You are on page 1of 12

Европски универзитет - Скопје

Семинарска работа по предметот:


Наука за политика

Тема:
Еднопартиски политички систем

Студент: Ментор:
Атанасов Јордан Проф. Д-р Димитар Мирчев

Скопје, декември, 2005


1
СОДРЖИНА
страна
Вовед..................................................................................... 2

1. Видови партиски систем..................................................... 2

2. Еднопартиски системи........................................................ 3

3. Партискиот систем на Република Македонија................. 5

3.1. Карактеристики на еднопартискиот систем................... 6

3.2. Причини за распаѓање на еднопартискиот систем.......... 7

3.3. Период на распаѓање на еднопратскиот


политичкисистем во Република Македонија.................... 8

3.4. Фази во партискиот развој на република Македонија........8

Заклучок.............................................................................. 9

Користена литература....................................................... 10

2
Вовед

Партиски систем ја отсликува општата физиономија на


политичкиот систем бидејќи од неговта пририда и карактер во
голема мера зависи природата и карактерот на поширокиот систем.
Политичките партии дефинирани како формални организции
преку кои се согледуваат расцепите во општествената структура,
повеќе или помалку слободно, дејствуваат како подвижна сила на
социјалните движења.
Претставничката власт ќе биде немоќна во своето дејствување
без постоењето на партискиот систем, бидејќи политичките партии и
системот во кој тие се организираат и функционираат имаат
есенцијална улога во изразувањето на идеолошкиот континуум во
општеството кој почнува од екстремната десница, односно завршува
со екстремната левица.

1. Видови партиски системи

Ако под поимот партиски систем ја подразбереме


генералната физиономија на политичкиот и партискиот живот во
една земја тогаш за објаснување на структурата на партискиот
сиситем и неговите основни карактеристики е потербно најнапред да
ја прикажеме најопштата слика за бројот на политичките партии што
дејствуваат во него.
Бројот на политичките партии е мошне важен критериум за
класифицирање на партиските сили, со помош на кои се покажува
концентрацијата и фрагментираноста на политичката моќ во
општеството, како и интеракцискиот однос меѓу самите политички
партии во системот.
Констатирањето на нумеричката состојба во системот нема
некое поголемо практично и теоретско значење, освен да послужи
како валиден критериум во процесот на дистрибуција на моќта меѓу
политичките партии во општеството, бидејќи повеќепартизмот не
значи и истовремено постоење некаков стандард за квалитет на тие
пртии.
Сепак, во политичтата теорија како најприфатлива поделба на
партискиот систем се смета онаа кој е во зависност од бројот на
политичките партии кои опстојуваат во нив. Во тој контекст сите
партиски системи, според класификацијата на Џован Сартори можат
да се поделат на:

3
а) Еднопратиски системи;

б) Системи со хегемонистичка партија во кои не постои


забрана за постоење на други партии. Во сите конкретни случаи
само една партиаја е на власт додека другите партии кои постојат во
системот на смеат да ја загрозат нејзината владеечка позиција. Се
ставаат во функција на валеечката партија;

в) Системи со предоминантна партија се системи во кои една


партија успева подолго време да го задржи апсолутното мнозинство
во институциите на системот;

г) Двопартиски системи се системи во кои постојат две


доминантни политички партии од кои едната секогаш се наоѓа во
позиција на власт, а другата во нејзина опозиција;

д) Системи со ограничен плурализам се повеќепартиски


системи во кои се стреќаваат повеќе партии на политичката сцена;

ѓ) Системи со екстремен плурализам се системи во кои се


среќаваат екстремно голем број на политичи партии;

е) Додека атомизираните системи се системи во кои бројот на


политичките пертии е ирелевантен бидејќи тој го надминува бројот.

Во понатамошниот текст повеќе ќе обрнеме внимание на


еднопартискиот политички систем, што е и наша тема за обработка и
анализа.

2. Еднопартиски систем

Пред да започнеме со подетелна обработка со еднопартискиот


систем најпрвин ќе извршиме негово дефинирање, со цел да се
запознаеме со општото значење на овој поим
Еднопратиски ситем претставува политички систем во кој
егзистира само една партија како резултат на усвоената Забрана
за постоење и на други партии во системот.
Постојат повеќе различни видови еднопратиски ситеми.
Имајќи ги во предвид научните сознанија можеме да констатираме
дека системите во кои владее една политичка партија се системи кои
ја прават суштината на модерниот апсолутизам. Тоа се системи во

4
кои единствената партија ја дава и силата и апсолутната моќ на
тоталитарниот режим отстранувајќи ја можноста за отпори од било
како вид и квалитет на организирање, со кои би се загрозиле не само
принципите, туку и институционалните форми на вака
организираниот режим преку кои тој ја обликува сопствената рамка.
Тоталитарниот систем е најекстремна форма на еднопартскиот
систем. Тоа е таков партиски систем во кој партијата што е на власт
владее со сите сегменти на општествениот и политичкиот систем без
постоење на опозицијата која ќе ја попречува владејачката партија
во безрезервнат желба за подредување и потчинување.
Феноменот на еднопартиски систем со тоталитарен карактер
се јавува сосема спонтано со едноставно преземање на власта од
нејзиниот водач и неговите приврзаници и тоа најнапред во Русија
во 1917 година со формирањето на Комунистичката партија, во
Турција во 1919 година со доаѓањето на власт на единствената
Републиканска народна партија, во Италија во 1928 година кога со
закон беше потврдено постоењето на Фашистичката партија како
единствена партија на политичката сцена, во Германија со
Национал-социјалистичката партија и сл.
Се чини дека ваквиот однос на партијата кон системот и
државата воопшто, кој најчесто се поставува како однос меѓу
идеалното и фактичкото суштество, всушност, е феномен што
секогаш е условен со постоење одредени општи или посебни
причини како доминантни во неговата детерминираност.
Еднопратиската држава не е произволен ниту објективно
детерминиран систем. Не е произволен систем, бидејќи развојот на
политичките партии, како и општата политичка состојаба што
постоеше во текот на XII век ги создаде вистинските услови за
појава на еднопартиското самоволие, додека, пак, не е објективно
детерминиран систем, бидејќи ваквиот општествено-политички
развој ги создаде само оние услови што го овозможија и олеснија
новиот ражим додека наговата појавна форма беше дело на
конкретните околности и духовни состојби кои од памтивек беа
лулка на литературата.

3. Партискиот систем на Република Македонија

Денес, нашата држава, Република Македонија, има


повеќепартиски политички систем односно повеќепартиско
политичко уредување. Тоа значи дека денеска постојат повеќе
партии чија што положба е релативно рамноправана. Една од
партиите која што се избира преку јавно гласање на граѓаните доаѓа

5
на позиција а останатита се на страната на опозицијата, но тоа не
значи дека тие немаат никакви права, напротив. Меѓутоа тоа не
било отсекогаш така. Порано кога нашата земја беше во составот на
Југословенската федерација таа имаше еднопартиско политичко
уредување кое што низ текот на годините се распадна, како што се
распаднаа и еднопартските политички системи на многу други
држави како што се Русија, Италија и други.

3.1. Карактеристики на еднопрартискиот систем

Додека Македонија беше во составо на југословенската


федерација централната позиција во севкупниот организираниот
систем го носеше сојузот на комунистите на Македонија во кој се
вкрстуваа сите точки на општествената моќ, промовирајќи се себе си
како главен носител на револуционерниот проект, стожерна сила во
изградбата на системот.
Вака организираниот партиски систем продуцираше изразито
моноцентрични насочувања на политичките акции и до органите на
единствената политичка партија кој со сопственото арбитрерно
организирање ја исклучуваше можноста за каква било форма на
социлјална или политичка мобилизација, а уште помалку за
плурализација во меѓусебните односи на граѓаните на одредено ниво
или свера на дејствување.
Сликовито прикажано политичкиот систем на Македонија
заедно со политичките системи на другите југословенски републики
и покраини кои беа во составот на федералната заедница во
периодот до нивното осамостојување како слободни, самостојни
независни држави, во внатрешниот појавен облик имаа форма на
целина претставена преку неколку концентрични кругови
организирани на следниов начин:

- Во самиот центар се наоѓаше самата авангардна


политичка партија;
- Во кругот организиран непосредно во центарот се
наоѓаше државата и нејзините инструменти;
- Во надворешниот круг најзначајно место му припаѓаше
на стопанскиот и социјалниот систем.

Вака организираната структура на системите непосредно ја


прејудицираше причинско-последичната поврзаност, меѓу
круговите бидејќи сите одлуки произлегуваа од центарот и
повторно се враќаа во него, создавајќи на тој начин ропска

6
зависност на стопанската сфера, диригирана економија и
подреденост под целите на политиката и личните интереси на
нејзината водечка гарнитура.

Основните карактеристики на еднопартискиот систем биле:

 слепата послушност кон надредените;


 суровата доминантност кон подредените;
 агресивноста (пред се кон оние кон оние кои не припаѓаат на
истата идеологија или организација);
 ригидноста (црно-бела претстава за реалноста, избегнување
ситуации што не се наполно јасни, идеолшко догматизам);
 конзервативизмот (отворен отпор кон промените и
конвенционално робување);

Тоа беше систем кој во целост го изгуби чувството за


компромис, толерантност и трпеливост кон оние кои не се
согласуваа со единствената постојна идеологија. Оние кои имаа
поинакво мислење и погледи на свет од општо прифатените ја
следеа судбината најголемите злосторници кои мораа да се
ескомуницираат од земјата што е можно побрзо за да не создадт
поголема група на свои приврзаници кои ќе заговараат мерки и идеи
спротивни на оние содржани во програмската шема на Партијата.
Комунистичката тоталитарна идеологија, негувајќи ја
послушноста и потчинетоста на граѓаните под носителите на
политичката власт, ја создадоа сопствената карикатура- авторитарна
личност.

3.2. Причини за распаѓање на еднопартискиот систем

Во рамките на вака организираниот партиски ситем освен


прашањето за постоење една политичка партија, кој ќе биде
единствено легитимна и легална да ги претставува и застапува
интересите на народот, како примарен концепт кој се повеќе
добиваше на актуелност се појави и концептот на авангардата, преку
кој се манифестираа сложените односи меѓу општеството и неговата
институционализација.

7
Актуелизација добиваше и односот меѓу класата и
политичката организација, политичката легитимност и акцијата,
доминантен концепт преку кој се вршеше инструментализација на
политичката моќ и доминантност, претворајќи ги на тој начин
луѓето во маса а масата во функција. Денес во состојба на видно
изменети односи и процеси авторите од научната провениенција
како можно решение за надминување на противречностите меѓу
старото и новото го нудат процесот на деконструкција, чија што
суштина се состои во следново: оној емпириски материјал кој беше
употребен за дизфункционално обликување на заедницата повторно
да се врати во сила и да се искористи за функционално креирање на
денешниот политички живот.

3.3. Период на распаѓање на еднопратскиот политички


систем во Република Македонија

Крајот на опстојувањето на единствената политичка партија


(комунистичката) на партиско политичката сцена, конечно на
еднопартискиот систем и со него приврзаните монополски
привилегирани позиции на водеечките партиски кругови често тие и
го наоѓаа сопственото оправдување преку познатата теза за нивното
постоење како законитост во историскиот развој.
Во практиката на постоењето на Комунистичката партија или
поточно на (Сојузот на Комунистита на Југославија, односно сојузот
на Комунистите на Македонија) како единствена монополска
партија во федеративниот и републички систем, често се
поставување прашањето дали во вакви услови може да се
организира партискиот плурализам?
Одговорот на ова прашање беше различен, односно во
зависност од тоа од кого произлегува тој имаше и позитивна и
негативна конотација.
Како и да е ставот на оние кои што сметаа дека ова е возможно
денес се потврди со тоа што можеме да видиме дека и нашата земја
која што порано имаше еднопартиско политичко уредување денес е
земја на чие тло опстојуваат повеќе партии.

8
3.4. Фази во партискиот развој на Република
Македонија

Преминување на македонскиот партиски систем од од


монистички во плуралистички условно можеме да го поделиме на
неколку развојни фази:

1. Почетна фаза од партископлуралистичкиот развој во Македонија


се карактеризираше со манифестираните обиди на тогашниот Сојуз
на Комунистите на Македонија за колку што е можно подлабоко
потиснување и одалечување на плуралистичките тенденции, идеи и
мислења од политичката сцена, со што барем привремено се
обидуваа да го спречат процесот на плурализација во нашата
секојдневна реалност.

2. Втора развојна фаза. Битно е да се обележи осетното попуштање


на нејзината раководна структура во тврдо завземениот став за
единство, историско и ексклузивно право на сопствен монопол во
партискит систем преку понуденото компромисно решение со кое се
заговара влегување на контролиран безпартиски плурализам како
основа за реформа на политичкиот систем како модел за реформа на
СКЈ со кое барем делумно ќе се надминат рамките на
традиционалниот еднопартиски систем.

3. Третата фаза од развој на партискиот плурализам кој


истовремено се дефинира и дистанцира од претходните како
најсовремена но и најрадикална во својата содржина.
Партискиот плурализам го отвори просторот за дејствување на
голем број политичи субјекти кои ќе ги почитуваат и ќе им се
покоруваат на фундаменталните демократски определби и правата
на подеднакви шанси за учеството во борбата за освојување на
политичката власт.

9
Заклучок

Спред мене, распаѓањето на еднопартискиот систем и


создавањето на повеќепартискиот систем е многу позитивна работа
поради тоа што повеќепартискиот систем нуди многу повеќе
прифатливи работи за граѓаните и воопшто има подобар концепт на
работа и постоење.
Основната поставеност на темелите врз кои се организира
новото македонско, по редот на нештата, демократско општество ја
надминува илузијата на цврстат рака и строгата хиерархија во
политичката структура и ја обелоденува потребата од воведување
политичка плурализација во системот како историска и демократска
неопходност.
Додека во претходно организираниот еднопартиски систем се
создаваше граѓанска свест дека членувањето во политичка партија е
донстоинствена и историски наметната потреба, која не смееме да ја
поврземе со стекнувањето на материјален или општествен благодет
тоа би било бескрајно срамно за секој поединец, член на партијата,
повеќепартискиот систем ја докажува токму спротивната страна на
појавата.
Така се создаваат основноте правила на политичката игра со
кои се побиваат старите монополски односи. Отворен е простор за
слободно критикување на актуелните носители на политичката
власт, јавност и отвореност на политичкиот живот, отстранување на
сите облици на волунтеристчкото однесување, самоволие и
злоупотреба на политичките функции за сопствена полза

10
Користена литература

Проф. Д-р Димитар Бајалџиев, Вовед во правото: држава,


Кочани 1999 година.

Проф. Д-р Саво Климовски, Уставно право и политички


систем, Скопје 2003, стр.986-1002

Миклош Биро, “ Psihologija postkomunaizma” , Београдски


круг, Београд, 19994, 13 стр.

www.google.com

11

You might also like