You are on page 1of 9

Историја и

општество
ЅВЕЗДА СТОЈМАНОВСКА 5А
Мартин Лутер Кинг

Мартин Лутер Кинг Јуниор (15 јануари 1929 - 4 април 1968) —


афроамерикански баптистички свештеник, борец за граѓански
права и добитник на Нобеловата награда за мир. Тој е еден од
најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за
еден од највлијателните поборници на ненасилството, во прв ред
поради неговата улога за здобивањето на афроамериканците со
основните човекови и граѓански права, во 1986, беше прогласен
државен празник во САД, наречен Ден на Мартин Лутер Кинг, кој
се празнува третиот понеделник во јануари секоја година.
Мартин Лутер Кинг
•Тој организираше и предводеше многу маршеви за правото на Црнците на глас, за
десегрегација, за праведно вработување и за останатите основни граѓански права. Најголемиот
дел од овие права беа озаконети преку усвојувањето на Законот за граѓански права од 1964 и на
Законот за избирачки права од 1965.
•Најпознат марш што го организираа Црнците во САД, при што еден од организаторите беше
Кинг, беше маршот до Вашингтон за работа и слобода во 1963. На централниот собир
учествуваа повеќе од 250.000 луѓе, црнци но и белци, и беше голем успех, без сомнение еден од
главните настани во борбата за извојување на основните граѓански права. Говорот на Кинг, „
Имам сон”, предизвика воодушевување меѓу присутните и се смета, заедно со Гетисбуршкото
обраќање на Абрахам Линколн, за еден од најдобрите говори во историјата на американското
говорништво.
Мартин Лутер Кинг
• Поради својата посветеност на ненасилниот отпор при спротивставувањето на расните
предрасуди во САД, на 14 октомври 1964 на Кинг му беше доделена Нобеловата награда
за мир. Така, Кинг, на 35-годишна возраст, стана најмладиот добитник на Нобеловата
награда за мир.
•Во прилог на својата посветеност на намалувањето на социјалните разлики, во 1968 Кинг
ја организира „Кампањата на сиромашните”, која кулминира со марш до Вашингтон,
при што на 3 април Кинг одржа говор во врска со сиромаштијата.
•Следниот ден врз Кинг беше извршен атентат во Мемфис, Тенеси, додека се
подготвуваше да предводи марш во знак на поддршка на синдикатот на санитетските
работници од Мемфис. На неговиот погреб присуствуваа околу 300.000 луѓе.
Роза Луксембург
Роза Луксембург е родена во 19 век во Полска и
имала значајна улога во политичката историја,но
имала и незаобиколен удел во идејата за
рамноправност за мажите и жените.Себеси се
гледала првенствено како личност,а не низ
призмата на родот,етницитетот или
инвалидитетот(како дете се разболела и никогаш не
закрепнала целосно, па куцала во текот на целиот
живот).Имала храброст да влезе во светот на
политиката што се сметала за машка сфера и да се
избори за глас,да ги изложи своите ставови и идеи
и да се залага за нив.
Роза Луксембрг
• Била уникатна личност со голема самодоверба.Со своите дела
настојувала да ги охрабри и другите жени да го следат нејзинот
пример.Луксембург сметала дека жените може да постигнат целосна
слобода само преку активно учество во политичкиот и
општествениот живот.
Елеонор Рузвелт
• Ана Елеонор Рузвелт (11, октомври, 1884 - 7 ноември 1962)
била Првата Дама на САД, 1933-1945. Таа ја поддржала Њу Дил
политиката на нејзиниот сопруг, Франклин Делано Рузвелт, и
станала поборник за граѓански права. По смртта на нејзиниот
сопруг во 1945 година, Рузвелт продолжи да биде меѓународна
авторка, говорничка, политичарка, и активистка за 
Њу Дил коалицијатa.Таа работеше на подобрување на статусот
на вработените жени, и покрај тоа што се спротивставуваше на
амандманот за еднакви права, бидејќи таа веруваше дека тоа
негативно ќе влијае на жените.
Елеонор Рузвелт
• Во 1940 година, Рузвелт беше еден од соосновачите на " Freedom House" и го
поддржа формирањето на Обединетите нации. Рузвелт ја основа
асоцијацијата на ОН на САД во 1943 за да обезбеди поддршка за
формирањето на ОН. Таа беше делегат во Генералното собрание на ОН од
1945 и 1952 година, работа за која што беше назначена од претседателот
Хари С.Труман и потврдено од страна на Сенатот на САД. Во нејзиното
време во Обединетите нации таа претседаваше со комисијата, која подготви
и усвои Универзалната декларација за човекови права. Претседателот
Труман ја нарече "Првата дама на светот" во чест на нејзините достигнувања
за човековите права.
Елеонор Рузвелт
• Активна во политиката во остатокот од својот живот, Рузвелт претседаваше
во администрацијата на преседан комитетот на Џон Ф. Кенеди која помогна
да започне вториот бран на феминизам, на претседателската Комисија за
статусот на жените. Во 1999 година, таа беше рангирана во првите десет на
списокот на Галуп помеѓу луѓето на кои најмногу им се восхитуваат во 20
век.

You might also like