You are on page 1of 9

Приватна самостојна високообразовна установа

Висока стручна школа


Скопје
- прв циклус на студии-

Проектен извештај по предметот


Организациски промени
на тема

Воведување нов софтвер во студија на


случај

Скопје, 2020
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Содржина
Вовед................................................................................................................................3
Наслов...............................................................................................................................4
Поднаслов..............................................................................................................................4
Поподнаслов......................................................................................................................4
Поподнаслов......................................................................................................................4
Поднаслов..............................................................................................................................4
Поподнаслов......................................................................................................................4
Поподнаслов......................................................................................................................4
Поподнаслов......................................................................................................................5
Поднаслов..............................................................................................................................5
Наслов...............................................................................................................................5
Заклучок............................................................................................................................6
Користена литература......................................................................................................7
Прилози............................................................................................................................8
Прилог 1.................................................................................................................................8

2
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Вовед

Менаџирањето започнува со промената. Компаниите, луѓето, и земјите имаат


потреба од менаџирање затоа што насекаде постои промена што предизвикува
потреба од менаџирање. Промената постои откако постои светот. Постојано нешто се
менува предизвикувајќи преблеми и/или можности што ние мораме или имаме
потреба да ги менаџираме.
Организациите за да опстојат на пазарот и да стигнат до некоја од фазите на
раст потребно е постојано да прават промени. Промените се водени од окружувањето,
средината, трендовите, барањата на потрошувачите итн.
Нашата организација ја стигна фазата на адолесценција и се стреми кон
достигнување на фазата на Топ форма.
За да се задоволи потребите на потрошувачите, а тоа е брза и навремена
испорака на производите, детални податоци за нивните барања, подиректен пристап
до ни итн. во нашата организација пронајдовме решение за олеснување и забрзување
на процесите со воведување на нов софтвер за работа.
Тоа за нас претставува широка развојна промена водена од внатре за да
обезбеди конкурентска предност, подобрување на ефикасноста и попрецизни
податоци од продажба што ги опфаќа сите сектори и сите вработени.
Софтверот што го имплементираме е меѓународно етаблиран и имплементиран
во повеќе од 5000 компании во Европа. Нуди одлични можности за евиденција на
секој аспект од работата и следствено на тоа, извештаи со многу детали и поврзувања.
Исто така, има интеграција со SMS и Viber што овозможува директен и
непосреден контакт со купувачите на големо и мало. Овој модул е воден од тригери во
апликацијата. Само како пример, тоа би значело дека доколку сте биле во продавница
да побарате производ што во моментот не е на залиха, во моментот кога ќе се набави
добивате СМС порака дека е достапен. Ова е само една од многуте придобивки што ги
имаат потрошувачите, а за компанијата придобивките се непроценливи.
Има модули за детално следење на залихата во секоја организациона единица,
детално следење на продажбите, автоматизирани процеси за дополнување залихи,
следење цени, извештаи за спородвижечки производи, следење на цените од
добавувачите, околу 50тина параметри и поделби за производите, купувачите и
продавниците и што уште не.
Сето тоа земено предвид значи дека компанија има огромен интерес да го
имплементира софтверот во што е можно покус рок за да ги види придобивките
порано.
Откако завршивме со преговори, плаќања и подготовки, полнавме со
имплементација на софтверот на 14ти јануари оваа година.

3
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Слика 1: Моментална зрелост на компанијата Sara Fashion

4
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Имплементација на софтверот

Дизајн и подготовка на имплементацијата


Првичната идеја беше секој менаџер на сектор да преземе сопственост на
процесите за имплементација и да го апсолвира знаењето за работата во софтверот за
да подоцна може да го пренесе на останатите.
Така, со секој сектор правевме состаноци и сесии при што сите ги кажаа своите
потреби и ги учеа модулите соодветни на нивната работа.
Претставниците од софтверската компанија беа задолжени да ги задоволат
потребите на секој сектор, а ншите претставници да го тестираат секој модул и да го
одобрат. Се беше во ред до моментот додека требаше да се одобрат модулите. Во тој
момент, никому ништо не му работеше, а со оглед на целосно различната платформа
на софтверот, никој не разбираше што понатаму. Кога ќе се земе предвид и јазичната
бариера што постои и различната перцепција на процесите за работа, имплемен-
тацијата застана.
Откако поминаа неколку месеци, сопственикот одлучи еден човек да го подготви
и имплементира софтверот. Таа одлука од една страна беше добра поради забрзување
на процесот, а од друга страна ги оттргна од одговорност останатите членови на
менаџмент тимот.

Имплементација на софтверското решение


Како и што се очекуваше, по префрлањето на сите податоци, стартувавме со
употреба на софтверот.
Првиот ден се појавија проблеми на сите страни и во сите сектори. Најмногу
влијаеше тоа што на сите вработени им беше ново, па тешко се снаоѓаа во менијата.
Одеднаш, сите сили и средства се насочија кон „исправање“ на грешки, обука и
подигање на моралот на вработените.
Како и да е, во моментот компанијата се наоѓа во најтешката позиција во
имплементацијата. На сликата подолу може да се види тоа најдобро.

Слика 2. Позиција од имплементација на промената на Sara Fashion


Што и да треба да се направи не е тешко ако не вклучува справување со луѓето на
кои што одеднаш се им е потешко, „порано беше поедноставно“, „мора ли сега и ова
да го правам“ итн.
Со цел да ги скокнеме деталите и да се насочиме со најтепкото во
имплементација, ќе преминеме на делот со отпорот на луѓето.

5
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Отпор кон промените при имплементација

Според типологија на отпор, се наоѓаме во средни отпори, како што е прикажано


на сликата 3.

Како најистакнати причини за отпор кај вработените се:


 Страв од непознатото (неизвесност)
 Недостаток на разбирање и доверба
 Различно сфаќање
 Вложени пари/време
 Експлицитна и имплицитна принуда
 Преговарање, договарање, убедување
 Едукација и комуникација
 Олеснување и поддршка
 Учество во и сопственост над промените

6
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Заклучок

Како заклучок на оваа студија на случај е дека за било каква промена во


организацијата во било која ширина или длабочина, потребно е да се постигне
конструктивен коонфликт од страна на тимот за имплементација на промените. Клучна
улога има агентот на промените кој треба да обезбеди поддршка, обука и да осигура
позитивна клима во постојната работна култура за да се олеснат сите чекори.
Отпорот мора да се третира многу внимателно и да се преземе сопственост на
промените на сите засегнати во компанијата со цел вработените да бидат дел од
решението и да ги чувтсвуваат промените како свои.
Промените се секогаш комплицирани за имплементација, но кога ќе се
надминат пречките како што се отпор и учење и имплементација на нови процеси, се
основа за напредок и конкурентска предност на секоја компанија.

7
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Користена литература
Adizes, S. Y. (Продуцент), & Adizes, S. Y. (Режисер). (2016). The Adizes Conceptual Map [Филм]. YouTube.
Преземено Октомври 27, 2018 од https://www.youtube.com/watch?v=RoaLlCyN2Yo&t=577s
d-r Adizes, I. K. (2010, Јануари 15). Discussing What Matters. (THE ADIZES INSTITUTE) Преземено Октомври
27, 2018 од Adizes Insights: http://www.ichakadizes.com/discussing-what-matters/
Пред. м-р Сколевски, Т. (2010). Основи на менаџментот (2 изд.). Скопје, МК, Македонија: Бизнис
Академија Смилевски - БАС.

8
[ВОВЕДУВАЊЕ НОВ СОФТВЕР ВО SARA FASHION – СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ]

Прилози

Прилог 1

You might also like