You are on page 1of 1

Svetot vo koj жiveeme i svetot koj go posakuvame

Не попусто големиот германски мајстор на пишаниот збор Гете рекол: "Тој што не
може да се приближи до три илјади години живее од денес до утре". Човечкиот
живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени.
Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот.
Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.
Светот и животот денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку
години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му
овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Луѓе
трчаат со брзина на светлина, мислиш во неповрат. Како да очекуваат дека
бескрајноста ќе им го донесе убавиот крај. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе
полета,а другиот паднал толку ниско.Живееме во оп-во кое си ги измени своите
основи и погледот на светот.Околу нас насекаде
војни,убиства,глад,сиромаштија,немоќ.Ситите и големите ги газат гладните и
немоќните.Дали некој не може или не сака да го смени тоа? Сите се борат за мир,
сакаат мир, декларираат миротворни намери, но сите се подготвуваат за војна,
произведуваат оружје, ги развиваат воените сили и системи, дури глобални системи,
така ниту географијата повеќе не може да помогне на никого да остане надвор од
настаните со кои нема никаква врска ниту пак во нив на било кој начин сака да
учествува.Но јас би сакала да живеам во еден свет каде што тревата е зелена, а
небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и
мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?Каков би
бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луѓе? Што би
правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив? Си
купуваме весник, а во него само убави работи пишува,слушаме на вести само за
успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.Свет каде што нема војни,
свет каде што нема терористи кои ги убиваат луѓето по пазари и трговски
центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни
вируси врз луѓе. Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе
купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму
некаде има некој кој страда повеќе од нас.На крај, во светот мора да победи
совеста.Дека само во вакво среќно оп-во можеме сите среќно и безгрижно да
живееме,да се радуваме и да твориме. Чуден е човечкиот разум. Имаме голем
напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување.
Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се
лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но
сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја
пренесува вистината за злото што не демни и се што ќе превземе да биде силно
мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот.
Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот
кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо
минува и оди во неповрат!

You might also like