You are on page 1of 2

ИНОВАЦИИТЕ КАКО РЕЛЕВАНТЕН ФАКТОР ВО РАЗВОЈОТ НА

ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Иновациите, било да се технолошки или нетехнолошки се од суштинско


значење за развојот на конкурентноста и растот на претпријатијата .
Финансиите претставуваат пресуден фактор за иновациите во
претпријатијата, бидејќи често се јавува недостаток од финансиски средства кои
се потребни за реализирање на иновациски проекти, а постојат и големи
потешкотии при добивање на надворешни средства од банките за ваква намена.
Недостатокот на сопствени финансиски ресурси и проблемот со пристапот до
финансии за иновации претставуваат навидум трајни проблеми,. Иновациите се
скапи, така што компаниите се приморани инвестициските избори да ги
реализираат со ограничени ресурси. Комплексните иновативни системи исто така
претставуваат проблем со кој се соочуваат претпријатијата, бидејќи тие не
поседуваат доволно иновативни вештини за менаџирање
Процесот на иновации поминува низ три видови на активности, односно
три видови на фази: инвенција, иновација и дифузија. Инвенцијата претставува
конципирање нова идеја или креирање нови можности за нови или подобрени
производи/услуги или процеси во работењето. Иновацијата е воведување на
новата идеја или на нова примена во општа употреба. Притоа, за инвенцијата да
премине во втората фаза (иновација), потребно е да биде прифатена од пазарот.
Дифузија подразбира широко прифаќање на иновацијата од другите претпријатија
и започнување на процесот на имитирање, и дифузија на иновацијата од страна
на конкуренцијата. Како резултат на имитацијата и дифузијата доаѓа до
стандардизација на производите, односно процесите и нивна широка примена во
економијата.
Постојат шест типови на иновации кои опфаќаат широк спектар од
промените во активностите: радикални иновации, инкрементални иновации,
иновации на производот, иновации на процесот, организациони иновации
и маркетинг иновации.
Организациските иновации во себе опфаќаат имплементација на нови
организациски методи, кои може да се однесуваат на промени во бизнис
практиките, промени во организацијата на работното место или во надворешните
односи на фирмата. За разлика од нив, маркетинг иновациите вклучуваат
имплементирање на нови методи на маркетинг кои се однесуваат на: промена во
дизајнот на производот и пакувањето, промени во промоцијата на производот и
неговиот пласман, промени во методите на цените на производите и услугите.
Иновациите во фирмата претставуваат планирани промени во нејзините
активности со цел подобрување на нејзината ефикасност. Концептот на
иновациите се однесува на промените кои се карактеризираат со следниве
карактеристики:
1. Иновацијата е поврзана со неизвесност околу исходот од реализацијата на
иновативната активност. Не се знае однапред резултатот на иновативната
активност, односно дали активностите на истражување и развој ќе
резултираат во развој на успешен производ.
2. Иновациите подлежат на инвестиции. Релевантните инвестиции може да
вклучуваат снабдување со основни и нематеријални средства, како и други
видови активности.
3. Иновациите претставуваат предмет на прелевање. Фирмите кои иновираат
со усвојување на иновации може да бенифицираат од прелевањето на
знаењето или од користењето на оригиналната иновација.
4. Иновациите вклучуваат користење на нови знаења или употреба и
комбинација на веќе постоечките знаења. Новите знаења можат да бидат
генерирани од страна на фирмата или стекнати однадвор преку рзлични
канали. Употребата на нови знаења или комбинацијата на веќе постоечките
знаења бараат воведување на иновативни напори кои се разликуваат од
стандардизираните рутини.
5. Иновациите подлежат на подобрување на ефикасноста на фирмата, по
пат на стекнување на конкурентска предност или со подобрување на
способноста за иновирање на фирмата

Сите овие иновативни активности имаат за цел подобрување на ефикасноста


на фирмата. Тие можат да бидат наменети за развој и имплементација на нови
производи и процеси, нови методи за промоција и продажба на производите на
фирмата или промени во организациските практики и структурата на фирмата.

Ана Софрониевска, I-5


ОСУ „Мирко Милески“ Кичево

You might also like