You are on page 1of 15

СОДРЖИНА

страна
1. Значење на терминот политички систем.............................1

2. Карактерот на политичкиот
систем како научна дисциплина...........................................1

3. Предмет на политичкиот систем..........................................2

4. Извори на политички систем................................................4

5. Односи на политичкиот систем


со сродните научни дисциплини..........................................5

6. Теоретски проблеми на проучувањето


на политичкиот систем.........................................................7

6.1. Позначајни теории за политичкиот систем........................7


6.1.2. Институционални сваќања за политичкиот систем........8
6.1.2.1. Државата како предмет на политичкиот систем........8
6.1.2.2. Однос меѓу политичкиот систем и државата..............8
6.2. Власта како предмет на политичкиот систем...................9

7. Системски теории за политичкиот систем.......................11

7.1. Системската анализа на Дејвид Истон…………………11

8. Класификацијата на полтичките системи.........................12

8.1. Класична класификација на полтичките системи.............12


8.2. Модерните класификации на политичките системи..........12
8.3. Современи класификации на политичкиот систем............13

Користена литература.............................................................14
1. Значење на терминот политички систем

Утврдувањето на значењето на терминот политичи систем е


мошне сложено прашање. Тешкотијата произлегува пред се од
употребата на истиот термин за означување на неколку одвоени иако
меѓусебно поврзани поими. Како резултат на тоа терминот
политички систем има повеќе значења. Во оваа смисла под терминот
политички систем се подразбираат оснонвните политички односи и
процеси кои во најголем дел се изразени во системот на политичка
власт. Тое а всушност политички систем кој во основа е утврден со
уставот на државата. Но, политички систем не е само она што треба
да биде туку и оној што е во практика. Во оваа смисла под
политички систем се подразбира реалниот политички систем,
односно политичкиот систем што живее, кој се материјализира
односно функционира, политичкиот систем со сите можни односи
меѓу реалното и формалното, односно нормативното и стварното.
Всушност ова е второ значење на терминот политички систем и тоа
би можело да се нарече социолошко, политичко, материјално.
Терминот политички систем има и трето значење. Тоа е
теориско или научно. На тој начин во своето трето занчење
политичкиот систем подразбира една научна дисциплина една од
посебните политички односно политичко-правни науки кои го
проучуваат политичкиот систем во неговото уставно право и
социолошко-политичко значење.
Овие три значења за терминот политички систем не можат
секогаш јасно да се определат. Тие всушност и припаѓаат на иста
категорија поими, затоа што се однесуваат на светот на појавите од
објективната стварност.

2. Карактерот на политичкиот систем како


научна дисциплина
Во прилог на првото гледиште односно на гледиштето за
политичкиот систем како чисто политичка наука би можело да се
истакне дека оваа научна дисциплина ги изучува, во теоретска и
институционална смисла политичките процеси и односи што се
изразуваат во реалниот политички систем во една земја. Кон ова би
можело да се додаде и фактот дека и оваа научна дисциплина ги
изучува законитостите како и теоретските начела на политичкиот
систем.

1
Според другото гледиште, карактерот на политичкиот систем
како научна дисциплина најадекватно би се определил, ако се каже
дека оваа научна дисциплина претставува политичко-правна наука.
Политичкиот систем се заснова како врз уставно- правната и
теориска обработка на политичкиот систем , така и врз реалните
односи и состојби во неговото практично функционирање.
Во однос на општата политичка наука, науката политички
систем се јавува како посебана политичка наука што проучува
одредена област на општествената реалност а тоа е политичкиот
систем во сите негови појавни облици, односи и димензии.
Политичкиот систем по правило е класична материја на чие
разработување уставити и посветуваат најголемо внимание. Уставот
на Република Македонија и според значењето и според бројот на
своите принципи и норми сепак во крајна линија е устав на
политичкиот систем. Впрочем, општа и до некаде трајна
карактеристика на уставот е дека тој е инструмент на политичкото
институционализирање и акт на ограничување на власта и
подредување на политиката на објективните правила што наедно ги
проширува и чија примена треба да ја обезбеди. Притоа уставот не
ги конституира политичкиот систем. Тој го систематизира и
потврдува политичкиот систем а со тоа има и инаструменталан
улога. Од друга страна уставот на Република Македонија не го
изразува политичкиот систем во целост односно во целовкупната
негова структура и функционорање. Освен уставот, политичкиот
систем го разработуваат и законите, особено т.н. системски закони,
како истституциите на единиците на локаланата управа. Но во
поширока буквална смисла уставот и би можел и не би требало да го
изразува целиот полтички систем. Но особено се однесува на
уставот на еден вистинско демократски плуралистички политички
систем кој мора и да гарантира но и да претпоставува, сфери на
слободна акција и на слободно определување на гарѓанинот што не
се институционализирани во уставот туку како слободен и свој го
освојува и присвојува граѓанинот во политичката, социјалната и
културната акција со другите граѓани.
Сето ова недвосмислено покажува дека политичкиот систем
како наша дисциплина мора да се занимава и со управно-правната
страна на полтичкиот систем.

3. Предмет на политичкиот систем


Управувањето на предметот на една научна дисциплина има
повеќе степено значење. Познатиот и утврден предмет овозможува
да се откријата и спознаат особеностите на определен збир од

2
појави, тие појави да се согледаат и изразат во својот систем и во
него да се потврдуваат, проверуваат, збогатуваат а често и глобални
и општествени законитост.
Утврдувањето на предметот на една научна дисциплина има
ториски и методолошки заначења. Најпрвин тоа значи дека
постојаниот и сватениот предмет на една научна дисциплина
истовремено ја оправдува нужноста и оспособеноста на постоењето
на таа научна дисциплина.
Утврдувњето на предметот на една научна дисциплина
претставува мошне сложено деликтно прашање. Тоа приозлегува
пред се од фактот што предметот претставува апстракција и што тој
како таков поим го опфаќа воопштеното и пресеченото во однос на
многубројните различни општествени појави.
Предмет на оваа научна дисциплина би биле политичките
процеси и односи што се изразуваат во емпирискиот политички
систем. Притоа за да може успешно да ги проучува политичките
процеси и односи во политичкиот систем оваа научна дисциплина
мора најнапред да го проучи и утврди поимот на политички систем
како и факторите што го определуваат. Од друга страна при
проучувањето на политичките процеси и односи што се изразуваат
во политичкиот систем, оваа научна дисциплина мора да ги открива
општествено економските основи врз кои се изградува и развива
политичкиот систем. Тое е еден од основните услови за да може таа
успешно да ги реализира принципите и институциите политичкиот
систем при што особено внимание треба да им посветува на
основните политички и уставни институции на политичкиот систем.
Политичките односи се предмет на науката политички систем
во нејзино политичко правно значење, зошто, без нив не може ни да
се објасната оние институции и оние правни односи во држават и во
дугите облици на структурата на политичкиот систем што уставот,
законоте и другите прописи и општи акти ги опфаќаат, ниту пак да
се открие и објасни самата суштина на политичкиот механизам врз
кој се заснова и од кој зависи политичкиот систем во целина. Исто
така предмет на науката за политички систем се општествените сили
и односи во политичкиот систем кои не се непосредно зафатени со
правните прописи ако во нивната акција и положба се изразува и
движи во соодветна мера и самиот политички систем. Оваа научна
дисциплина ја проучува и за цел да ја анализира политичката
структура на политичкиот систем како и блиците и средствата за
неговото остварување.
Предметот на науката политички систем не се сведува само на
позитивниот, односно на постојаниот политички систем кој постои и
функционира во моментот на неговото проучување. Покрај

3
постојаниот политички систем предметот на оваа научна
дисциплина го опфаќа и го проучува и развитокот на политичкиот
систем на Република Македонија. Без историски пристап кон
проблемите на политичкиот систем не може да се изгради оваа
научна дисциплина. Во оваа смисла науката политички систем
применувајќи го историскиот и компаративниот метод го проучува и
потеклото како и развитокот на полотичкиот систем на Република
Македонија.

4. Извори на политички систем


Се поставуваат во три основни вида и облици. Едни од нив се
изворите од политички карактер односно политички извори, вторите
се правни (уставни и законодавни) извори и третите како извори на
наука политички систем се појавува практиката.
Изворите од политичкиот карактер се политичката теорија
како и полотичките и другите акти на политичките партии и
здруженија на граѓаните. Откривајќи ги и изразувајќи ги основните
принципи врз кои се изградува нашето општество политичката
теорија истовремено ги открива и ги изразува и основните
карактеристики на политичкиот систем. Степенот на развиток, како
и правците на неговиот натамошен развиток. Со тоа политичката
теорија овозможува да се свати и да се оцени суштината на
политичкиот систем како и да се утврди неговото место и улога во
развојот на општесвото во целина. Политичката теорија е дел од
позитивниот политички систем. Политичката теорија е важен дел на
науката политички систем уште повеќе ако таа не се задоволува
само со објаснувањето на смислата, суштината и патиштата на
развитокот на политичкиот систем туку се инкорпорира во односите
на институциите на политичкиот систем. Политичките документи и
другите акти на политичките партии на здруженијата и граѓаните
што имаа политичко влијание врз развитоткот на политичкиот
систем во целина. Тука пред се се мисли на програмите и статутите
на политичките партии и на здруженијата на граѓаните.
Правните извори: Уставот на Република Македонија од 1991
година, потоа повеќе закони кои непосредно уредуваат одделни
односи и институции на политичкиот систем како и статутите на
единицита на локалната самоуправа. Основните принципи на
политичкиот систем ги наоѓаме во Преамбулата на Уставот и низ
целиот текст на Уставот. Со законите понатаму се разработуваат
сите овие прашања, притоа особено важни се т.н. системски закони
со кои се уредуваат одделни основни прашања и односи од областа
на политичкиот систем.

4
Важен извор на науката политички систем претставува
практиката на остварувањето и приманта на политичкиот систем.

5. Односи на политичкиот систем со сродните


научни дисциплини
Науката на политичкиот систем во поглед на преметот на
изучувањето е најсродна со уставното право.
Но, и покрај тоа постојат определени разлики меѓу овие две
научни дисциплини. Уставното право го проучува политичкиот
систем од гледна точка на уставот политичкиот систем. Во
сообразност со тоа уставното право во прв ред се занимава со
демократијата како облика на политичкиот систем, уставната
структура и основата на политичкиот систем, поделбата на
државната власт на законодавна, извршна и судска, начелото на
одговорност и други начела на политичките партии и здруженијата
на граѓани во политичкиот систем и друго. За разлика од тоа науката
политички систем го изучува политичкиот систем во неговиот
тоталитет-во сите негови појавни облици и односи. Притоа науката
политички систем најпрвин ги проучува теориските проблеми на
политичкиот систем за потоа да се впушти во разгледување на
општествените односи на политичкиот систем на комплексно
проучување на демократскиот политички систем, потоа на
проблемот со бирократијата, технократијата и политичкиот систем,
структурата на политичкиот систем, одговорноста во политичкиот
систем, локалната самоуправа и политички систем, политичкиот
систем и меѓународните односи.
Овие две научни дисциплини меѓусебно не се
спротивставуваат. Всушност уставното право и политичкиот систем
се дополнуваат со проучувањето на политичките односи и
институции. Политичкиот систем како научна дисциплина ги
користи и резултатита до кои дошло уставното право во
политичкиот систем, како што и уставното право ги користи
сознанијата на науката за политички систем во проучувањето на
теоретските проблеми на политичкиот систем.
За науката политички систем битно е да се утврди и нејзиниот
однос со науката на современите политички системи. Науката
повремени политички системи според својот предмет и содржина е
поширока научна дисциплина од политичкиот систем. Таа ги
изучува политичките системи во одделни типови или облици на
политичкиот систем, а науката политички систем се занимава со
проучувањето на политичкиот систем на една земја односно држава-

5
Република Македонија. Меѓу нив постои и определена разлика од
методолошка гледна точка науката современи политички системи
како еден од основните методи го применува компаративниот метод
на проучување на политичките системи кој и овозможува да прави
споредба помеѓу одделните политичи системи и врз основа на тоа да
утврдува соодветни научни заклучоци за состојбата,
карактеристиките и развојот на современите политички системи во
свтот.
Одностот меѓу науката политички систем и политичката наука
се изразува како однос меѓу општото и посебното во изучувањето во
политичките појави. Политичката наука како наука за политиката во
сите нејзини облици, димензии и односи логично го проучува и
политичкиот систем како битна компонента на политичката сфера во
општеството. Но притоа политичката наука се задржува врз
начелните прашања на политичкиот систем без да навлегува
подетално во структурата на нашиот политички систем.
Од друга страна науката политички систем не може да даде
научен концепт на политичкиот систем на Република Македонија
ако предходно теориски не ги расчисти проблемите на суштината на
политиката и на политичкиот систем во општеството. Поради тоа
резултатите од политичката наука во проучувањето на поимот и
разните сваќања на политиката како посебан сфера на
општествениот живот, како и на прашањето на политичкиот систем
се драгоцени за науката политички систем. Науката политички
систем поаѓајќи од општите сознанија на политичката наука
пристапува кон целосно проучување на политичкиот систем на
Република Македонија.
Науката политички систем има повеќе допирни точки и со
политичката социологија како гранка на социологојата која ги
проучува општествената условеност, општествената суштина,
обликот и последиците на сите битни политички појави и процеси
од гледна точка на односниот општествен систем во неговата
целина, политичкта социлогија на политиката и приоѓа пред се како
на определена општествена појава стремејќе се да ги објасни
нејзините основни елементи и карактеристики како и нејзиното
место за целовкупниот систем на општествените појави. Со оглед на
тоа што политичката социологија на е само теоретска туку и
емпириско истражувачка наука, таа политичките појави и процеси
ги испитува користејќи се со емпириски методи во нивните
конкретни историски манифестации во рамките на односниот
општествен систем.

6
Науката политички систем слични како и политичката
социологија ги објаснува политичките појави и институции поаѓајќи
од карактерот на општеството.
Голема е сродноста на науката политички систем со науката за
локалана самоуправа. Науката локална самоуправа како политичко-
правна дисциплина ја проучува локалната самоуправа како дел од
политичкиот систем. Предмет на оваа научна дисциплина се
процесите и односите во единиците на локалната самоуправа како
израз на институционализираните општествени односи.
Науката политички систем изучувајќи го емпирискиот
политички систем мора да ја опфати во определена мера и локалната
самоуправа како дел од политичкиот систем. На тој начин науката
политички систем се доближува до науката на локалната
самоуправа. Од друга страна науката за локална самоуправа мора да
поаѓа од законитостите што ги проучува науката на политичкиот
систем како и од теоретските начела на политичкиот систем се
разликуваат од науката за локална самоуправа. Науката за локална
самоуправа всушност се занимава од една страна со примената и
реализацијата на принципите и институциите на глобалниот
политички систем во општината и другите единици на локалната
самоуправа кога доаѓа до таква примена односно реализација а од
друга страна со испитувањето и утврдувањето на конкретните
процеси и односи што се создаваат и развиваат во политичката
структура на општината и на другите единици на локалната
самоуправа. Притоа науката за локална самоуправа оваа материја ја
опфаќа и потесно и пошироко. Потесно бидејќи проучувањето го
сосредоточува врз оние законитости, теоретски и политички
принципи за односите што се развиваат во единицита на локалната
самоуправа.

6. Теоретски проблеми на проучувањето на


политичкиот систем

6.1. Позначајни теории за политичкиот систем

Паралелно со менувањето на термините со кои се означувал


феноменот на политичкиот систем во теоријата се менувале
сваќањата за неговиот поим и предмет. Тесните сваќања кои
предметот на политичкиот систем го сведувале на проучувањето на

7
државата и власта со текот на времето го проширувале обемот но и
го менувале пристапот на своите истражувања на политичкиот
систем.

6.1.2. Институционални сваќања за политичкиот систем

6.1.2.1. Државата како предмет на политичкиот систем

Традиционалните политички теории, поимот на политички


систем го изедначуваат со поимот држава. Ваквите сваќања
тргнуваат од аргументот дека државата е политичка институција а
политиката е наука за управувањето со државата односно
познавањето на се што се однесува на вештината на управувањето
односно познавање на вештината за воведување на односите со
другите држави.
Терминот држава најпрвин се појавува во Италија во XVII век
кога доаѓа до создавање посебен специјализиран апарат кој
дејствува систематски и изедначено врз основа на однапред познати
и прифатени правила наместо поранешната арбитрерна и
персонализирана власт, кога политичкоит систм се издиференцирал
во општествениот. Државата и цивилното општество се развиле од
воено што доведува и до раздвојување на поимите. Според доцниот
Хегел државата служи како ограда од центрифугалните тенденции
во општеството.
Граѓанската политичка теорија главно тргнувала од поимот
држава како средишна категорија сепак постоеле струења против
трендот на политичката теорија да се стави во служба на
метафизиката на државата. Либерално граѓанската теорија на
државата гледа само како едно од човековите здруженија. Државата
како најмоќно здружение на луѓето според оваа теорија треба да
настојува да ја заштити автономијата на другите здруженија од
ширењето на сопствената моќ.

6.1.2.2. Однос меѓу политичкиот систем и државата

Според едно гледиште државата и политичкиот систем имаат


слично значење. Всушност се смета дека тие се синоними. Државата
според ова гледиште претставува вистински и највисок па и целосен
облика на политички систем а политичкиот систем е само
инстримент на државата. Единствени вистински политички
институции се државните институции.
Едно друго гледиште на претходното во секој поглед му дава
на политичкиот систем, ова гледеиште во својот краен облик ја

8
запоставува државата и ја сведува на обична формална организација
на политичкиот систем. Политичкиот истем според ова гледиште е
се а државата е само еден и тоа небитен негов вид најчесто
привиден, апстрактен и мистифициран. Ова гледиште за однос меѓу
политичкиот систем и државата главно се оценува како
политиколошко.
Постои и трето гледиште за односот меѓу државата и
политичкиот систем кое прави разлика меѓу нив, но кое проблемот
го сведува на прашањето на организацијата на власта во
општеството.
Државата-тоа е проблемот на власта, односно прашањето на
основите и функциите на суверенитетот на народот, а политичкиот
систем-тоа е проблемот на модалитетот во вршењето на власта, во
организацијата на работата и поделба на функциите на власта. Во
овој контекст се истакнува дека проблемот на еден политички
систем, се сведува на три основни прашања: кој ги избира
владеечките политички органи; како се тие организирани; каков е
нивниот меѓусебен однос; дали се и со што се ограничени?
Кога ќе се одговори на овие три прашања се смета дека
добиваме веќе заокружена слика на институционалната организација
на еден политички систем.
И ова гледиште иако прави разлика меѓу државата и
политичкиот систем, не дава вистински одговор на прашањето за
односот меѓу нив, поради тоа што политичкиот систем го сведува
само на проблемот на организацијата на власта.

6.2. Власта како предмет на политичкиот систем

Власта во најопшта смисла се опфаќа во смисла како


институционализиран облик на моќта. Најчесто употребувана
дефиниција на поимот моќ е онаа на Макс Вебер, според која моќта
е веројатност дека една личност, во рамките на некоја општествен
однос ќе биде во состојба да ја спроведе сопствената волја и покрај
отпорот, без оглед на основата на која се темели таа веројатност”.
Дефиницијата на моќта што ја дал Роберт Дал подразбира дека
моќта е во сооднос меѓу одделни субјекти, во кој еден субјект
наведува друг субјект да се однесува на начин на кој тој инаку на би
се однесувал”.
Џон Галбрајт разликува изнудена, надоместувачка и условена
моќ.
Изнудената моќ стекнува покорност преку способноста да им
се наметне алтернатива на желбите на некоја единка или група која е

9
доволно непријатана и болна, така што тие желби ќе бидат
напуштени. Во овој термин е пренагласена казната.
Надоместувачката моќ стекнува покорност, нудејќи
афирмативна награда – на единката што се покорува и се дава нешто
вредно. Разликата меѓу изнудената и надоместувачката моќ е
разликата меѓу негативните и позитивните награди.
Условената моќ влијае преку промената на уверувањето,
убедувањето, образованието или општествениот ангажман за тоа
што се чини природно добро и правично ја тера единката да се
покори на туѓата волја. Изнудената и надоместувачката моќ е
објективна и покорената индивидуа е свесна за своето покорување,
условната моќ е субјективна, ниту оние што ја спроведуваат, ниту
оние што се нејзина цел, не мора секогаш да се свесни дека таа
дејствува. Сака дејството на моќта во тоталитарниот режим да
претставува кулминација на исклучително интензивна употреба на
условена присипност преку училиштата , печатот, телевизијата,
радиото, говори и голема надоместувачка награда за оние кои се
потчинуваат и изнудена казна од одреден вид за оние кои нема да се
потчинат.
Од сето тоа произлегува дека односот помеѓу власта е
средство за остварување на моќта и моќта е компонента на власта.
Политичката власт е таков облик на власт кој во
организирањето на политичкиот живот на одредена теорија или
организацијата и овозможува на поединечната или групната волја да
се наметне и да влијае врз дејствувањето и однесувањето на сите
други не зависно од нивната согласност преку употребата на
различни средства. Политичката власт е основен облик и основа на
власта во општеството.
Државната власт. Разликувањето на државната и
политичката власт доаѓа од таму што постои политичка власт и
надвор од државната власт, како што има и политика надвор од
државата. Државната власт ја опфаќа целината на државните органи,
раководењето со сите државни работи, начинот на дејствување на
законодавните, извршните и судските органи на власта. Државната
власт е најмоќна и најобемната политичка власт.
Ако се тргне од сваќањето на политиката како општествен
потсистем со кој се се постигнуваат определени цели, тогаш
очигледно е дека валдеењето е важен дел од политиката. Но
политиката не е само експлицитно координиран структурален
потсистем на општеството, таа е функционален потсистем.

10
7. Системски теории за политичкиот систем
Првата систематска теорија ја поставил Персонс кој ги
поставил функционалните проблеми што треба да ги реши секој
општествен систем:
- адаптација (економски потсистем);
- постигнување цели (политички систем);
- интеграција (законски норми и општествена норма);
- одржување културни и мотивациони врски;
Од барањата кои се поставуваат при дефинирањето на секој
систем воопшто а тоа е потребата да се идентификуваат сопствените
делови на ситемот и да се утврди нивната меѓузависност, разграничи
системот од околината.

7.1. Системската анализа на Дејвид Истон

Анализата на политичкиот систем бара идентификација на


неговите основни единици и тоа да се постават неговите граници.
Основните единици на анализа се политичкиот систем, околината,
влезните единици и излезните единици.
Политичкиот систем е систем на одлучување чии одлики
имаат особено значење, бидејќи се однесуваат на распределбата на
благата кој се врши авторитативно.
Друга основна категорија на анализа е околината на
политичкиот систем кој ги опфаќа другите системи во рамките на
општествениот систем: економија, култура, демографија. Меѓу
политичкиот систем и околината се утврдуваат врз основа на:
степенот на разликување на политичките улоги, степенот до кој
носителите на политичките улоги создаваат посебна група во
општеството, степенот до кој политичките улоги создаваат тип
односи различен од односите засновани врз други критериуми.
- Влезни елементи се процесите, односите и институциите
со чија помош се пренесуваат влијанијата на околината на
политичкиот систем. Тие можат да бидат барања и
поддржка. Барањата се информациски елементи на
политичкиот систем и тие ги опфаќаат политизираните
желби, преференции и интереси на припадниците на
општеството. Поддршката е енергија која системот ја

11
добива во облик на акции или ориентации кои ги
поддршуваат или се противставуваат на политичкиот
систем или на одлуките кои се употребени да системот
функционира.
- Излезни елементи претставуваат донесените одлуки или
политиката. Тие од својата страна влијаат врз влезните
елементи. Ако излезните елементи ги задоволуваат
барањата се создава поддршка како излезен елемент.

8. Класификацијата на полтичките системи


Постојат три основни класификации на политичките системи:
- Класична класификација на полтичките системи;
- Модерни класификации на политичките системи;
- Современи класификации на политичките системи;

8.1. Класична класификација на полтичките


системи

Првата класификација му се препишува на грчкиот историчар


Херодот кој врз основа на политичката практика и теорија на своето
време сите политички системи ги делел според бројот на оние кои ја
извршуваат власта на: монархија, аристократија и демократија.
Аристотел поаѓајќи од веќе прифатената поделба пишувлал
дека секој од наведените три облици на политички систем има два
подвида: добар облик и расипан облик.
Класификацијата на Монтескје на прв поглед се разликува од
Аристотеловата бидејќи сите политички системи ги дели на
република (која што може да биде демократска и аристикратска),
монархија и деспотија.

8.2. Модерните класификации на политичките


системи

На почетокот на XX век Макс Вебер ја развил познатата и


влијателна поделба на политичките системи на рационални,
традиционални и харизматски.
Арен Лијпхарт според хомогеноста (хетерогеноста) на
политичката култура сите граѓански демократии ги дели во три
групи: центрипетални системи, системи на хомогена политичка
култира центигугални системи.

12
Едвард Шилс сите современи политички системи ги дели во
пет групи: политички демоктатии, титуларни демократии, олигархии
кои поминуваат низ процес на модернизација, тоталитарни
олигархии и традиционални олигархии.
Хари Екстајн и Дејвид Ептер вршат поделба на политичкиот
систем на демократси , автократски и тоталитарни, со напомена дека
разликите меѓу видовите на политичкиот систем не се толку големи
како што ги претсавуаат некои писатели.

8.3. Современи класификации на политичкиот


систем

Современите класификации се унилинеарни се вели дека


постојат определени фази низ кои мораат да поминат сите општества
на патот кон единствената цел.
Современите класификации на политичките системи се и не
историски бидејќи исклучиво поаѓаат од истовременото сознание и
се запираат на поделбата на постојаните политички системи.
Овие класификации се идеолошки оптоварени и
етноцентрични.
Така според Гурвич постојат следните типови историски
глобални општества: харизматски, теократии, патријархални
општества, фундаментални општества, глобални општества
обележани со правласта на градовите-држави кои се претвараат во
империи, општества во кои се раѓа почетната фаза на капителизамот
итн.
Карл Фридрих ги издвојува следните видови политички
системи: анархија, деспотовска монархија, олигархија на
благородништво, олигархија на богати, свештеничка олигархија,
непосредна демократија, бирократско владеење под наследен
монарх и тоталитарна диктатура.
Олманд и Пауел сите политички системи ги класифицираат
според степенот на сложеноста и диференцијацијата на политичките
структури и степенот на секуларизација на политичките култури на
три големи групи. Тое се: примитивните системи, традиционалните
системи и модерните системи. Овие три групи Олманд ги дели на
повеќе видови. Така примитивните системи ги дели на примитивни
банди, сегментални и пиримидални системи а традиционалните
системи на патримонијални, централизирани бирократски и
феудални политички системи.

13
Гледано во целина современата политичка наука создава
голем број на класификации на политичките системи со нееднакви
хиерархиски вредности.

Користена литература

Јован Ѓорѓевиќ, Политички систем, Скопје, 1981;

Kolakovic Juraj, Historija novovjekovnih politickih


teorija, I knjiga, Zagreb, 1981;

М.Matic, M.podunavac, Politicki sistem–teorije i principi,


Beograd, 1994;

Проф. Д-р Саво Климовски, Уставно право и


политички систем, Скопје, 2003 година;

Цане Т. Бојановски, Летопис на македонската


демократија.

14

You might also like