You are on page 1of 2

Во време на светската војни и конфликти, сведоци сме како државните системите кои немаат

еднаков третман кон луѓето. И покрај децениската борба, човековите права не им припаѓаат на
сите подеднакво. Околу 30.000 бегалци кои се удавија во Средоземното Море немаа право на
живот, некои земји од ЕУ ги криминализираа спасувачките мисии на невладините организации, се
оглушија на крикот на бегалците и ги оставија без воздух во темнината на ноќта, далеку од очите
на јавноста, да се удават.
Земјите на балканската рута исто така се оглушија на крикот на бегалци од Блискиот Исток и
Африка, посебно, кон бегалците кои ги загубија своите животи. Балканските земји за стотици
бегалци се крајното почивалиште.

Додека гледаме пред наши очи како на бегалците од Сирија, Авганистан, Ирак, Јемен, Пакистан
им се нарушува основното право, правото на азил, на слободно движење, со сите сили
повторуваме дека и правата на бегалците се човекови права, повторуваме дека правото на азил и
безбеден живот се права дадени на секој поединец. Милиони бегалци поминаа низ Македонија,
на ирегуларен начин, бидејќи за нив не постоеше регуларен, законски начин. Плаќајќи илјадници
евра на криумчарски и криминални групи, кои честопати ја загрозуваа нивната безбедност и
живот. Беа потребни години на борба за Македонија да стане солидарна и хумана земја, за
конечно да дочекаме процес на евакуацијата на Авганистанците во нашата држава кои беа дел од
демократските процеси, а поради превземањата на власта од страна на Талибанците, мораа да
заминат од Авганистан. Хуманитарните визи од нашата држава за овие бегалци беше вистински
чин на солидарност, кој мора да се манифестира и кон другите бегалци од Авганистан кои бегаат
од режимот и војната. Секој живот подеднакво треба да се вреднува, бидејќи сeкoj имa прaвo нa
живoт, слoбoдa и сигурнoст. Суштината на азилот е пружање на заштита за лицата кои стравуваат
за својот живот. Но, Македонија ја има најмалата стапка на одобрени азили споредено со земјите
во региониот. И покрај таквиот ранлив и нефункционален систем за азил, Македонија најави дека
ќе прими 10.000 бегалци од Украина. Оправданиот страв доаѓа поради структурите на власта, кои
немаа слух за бегалците од Сирија и другите воени жаришта кои од 2013-та година бегаат од
војните во нивната држава. Покажувајќи политика на добредојде кон едни бегалци а жичани
огради кон други бегалци само јавно манифестира дискриминаторен однос, а истиот е
манифестација на слабоста на државниот апарат за менаџирање на азилот како човеково право
им припаѓа на сите. Овие политики се спротивни на Универзалната декларација за човекови
права, каде се вели: „Ситe прaвa и слoбoди, нaвeдeни вo oвaa Дeклaрaциja, им припaѓaaт нa
ситe луѓe, бeз oглeд нa нивнитe рaзлики, кaкo штo сe: рaсa, бoja, пoл, jaзик, рeлигиja, пoлитичкo
или другo убeдувaњe, нaциoнaлнo или oпштeствeнo пoтeклo, сoпствeнoст, рaѓaњe, или друг
стaтус.“ Ова ни покажува дека живееме во време на изразен и систематски расизам,
ксенофобија и исламофобија. Но, за жал, имаме мултисекторски пристап кон бегалците, а тоа ја
прави нивната борба значајна, а нивните права повисок приоритет за државите и за нас како
поединци. Дискриминацијата е слабост на државниот апарат за обезбедување еднаков третман и
почитување на човековото достоинство, доколку не укажеме и не протестираме против таа
слабост, тогаш во истиот државен систем човековите права ќе го изгубат своето значење.
Треба да ни биде јасно дека, ако дозволиме системот да дискриминира една група во нашето
општество, истиот тој систем ќе го земе правото да дискриминира, според друга карактеристика, и
друга група.
Државите се тие кои имаат обврска да градат инклузивни политики во кои нема место за
дискриминација и расизам. За жал, земјите на балканската рута, која ја опфаќа и Македонија,
имаат систем за азил кој ги дискриминира и ги исклучува бегалците, посебно тие кои догаѓаат од
Блискиот и Далечниот Исток, од системот за заштита. Гледаме како земјите на Балканот носат
политики кои се под влијание на лажни вести и мислам дека тие го ставија азилот во жичана
ограда и не му дозволуваат да „дише“. Сето тоа е иницирано од систематскиот расизам и
дискриминација, поради кое треба да се зголемува и потребата за правда за сите човечки
суштества. Сите суштества се родени слободни и еднакви и имаат свое достоинство и права.
Достоинството се почитува со тоа што признаваме дека секој го има.
Политиката за бегалците мора да започне со почитување на човековите права, а управувањето со
границите и самата миграција мора да се заснова на зачувување на човековото достоинство. Но за
жал денес сме сведоци дека миграцијата се „менаџира“ со насилство.
Начинот на кој денес се третираат бегалците и мигрантите е криминализирање на правото на
азил. Мора да се направат напори да се најде начин за легално мигрирање со цел да се
минимизираат жртвите, криумчарењето и трговијата со луѓе при опасното патување на кое се
принудени бегалците.

Во моментов, во многу делови од светот бегалците и мигрантите се најслабите и затоа се мета, но


тие се и само првата група на удар, а потоа ќе дојде и втората и третата... Ако пораснат
авторитарните тенденции, секој може да стане мета . Затоа треба да се шири идејата за
солидарност, за луѓето да сфатат дека мора да се бориме против ксенофобијата и сите други
форми на дискриминација. Бидејќи, секој живот подеднакво е вреден.

You might also like