You are on page 1of 15

ПРОСВЕТИТЕЛСТВО

• Просветителство — духовно движење кое


започнало некаде кон крајот на XVII век (а
официјално започнува малку подоцна -
во 1715 година). Ова движење имало
влијание што се чувствувало и во XIX век.
Целта на просветителството, како што и
самиот збор кажува, е расветлување на
тајните кои отсекогаш биле догма за
човештвото. Тоа навлегло во речиси сите
области на културата и духот.
• Први придвижници на просветителството
се Гротиј и Спиноза од Холандија. Томас Хобс, Дејвид Хјум и Џон Лок од
Англија ја развиваат емпириската филозофија, а Исак Њутн се истакнува со
своите пронајдоци во физиката. Теоријата за државата на Лок, како и
неговото сфаќање за природниот човек, влијаеле врз повеќе мислители на
просветителството. Просветителството во Франција се јавува под влијание
на англиското, но тоа е многу порадикално. Претставниците на
просветителството се движат во насока на материјализмот. Германското
просветителство го подготвуваат Томазиус, Волф, Лесинг и Базедов.
ТОМАС ХОБС – УЧИТЕЛ ЗА ПРАВИЛНИТЕ
ОДНОСИ
• Централното место во филозофијата на Хобс го
зазема проблемот на методот на научното
истражување. Во тој поглед, критички оценувајќи ги
емпиристичкиот метод на Бекон,
рационалистичкиот метод на Декарт
и методите на математичко-физичките науки, Хобс
настојувал да изврши синтеза на емпиризмот
и рационализмот. Сепак, тој не останал само на
прашањето на методот, туку изградил свој
заокружен материјалистички филозофски систем.
МОНТЕСКЈЕ – ВИЗИЈА ЗА ДОБРА ДРЖАВА

• Францускиот претставник и филозоф Шарл


Монтескје објаснил дека власта-државата
треба да биде организирана како тројна власт
– законодавна, извршна и судска. Секоја си
има свои ингеренции и задачи и меѓусебно се
крепат и контролираат. Со тоа на најдобар
начин ќе се овозможи постигнување
задоволителен степен на слобода. Ова е
основна концепција за општествено-
државното уредување денес во светот.
ВОЛТЕР – КРИТИЧКИ ДУХ НА ЕВРОПА

• Франсoа Мари Аруе : 21 ноември 1694 година – 30 мај 1778 година), подобро познат
под псевдонимот Волтер— француски просветителски писател, историчар и филозоф,
познат по неговата духовитост и по неговото застапување за граѓанска слобода,
вклучувајќи ги и верската слобода и слободната трговија. Волтер е плоден автор, кој
создал дела во речиси секоја литературна форма, вклучувајќи драми, поезија, романи,
есеи и историски и научни дела. Има напишано повеќе од 20 000 писма и повеќе од 2
000 книги и памфлети. Гласен поддржувач на општествените реформи, и покрај
строгите цензорски закони и тешки казни за оние кои ги кршат. Како сатиричен
полемичар, тој често ги користи неговите дела за да ја критикува нетолеранцијата,
религиската догма и француските институции од негово време.
• Волтер најпрвин бил под влијание на францускиот
скептик Пјер Бејл, а подоцна и на англиските
емпиристи (Џон Лок) и  (Толанд, Колинс и Вулстон).
Поради тоа, воопшто не зачудува фактот дека
Волтер уживал да пишува „филозофски романи“ и
„филозофски раскази“ кои најмногу му одговарале
во развојот на „сатирата на карактерите“ во која
главните ликови во делата само ги
персонифицираат одредени карактерни особини
кои се ставаат пред судот на разумот.
• Волтер бил голем противник на метафизичката филозофија и сметал дека секој
метафизички систем е само „метафизички роман“. Во тој поглед, тој им се
потсмевал на метафизичките системи на Декарт, Спиноза и Лајбниц, а го фалел
учењето на Галилеј и на другите истражувачи на природата. Сепак, наспроти
таквите сфаќања, целиот живот го поминал пишувајќи за метафизички проблеми.
Притоа, тој успеал да ги ги спои филозофијата и книжевноста, создавајќи
книжевно-филозофска просветителска публицистика која се одликува и со
книжевни и со филозофски квалитети. На тој начин, Волтер станал првиот и
најзначајниот филозоф на просветителството од XVIII век.
• Волтер верувал дека на ниту еден единствен религиски текст или традиција на
откровение не му е потребно да верува во Бога. Неговиот фокус повеќе е врз идејата
за универзум заснован врз разум и почит кон природата, што подоцна се одразува
врз современиот пантеизам. Како и другите главни мислители за време на
европското просветителство, Волтер се смета себеси за деист, изразувајќи ја
идејата: „Што е верба? Дали е тоа да се верува во она што е очигледно? Не.
Совршено јасно му е на мојот ум дека постои неопходно, вечно, возвишено и
интелигентно суштество. Тоа не е работа на вербата, туку на разумот“.
• ,, На сите луѓе треба
да ги гледаме како на
наши браќа. Зар ците
ние не сме деца на ист
татко и созданија на
ист Бог !? ‘’
ЖАН ЖАК РУСО – КРИТИКА НА ЛОШИОТ
НАПРЕДОК
• Жан-Жак Русо (28 јуни 1712–2 јули 1778) — женевски
филозоф, писател и композитор од периодот на францускиот
романтизам. Неговата политичка филозофија влијаела на
Француската револуција, како и на општиот развој на
модерната политичка, социолошка и образовна мисла.
Неговиот легитимитет како радикал и револуционер е
можеби најдобро прикажан во „Општествениот договор“:
„Човекот се раѓа слободен, а секаде е во окови“.Исто така,
тој бил и успешен музички композитор. Напишал неколку
опери, како и други музички дела, а имал придонес кон
музиката и како теоретичар.
• Жан Жак Русо е соработник на „Енциклопедијата“ кој ненадејно се здобива со популарност
со статијата „Дали обновата на науките и уметностите придонела кон моралното
прочистување?“, која предизвикала толку внимание, пред сè, поради актуелноста.
Вистинскиот текст со кој Русо се прославил со покритие бил текстот „За потеклото на
нееднаквоста меѓу луѓето“, кој е вистинска академска расправа во која Русо ја изложува
јатката на својата политичка мисла. Своите филозофски ставови ги искажал во текстовите
„Општествениот договор“ (со идеи за можни реформи на државното уредување) и „Емил“
(трактат за воспитанието на човекот кој би требало да се вклучи во граѓанското општество).
Русо од своите современици се разликува по тоа што го негира разумот на сметка на
чувственоста. Неговата љубов кон природата е во согласност со тезата дека смислата на
човечкиот живот е во чувствата и во неговата хармонија со природата.
• Како претставник на радикалната концепција на природно-правната теорија за граѓанското општество,
Русо особено обрнува внимание на две суштествени состојби. Прво, Русо, за разлика од останатите
теоретичари на природно-правната (договорната) теорија, општеството што настанува по пат на
склучување општествен договор го сфаќа како „морален и севкупен организам“, како „општествен
човек“ што „своето единство, заедничката идентичност, живот и волја“ ги стекнува како резултат на
„отуѓувањето“ (во смисла на нивно органско пренесување) на природните права на членовите-
создавачи на тој договор и нивно „пренесување“ на новата државна (органска) заедница што ја
создаваат. Секој државјанин - ќе рече Русо - да биде сосема независен од сите други, а целосно
зависен од државата. Тоа се постигнува секогаш со истите средства, зашто само силата на државата ја
прави слободата на своите членови. „Граѓанските закони се јавуваат токму во вториот однос“.
• Препуштајќи ја во општа „сопственост“ својата личност, „секој член се претвора во
неразделен дел од целината“. На оваа основа Русо ја прави разликата помеѓу волјата
на сите (volonte de tous) и општата волја (volonte generale); „последнава ја гледа
само општата корист, а првата - користа на поединците, па затоа е само збир на
поединечни волји... За општата волја да дојде до вистински израз, мошне е важно во
државата да нема одделни друштва и секој граѓанин да гласа според сопственото
убедување“.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО

• Јасмин Абази

You might also like