You are on page 1of 4

ИНОВАЦИИТЕ И ПРОИЗВОДНАТА ПРОГРАМА НА КОМПАНИЈАТА

МАЈКРОСОФТ (Microsoft)

Вовед
Корпорацијата Мајкрософт (анг. Microsoft) е Американска
мултинационална корпорација која произведува, лиценцира, продава и
овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника,
персонални компјутери и сервисирање. Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и
Пол Ален на 4ти Април, 1975 за развивање и продажба на основни извршните
програми за Алтер 8800 (анг. Altair). Кон средината на 1980 година Мајкрософт
започна да доминира на пазарот на оперативни системи за персонални
компјутери со МС-ДОС (анг. MS-DOS), по потоа со Мајкрософт Виндоус (анг.
Microsoft Windows).
Во 1986 година започнува растот на цената на акциите на Мајкрософт.
Од 1990 година Мајкрософт значајно се одделува на пазарот на оперативни
системи и започнува со откуп на голем број на корпорации. Во Мај 2011,
Мајкрософт ја откупи Скајп Технолоџис (анг. Skype Technologies). Од 2013,
Мајкрософт е доминантен на пазарот на оперативни системи компатибилни со
ИБМ (анг. IBM) и пазарот на канцелариски софтвер (со софтверот Мајкрософт
Офис). Компанијата исто така произведува голем број на разнолик софтвер за
персонални копјутери и сервери, и исто така е активна во полиња како што се
Интернет-пребарувањето (со интернет пребарувачот Бинг), индустријата за
видео игри (со Иксбокс, Иксбокс 360 и Иксбокс 1 конзолите), маркетот на
дигитални услуги (преку МСН), мобилните телефони (преку оперативниот
систем Виндоус Фоун [анг. Windows Phone]). Во Јуни 2012, Мајкрософт влегува
и во пазарот на производство на персонални компјутери со лансирањето на
Мајкрософт Сурфејс (асортиман на таблети).

Иновациите во развојот на WINDOWS оперативниот систем низ годините


Првата верзија на WINDOWS се појавува во 1985 година. Не
претставува оперативен сиситем во права смисла на зборот, тулу повеќе е
некој вид на интерфејс помеѓу MS DOS оперативниот систем и корисникот.
Наместо да се внесуваат команди со внесувањее текст преку тастатурата
овозможено е да се кликнува со глувче и да се отвораат прозори. По овие
прозори добиено е и името.

Изглед на прозорецот на Windows 1.0 Изглед на прозорецот на. Windows 2.0

Во 1987 година се појавива подобрена верзија на Windows,


верзијата 2.0, чија цел е да се решат проблемите со спорото отворање бна
прозорите. Воведени се и кратенки на рабоптната површина и подобра
графичка подршка.
Дури во 1990 година, со појавата на верзијата 3.0 може да се рече дека
WINDOWS-от станува оперативен систем. Иконите се поубави, има понапредни
перформанси, подобра графичка подршка за 16 бои. Прв пат се појавува
менаџер на датотеки, а и игри. Овој оперативен сиситем влегува во масовна
употреба

Изглед на прозорецот на Windows 3.0 Изглед на прозорецот на Windows 95

Во 1995 година се појавува Windows 95, кој преставува голем напредок во


однос на претходните верзии. Оваа верзија забележува голем комерцијален
успех.
Во 1998 година се појавува верзијата Windows 98, која е псоледна верзија
заснивана на МС ДОС оперативниот систем. Оваа верзија доѓа со Internet
Explorer, со што многу се поедноставува пребарувњето по интернет.
Оперативниот сиситем има подршка за повеќе монитори, УСБ и подобра
графика.

Изглед на прозорецот на Windows 98 Изглед на прозорецот на Windows ME

Во 2000 година се јавува Windows 2000 , odnosno Windows ME, кој не се


прослави како оперативен систем, но сепак има подобрувања во управувањето
со дигитални медиуми и има програм за видео обработка.
Во 2001 година се појавува XP, кој е многу стабилна верзија на оперативен
систем и е еден од најпродаваните производи на Microsoft, кој се користи и
денес, иако повеќе не се подржува.
Изглед на прозорецот на Windows XP Изглед на прозорецот на Windows Vista

Во 2006 година се појавува Windows Vista кој има подобрување во однос на


безбедноста и во однос на побрзо покренување на системот. Сепак кај
корисбниците не наиде на голема примена.

Во 2009 година се појавува Windows 7, кај кој сите перформанси се подобрени


и се користи и денес. Ова е една од најпопуларните верзии кај корисниците.
Воп 2012 година се појавува Windows 8 со потполно различен дизајн, што кај
корисниците предизвика побуна, можеби поради снемувањето на дугмето
СТАРТ. Верзијата подржува екрани на допир, па може да се користи на на
таблети и мобилни телефони, а има и синхронизација со „облак“.

Изглед на прозорецот на Windows 7 Изглед на прозорецот на Windows 8

Во  2015 година се појавува последната достапна верзија на Windows, т.е


Windows 10, каде што е воведена замена на дугмето СТАРТ. Сите го сметаат
за одлична верзија.

Изглед на прозорецот на Windows 10


Приказ на развојот на верзиите на Windows низ годините

Производна програма на Мајкрософт


Производната програма на Мајкрософт ги опфаќа следните производи:
оперативните системи Мајкрософт виндоус (анг. Microsoft Windows), комплетот
Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office) и веб-прелистувачот Интернет
Експлорер (анг. Internet Explorer), како и хардвер производите: играчката
конзола Иксбокс (анг. Xbox) и серијата на таблети Мајкрософт Сурфејс (анг.
Microsoft Surface), како и производство на мобилни телефони откако Мајксрофт
ја купи компанијата Нокиа.

Ана Софрониевска, I-5


ОСУ „Мирко Милески“
Кичево

You might also like