You are on page 1of 50

Глава 1

Компјутерски
Апстракции
и Технологии
Вовед
 Компјутерите се производ на
неверојатно динамичната индустрија на
информатичката технологија чиј
придонес е околу 10% од БДП на САД
 Ако транспортната индустрија
напредуваше како и компјутерската,
денес ќе можевме да патуваме од
Њујорк до Лондон
 за околу една секунда и
 патувањето би чинело неколку денари
Компјутерска револуција
 Примери
 Компјутери во автомобилите
 Мобилни телефони
 Проекти за човечките гени
 WWW
 Пребарувачи
Класи на компјутерски уреди
 Десктоп компјутер
 дизајниран да се користи од индивидуа
 Сервер
 се користи за извршување програми за
повеќе корисници; најчесто истовремено и
вообичаено пристапуван мрежно
 најширок опсег на цена и можности
 Суперкомпјутер
 со највисоки перформанси и цена;
конфигурирани се како сервери и
вообичаено чинат милиони долари.
Суперкомпјутери / величини
 терабајт
 изворно 1,099,511,627,776 бајти, иако
некои комуникациски системи и системи за
складирање го предефинирале да значи
1,000,000,000,000 бајти.
 петабајт
 во зависност од состојбата, или 1000 или
1024 терабајти.
Класи на компјутерски уреди
 Податочен центар
 иБеј (eBay) и Гугл (Google)
 Соба или зграда наменети за управување со
струјата, ладењето и мрежните потреби на
голем број сервери.
 Вграден компјутер
 во внатрешноста на некој друг уред што се
користи да извршува една определена
програма или цела колекција.
 најширок опсег на апликации и перформанси
Вградени компјутери
 Примери
 микропроцесорите во автомобилите,
 компјутерите во мобилните телефони,
 компјутерите во видеоигрите
 компјутерите во телевизорите
 процесори во дигиталните камери,
 процесори музичките уреди
 цела мрежа од процесори што
контролираат на пример современ авион
или товарен брод
Доминација на вградени комјутери
Што ќе учиме...
 Акроними
 BIOS, CPU, DIMM, DRAM, PCIE, SATA, како
и многу други..
 Акроними
 На пример: РАМ (RAM) е акроним за
Меморија со случаен пристап (Random
Access Memory)
 ЦПУ (CPU) е акроним за Централна
единица за процесирање (Central
Processing Unit).
Под вашата програма
Под вашата програма
 Системски софтвер сместен меѓу
хардверот и апликацискиот софтвер.
 Два типа на системски софтвер денес
заземаат средишно место во секој
компјутерски систем:
 оперативниот систем и
 компајлерот
Оперативниот систем
 Оперативниот систем ја поврзува
корисничката програма и хардверот и
нуди множество сервиси и контролни
функции.
 Ракување со основни влезни и излезни
операции;
 Доделување склад и меморија;
 Обезбедување заштитено споделување на
компјутерот меѓу повеќе апликации
 Linux, MacOS, and Windows
Компајлери
 Компајлерите извршуваат
преведување програма напишана на
јазик на високо ниво, C, C++, Java или
Visual Basic во инструкции што може да
ги изврши хардверот
 Преведувањето од јазична програма на
високо ниво во хардверски инструкции е
сложено.
Во јазик на хардверот
 Наједноставните сигнали што можат да
ги разберат компјутерите се on (вклучи)
и off (исклучи)
 Бинарна бројка (бит) – една од двете
цифри на броен систем со основа 2 (0
или 1) што се составен дел на
информацијата.
 Инструкција - наредба што ја разбира и
извршува компјутерот.
 Пример: 1000110010100000 му кажува на
компјутерот да додаде два броја
Асемблер
 На почетокот програмерите
комуницирале со компјутерите со
помош на бинарни броеви!!!
 Асемблер е програма што преведува
симболична верзија на инструкции во
бинарна верзија
 Асемблерски јазик, симболичен приказ
на машинските инструкции
 Машински јазик, бинарен приказ на
машинските инструкции
Асемблерска наредба
 Наредбата
add A,B
асемблерот би ја превел во
1000110010100000

 Оваа инструкција му кажува на


компјутерот да ги собере двата броја A
и B.
Програмски јазик
 Асемблерскиот јазик не е едноставен
за користење при пишување на
сложени програми
 Програмски јазик од повисоко ниво
 Портабилен јазик, како што се Ц, Ц++, Јава,
или Вижуал Бејзик, што се состои од зборови
и алгебарски нотации што можат да бидат
преведени од компајлер во асемблерски јазик
 Компајлерот преведува програма од јазик
од повисоко ниво во асемблерски јазик
Пример
Програмски јазици
 A+B компајлерот би го превел во
асемблерски add A,B, а асемблерот во
1000110010100000
 Јазиците во сообразност со нивната
одредена употреба.
 Фортран (Fortran) беше креиран за научно
пресметување,
 Кобол (Cobol) за процесирање деловни
податоци,
 Лисп (Lisp) за манипулација со симболи
итн.
Придобивки на прог. јазици
 Му овозможуваат на програмерот да
мисли на многу поприроден јазик,
користејќи природни зборови и
алгебарска нотација
 Подобрената продуктивност на
програмерот
 Програмските јазици овозможуваат
програмите да бидат независни од
компјутерите на кои биле развиени
Големата слика
Големата слика
 4 основни операции: влез, излез, обработка и
зачувување на податоци
 5 основни групи на компјутерски елемиенти:
влез, излез, меморија, податочна патека
(процесор) и контрола
 Процесорот добива инструкции и податоци од
меморијата
 Влезот запишува податоци во меморијата, а
излезот чита податоци од меморијата
 Контролата испраќа сигнали што ги
одредуваат операциите на податочната
патека, меморијата, влезот и излезот
Десктоп компјутер
Уреди
 Влезен уред
 механизам преку кој се храни компјутерот
со информации, како што е тастатурата
или глувчето
 Излезен уред
 механизам кој на корисникот или на
друг компјутер му го покажува резултатот
од пресметката.
 Некои уреди, како што се мрежите и
дисковите, овозможуваат и влез и излез
Глувче
 Првото глувче било електромеханичко
Глувче
 Оптичкото глувче е минијатурен оптички
процесор што вклучува
 ЛЕД (LED) диода која генерира светлосни
импулси
 минијатурна црно-бела камера која прави
1500 слики од површината во минута, и
 едноставен оптички процесор кој ги
обработува сликите и ја одредува
позицијата на покажувачот.
Екран
 Екрани со течни кристали (ЛЦД)
 содржи стапчести молекули во течност што
создава вртлива спирала што ја прекршува
навлезената светлина позади екранот
 Во зависност од позицијата на кристалите,
светлината се пропушта со различни
интензитети
Екран
 Активна матрица која на секој пиксел
има мал транзисторски прекинувач за
прецизно контролирање на протокот
 Пиксели, претставени како матрица од
битови, наречена бит-мапа
Хардверска поддршка

бафер за освежување на растерот, или бафер на рамката


за складирање на бит-мапата
Отворање на кутијата
Во кутијата
 Матична плоча
 пластична плоча што содржи интегрирани
кола или чипови, вклучувајќи ги
процесорот, кеш- меморијата, меморијата и
конекторите за В/И уредите
 Интегрирано коло
 наречено е и чип, уред што комбинира
десетици милиони транзистори
 Меморија
 делот за складирање во кој се чуваат
активните програми и нивните податоци
Меморија
Меморија
 Динамичка меморија со случаен
пристап (ДРАМ)
 Меморија создадена како интегрирано
коло; обезбедува случаен пристап до коe
било место
 Двојни внатрешни мемориски
модули - DIMM (Dual inline memory
module)
 Мала плоча која содржи ДРАМ чипови на
двете страни
 СИММ има ДРАМ само на едната страна
Процесор
 Централна процесорска единица
(ЦПУ) / Процесор
 Активниот дел на компјутерот кој содржи
податочна патека и контролер и кој додава
броеви, проверува броеви, им сигнализира
на I/O уредите да работат итн.
 Податочната патека извршува
аритметички операции
 Контролерот им кажува на податочната
патека, меморијата и В/И уредите како да
постапат во сообразност со инструкциите
на програмата
АМД Барцелона микропроцесор
Во процесорот
 Во рамките на процесорот има друг вид
меморија – кеш меморија
 Кеш-меморија
 Мала, брза меморија што работи како
бафер за побавната, поголема меморија
 изградена од СРАМ
 Статичка меморија со случаен
пристап (СРАМ)
 Исто така, меморија која е создадена како
интегрирано коло, но е побрза и помалку
густа од ДРАМ.
Чување на податоците
 Непостојана меморија
 Меморија, како што е ДРАМ, која ги
зачувува податоците само ако има
напојување
 Постојана меморија
 Меморија што ги зачувува податоците дури
и кога нема извор на електрична енергија
 Главна меморија
 Се нарекува и примарна меморија.
Меморијата што се користи за зачувување
на програмите во текот на нивното
работење
Чување на податоците
 Секундарна меморија
 Постојана меморија што се користи за
зачувување на програми и податоци меѓу
две работења; во денешните компјутери
обично се состои од магнетни дискови.
 Магнетен диск, наречен е и тврд диск .
Секундарна меморија од вртливи дискови
или од полупроводници
 Флеш-меморија , постојана
полупроводничка меморија што е поевтина
и побавна од ДРАМ
Магнетен диск
Вртливи дискови или флеш
 Флеш-меморијата е сериозен конкурент.
Го има речиси истиот пропусен опсег,
но доцнењето е околу 100 до 1000 пати
помало
 Флеш има поголема цена, но разликата
се намалува
 Флеш меморијата се истрошуваат по
направени 100.000 до 1.000.000 записи.
 Потребна е стратегија за избегнување на
истрошувањето на меморијата

Преносливи мемории
 Оптичките дискови,
 ЦД, ДВД ја образуваат најпознатата форма
на преносна меморија.
 Блу-Реј (BD) стандардот за оптички диск е
наследник на ДВД.
 Преносните мемориски картички
 засновани врз флеш-меморија обично се
поврзани преку УСБ и често се користат за
пренос на датотеки
 Магнетната лента или двојни магнетни
дискови / за бекап на податоци
Комуникација / предности
 Брза размена на информации меѓу
компјутерите
 Споделени ресурси
 Наместо секој компјутер да има свои В/И
уреди, уредите може да се делат меѓу
компјутерите на мрежата
 Глобален пристап
 Со поврзување на компјутерите на голема
далечина, корисниците не мора да се близу
до компјутерот што го користат
Мрежа
 Етернет (Ethernet)
 Локална мрежа (LAN)
 мрежа дизајнирана за пренос на податоци
во рамките на ограничени географски
површини
 Регионалната мрежа (WAN)
 мрежа распространета на стотици
километри што може да поврзе континент
 Претставува ’рбет на Интернетот, кој ја
поддржува светската компјутерска мрежа
(World Wide Web)

Безжична мрежа
 Евтина технологија на полупроводници
(ЦМОС), овозможува значително
подобрување на цената, што доведе до
огромен пораст на употребата
 802.11, овозможуваат брзина на
трансмисија од 1 до близу 100 милиони
битови во секунда.
 Сите корисници во одредена област ги
делат воздушните бранови
Интегрално коло
 Транзисторот претставува едноставен
вклучи/исклучи преклопник, што е
контролиран од електрицитет
 Во едно интегрирано коло се сместени
десетици до стотици транзистори на
еден чип
 Кола со многу голем обем на
интеграција (Very Large Scale of
Integration - VLSI), од стотици до
милиони транзистори
Ниво на интеграција
Ниво на интеграција
 Муровиот закон
 Капацитетот на транзисторите се удвојува
на секои 18–24 месеци.
 Гордон Мур, еден од основачите на Интел
во текот на 1960-тите години
Пораст на капацитет на ДРАМ

ДРАМ индустријата го зголемува капацитетот четирипати на


секои три години, 60% годишно зголемување, во текот на 20
години. Во последниве години стапката се забави и е близу
до удвојување на секои две до три години
Материјал за овој час
 Компјутерска организација и
дизајн,Патерсон и Хенеси, 4то издание,
Просветно дело 2010.
 Подглава 1.1 до 1.3 (вклучено)
Подготовка за следен час
 Компјутерска организација и
дизајн,Патерсон и Хенеси, 4то издание,
Просветно дело 2010.
 Од подглава 1.4 до крај на Глава 1

You might also like