You are on page 1of 1

Како самсунг успеа да стане од бренд за копирање до лидер во иновации?

Од 1990- тите, компанијата ја сменала своета корпоративна визија и воспостави нови цели да го
соборе својот конкурент сони како лидер во индустријата за потрошувачка на електротехника.
Самсунг ангажирале нови, млади дизајнери кои направија врвни иновации кои што почнаа да ги
привлекуваат потрошувачите. Исто така самсунг почна своите производи да ги продава во
електронски продавници(online stores). И за тоа денес самсунг е лидер во потрошувачката
електроника.

Како самсунг во последните години ги постигна своите цели на пазарите каде што имаше мало
присуство, како што се паметните телефони?

Самсунг како што кажав претходно со своите иновации и предобри дизајни им се спротистави и на
други компании, дури ги надмина оние на Аппле. Денес единствена компанија која му конкурира
на аппел е всусност самсунг.

Со какви предизвици се соочува самсунг со толку разновидно портфолио на производи? Какви


придобивки?

Една толкава компанија со толкаво портфолио нормално е да се соочува со многу предизвици,


како на пример има конкурентрни проблеми кои влијаат на продажбата на таа категорија а од
друга страна има придобивки од разновидно портфолио што создава можност за раст и
потрошување во уште повеќе категории.

Дали сегашната и идната стратегија на самсунг е насочена кон клиентите? Зошто да и зошто не?

Највероватно според моите проценки од досегашните увидувања на компанијата сосема сум


сигурен дека самсунг со нивната стратегија ќе служат на клиентите доволно добро за да го одржат
нивото на квалитет во очите на порошувачите. Додека ја студирав случајот на компанијата дојдов
до заклучок со новите иновации во технологиите дека компанијата нема да има неочекувани
падови, или секогаш ќе ја одржат таа константност на квалитет. Севкупно, Samsung е одличен
пример за чекорите што една корпорација може да ги направи за релативно кратко време со
примена на концентрирани, проактивни стратегии во развојот на производи и маркетингот.

Дали самсунг ќе биде успешен во остварувањето на својата цел да стане лидер на пазарот на
интернет на нештата?

Највероватно одговорот на ова прашање би бил да, но сепак не е толку лесно да се предвиде
иднина на пазарот за технологии во ова време. Но со оглед на на стратегијата и искуството самсунг
ќе биде во блиска иднина сигурно во врвот но и фактот дека инвестира огромни суми за да развие
инфраструктура која е неопходна за успех, значи дека и во подалечна иднина самсунг ќе го
гледаме во секојдневниот живот.

You might also like