилози а и по
пат на грабежи од богати Турци.Секако,таков најкрупен настан се случил во 1901
година во Пиринскиот дел на Македонија од страна на четата на Јане Сандански.
Станува збор за грабнувањето на американската протестантска мисионерка мис
Хелен Стоун, за чиј откуп Организацијата добила 14.000 турски лири.

МЕСТОТО И УЛОГАТА НА ЗАДГРАНИЧНОТО ПРЕТСТАВНИШТВО


На Солунскиот Конгрес 1896 година била донесена одлука за создавање на
Задгранично Претставништво со седиште во Софија,и како надворешно
претставништво на Организацијата егзистирало до 1908 година.Појавата на ЗП се
совпаѓа со веќе пројавената агресивна дејност на врховистите во
ослободителното дело на македонскиот народ.Членовите на ЗП имале значајна
улога во отстранувањето на задкулисните планови на ВМК[Врховен Македонски
Комитет],за разбивање на револуционерното движење во Македонија.Една од
причините за формирање на ЗП во Софија била потребата Внатрешната
организација да и се спротивстави на агресијата на бугарската влада и двор во
револуционерното движење на македонскиот народ. Спроведувана преку
ВМК.Една од главните задачи на ЗП била да застане на патот на надворешните
посегања,и да се зачува независноста на Организацијата .Задграничните
претставници биле задолжени да одржуваат врски и со дипломатски странски
претставници во Бугарија и да ги информираат за ситуацијата во Македонија и
Одринско.ЗП било задолжено да организира канали за пренесување на
оружје,чети и разни други материјали кои биле потребни за кревање на
востание.За први задгранични претставници биле избрани Гоце Делчев и Ѓорче
Петров.Гоце Делчев имал задача да ги решава првенствено организационите
проблеми а Ѓорче Петров дипломатските.Покрај границата со Македонија ,Делчев
формирал повеќе тајни пунктови за складирање оружје,од каде тргнувале разни
канали за Македонија по кои се движеле курири на Внатрешната
организација,пренесувајќи оружје,револуционерна литература,чети и друго.

You might also like