You are on page 1of 38

ХИТЛЕР И НЕГОВИТЕ МЕТОДИ ЗА УБИВАЊЕ

Јован Јовановски IXг


АДОЛФ ХИТЛЕР
Хитлер....
На сите ни е познат по неговите луди постапки, одбивноста и геноцидот кон Евреите.
Адолф Хитлер е роден во Браунау на Ин, Австроунгарија (денес Австрија), како син на
цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна
се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.
По поразот на германско-австриските сили во Првата светска војна, тој станал еден од
бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и
размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.
Размислувајќи за тоа Хитлер гледајќи ги германските политичари корумпирани од
комунистите и Евреите, решил да формира партија, која ја нарекол
Националсоцијалистичка германска работничка партија (накусо Нацистичка партија).
• Хитлер и неговата Националсоцијалистичка
работничка партија на Германија (NSDAP) со години
грижливо работеле на нивното доаѓање на власт.
По неуспешниот обид за пуч во Минхен уште во
1923 година, овој Австриец и неговите соработници
фокусирано се ангажирале околу освојување на
власта по демократски пат.
• За да го постигне тоа, Хитлер побарал и добил
поддршка од индустријалците и другите центри на
моќ.
Карактеристични за Хитлер
биле гласните врескави
настапи, во голема мера
насочен против Евреите,
левичарите и странските
сили.
Светската економска криза
длабоко ја потресла
Вајмарската република.

Незадоволството на
Германците било огоромно,
а тоа Хитлер многу добро
знаел да го искористи.
ХИТЛЕР БИЛ ИМЕНУВАН ЗА КАНЦЕЛАР НА 30 ЈАНУАРИ 1933 ГОДИНА И КАКО
ПРЕМИЕР ИЗЛЕГУВА НА ПРОЗОРЕЦОТ НА КАНЦЕЛАРИИТЕ НА РАЈХСТАГОТ.
СО ЗАПАЛЕНИ ФАКЛИ, НЕГОВИТЕ НАЦИОНАЛСОЦИЈАЛИСТИ ГО СЛАВЕЛЕ
ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ВЛАСТА.
ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ВЛАСТА
ОД СТРАНА НА ХИТЛЕР
БИЛО ПОДДРЖАНО ОД
ГОЛЕМ ДЕЛ ОД
НАСЕЛЕНИЕТО.

ШИРУМ РАЈХОТ БИЛЕ


ОДРЖАНИ СЛИЧНИ
СВЕЧЕНОСТИ.

ВО ПОЧЕТОКОТ, ХИТЛЕР
СЕ ОБИДУВАЛ ДА ОСТАВИ
ВПЕЧАТОК НА УМЕРЕН
ПАЦИФИСТ (ПРОТИВНИК
НА ВОЈНА И НАСИЛСТВО),
НО ИСТОВРЕМЕНО ВО
ТАЈНОСТ ГО ЗАПОЧНАЛ
ПРОЦЕСОТ НА ЦЕЛОСНО
ПРЕЗЕМАЊЕ НА
ДРЖАВАТА.
Нацистите умешно ги придобиле царските елити и другите кругови на моќта.
И католичката црква, којашто се противела на доаѓањето на нацистите на власт, го признала
движењето на Хитлер. Ватикан му помогнал на новиот режим да се здобие со почит низ светот.

• Партиите во опозиција, очајнички и


неуспешно се бореле против него. Во
меѓувреме, Хитлер ги донесувал итни
одредби со кои се ограничувале правата
на граѓаните.
• Чекор по чекор, Хитлер воведувал нов
режим во кој почнал да ја менува
државата и да ги елиминира
политичките противници.
• Некои биле убиени од страна на
Хитлеровите командоси, други заминале
во егзил или завршиле во новата форма
на затвори – таканаречените
концентрациони логори.
Националсоцијалистите веднаш се впуштиле во
прогонување на германските Евреи. Следувале
апсења, напади, потоа одземање на правата,
имотот и на крајот масовни убиства.
Иако нацистите се труделе пред светот да се
претстават како пацифистичко движење, Хитлер
за кратко време се разоткрил во неговата цврста
одлучност да води војна.
За само неколку месеци од преземањето на
власта, Хитлер го задушил секој отпор и вовел
дикатура. Со полна пареа работел на
остварувањето на својот сон – да создаде нова
светска сила.
Тоа се обидел да го постигне со брутална војна и
терор, сè до целосно уништување.
НАЦИСТИЧКИОТ СОН ЗА ЧИСТА И ЗДРАВА РАСА

• Нацистите сакале да формираат општество според сопствените замисли. Донеле „Закон


за превенција на генетски болно потомство“ и „Закон за наследни болести“. Луѓето кои
страдале од одредена болест, по стапувањето на сила на тој закон, присилно биле
стерилизирани, со што се сакало да се спречи наследувањето на таквите болести.
Според ваквата психопатско-болна замисла „размножувањето на помалку вредните луѓе“
требало да престане. За жртвите на присилната стерилизација, законот значел живот без
можност да добијат деца. Многумина поради тоа биле тешко трауматизирани и страдале
цел живот. Од друга страна, нацистите се надевале дека ќе го остварат својот сон за
нивната „владејачка раса“ во која нема место за „болните и слабите“.
• Законот за наследни болести“ пропишувал, според нив „генетски болните“, треба да биде
присилени на стерилизација, а тоа биле луѓе кои страдале од „вродена слабоумност“,
епилепсија, шизофренија, наследно слепило и глувост, како и луѓето со „тешки наследни
физички деформации“ и алкохоличарите.
• Сите тие според нацистите не требало да постојат.
• Докторите и медицинскиот персонал сносат голема одговорност за изборот и убиството
на беспомошните жртви преку смртоносна инјекција или во гасните комори.
Присилните стерилизации се извршувале во болниците ширум Германија. Докторите не
се воздржувале да ги извршуваат и кај малолетници: дури и деца од 14 години можеле
да бидат стерилизирани, а во исклучителнни случаи и помлади деца. Се проценува дека
до 1945 година, на подрачјето кое нацистите го нарекувале „Големиот германски Рајх“,
повеќе од 400.000 луѓе биле подложени на присилна стерилизација.
ХОЛОКАУСТОТ
Тоа претставувало масовно, планско и систематско истребување на околу шест
милиони Евреи како и половина милион Синти и Роми од страна на Нацистичка
Германија и нивниот лидер Адолф Хитлер како и нивните соработници Италија и
Бугарија помеѓу 1933 – 1945 година.
Според нивната идеологија Германците се супериорна, ариевска раса, наспроти
Евреите кои се слаба и инфериорна раса.
Хитлеровото изопачено сфаќање дека Евреите се виновни за падот на Германија во
Првата светска војна и загубата на поранешната слава на Германците било
поддржано од тогашното германско општество и за тоа нешто Евреите морале да
бидат казнети.
„ЗЛОСТОР ОД КОШМАРИТЕ"
• … Луѓе, семејства ги тераат со камшик „како говеда", соблечени голи до кожа, с ѐ до
работ на јама. Постарите деца ги стрелаат пред очите на нивните мајки, а потоа им
ги земаат бебињата и живи ги фрлаат во јамата.
• „Не беа само деца живи фрлани внатре", раскажуваат преживеаните. Германците во
јамата туркаат стари немоќни жени…
• „…Ги затвораат во една шупа. Молат за вода за пиење за децата, а наместо тоа
добиваат ќотек. Прво ги носат мажите, потоа помладите жени. Една друга жена исто
така во поодмината бременост не може веќе да оди. Еден војник ја тепа, другиот со
куршуми ѝ го вади бебето од стомак. Другите ги тераат кон една јама: „Таму ги
видов мртви татко ми и браќата. И јас паднав во јамата …“
• …депортирани во камиони во концентрационен логор.  Страдале од екстремен студ
и глад. „Моето најмало дете почина бидејќи повеќе немав млеко за да цица“,
сведочи една преживеана Мајка…
• Условите во концентрационите логори биле ужасни, смртоносни. Луѓето умирале од студ и од
изгладнетост. Биле погубувани или биле жртви на ужасни медицински експерименти.
Најсмртоносниот камп бил Аушвиц т.н. логорот на смртта, каде убиле 1 милион Евреи. Оние
кои биле погодни за работа, и Евреи и не-Евреи, биле третирани како робови, многу часови
секојдневно граделе патишта, кршеле камења, копале тунели. Кога ќе станат неупотребливи,
брутално ги убивале.
СЦЕНА ГАСНА КОМОРА ОД ФИЛМОТ „ДЕТЕТО ВО ПРУГАСТИ ПИЖАМИ“
На жртвите им била одземана облеката и личните работи, а потоа биле упатувани кон
гасните комори за кои им било кажано дека се тушеви за дезинфекција.
Жртвите во логорите на смртта биле задушувани со јаглероден моноксид и биле
закопувани во масовни гробници или во крематориуми каде телата им биле запалувани.
MAСОВНИ
ГРОБНИЦИ
КРЕМАТОРИУМИТЕ
ЖРТВИТЕ НА СМРТОНОСНАТА ИДЕОЛОГИЈА
НА ХИТЛЕР И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ
ВО МАКЕДОНИЈА
• Сојузници и соработници на Хитлер во Македонија биле бугарските окупатори.
• Од околу 24.000 македонски жртви во Втората светска војна речиси една третина
биле Евреи. Поточно, 7.144 мажи, жени и деца кои биле насилно собрани во
Скопскиот Монопол и депортирани во логорот на смртта. Околу 500 од жртвите биле
бебиња на возраст до една година.
98% од вкупната македонска Еврејска заедница неповратно заминале во смрт.
• На 11 март 1943 година 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип биле
депортирани во логорот на смртта Треблинка, Полска.
ДЕПОРТАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ
МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР ВО ПОРАНЕШНИОТ НАЦИСТИЧКИ ЛОГОР
ТРЕБЛИНКА ВО ЦЕНТРАЛНА ПОЛСКА
МЕТОДИТЕ....
Сите знаеме за гасните соби, за палењето на луѓето, за Аушвиц, Треблинка и многу
други. Но ке ви раскажам за некои методи и места што не сме ги знаеле...
БИТОЛСКИТЕ ЗАТВОРИ
ЕДНО ОД НАЈТЕШКИТЕ МАЧЕЊА ВО ФАШИСТИЧКИОТ БИТОЛСКИ ЗАТВОР ЗА ВРЕМЕ
НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА БИЛО ГАСНЕЊЕ ЦИГАРА ВО НОСОТ
Гаснењето цигара во носот причинува продолжителни остри болки. Треба по секоја
цена да биде разбиена човечката издржливост и спротивставување со гробно молчење,
зашто од иследувањето ќе зависат и кариерата и напредувањето на бугарските
истражители во нивната служба во фашистичката власт.
„Доброзажарената цигара мачителите ја притискаат во ноздрите на затвореникот дури
до нејзино изгаснување. Прво во едната, потоа во другата ноздра. Обично тоа го чинеа
кога тој е во бесвест од претходна претепаност. Доколку е во нормална состојба, еден
од агентите му ја придржува цврсто главата, а друг ја гасне цигарата во носот.“
МИРЧЕ АЦЕВ
Во злогласниот Скопски полициски затвор бугарски началник сведочи за
Мирче:
"Тој одби да даде какви и да било податоци за својата дејност, па поради тоа
го тепавме за да изнудиме од него признание. На неколку наврати беше
жестоко тепан по табаните. Нозете му беа ужасно отечени... Се чудев како
може да поднесува толкаво тепање без збор да каже. Тој беше затвореник кој
беше најмногу мачен, а се покажа најцврст. Едвај одеше и ми рече дека
повеќе ништо не чувствува во нозете, бидејќи му беа претепани. За сето
време додека беше тепан не викаше, не испушташе ниту еден збор. “

По долго физичко измачување во Обласната полициска управа во Скопје и


без судски процес, по петдневно ѕверско мачење, Мирче Ацев и Страшо
Пинџур биле убиени од бугарската полиција на 4 јануари 1943 година
(а, потоа биле фрлени низ прозорец, за да се исценира самоубиство).
СТРАШО ПИНЏУР
• „Пинџур, освен што го кажа своето име, не сакаше ништо друго да каже.
Поради тоа го тепавме. Го тепавме јас, Тенјо Рајков, Илија Николов, Андон
Донев, Тодор Маринов ... Го тепавме со гумена палка по табаните и по
целото тело, кој каде можеше, удирајќи го со клоци по грбот и стомакот, а
два-три пати сме му ги ставале нозете во вода и потоа продолжувавме со
тепањето. Два дена беше непрекинато тепан. Во мноrу тешка состојба беше
вратен во ќелијата. Другиот ден попладне го испратив Тодор Маринов да го
повика на сослушување. Тие се вратија и рекоа дека Пинџур умрел во
ќелијата. Штом го рекоа тоа, отидов во ќелијата да го видам. Го најдов како
лежи во пена што му избиваше од устата" [
• Како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата
вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно
место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. 
• „На колку хиљади чесни Македонци им се дигна косата кога го видоа Мирчета
во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со
извадени нокти и искинато месо от коските.
• Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и бракја
мачени и утепани, но до ceгa вакви дзверски и нечовечно мачене немајат
видено.
• Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крджалии како што
мачат Хитлеровите и бугарски фашисти.
• Додека Пинджурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти
поучени от Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на
народот.“
УБИСТВОТО НА РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ - КОРЧАГИН ОД СТРАНА НА
БУГАРСКИТЕ ОКУПАТОРСКИ ФАШИСТИЧКИ СИЛИ НА МАКЕДОНИЈА
ВАЖНО Е ДА СЕ ЗАПАМЕТИ ДЕКА ВО НАШАТА
ПОНОВА ИСТОРИЈА СЕ СЛУЧУВАЛЕ ВАКВИ
ЗЛОСТОРСТВА.

ПРЕД СÈ НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ КОЛКУ


МАЛКУ ВРЕМЕ ПОМИНАЛО ОД ТОГАШ. 
• Добро е да ги знаеме овие факти и сведоштва сега кога во 21 век
нашата генерација го идеализира ликот и делото на хитлер, ја купува
неговата книга „мојата борба“, ги црта нацистичките симболи, ги пее
нацистичките химни...
• Зарем ние младите кои денес и утре треба да го направиме светот
подобро место за живеење, треба да го имаме за идеал пред нас еден
таков лик од чиј длабоко трауматизиран и пореметен ум произлегле
неописливо грозоморни злосторства против човештвото, а од кои светот
се уште не може да се опорави?

• Секој од нас ќе треба да донесе значајна одлука во своето срце и ум и ќе


носи одговорност за идните генерации.

You might also like