You are on page 1of 9

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за социологија

Осврт на дело по предметот:


Социологија

Тема:
Радикална социологија

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Ѓорѓе Младеновски Кристина Тутунџиска
бр. индекс 3761/05
Скопје, 2006 година

1
Радикална социологија

Социологијата во Соединетите Држави грубо може да се


подели во две крила - едно - малубројно, радикално или друго –
многубројно, конзервативно. Во првото особено се истакнале двајца
социолози. Едниот од нив е Торстен Веблен познат автор на
Теоријата на безделничката класа, големиот критичар на високата
класа од целиот тек на класната историја; другиот е Рејт Милс,
“самотниот волк” кој во рамките на војната што го исполнувала
целиот негов живот, без компромисно се борел и за достоинството
на социолошката наука. Милс исто како и Веблен пред него бил
отфрлан, дискавлификуван, непризнаван од мнозинството на
социолозите. Но, за него биле изрекувани и високи пофалници каква
што е онаа на Хоровиц, кој го именувал како најголемиот социолог
што било кога го имале соединетите Држави. Тој изградил научно
дело преку кое на американската јавност го предочил Марксовото
видување на нештата на начин кој бил сватлив за неа, но кој, што
крај тоа во него ја вградил својата личност и значајно обележја биле
оргиналноста и критичноста.

Живот и дело

Рајт Милс е роден на 28 август 1916 година во Вако, Тексас


во семејство кое било типичен припадник на средната класа која ќе
стане еден од предметите на неговите истражувања. Студирал на
универзитетот во Тексас каде во 1939 година ги завршил
постдипломските студии. Докторирал на униварзитетот во
Висконсин. Првата работа ја добил на универзитетот во Мериленд
но најголем дел од својата кариера ја освоил во Колумбија. Во
целиот тој период од студирањето па до раната смрт тој бил во
воинствени односи со својата околина. Еден од неговите биографи
ќе констатира дека тој изгледа се борел против секого и со сенешто.
Војната ги обележувала неговите односи со сферата на личниот
живот, неговите односи со колегите, неговата вклученост во
социолошката јавност на Америка, како и неговиот однос кон
американското општество воопшто.
Своите видувања на американското општество Милс ги
изложува во поголем број на дела. Едни од нив се однесуваат на
интелектуален живот во него, и особено на состојбите во сферата на
социологијата; други-на процесите што се остваруваат во него и што
ја обликуваат неговата моќна структура; трети на надворешната
политика на американската држава особено нејзиното вовлекување

2
во Кубанската Револуција. Негово прво позначајно дело објавено во
1948 година е Новите луѓе на моќта: американските работнички
водачи. Поттик да го напише како што самиот наведува му дало
делото на Торстен Веблен, чие третирање на општествената
слоевитост му се причинило како многу непрецизно, дури и
магловито кој многу упростено го претставил Маркс на
американската публика. Тоа била книга за работничките
организации и работничките водачи. Веќе овде се кристализира
неговиот интерес за општествената слоевитост, која доаѓа до уште
поголем израз во Бела јака: американските средни класи. Следното
дело Елита на моќта 1956 година било замислено како продолжеток
на претходното, во него инструментариумот за аланиза на средните
класи Милс го применил за анализа на високите класи. Трите дела
всушност претствауваат трилогија за класната структура на
американското општество. Во меѓувреме во 1950 година го објавил
делото Порториканско патување: најновите мигранти на Њујорк.
Од делата што ги напишал после тоа едно треба особено да
се одбележи -тоа е Социолошката имагинација. Во него од една
страна го изложил својот став во социлошката наука и го определил
сопствениот пристап кон неја, кого впрочем им го препорачал на
социолозите после него како посоодветен од оној на водечката
струја на американската социологија. Од друга страна во него ги
подвргнал на остра критика функционализамот, екстремниот
емпиризам и ред други ориентации во современата социлогија.
Останатите книги напишани во времето на Кубанската криза
и посветени пред се на неа, од страна на неговите критичари чии
оценки за него не биле ништо помалку остри од неговите за нивните
дела, биле оквалификувани како памфлетски четива. Некои од
нивните наслови се причините за Трета светска војна 1958 година,
Слушај Јенки: Револуцијата во Куба 1960 година, марксисити, 1962
година.

Перспективите на социолошката наука

Милс дејствувал во рамките на американаската социолошка


теорија во времето кога таа отворено се има подвоено во две крила:
едно конзервативно и друго радикално. Правото кое како своја
теориска инспирација ги има теориите на Парето и претставниците
на биограницизмот, и чие јадро го претставува
функционалистичката социологија, во фокусот на своето внимание
го става општествениот систем и механизмите преку кои тој ја
возобновува својата рамнотежа. Второто кое во голема мера е

3
инспирирано од марксиситчката социологија, развива критичка
теорија која им дава основен објект на критика.
Милс развива критички дури воинствен став кон
функционалистичката социологија, меѓутоа постои нешто околу тој
што завзема став со неа. Тоа е ставот за доменот на социолошката
наука. Тој исто како и претставниците на функционализамот ќе ги
отфрли претензиите на постарата социолошка наука за откривање на
општите закони кои управуваат со општствениот живот и кои имаат
универзална протегнатост, и ќе упати кон насочување на нучниот
интерес кон конкретните општества, кон глобалните процеси кои се
одвиваат во нив.
Своите идеи за стратегијата на социолошката наука ќе ги
изложи во делото со сугестивен наслов Соцолошка имагинација.
Истражувањето на општеството според Милс претпоставува
поседување на соцолошка имагинација. А првиот факт на кој таа
упатува, нејзината прва поука е дека поединецот ќе биде во состојба
да го свати своето сопствено искуство и да ја одмери својата лична
судбина единствено ако се постави во рамките на своето време , а
дека ќе биде во состојба да ги процени своите изгледи на живот
единствено преку свеста за изгледите на сите оние единки кои се
наоѓаат во прилики како што е неговата.
Секој поединец живее во одредено општество и тој е призвод
на ова општество и на историските сили на тежа и противтежа што
доаѓаат до израз во дадената временска секвенца. Но, кој во исто
време со самиот факт на своетеио живеење придонесува независно
од тоа колку е незначителен овој продинес за текот на историјата во
ова општество. Социлошката имагинација не оспособува да ја
сватиме историјата и животот на поединците како и нивните заемни
односи во условите на даденото општество. А, основните прашања
на кои тој треба да одговара се:
1) Каква е структурата на општеството што го има како
предмет на подучување, земено во целина односно кои се неговите
битни компоненти и во каква врска се наоѓаат една кон друга, каков
е неговиот поредок и по што тој се разликува од поредоците на
други општества, какви се неговите посебни карактеристики кои
сугерираат негово менување.
2) Каков е односот на ова општество кон човечката историја
односно по кои начела тоа се менува, кое е неговото мест во рамките
на човештвото како целина и какво е неговото значење за
човештвото.
3) Каква е персоналната структура во припадниците на ова
општество и кави се изгледите за нејзино евентуално менување.

4
Целите на социолошкото истражување искажани преку овие
прашања, значи се - истражувањето на структурата на општеството
на неговата динамика и на особините на личноста.
Социолошкиот научник за предмет на своето проучување
треба да има конкретно општество. Всушност, тој го искажува
општеството во кое живее, а тоа му оцовозможува да ги поврзе
својот приватен и јавен живот. Своето лично искуство
систематизирано во дневник што редовно го води го употребува
како еден од изворите на податоци за објаснување на феномените
што се цел на истражувањето.
Самиот користи статистички податоци за претставување на
состојбата на ред феномени, но им дава предноста на непосрдното
посматрање на разговорите со оние што можат да дадат одредени
податоци и чии ставови се итни за расветлување на комплетниот
проблем, на читањето и фантазијата.

Елита на моќта

Проблем што завзема централно место во делото на Рајт


Милс е оној на моќната структура на современите општества. Него
го проучува преку опсежната анализа што ја спровел на примерок на
американското општество. Ја презентитрал во познатото дело Елита
на моќта.
Владејачката елита ја сочинуваат луѓе кои завземаат такви
положби и вршат такви функции во општеството кои им
овозможуваат да ги надмината рамките на редовните средини во кои
се движат и работат обични луѓе и жени. Тие управуваат со
големите стопански претпријатија. Ракуваат со државната машина и
ги присвојуваат нејзините прерогативи. Управува со воената
организација.
Тие имено располагаат со голема моќ затоа што зад нив
стојат важните институции на современото општество. Носителите
на значајните функции се инструменти на моќта во државата,
стопанска и воена хиерархија и како такви добиваат на значење
какво го немале носителите на значајните функции било кога во
историјата.
Имено, големата моќ на нациолнални размери во
американското општество според Милс лежи во три институции,
стопанската, политичката и воената. Останатите институции повеќе
не се толку значајни. Овие институции успеале да ги подредат на
себе сите останати, дури и оние што низ долгиот тек на историјата
биле значајни центри на моќта. Така семејството, образованието не

5
само што повеќе не располагаат со автономна моќ туку стануваат
орудија за остварување на целите на првите “нивните вредности”.
Секоја од трите сфери на моќта формира своја сопственост,
која во тек на времето станува се покомплексна и поцентрализирана:
со стопанството доминираат 200-300 џиновски корпорации,
административно и политички взаемно поврзани, кои взаемно
одлучуваат за најважните прашања во областа на стопанството,
политичкиот поредок, извршната организација која превзела многу
овластување и која се вовлекува во сите пори на општествената
структура. Воениот поредок станал најголема и најскапа владина
установа, со ефикасност на разгранет бирократски апарат. Сите три
колку стануваат позначајни толку ги прошируваат своите врски со
останатите домени на општеството. Од друга страна тие и меѓусебно
се поцврсто се поврзуваат.
Носителите на високите функции во трите центри на моќта
ги сочинуваат високите и општествени кругови на американското
општество, политичката и воената елита. Во највисоките слоеви на
стопанскиот свет, меѓу богатите сопственици и управувачи на
стопанските корпорации се наоѓаат главните стопански
функционери, а на врвот на политичката хиерерхија се наоѓаат
членовите на политичкиот директориум а на врвот на воената
организација - елита на војници државници.
Анализирајќи го пристапот кон елитните позиции во
Америка, Милс ќе констатира дека тие се мобилизираат од една
релативно затворена општествена класа - високата класа. Нејзините
членови практикуваат специфичен стил на живот и остваруваат
односи, брачни, пријателски, деловни само со припадниците на оваа
своја група. Од неа се моболизираат припадниците на трите елити.
Всушност, истите луѓе се менуваат на елитните позиции. Луѓето со
врвна позиција на една хиерархија преминуваат на врвни позиции на
други хиерархии. “Припадниците на елитата, ќе констатира Милс,
чинат една, помалку или повеќе компактна, социјално и психолошки
единствена целина, тие се чувствуваат како самосвесни припадници
на една општествена класа. Елитата во помала или поголема мера е
свесна за себе како ошпштествена класа, па едните членови на
елитата спрема остантите нејзини членови се однесуваат поинаку
отколку спрема припадниците на одстанатите класи”.
Елитата која завзема командни позиции Милс ќе ја дефинира
како “поседници на власт и влијание , богатство и слава, а нејзините
припадници како припадници на горниот слој на капиталистичкото
ошптество”. Или покотнкретно, под владејачка елита тој го
подразбира “оние политички, економски, воени - општествени
кругови кои , како некоја сложена низа на клики кои заедно се

6
мешаат и преплетуваат, учествуваат во донесувањето на одлуките
кои секако се такви што се од важност за целата држава. Или, од
гледиште на одлучувањето за настаните од национален значај,
владеачката елита ја сочинуваат оние што за тоа одлучуваат”.
Имено, моќта со која располага една елита, според него, е
определена од нивото на техничките орудија, од стредствата на
власта и силата, како и од организацијата на даденото општество. Во
тој поглед тој ќе воочи зацртување на една права, нагорна линија,
која се протегнува низ историјата на западните општества-кај нив
доаѓа до прогресивно јакнење на моќта и нејзино се поголемо
концентрирање во мал број раце. Така, денес, оние кои располагаат
со орудијата на власта имаат во рацете орудија кои се помоќни од
било кога порано во историјата. Во случајот на американската елита
тоа се стравотни орудија, такви што можат да предизвикаат за една
ноќ да бидат срамнети со земјата големи градови, а после борби од
неколку недели - цели континенти да бидат претворени во термо -
нуклеарна пустина.
Типичниот припадник на современата американска елита,
според Милс е “интелектуален медиокритет, понекогаш совесен
човек, но сеуште медиокритет”. Нему му се достапни само
упростени и вулгаризирани до гротекстност, за него посебно
подготвени идеи. Тој се чувствува во свој елемент при звонењето на
телефоните, површното читање на кратки изводи на забелешките
што му ги подготвуваат неговите подрдени и во други слични
ситуации. Во врска со ова, Милс се чувствува должен да појасни
дека кога говори за плиткоумноста и медиокритетот на деловните
луѓе, тој не го има предвид количеството на интелигенцијата, туку
нејзиниот тип, односно ги има предвид духовните квалитети што се
одбираат и што се оформуваат. Кај американската елита
“авторитетот” и судењето од сомнителен вид се сметаат за многу
повисоки вредности во нивниот деловен успех отколку каква било
префинетост на духот или снага на интелектот.
Милсовиот заклучок на крајот од опсежната анализа на
американската елита е депресивен како и самата елита:
“Луѓето од вишите општествени кругови не се
репрезентативни личности; до оние високи положби на кои се
наоѓаат не дошле благодарејќи му на својот висок морал; нивниот
баснословен успех не е тесно поврзан со нивната способност која би
била заслужна за овој успех. Оние кои заземаат позиции на
општествено истакнати и влијателни луѓе всушност се производ на
инструментите на власта, на изворот на богатството, на механиката
на популарноста, што претставува доминантни појави на нивното
општество. Тоа не се луѓе кои би биле одбрани од страна на

7
граѓанската служба, ниту таа ги оформила, а треба да се истакне
дека и самата оваа служба не е во близок однос со светот на
знаењето и уметничката чувствителност. Луѓето од вишите
општествени кругови не формирале национално одговорни
политички партии кои би воделе отворена и јасна дебата за крупните
прашања со кои оваа нација сега толку неинтелегентно се соочува.
Луѓето од вишите кругови не се наоѓаат во став на одговорни
поединци кои би имале да ја помируваат разновидноста на
погледите на асоцијациите формирани на доброволна база,
асоцијациите кои би ја поврзале јавноста, ангажирана во
политичката дискусија со оние луѓе на врвот кои се одговорни за
донесувањето на најважните одлуки.

You might also like