You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.

КЛИМЕНТ ОХРДИСКИ“ – БИТОЛА


ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП
МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА
ПРЕДМЕТ: ПРАВО НА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
ТЕМА: РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА И ВЛИЈАНИЕТО НА БИЗНИС
МОДЕЛИТЕ

Ментор: Изработил:
Проф. Мирослав Андоноски Стефан Бошков
Бр. на индекс: 100/15
Прилеп, 2020
СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД.....................................................................................................................................3
2. РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА.....................................................................4
3. ВЛИЈАНИЕТО НА БИЗНИС МОДЕЛИТЕ ВРЗ ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА.........6
3.1. Елементи на бизнис моделите.......................................................................................7
3.2. Функција на бизнис моделите........................................................................................9
4. ИНОВАТИВНИ МОДЕЛИ И ФОРМИ НА Е-ТРГОВИЈА...............................................11
5. ЗАКЛУЧОК...........................................................................................................................13
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.............................................................................................14

2
1. ВОВЕД
Технолошкиот, економскиот и општиот цивилизациски напредок ги променија
основните правила на живење и работење во последните децении. Создадени се нови
социо-економски термини, означени како "информатичко општество" (Information Society-
IS) и „Електронска трговија“ (E-commerce). Терминот информатичко општество се
користи за означување на се поголемата употреба и влијание на информациските и
комуникациските технологии (ИЦТ) во сите сфери на општественото живеење.
Технолошките достигнувања ги трансформираа начините на комуницирање, можностите
за собирање, чување и манипулирање со информации и станаа важен катализатор на
политичките, економските и
социјалните промени. Интернетот се разви до невидени размери, што услови појава на Е
трговија. Поимот на Е-трговијата, иако не е униформно дефиниран, опфаќа
комерцијалната употреба на Интернетот или употреба на информатичко комуникациска
технологија (ИЦТ) преку која деловните субјекти комуницираат со своите (потенцијални)
деловни партнери или своите (потенцијални) потрошувачи. Е-трговијата лежи на
крстопатот на повеќе различни правни подрачја: договорното право, меѓународното
приватно право (судир на закони), правно уредување на рекламирањето, правото на
интелектуалната сопственост, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци,
оданочувањето и други регулаторни области. Покрај овие традиционални подрачја, може
да се забележи и процес на создавање и развиток на уште две правни подрачја, кои се
релативно независни од претходно наведените, а кои се однесуваат на уредувањето на
дигиталниот, електронскиот потпис и регистрирањето и употребата на домените.

3
2. РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА
Технологијата е продукт на модерното човештво и за да постои вистински
напредок технологијата и човештвото мораат да се движат заедно, едно до друго, со
взаемно меѓусебно помагање. Електронската трговија се наметна како еден од најбрзо
растечките и најважните аспекти на технологијата и како таква се предвидува дека ќе има
извонредни ефекти во поглед на иднината на технологијата, трговијата и човештвото. Во
1992 година се појавил WWW (World Wide Web), глобалната компјутерска мрежа преку
која светот за прв пат можел да го забележи развојот на Е-трговијата каква што ја познава
денес. Во 1994 година се појавил и првиот комерцијален пребарувач Mosaic, кој можел да
биде преземен од мрежата и да биде достапен до секој корисник било каде во светот.
Истата година корпорацијата Pizza Hut почнала да прима и извршува електронски нарачки
за своите производи.
Лесната достапност на WWW и се поголемиот број на поврзани компјутери
навестувал брзо ширење на Е-трговијата и нејзина се почеста употреба од страна на
корисниците ширум светот. Во 1997 година во Калифорнија, САД, била воспоставена
првата DSL линија (Digital Subscriber Line) и овој сервис набрзо бил проширен и на своите
корисници им овозможувал поврзување на Интернет со брзина и до 50 пати побрза од
онаа
која била овозможена со стандарден модем и dial-up пристап. Во 1998 година Е-трговијата
доживува експанзија, се повеќе компании продаваат стоки и пружаат услуги преку
Интернет и се повеќе потрошувачи се интересираат за купување производи на овој начин.
Во тој период е формирана и ICANNМеѓународната Корпорација за доделени имиња и
броеви, како непрофитна интернационална корпорација, поддржана од повеќе држави,
Интернет провајдери и останати технички, академски и кориснички заедници и
здруженија. Оваа корпорација добила статус на глобална организација со примарна
функција да го координира техничкото одржување и организирање на системот на
Интернет домен-имиња, алокацијата на IP адресите, протоколите и серверските системи.
Во 1999 година се појавил Napster пребарувачот кој предизвикал сериозни потреси во
музичката индустрија. Имено, овој пребарувач овозможувал пренос на музички содржини
преку Интернет и нивно конвертирање во MP3 формат.

4
Интернет технологијата ја отвори вратата на концептот на целосна електронска
економија со овозможување на создавање на иновативни деловни пристапи во областа на
продажбата, купувањето и дизајнирањето на внатрешните процеси. Фокусот на модерните
бизнис организации на глобалните пазари вклучува интеграција на информатичката и
комуникациската технологија, која обезбедува проток на податоци, без просторни
ограничувања. Со менување на концептот на работење, се интегрираат нови технологии и
сет на промени во однос на животната средина а во исто време и во рамките на
организацијата. Од структурата на пазарот како место на информации добиени се
неизбежни елементи, во прилог на производи, услуги и пари. Доменот на промена и
интервенции како пристап за управување значително го менува развојот на глобалната
компјутерска мрежа и служи како поддршка во реализацијата на вообичаените дневни
задачи, но, исто така, помага и во донесување на стратешки одлуки на организацијата,
како одраз на успехот во економската средина. Потрагата по повеќе потрошувачи и
зголемената конкуренција влијаат на развојот на нови карактеристики и промени во
областа на деловните процеси. Додека пак, со стекнувањето на пазарни предности,
имплементација и користење на електронски средства, како виртуелни канали, докажано е
дека бизнисот ќе биде ефективен и ефикасен начин на размена на стоки и услуги. Успехот
на организацијата се заснова на способноста да се дефинира стратегија и цели, кои ќе
обезбедат прилагодување кон барањата на пазарот и имплементација на нови технологии
и софтверски решенија, со користење на соодветни алатки за да се измерат постигнатите
резултати во сите фази на индивидуалните активности. Електронската револуција е
призната и опфаќа поширок економски контекст, вклучувајќи ги и внатрешните процеси и
бизнис организации, како и сите видови на електронска трговија, потрошувачите, но треба
да се земе во предвид и тоа што го вклучува и пазарот на животната средина која влијае на
целокупните состојби на активностите на организацијата. Почнувајќи од оваа популација,
може да се прифати ставот дека електронската економија, која веќе работи во нашата
средина, е претставник на три главни компоненти:
 инфраструктура за поддршка на е-бизнис,
 електронски бизнис процеси (како да се имплементира бизнис)
 e-commerce трансакции (продажба и купување).

5
Eлектронската трговија е експлозивно појавување на Интернетот како главен канал
на дистрибуција на добра, услуги, дури и на менаџерски и професионални работи. Сето
ова доведува до длабинско менување на економијата, пазарите и индустриската структура,
производите и услугите и нивниот тек, потрошувачката сегментација и однесување,
работните пазари. Ударот е голем и врз општеството и политиката, дури се чувствува и
влијание на начинот на кој го гледаме светот. Електронската трговија по дефиниција е
процес на купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или
информации преку компјутерски мрежи, вклучувајќи го и Интернетот.
Електронската трговија треба континуирано да се развива и да биде следена од страна
на пазарната инфраструктура во однос на нејзиниот развој. Пазарната инфраструктура
вклучува електронска берза, како штосе инфраструктура на банка за развој (постоење на
кредитни картички) прифаќање на платежни картички, да се промовира ширење на
интернетот од страна на државата (давање бесплатни часови на ИТ, Интернет писменост
на населението, итн.) и развивање на компјутерски мрежи на големи комуникациски
компании.

3. ВЛИЈАНИЕТО НА БИЗНИС МОДЕЛИТЕ ВРЗ ЕЛЕКТРОНСКАТА


ТРГОВИЈА
Бизнис модел е збир од планирани активности ( кои понекогаш се нарекуваат и
бизнис процеси) дизајнирани за да остварат профит на пазарот. Бизнис моделот не може
секогаш да се спореди со бизнис стратегија, иако во некои случаи се многу блиски во тој
поглед што бизнис моделот експлицитно го зема во предвид конкурентското окружување.
Бизнис моделот е во центарот на бизнис планот. Бизнис план е документ којшто го
опишува бизнис моделот на компанијата. Бизнис планот секогаш го зема во предвид
конкурентското опкружување. Бизнис модел за е-трговија се стреми да ги користи
единствените особености на интернетот и на веб-мрежата.
Ефикасната испорака на клиентите, налага компанијата да ја организира нејзината
структура и функции во зависност од видот на производот или понудата на истиот.
Синџирот на вредноста, од страна на Мајкл Портер, е опишан како еден линеарен сет од
чекори, кои би можеле да бидат и активности или деловни процеси како што се дизајн,

6
прозводство и продажба, при производството на компанијата за обезбедување вредност на
истата. Овој синџир на вредност при моделот на испорака се стреми кон севкупна
ефикасност и намалување на трошоците преку зголемување на ефрикасноста и
намалување на трошоците на секој бизнис процес. Синџирот на вредност станува синџир
на снабдување кога една компанија користи влезови и активности на други компании во
процесот на производство.
Е-бизнисот како вредност може да ја постави продавницата да работи директно со
клиентите за да се обезбеди потребното, единствено решение. Вредноста на продавницата
е да се насочи кон решавање на специфични проблеми на купувачите, а не да се направи
заедничко решение. Некои продавници, како што се големи консултантски компании ќе се
обидат да дуплираат решенија со воведување на можност да се опише пристапот во повеќе
чекори, кои од страна се обидуваат да се вклопат во проблемот на клиентот, наместо да се
фокусираат директно на истиот.
Интернет мрежата како вредност е еден вид на е-бизнис, каде што мрежните
корисници преговараат за трансакции на веб-сајтот.
Мрежата како вредност е домаќин на онлајн аукции, посредување, пазарот на
одлуки или други видови на трансакции. Мрежата како вредност зависи од растот, што е и
услов за да се привлечат повеќе корисници. Кога бројот на корисници се зголемува,
мрежата станува повеќе вредна за секој учесник, бидејќи со тоа станува посакувано место
каде што трансакцијата ќе се одржи. Стратегијата на мрежата доминира во резултатите на
големите компании како што е eBay, бидејќи во теорија ги привлекува сите корисници да
бидат на една мрежа. Сепак, поради различни причини оваа цел не е постигната, бидејќи
се појавуваат конкуренти дури и за една компнија како што е eBay.

3.1. Елементи на бизнис моделите


За развивање на успешен бизнис модел во било која област, моделот мора
ефикасно да ги опфаќа сите осум елементи и тоа: понудена вредност, модел на приходи,
пазарни можности, конкурентска средина, конкурентска предност, стратегија за
маркетинг, развој на организацијата и менаџмент тим.
 Понудената вредност дефинира како производите или услугите на компанијата ги
задоволуваат потребите на клиентите. За да се развие или анализира понудената

7
вредноста на компанијата, најпрво треба да се разбере зошто клиентите се
одлучуваат да соработуваат со таа компанија наместо со друга и што е тоа што
компанијата го нуди, а другите компании го немаат или не можат да го понудат.
 Моделот на приходи на компанијата објаснува како компанијата ќе остварува
приходи, ќе остварува профит и како ќе го врати инвестираниот капитал. Иако
постојат повеќе модели на приходи за е-трговија, повеќето компании се потпираат
на само еден или на комбинација од следниве модели на приходи: модел со
огласување, модел со претплата, модел со надомест за трансакции, модел за
продажба и здружен модел (affiliate model).
 Моделот на приход со огласување – компанијата обезбедува форум за огласи и
добива надоместоци од огласувачите.
 Моделот на приходи со претплата – компанијата им нуди на нејзините корисници
содржини или услуги и наплаќа надоместок за претплата за пристапување до
одредени или сите нејзини понуди.
 Модел на приходи со надоместок на трансакции – компанијата добива надоместок
за овозможување или извршување на трансакции.
 Модел на приход со продажба – компанијата остварува приходи преку продавање
на производи, информации или услуги на клиентите.
 Модел на приход со пренасочување – компаниите го насочуваат бизнисот до
,,соработник / партнер“ и добиваат надоместок за пренасочување или процент од
приодите остварени од секоја продажба како резултат на пренасочувањето.
 Пазарни можности се однесува на целниот пазар на компанијата и на севкупните
потенцијални можности коишто се и достапни на компанијата на тој пазар.
 Конкурентското опкружување на една компанија се однесува на другите
компании коишто делуваат на истиот пазар и продаваат слични производи.
 Конкурентска предност е постигната а компаниите можат да произведат
производ со врвен квалитет и / или кога производот го нудат на пазарот по пониска
цена од повеќето или пак од сите нивни конкуренти.
 Маркетинг стратегија е планот што го составувате и којшто ги содржи деталите
како точно планирате да влезете на нов пазар и да привлечете нови клиенти.

8
 Планот за Организациски развој опишува како компанијата ќе ја организира
работата којашто треба да се заврши.
 Менаџмент тим – вработени во компанијата коишто се одговорни за
функционирањето на бизнис моделот.
Комплексно е прашањето кое се занимава со агрегација и составот на новите услуги
врз основа на оние кои влијаат на бизнис аспектите. Опис на бизнис модели и елементи:
- опис на понуди и цена
- политика на правила за управување со цени
- опис на промоции на понуди и цена
- бизнис SLA ( повреди и казни)

3.2. Функција на бизнис моделите


Бизнис моделите можеби најмногу се дискутиран, но најмалку разбран аспект на
веб. Има толку многу да се зборува за тоа како веб ги менува традиционалните бизнис
модели. Но има малку јасни докази за тоа што всушност значи. Во најосновна смисла,
бизнис моделот е метод за водење бизнис со кој една компанија може да се одржи – тоа е
генерирањето приходи.
Некои модели се прилично едноставни. Една компанија произведува добра или
услуги и ги продава на клиентите. Ако се оди како што треба, приходите од продажбата ги
надминуваат трошоците во работењето и компанијата остварува профит. Други модели,
пак, може да бидат покомплексни. Радиодифузија е добар пример. Радиото, а потоа и
телевизиски програми се емитуваат бесплатно во текот на звучните бранови за секој што
има приемник. Радиодифузерот е дел од комплексна мрежа на дистрибутери, креатори на
содржини, рекламни (и нивните агенции), и слушателите или гледачите. Кој и колку прави
пари не е секогаш јасно од самиот почеток. Во крајна линија, тоа зависи од многу
конкурентски фактори.
Интернет трговијата доведува до нови видови на бизнис модели. Но , на веб
функционираат и веќе постоечките модели. Аукциите се совршен пример. Една од
најстарите форми на посредување, аукциите се широко распространети и се користат низ
целиот свет за поставување цени на такви предмети како што се земјоделски артикли,

9
финансиски инструменти, уникатни предмети од ликовната уметност и антиквитети.
Интернетот го популаризира моделот на аукција и ја проширува неговата применливост
во широк спектар на стоки и услуги.
Бизнис моделите се дефинирани и категоризирани на многу различни начини. Ова
е еден обид да се претстави сеопфатна и убедлива таксономија на бизнис модели видливи
на интернет. Предложената таксономија не е замислена да биде дефинитивна. Интернет
бизнис моделите продолжуваат да се развиваат. Во иднина може да се очекуваат нови и
интересни варијации.
Бизнис моделот го опишува образложението како една организација креира,
доставува и доловува вредност (економски, социјални, културни или други форми на
вредност). Процесот на изградба на бизнис моделот е дел од деловната стратегија.
Во теорија и во пракса, терминот бизнис модел се користи за широк спектар на
неформални и формални описи кои ги претставуваат клучните аспекти на бизносот,
вклучувајќи цел, целни клиенти, придонеси, стратегии, инфрастуктура, организациски
структури, трговски практики, како и оперативните процеси и политики. Литературата
има обезбедено многу различни толкувања и дефиниции на бизнис моделот.
Систематскиот преглед и анализа на менаџерот одговори на анкетата за дефинирање на
бизнис модели за дизајнот на организациските структури да донесе комерцијална
можност. Понатаму додатоците на овој дизајн ќе ја истакнат употребата на кохерентност
во описите на бизнис моделите како механизми со кои претприемачите ќе создадат
извонредно успешен раст на фирмите.
Секогаш кога некој бизнис е формиран, експлицитно или имплицитно се
употребува еден бизнис модел кој ја опишува архитектурата на создавање на вредност,
испорака и механизмот на вработени од страна на делаовниот потфат. Суштината на
бизнис моделот е тоа што го дефинира начинот на кој деловниот потфат обезбедува
вредност за клиенти, привлекува клиентите да платат за таа вредност и ги пренесува тие
плаќања за остварување на профит.-на тој начин се одразува хипотезата на управата за она
што клиентите го сакаат, како го сакаат тоа и како едно претпријатие може најдобро
организира да ги задоволат тие потреби, за тоа се и платени, и да остварат профит.
Бизнис моделите се користат за да се опише и да се класифицираат бизниси
(особено во претприемачки поставувања), но исто така се користат од страна на менаџери

10
во внатрешноста на компаниите за да се истражуваат можностите за иден развој. Исто
така, добро познати бизнис модели се користат како рецепти за креативните луѓе, а во
некои случаи наведени се во контекст на сметководството за целите на јавните
известувања.

4. ИНОВАТИВНИ МОДЕЛИ И ФОРМИ НА Е-ТРГОВИЈА


Во текот на изминатата деценија, брзиот развој во информатичките и
комуникациските технологии, како што се интернет и мобилните компјутери значително
го смени воспоставениот и ги постави темелите на новиот комерцијален свет.
Електронската трговија, како што ја знаеме денес, Интернетот и за трговијата и мобилната
трговија, се базира на развојот на настаните во врска со интернетот, а врз основа на
претходните технолошки иновации кои произлегуваат од комбинација на
телекомуникацискиот и организацискиот развој и компјутерите.
Фирмите кои ги прифатија овие технологии на Е-трговијата се нарекуваат
,,електронски бизниси“ (Е-бизниси). Тие можат да извршуваат трансакции, да
комуницираат и да пронаоѓаат поддршка на трговијата преку интернет просторот.
Ебизнисите без преседан имаат креирано нови канали за пристап на клиенти, помагаат во
интегрирањето на синџирот на снабдување меѓу партнерите, како и понуда на нови
производи или услуги, што овозможува да се прошири бизнисот во повеќе области. Сепак,
овие Е-бизниси најверојатно, ќе бидат почуствителни во однос на можноста за промена на
традиционалните бизниси со помош на информатичката технологија. Всушност, брзите
технолошки промени кои еволуирале од комуникациите и трговијата се врзани за фиксен
Интернет и безжични компјутери кои ќе овозможат сеприсутност на безжична мрежа на
компјутери. Брзото зголемување на достапноста на иноватни технологии стимулира сериај
на иновации во Е-трговијата и создаде нови можности и предизвици за Е-бизнисите.
Бежичната технологија допринела за промена на постојните капацитети на актуелните Е-
бизниси. За се опфатат овие можности, менаџерите во Е-бизнисте мора постојано да имаат
на располагање организациски ресурси и обнови, за наместо да ги зашитат своите
можности, заедно со технолошките можности и бизнис експертиза да се одржи
конкурентската предност во повеќето обиди за менувањето на животната средина во

11
областа на Е-трговијата. Тоа е потребно за Е-бизнис менаџерите да ги препознаат и оценат
промените во бизнисот и технологијата и да се занимаваат со степенот до кој компанијата
навремено ги исполнува празнините преку новите способности. Поседувањето на ова
знаење е од клучно значење за менаџерите упсешно да се прилагодуваат од еден тип на
иновации на Е-трговија на друг. Затоа, Е-трговијата користи иновации преку кои се
анализираат разлките во технолошките и бизнис димензии за да се истражуваат основните
динамични способности во двете димензии на иновација во Е-трговијата.
Разбирањето на природата на иновациите е од суштинско значење и тоа како прв
чекор во управувањето со промените поврзано со било која иновација. За да се разбере
можното влијание и природатат на иновациите во E-commerce се користат модели на
иновации со цел да се на прави компаративна анализа која ги анализира разликите во
димензиите на технолошкиот развој и бизнис моделот и ги истражува нивните основни
динамични способности.
Никаде нема толку многу нови бизнис идеи како што се оние кои се раѓаат на
интернет. Идејата за постоење на онлајн продавница речиси е застарена. ,,Приватна
продажба“ или ,,групен шопинг“ се термини кои се користат за оние онлајн продавници
каде само нивните членови може да купуваат. Тоа посебно важи за оваа област, бидејќи е
важно да се развие стратегија и распоредување на решенија кои можат флексибилно да се
прилагодат за да се задоволат потребите на клиентите. Со ,,масовно прилагодување“ -
всушност со појава на контрадикција во термините – компаниите сакаат да ја задоволат
зголементата побарувачка на корисникот за индивидуалност, додека во исто време,
преостанатите прилагодувања се помалку скапи од ,,вистинскиот“ обичај на производство.
Зголеменото користење на богати медиумски и специјални 3D ефекти тука е особено
важно, така што клиентот може да го визуелизира изгледот на корисничкиот производ
колку што е можно. Идеите кои го пренесуваат традиционалното во еден нов свет,
искористувајќи ги предностите на е трговијата за старите бизнис модели, исто така се
високо ценети. Напредкот се реализира благодарение на можноста за комбинација на
старите и нови бизнис модели.
Кога ќе помислиме на бизнис, вообичаено помислуваме на бизнис компанија
којашто произведува одреден производ и потоа го продава на клиентите. Но вебмрежата

12
не принуди да признаеме нови облици на бизнис, како на пример е-трговија потрошувач
кон потрошувач, е-трговија меѓу директни учесници – П2П и мобилна трговија.

5. ЗАКЛУЧОК
Информатичката технологија радикално го промени светот и најмногу придонесе
за интернационализација и глобализација на интернетот. Ниту една технологија досега, за
толку кратко време, не успеа да постигне побрз развој и посилна употреба на интернетот.
За промовирање на информатичката технологија, најмногу заслужни се следниве факти:
Интернетот како носител на нов бран на дигиталната револуција; Огромниот капитал кој е
фокусиран на развојот на интернетот; интернет инфраструктурата и комуникациите, како
предуслов за концептот на светската економска глобализација, или во поново време
познато како е-бизнис.
Шеесеттите години се почеток на една нова ера, и во развојот на компјутерите и во
развојот на телекомуникациите. Развојот на оваа нова ера овозможува интернет конекција
на компјутерските компоненти во телекомуникациската мрежа. Главните светски
производители на компјутери се најзаслужните за постоењето на глобалните компјутерски
мрежи денес. Нивните заслуги произлегуваат од идејата за поврзување на повеќе
компјутери со централната мрежа за размена на податоци.
Електронската трговија и дигиталните содржини придонесуваат за електронско
олеснување во однос на комерцијалните трансакции, функционирањето на бизнисите и
пристапот на потрошувачите чии потреби треба да се задоволат. Исто така, тука се
јавуваат моделите на приход од дигиталните содржини, нивната застапеност,
придобивките од нив и од користењето на е-трговијата и нивната улога во привлекување
на потрошувачите, со крајна цел зголемување на профитабилноста на ебизнисите. Меѓу
моделите на електронската трговија спомената е и М-трговијата, скратено за мобилна
трговија, која ги зема традиционалните модели за електронска технологија и ги користи
новите безжични технологии за да овозможи мобилен пристап до веб -мрежата.
Безжичната веб-технологија ќе се користи за да овозможи проширување на постоечките
веб-бизнис модели за опслужување на мобилната работна сила и потрошувачите на
иднината. Безжичните мрежи користат нов достапен опсег и протоколи за комуникација за
да ги поврзат мобилните корисници со интернетот.

13
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
Безовски, Златко, „Услови и перспективите на електронска трговија во
Република Македонија“, 2012
Европска комисија: „Пристап до капитал за индустрии на содржини“. Извршно
резиме.Брисел 2000, стр. 8
Berners-Lee Tim, Weaving the web: The original design and ultimate destiny of the
world wide web by its inventor, HarperCollins Publishers Inc. New York, 2000
Chissick Michael, Kelman Alistair, Electronic Commerce-Law and Practise, 3-rd edition,
Sweet & Maxwell, London, 2002
Коевски Горан, INCOTERMS 2000 и новините кои ги нуди најновата редакција,
Стручно списание Правник, Здружение на правниците од стопанството, Скопје, Февруари
2001

14

You might also like