You are on page 1of 1

Состојбата во светот и Европа пред револуциите

Кон крајот на 18 век до почетокот на Првата светска војна во поголемиот дел од


Европа се развило фабричкото производство. Капиталистичкиот начин на
производство довел до развој на земјоделството, сообраќајот, трговијата и бил
создаден единствен пазар. Слободната капиталистичка конкуренција станала основно
обележје на идното стопанство. Водечка улогана светската економија и меѓународните
односи имале индустриски развиените западноевропски земји, САД и Јапонија.
Буржоазијата во овој период насекад естанувала владејачки слој, освојувајќи главно
од Азија, Африка и Јужна Америка, биле освоени и поделени од страна на
поразвиените индустриски држави. Бидејќи поделбата на новоосвоените земји меѓу
старите и новите капиталистички сили не била рамномерно извршена, во 1914 година
се пристапило кон нова поделба на светот по пат на војна.

По големите географски откритија во текот на XVI век, Шпанија и Португалија станале


најсилни држави во светот. Тие владееле со огромни колонии, од каде што добивале
многу злато и други скапоцености. Имале силна флота и војска, и според тоа биле
многу моќни, но сепак, од втората половина на XVI век односот на силите се
променил. Тогаш во Холандија започнала Буржоаската револуција (1565 г.), првата
буржоаска револуција во светот од кога Холандија се формирала како независна
република. Пред Холандската буржоаската револуција, Холандија и Белгија се
наоѓале под власта на феудално-апсолутистичка Шпанија. Холандија набрзо станала
трговски соперник на Шпанија и Португалија. Светското поморско првенство полека
преминувало во нејзини раце. Таа ги зграбила најбогатите колонии и водела широка
трговија. Во XVII век повторно се менувал односот на поморските сили во светот.
Тогаш, на историска сцена како нови поморски сили се појавиле Англија и Франција.
Со буржоаската револуција во Англија била отстранета неограничената власт на
кралот, власта на крупните феудални земјопоседници и црквата. Во време на
буржоаската револуција (1640-1660 г.) дошло до војна помеѓу Англија и Холандија, од
која Англија излегла како победник. Потоа дошло до војна помеѓу Англија и Франција
(1756-1763 г.) во која Англија повторно била победник, а Франција морала да и ги
отстапи најважните колонии, Индија и Канада. На северноамериканскиот брег од
страната на Атланскиот Океан Англија имала формирано 13 колонии. Во 1704 г.
Англичаните успеале да го освојат Гибралтар, а во 1707 г. Шкотска се обединила со
Англија. Сето тоа придонело за преобразба на Англија во најголема колонијална и
индустриска сила во светот.

You might also like