You are on page 1of 3

1.

7 СОФТВЕР

Воведни активности:
Што е потребно да има компјутерот за да можам да нацртам 2Д-форми?
Како знае печатачот дека треба да ја отпечати мојата честитка на хартија?
Кој ме прашува во компјутерот дали сакам да го зачувам цртежот?

Програмите што му помагаат на компјутерот да работи се системски програми.


Дел од тие програми е и оперативниот систем на компјутерот. Оперативни системи
се WINDOWS, macOS и LINUX итн.
Постојат програми што му помагаат на човекот да работи на компјутерот и да ги користи за
свои цели. Таквите програми се наречени апликативни програми.
Обработка на текст, дигитално цртање, креирање, презентации, анимации, филмови и итн.
се дел од програми на апликативниот софтвер.
Сите програми на компјутерот со едно име ги нарекуваме софтвер.

ОПЕРАТИВЕН АПИКАТИВНИ
СИСТЕМ + ПРОГРАМИ
= СОФТВЕР

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ
Оперативниот систем (ОС) се стартува при вклучување на компјутерот и дава инструкции кои
уреди треба да се бидат вклучени, а кои исклучени. Исто така, ОС управува и со сите програми
на компјутерот. Па така, ОС одредува кои програми да бидат активни,
а кои да бидат во мирување.

- 14 -
Преку оперативниот систем се врши вклучување/исклучување на компјутерот, зачувување,
бришење, преместување, копирање, испраќање документи, слики и слично.
Често, пристапот до работната околина се прави со најава со лозинка.
Лозинката ја креира корисникот на компјутерот.
Исклучувањето на компјутерот се прави преку оперативниот систем со клик на shut down што
се наоѓа на менито start. Покрај исклучување, постои можност за рестартирање (restart) на
компјутерот, одјава на корисникот (log off ), можност за најава на друг корисник (switch user)
и можност за одморање на компјутерот (sleep).

РАБОТНА ОКОИНА НА ОС
Работна околина (работна површина или Desktop) на компјутерот е целата површина или дел од
површината на компјутерскиот екран на која се наоѓаат документи, папки, слики и други алатки
што ги користиме додека работиме.
Сите објекти што сме ги ставиле на работната површина се претставени со слики наречени икони.

Горен панел

Со клик на копчето Апликации можеме да


пристапиме до сите програми на компјутерот.

Иконите го носат името на програмата, папката или документот.

Работна околина (површина) DESKTOP

Долен панел
-15 -
До секоја програма, папка или документ можеме да пристапиме со двоен клик на
неговата икона на работната околина или со клик на копчето старт на работната околина.
Во долниот панел е сместено копчето за прикажување на работната околина,
апликациите што се активирани на таа работна околина и икона - отпадоци (trash) - електронска
кошница за отпадоци. Таму се внесуваат датотеки и папки што не се потребни.

АПИКАТИВЕН СОФТВЕР
Апликативен софтвер се програми за цртање, за обработка
на текст, за сметководство, за анимации, за презентации, за табели
и дијаграми итн. Па, ако сакаме да цртаме, да пишуваме приказни
или да правиме анимации, тогаш мораме да инсталираме и други
програми на компјутерот.

Кај некои програми, исто така, е потребна најава за да може


да се користи таа програма.

Во училиштата се користи и образовен софтвер, како што се


мултимедиумски енциклопедии, аудиовизуелни информации
и податоци, дигитални тестови итн.

Голема помош за оперативниот систем и работата на


компјутерот се и антивирусните програми.

Тие програми имаат задача да го штитат компјутерскиот систем


од компјутерски вируси.

ПРОВЕРИ ГО СВОЕТО
ЗНАЕЊЕ
1. Што е ОС?

2. Објасни дали компјутерот може да работи


без оперативен систем.

3. Наброј некои оперативни системи што ги знаеш.

4. Размисли и објасни дали работата на софтверот


е поврзана со хардверот.

- 16 -

You might also like