You are on page 1of 5

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС

Училиште: О.У. Крсте Мисирков Гевгелија


Дата:
Насатавник: Оливер Ташев
Насатвна тема: Светот од крајот на XVIII век до почетокот на Првата
светска војна
Наставна единица: Соединетите Американски Држави од втората
половина на XИX век до Првата светска војна
Тип на часот: Обработка на нова наставна содржина

Образовни задачи: Учениците да се запознаат со причините и текот на


Граѓанската војна во САД, и подоцнежниот економски
развој
Воспитни задачи: Со изучувањето на оваа наставна единица учениците
да сфатат , дека последиците од секоја војна се
огромни и како САД станала мокна и развиена
држава
Наставни форми и
методи: На часот ќе доминира фронтален облик на настава
со примена на монолошка, дијалошка текст и метода
на демонстрација.
Наставни средства: Учебник по историја за 7-мо одд, Карта на САД,
слики
Непосредна корелација: Ке се поврземе со порано изучениот материјал од 6-
то одд наставна еди ница Големите Географски
откритија и со предметот Географија.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ
Воведен дел (4-6мин)
Прашања:
1. Кој голем континент е откриен во времето на големите географски
откритија?
Во времето на големите географски откритија е откриен
Американскиот континент.
2. Кој познат морепловец ја открил Америка?
Познатиот морепловец од Џенова Христифор Колумбо
3. Која година Х. Колумбо ја открил Америка?
Колумбо ја открил Америка 1492 год.
4. Зошто тогаш континентот кој Колумбо го открил не бил наречен
Колумбија туку бил наречен Америка?
Затоа што Колумбо верувал дека ја открил Индија. Подоцна
Америго Веспучи докажал дека откритието на Колумбо е всушност нов
континент кој по негово име е наречен Америка.
5. Која е најмоќната држава денес на Североно Американскиот
континент.
Тоа е државата САД.
Главен дел (30-35 мин)
1. Општествено економски прилика
По објавувањето на Декларацијата за независност 1776 година САД
започнале забрзан економски и политички развој. Овој економски развој
дошол до израз како резултат на забрзаното проширување и
населување на територите на запад од големата река Мисисипи кон
Пацификот. Во првата половина на 19 век во северниот дел од САД
брзо се развивала фабричката индустрија. Голем успех САД постигнале
во произодството на машини кои станале познати во целиот свет. Во
1850 година САД дошла на прво место по должина на железничките
линии. Наспроти овој брз економски развој се поостри биле
спротивностите помегу Северот и Јужниот дел. Во северниот дел
живееле фармери и капиталисти а Југот го населувале големи
плантажери кои го експлоатирале робовскио труд.
Знаете ли од каде ги донесувале робовите црнци ? Од Африка
Имено за време населувањето на западните територии Сопствениците
на плантажи од Југот настојувале и овде да воведат неплатен робовски
труд. Наспроти нив Северњаците настојувале во новонаселените
области западно од Мисисипи да се создадат слободни држави.
Овие спротивности довеле и до отворен судир помеѓу северот и
Југот по населувањето на индијанските резервати во Канзас и Небраска.
Овие територии требало да му припадната на Северот. За Канзас
започнала војна помеѓу северните држави (противниците на ропството)
и јужњаците приврзаниците на робовскиот труд. Војната завршила со
победа на плантањерите и Канзас бил прогласен за робовска држава.
Во вакви услови во САД се појавиле и имале доминантна улога во
американскиот сенат две политички партии и тоа:
 Републиканската партија партија на северот
 Демократската партија партија на југот
Најистакнат преставник на републиканската партија во овој период бил
Абрахам Линколн (слика) потекнувал од сиромашна фамилија и
активно уште од мал се дружел со црнците. Во 1848 година бил избран
за член на Американскиот конгрес (парламент, собрание) и овде држел
одлични говори против приврзаниците на ропството.
2.Граѓанска војна 1861-1865)
Во 1860 година во САД биле организирани избори на кои избори за
претседател бил избран токму Абрахам Линколн. Бидеејки Јужњаците
не се согласувале со изборот Линколн кој бил против ширењето на
ропството, решиле да се отцепат од тогашната држава. Прва одлука за
оцепување објавила Јужна Каролина а по неа и Мисисипи, Флорида,
Алабама, Xорxија Луизиана и Тексас. Тие истапиле од САД и создале
нов сојуз кој го нарекле Конфедерација. Тоа било причина 1861 година
да отпочне војна помеѓ Северот и Југот. Започнала мобилизација и на
северот и на југот (од 18-35 години)
Линколн бил решен да ја спаси целоста на државата и ги ангажирал
сите расположиви потенцијали за успех во војната. Во почетокот на
војната Јужњаците забележале значителни победи и успеси.
Пресвртница во војната настанала кога Линколн го објавил законот за
бесплатна поделба на на парцели земја на запад, и законот за
укинување на ропството со кој и црнците стапиле во војската и
морнарицата. Така биле формирани силни одреди на војска на чело со
добро обучени команданти. Војската на северот постепено напредувала
и во април 1965 година дошла до последното утврдување на војската на
југот градот Ричмонд со паѓањето на Ричмонд завршила и граѓанската
војна во САД. Во оваа граѓанска војна животот го загубиле преку 700
иљади луге и била најкрвава војна која се водела на територијата на
САД.
Но веднаш по завршувањето на Граѓанската војна над Абрашам
Линколн бил извршен атентат додека следел театарска престава.
(текст) Со тоа бил пореметен процесот на внатрешно оздравување на
САД.
3.Прогласување на САД (крајот на 1865)
-Веднаш по завршување на граѓанската војна повторно била
воспоставена единствена држава во единствени граници.
-Било укинато ропството
-Положбата на црнците не се подобрувала
-Целокупната власт ја приграбила крупната буржоазија.
4.Економски развој
Со победата во граѓанската војна во власта се зајакнала крупната
буржоазија и биле отстранети и последните пречки за понатамошен
развој на САД.
Огромните национални пазари, природните богатстав евтината работна
сила применувањето на техничките пронајдоци и и научните откритија
усовршувањето на машините за производство овозможиле брза
индустријализација на САД. Во тоа време биле откриени: ел. ламба, ел.
централа телефонот и тн. САД го завзела првото место во текстилното
производство, во производство на жито и тн. Кон крајот на 19 век САД го
зазеле првото место во Индустриско производство, понатаму станала
земја со наразвиена железничка мрежа.
Надворешна политика на САД
Надворешната политика на САД по примерот на европските
колонијалистички земји била насочена кон? Колонијални освојувања.
Прв чекор во тој правец бил освојувањето на Хавајските острови во
Тихиот Океан. Во 1895 година САД започнала војна и со [панија за
преземање на Куба и Порторико кои биле [пански колонии. Поанатаму
го свртела своето внимание и кон Азија и Јужна Америка.
на тој начин до почетокот на Првата светска воијна САД
прераснала во силна политичка воена економска сила.

Завршен дел
1. По добивањето на независноста кои територии забрзано се
населувале?
забрзано се населувале териториите западно од Мисисипи
2. Како била поделена САД?
На Север Буржоазија и Југ -плантажери
3. Кои биле најсилни политички партии во Конгресот?
Најсилни политички партии биле Републиканската и
Демократската партија
4.Кога А.Линколн бил избран за претседател?
Во 1860 година
5.Кога започнала граѓанската војна и до кога траела?
Војната започнала 1861 година и траела до 1865 год.
6.Како завршила Граѓанската војна?
Војната завршила со победа на Северот.
7. По завршувањето на војната што се случило со ропството?
Ропството било укинато а црнците пак не ги добиле своите права
8. Како се развивала САД по Граѓанската војна?
Започнал забрзан развој на Економски план и го завзела првото
место во Индустриско производство.
9. Кон што била насочена надворешната политика на САД?
Надворешната политика била насочена кон колонијални
освојувања.

непознати зборови: сенат, конгрес - парламент,собрание


плантажи - големи земјишни имоти засадени со една
култура
План на табла

СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ОД ВТОРТА


ПОЛОВИНА НА XИX ВЕК ДО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

1.ОП[ТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКИ ПРИЛИКИ


 брз економски развој
 забрзано проширување на запад кон пацификот
 поделба на Север и Југ
 војна за Канзас
 републиканска партија
 демокртска партија

2.ГРА\АНСКА ВОЈНА
 1860 год. Абрахам Линколн избран за претседател на САД
 одлука за оцепување и проглас ување КОНФЕДЕРАЦИЈА
 почеток на војната 1861
 закон за бесплатно доделување на земја
 закон за укинување на ропството
 крај на војната 1865 год
 убиството на Линколн 1865 год.

3. ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА САД


 укинување на ропството и плантажерството

4. ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
 брз економски развој
 нови пронајдоци (телефон, ел ламба, ел. централа и тн)
 прво место во индустриско производство

5. НАДВОРЕ[НА ПОЛИТИКА
 Хаваи, Куба, Порторико
 колонијални освојувања
 кон Ј.Америка, Азија

You might also like