You are on page 1of 12

ЕВРОПА ПО ФРАНЦУСКАТА

РЕВОЛУЦИЈА
ДА ПОВТОРИМЕ
 Каква била состојбата во Франција пред почетокот на
Револуцијата?
 Кои биле идеите на просветителството?

 Како доаѓа до рушење на апсолутизмот во Франција?

 Од какво значење била Француската револуција?


ЦЕЛИ НА ЛЕКЦИЈАТА
 Ќе научиме за освојувањата на Наполеон Бонапарта
 Ќе научиме за процесот на национално будење на
повеќе европски народи
ИЗДИГНУВАЊЕТО НА НАПОЛЕОН
БОНАПАРТА
 По падот на јакобинците, во 1794 г. власта во Франција ја
презел петочлен Директориум (тогашна влада) кој не
можел да ги смири судирите меѓу различните групи на
приврзаници и противници на Револуцијата. Истовремено
Франција морала да војува против здружените европски
држави кои се противеле на револуционерните промени во
Франција. Во тие услови се издигнал Наполеон
Бонапарта. Поради неспорните војнички способности, со
неполни 25 години, тој станал најмлад генерал во
историјата. Набрзо го оправдал чинот спасувајќи ја
Француската Република од ударот што го подотвиле
приврзаниците на кралот.
 Во 1796 година. Дуректориумот му го доверува водството
на француската војска во Италија, каде требало да се
протетаат Австријците, најжестоките противници на
Французите. По воената победа над Австријците и
освојувањето на Венецијанската Република(1797 г.),
Наполеон го зазел Египет, но бил принуден да се врати во
Франција, каде се зголемувало незадоволството од
владеењето на Директориумот. Со помош на војската ја
срушил власта на Директориумот и во 1799 г. вовел
конзулат, прогласувајќи се за прв конзул. Покрај
Наполеон биле назјачени уште двајца конзули, но тој
имал речиси неограничена власт. Во 1804г. се крунисал за
”цар на Французите’’ под име Наполеон I.
НАПОЛЕОН ЈА ОСВОЈУВА ЕВРОПА

 По прогласувањето за цар Наполеон продолжил да


војува. Во позната битка кај Аустерлиц во 1805г. ја
поразил австриската војска. Така, австриската династија
Хазбурговци морале да му ги предаде сите италијански
ваденија. Во војната со Англија не успеал да ја победи
англиската флота предводена од генерал Нелсон, па
затоа вовел континентална блокада – забрана на секаква
трговија со Англија. Следниот противник му бил руско-
прускиот сојуз кој доживеал пораз од французите.
Силата на Прусија била намалена,а Наполеон склучил
сојуз со рускиот цар Александар I. Понатаму била
покорена и Шпанија. Во покорените земји Наполеон го
укинал феудалното уредување. За намесници
(управници) поставил свои роднини и генерали на кои
им верувал.
 Ги вовел либералните француски закони и еднинствена
управа. Меѓутоа, набрзо се почуствувало силно
незадоволство кај покорените народи кои морале да ја
платат цената и трошоците на бројните Наполеонови
војни. Биле подогнате повеќе востанија, особено во
Шпанија, Италија и Германија. Шпанските борци, со
помош на Англија, успеале да се ослободат од
француската власт
ПАДОТ НА НАПОЛЕОН
 . Во 1812 г. Наполеон започнал војна со Русија
сметајќи дека господството над Европа ќе го
обезбеди само со покорување на Русија. Во битката
кај Бородино, близу Москва однел значајна победа.
Русите биле принудени да ја напуштат Москва, но
притоа го изгореле градот со што им оневозможиле
на француските војници да презимат. Ненавикнати на
суровата руска зима, голем дел од француските
војници настрадале при повлекувањето.
 Походот на Русија бил одлучувачки за судбината на
Наполеон. Неговите непријатели насекаде давале отпор, а
во есента 1813 г. во “ Битката на народите” кај Лајпциг
бил тешко поразен од здружените европски сили и
протеран на островот Елба. Победничките европски сили
се состанале на Конгресот во Виена (1814г.) и одлучиле
Франција даја вратат на границите од 1792г. Таквите
одлуки предизвикале незадоволство и Наполеон во 1815г.
Се вратил во Франција. Набрзо, повторно бил поразен во
Битката кај Ватерло. По овој пораз неговиот живот
завршил во порогонсто на островот Света Елена во
Атланскиот Океан каде починал во 1821г.
СОСТОЈБАТА НА ЕВРОПА ПО ПАДОТ НА
НАПОЛЕОН
 Периодот на француската доминација во Европа која била
воспоставена со наполеоновите освојувања во почетокот на XIX век,
се приближувал кон крајот кога во 1814 г. започнал Виенскиот
конгрес. Овој конгрес на кој одлучувачко место имале
претставниците на земјите кои ја поразиле Франција, т.е. Русија,
Англија, Австрија и Прусија зазел став според кој за признати
граници во Европа се поставиле границите кои постоеле пред
Француската револуција. Сепак се покажало дека не можат да им
бидат одземени на луѓето и граѓанските права што тие дотогаш ги
стекнале. Победниците единствено можеле да ги срушат само
владетелите кои го поставил Наполеон. Заплашени од продорот на
идеите на Франциската револуција, владителите на Русија, Прусија
и Австрија склопиле сојуз познат како Света алијанса. Главна цел
на нивниот сојуз била соработка против сите слободарски и
демократски движења во Европа. Владителите се обврзале дека ќе ја
чуваат неменливоста на границите и политичкото уредување во
одделни земји. Кон таа коалиција пристапиле речиси сите европски

You might also like