You are on page 1of 10

Факултет за Општествени Науки – Скопје

Економски Факултет
Насока: Банкарски Менаџмент

Виртуелни организации и виртуелно


работење

Семинарска работа по предметот


ИНФОРМАЦИОНИ ТЕХНОЛОГИИ

Изработиле: Попов Васко


Дисоски Кирил
Видески Бруно
Вањак Дарко
Лазаревски Николчо
Имери Вулнет
Ѓоргиевски Дарко

Ментор: доц. Д-р Симе Арсеновски

Скопје, април 2005


Виртуелни организации и виртуелно работење

СОДРЖИНА:

СОДРЖИНА:....................................................................2
Развој на организациските модели...............................3
Информациска технологија и мрежни организации 5
Пример за виртуелна организација...........................6
Значењето на виртуелната организација.................7
Виртуелно работење........................................................8
Виртуелна фабрика.......................................................9

-2-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Развој на организациските модели


Организациите се до денеска се стварани како последица на човековите
потреби за заедничка работа во произведувањето на производи и услуги. Во
различните подрачја на производството наоѓаме работници кои во границите
на своите работни места превземаат одредени задачи и извршуваат
производствени активности. На пример во производството на намештајот
сите работници кои произведуваат или сложуваат намештај се наоѓаат во
иста работилница, а кога сите сакаат да се соберат, мораат да отидат на некое
заедничко место (конференциска сала, сала за состаноци и сл.). Таквите
организации обично со години се наоѓаат во стабилна и дефинирана состојба
што им овозможува долготрајно масовно производство. Овој организациски
модел, прикажен на слика 26.1, прикажува специјализирана, изразено
структуирана хиерархиска градба.
Скратувањето на животниот век на производот и зголемувањето на
побарувачката за нови производи ги насочува хиерархиските организации
кон одалечување од цврстиот состав на производните тимови (Шумпетер,
1946), а тимовите се повеќе се обликуваат според групите на производите, а
не исклучиво по еден производ. Како резултат наоѓаме организации кои се
поспособни да пружат поголема разновидност на производите и услугите во
однос на класичните хиерахиски организации. Така се појавуваат модели на
органските облици на организации кои содржат помалку стандардизиран
состав надлежности кои што овозможуваат побрзо донесување на одлуките.
Кај организациите со органски модел, работните и производните односи
многу брзо се пренасочуваат во правец на новите потреби на потрошувачите
при што новите иницијативи се одредени од пазарот и од присутните
технолошки промени. Така приметуваме развој на организациските модели
кој што се движи од цврсти, механички облици па се до флексибилни,
органски облици.
Првиот успешен модел на организација кој е насочен кон примена на
органска структура е матричната организација, која ги напушта класичните
еднолиниски состави на наредување. Вработените се групираат во проектни
тимови кои што одговараат на еден или на повеќе претпоставени. На пример,
одреден проетен тим може да биде истовремено одговорен за одредени
функционални раководителски развитоци, за производството и за
маркетингот. Матричната организација ги обликува тимовите по потребата
т.е. според способноста и брзината на тимот да одговори на структурните
промени кај новите технолигии и на новите побарувања на пазарот. Меѓутоа,
со физичкото зголемување на организацијата, матричниот модел често
доведува до неточни и нејасни слики за надлежноста, односно често станува
нејасно кој е одговорен за што.

-3-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Поради одредени недостатоци кои што ги содржи класичниот модел на


матричната организација се развива нов модел кој што е уште поблизок до
органскиот облик на организација- модел на динамичките мрежни
организации, кој што е прикажан на слика 26.2. Динамичката мрежна
организација содржи мрежа на меѓусебно поврзани деловни агенти и
партнери во производството, кои изработуваат стратешки правци во
работењето т.е. оперативна подршка на придружените организациски
ентитети. Производите и услугите кои се потребни во производството и
работењето се превземаат или купуваат само тогаш кога се потребни и на тој
начин физичките граници на организацијата помалку се гасат.
Организацискиот облик станува динамичен. Динамичка мрежа
операционализира идеја која ја поставила средишно тело. Како пример може
да послужи модната индустрија-компанијата А ствара име и имиџ (ознака и
препознатливост на производот на пазарот) и договара истражување на
пазарот, обликување на производот, произведување и дистрибуција на
поединечни деловни партнери, стварајќи во тој момент мрежна организација.
Тука наоѓаме мрежа на компании сои се поврзани околу призводот. За
потрошувачите и другите компании таа мрежна организација се појавува
како една компанија со препознатлив идентитет, на пример компаниите Вог,
Ла Коста. Динамичката мрежна организација се појавува во вистинско
опкружување низ составот на фирмите (деловните партнери) како отворен
состав на идеи и активности, а не веќе како еднозначно дефинирана
организација со јасни, стабилни и цврсти граници.

-4-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Информациска технологија и мрежни


организации
Составот на дислоцираните обработки на информациите им
овозможува на вработените да извршуваат работни задачи во време кое
најмногу им одговара, односно во опкружување кое што традиционалното
физичко работно место сместено во физички оградена организација неможе
да им овозможи. Во овој состав не е потребно физичко патување на
вработените до работното место. Физичката дислокација ја надоместува
информациската технологија со која низ комуникациски инфраструктури се
извршуваат работните задачи од одалечено место. Интеграцијата на
процесите за работа со примената на информациските технологии и
мрежните структури го скратува производствениот циклус и дава
моментален одговор на барањата на пазарот што воедно го чини и
делувањето на виртуелните организации. Во процесот на создавање на
виртуелна организација наидуваме на три основни модели на мрежни
организации кои воедно ја прават и обликуваат виртуелната организација:

 Организацијата со мрежни задачи за работа го сочинуваат


основниот модел на виртуелната реалност кој ги поврзува
деловните партнери за заеднички настап на пазарот.
 Организацијата со мрежни тимови за работа често се наоѓаат во
јавниот сектор, содржат помалку организации (тимови) за
истражување, развој и стручна поддршка, а нивното обединето
делување овозможува извршување на плановите и проектите за
развитокот на државната управа и стопанството.
 Организацијата со мрежните фирми во праксата се појавуваат
како конзорции кои го обединуваат истражувачкиот сектор,
производството и трговијата околу единствената производна
програма; често се обединуваат сродни организации од сродни
или исти стопански гранки.

Сите овие модели на виртуелна организација ја сочинуваат основната


концепција на виртуелното работење во смисла на исполнување на шест
основни стратегиски работни барања: размена на искуства и заедничко
користење на ресурси, заедничко преземање на ризиците и трошоците,
поврзување на повеќе надлежности, намалување на вкупните трошоци на
производството и работењето, зголемување на производствените
способности, зголемување на настапите на пазарот, премин од продавањето
на производите на продавање на конкретни решенија и знаења.

-5-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Пример за виртуелна организација

Виртуoзи проекти вклучува поголем број на фирми и истражувачки


тимови со намера за создавање на темели за виртуелно работење и добивање
на увид во проблемите и користа која ни ја нуди виртуелното работење.
Развиено е пилот решение како модел кој ги поврзува можностите на
виртуелната организација со употреба на мултимедиски комуникации и
системи на виртуелна реалност.
Пилот решението се однесува на виртуелна фабрика, обликувана и
изработена во фирмата БИЦЦ ГРОУП. БИЦЦ ГРОУП претставува
меѓународна работна групација во подрачје на градежништвото и
инжинерското работење(автопатишта, изградба на мостови итн). Го покрива
подрачјето на Северна Америка, Азија, Европа и Австралија каде на пазарот
испорачува кабловски системи за енергетски и комуникациски постројки.
Кон крајот на 1996 год составена е посебна организациона единица за
мултимедиска комуникација со основна задача за поддршка на развојот на
техничките(виртуелни) тимови во виртуелни фабрики.
Постојниот модел на работење изискуваше чести, долготрајни и скапни
групни патувања на менаџерите, инженерите, советници и продавачи со што
се успоруваше целото работење и ја намалуваше конкурентноста на
светскиот пазар.
Со вградување на мултимедиски комуникациски систем овозможено е
меѓусебно комуницирање на членовите на проектните тимови, советниците и
продавачите.
За таа цел е изработен систем за визуелизација на виртуелна фабрика
низ сликовите претставување на замислено место на виртуелна фабрика. Со
тоа е овозможено изнаоѓање соодветни луѓе и остварена комуникација со
нив за секој поединечен дел од работењето во проектирање на кабловски
систем, утврдување на расположливи и потребните ресурси, изнаоѓање на
пазарно прифатливи цени како и договарање и реализација на испорака, што
е прикажано на слика 26.4. Во рамките на работењето на виртуелната
фабрика посебно подрачје претставува пронаоѓањето на потребните
информации и документација која е сместена во организационите единици
на многубројните места ширум светот. Овие како основно барање се
поставува создавањето на техничните услови за моментална(он лине)
достапноста на документите и корисно пронаоѓање на потребните документи
и извори на информации. Класичните облици на пребарување со помош на
индекси и клучни зборови се заменети со визуелизација(сликовно
пребарување) на просторот со документи и информации поврзани со облик,
боја и положба во просторот за информации.

-6-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Значењето на виртуелната организација

Квалитетното користење на информациските технологии создава


многу промени во структурата и делувањето на современите деловни
состави. Присутните модели на виртуелната организација носат во одредени
проблеми значајна корист. Во праксата се искажуваат следните основни
значења кои допринесуваат за успешно работење на организација која ги
користи моделите на виртуелната организација:

 Зголемување на конкурентните способности претставува најважно


значење кое го има виртуелната организација. Мрежата на малите
организации е популарен облик на организирање на работите со кои
се задржува и зголемува конкурентната способност со брза промена
на работното опкружување и динамичната размена на знаења,
технологија, стручњаци.
 Зголемувањето на флексибилното работење преку пребрзо и
едноставно менување на деловните партнери, организирање на
различни вируелни тимови и динамично вклучување на виртуелни
поеднинци. Износот на варијабилните трошоци од работењето расте
во однос на фиксните трошоци што допринесува за финансиска
флексибилност.
 Зголемувањето на квалитетни производи и услуги со зголемување на
одзивот на настапите на пазарот и односите со потрошувачите е
резултат на флексибилната структура на виртуелната организација.
Флексибилноста на виртуелните тимови овозможува и размена на
виртуелните поедници во однос на моменталните потреби на
корисниците, што резултира со зголемување на брзината на
одговори на поставени барања за таа квалитетна понуда. Исто така,
виртуелната организација има подобар увид во моменталните
барања на пазарот и често во деловниот процес ги вклучува и
корисниците на производите и услугите со цел правилно и точно да
се исполнат нивните барања.
 Зголемувањето на квалитетите на деловната комуникација и
внатрешната контрола е резултат на делувањето на виртуалните
вработени во внатрешните виртуални тимови кои динамично
разменуваат информации преку отворената рачунална мрежа. Со
подобрата особена комуникација на вработените овозможена е
електронска размена на документација, извештаи, проекти итн.
Виртуелната организација, исто така, има квалитетна внатрешна
контрола на производството, ресурсите и залихите што воедно

-7-
Виртуелни организации и виртуелно работење

придонесуваат за зголемување на квалитетот на целокупното


работење.
 Намалувањето на работните трошоци, се искажува преку подобра и
опсежна комуникација која овозможува заедничко користење на
знаења, вештина и технологија. Износот на трошоците може
изразито да се намали со користење на отворени и прифатливи цени
на инфраструктурата на глобалната комуникациска мрежа. Исто
така, виртуелната организација не е зависна од физичката локација, а
со деловните партнери и пазарот комуницира преку комуникациска
мрежа со што битно се намалуваат трошоците од работата и
користењето на деловниот простор. Со оваа заштеда треба да се
спомене и намалувањето на трошоците на вработените до работните
места или до деловните партнери на пазарот.

Информациските состави за управување на процесите и организацијата


на работните места се поврзива со составот за електронска обработка и
управување со документацискиот и комуникацискиот состав, со што се
создава квалитетна подлога за изградба и делување на виртуелни
работни места. Целта е поставувањето на виртуелни работни места да ја
зголемат автономијата, флексибилноста и движењето на вработениот
кон неговите работни задачи.

Виртуелно работење

Виртуелното работење претставува, исто така, неколку категории кои


се соединети се однесуваат на организацијата, управувањето, работењето и
маркетингот. Виртуелната организација создаваат дистрибутивни деловни
процеси, односно виртуелно работење кое може да издвои една или повеќе
вистински/физички организации. За потребите на одреден проект се
согласуваат (обединуваат) ресурсите за извршување на деловните процеси,
при што здружените организации добиваат можност да се изведат работи кои
самите не се во состојба да се спроведат. Како организациите во
изведувањето на виртуелното работење би делувале што поуспешно,
користејќи заеднички информациски и комуникациски алати?! Овде
најизразено се користи Интернет окружувањето и составот на електронските
огласувања преку локална мрежа и отворена комуникациска
инфраструктура. Како што нема развиени поединечни програмски решенија
за виртуелно работно окружување, така виртуелните организации се
насочуваат на користење на универзални програмски решенија за групна
работа.

-8-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Виртуелна фабрика

Работите на обликување на замислениот кабловски систем кој се нуди


на пазарот или е веќе порачан, започнуваат во бирото за проектирање во кое
работат проектанти сместени во Америка и Европа. Секторите за маркетинг
и набавка составени се од променливи тимови чии членови делуваат во
земјите во кои моментално се испитува пазарот за набавка(изолациски
материјал, проводници и др). Целосниот кабловски систем се довршува во
тимот на инженери кои заедно со тимовите за набавка, маркетинг и
продажба го обликуваат финалниот производ, ускладен со барањето на
нарачателот. Сите работни активности се зависни од брзината на пристап до
информации и размена на документи кои како комуникациски системи ги
превзема отворена, светска мрежа МЦИ која овозможува телефонска
комуникација, размена на компјутерски податоци, документи и
видеокомуникација. Основни комуникации на виртуелните оддели содржат
работни станици, а членовите на виртуелните тимови делуваат преку
персонални и преносни компјутери со наменски програмски пакети за
обработка, приказ и делување во тродимензионалните прикази во слика и
звук.
Предности: за период од скоро година дена забележано е осетно
смалување на вкупните трошоци поврзани со комуникација. Во случајов тоа
се однесува на телефонските разговори, размена на телефакс пораки, размена
на електронски документи, пренос на компјутерските податоци и превоз на
луѓе и документација. Во работниот систем е воведена особена динамика на
производство со многу покуси рокови на производство и побрзи одговори на
бараните промени во нарачките.
Во производите се внесени нови знаења со значително намалување на
времето за добивање на потребните информации како и потребната
документација. Целокупното работење ја зголеми конкурентноста на пазарот
со подобрени односи со корисниците(нарачателите) на сопствените
производи.
Недостатоци: Во подрачје на технологијата воведени се
забележителни проблеми со вградување на комуникациските мрежи
способни да прифатат се поголем број на сложени компјутерски документи и
програми. И покрај тоа што веќе постојат одредени стандарди за
мултимедиски комуникациски мрежи, потребно е да се вградат специфични
решенија за моментално применуваната комуникациска мрежа.
Таквото решение ствара простор на можни застои во процесите на
личната комуникација и пренос на документи без стварното сознание за
застојот. Се случува да одреден документ биде испратен, а не и испорачан.

-9-
Виртуелни организации и виртуелно работење

Затоа постојано се усовршуваат техниките на надзор за промет на документи


со зголемувањето на обемот на личната аудио визуелна комуникација помеѓу
членовите на виртуелните тимови.
Во подрачјето на употреба и размена на информации утврдени се
одредени проблеми во снаоѓање на вработените во користење и запознавање
со компјутерски претставени информации, совети итн. Проблемите се
поврзани со квалитетот на компјутерската опрема и програми, односно
усвоените вештини за користење на нови информатички решенија. Затоа се
спроведува додатно оспособување на вработените.
Во подрачјето на организација на работење забележани се проблеми
во врска со надлежностите, односно се појавуваат ситуации кога не е точно
дефинирана надлежноста. Иако сите членови на виртуелните тимови се
доволно самостојни во работењето, сепак се бара препознавање на степенот
на надлежноста, одговорноста и одлучувањето. Ова подрачје на проблеми за
сега најтешко да се реши бидејќи овде не се користат готови технолошки
решенија.
Слични примери наоѓаме и во производството на автомобили каде
голем број производители(Генерал Моторс, Форд, Волво, Ровер и др) ги
усмеруваат информатичките активности во помали, издвоени организации и
тимови(дизајн, изработка прототип, проектирање на елементи од
производот, истражување и настап на пазарот итн) вклучувајќи ги на тој
начин специјализираните и за одредени работни процеси најуспешните
светски тимови.
Подрачјето на примена на виртуелните организации и работења се
многубројни, иако првите облици се појавуваат во информациски работни
активности како што се финансии, банкарство, проектирање, дизајн, научни
истражувања и развој. Зачетокот на примена на овие модели ги наоѓаме во
постапна реорганизација во работењето која заедно со примена на
современите информациски технологии создава услови за работа со
дислоцирани работни места(пред се за работа од дома). Тие сеуште не се
виртуелни организации како оние облици на работење кои не го вклучуваат
и применуваат електронскиот пазар(низ системите за електронска размена на
документи или пак користење на интернет за процесите за нарачки и
плаќања за производи и услуги).

- 10 -

You might also like