You are on page 1of 3

1.

Асемблерот врши преведување на датотека со асемблерски наредби во датотека со бинарни


машински инструкции

2. Објектната датотека во UNIX има 6 дела

3. Една датотека може да биде компајлирана и асемблирана независно од другите датотеки\

4. Алатката за поврзување на датотеките се вика поврзувач: Извршува три задачи

a. Пребарува по библиотеките за да ги најде рутините кои програмот ги користиж

b. Одредување на мемориските локации што секој модул ќе ги зафати и релокација на


инструкциите со подесување на апсолутните референци

c. Разрешување на референците

5. Во иницијално поврзување, полначот повикува динамички поврзувач за да ги најде сите


библиотеки и поврзе сите референци

6. Во мрзливо поврзување рутината се поврзува само откако ќе се повика

7. Податочна трка, резултатите од програмата може да се менуваат во зависност од


редоследот на настаните.

8. Cоздавање региони каде само еден процесор може да оперира, наречени взаемно
исклучување

9. Софтверски прекин (наречен и само прекин) - нераспореден настан што го нарушува


извршувањето на програмата; се користи за да се открие пречекорување.

10. • Непрецизен прекин (или непрецизен софтверски прекин) – прекини во проточните


компјутери што не се асоцирани со точна инструкција што била причината за прекин или
исклучок.

11. Прецизен прекин (или прецизен софтверски прекин)- прекин кој секогаш е асоциран со
точната инструкција во проточните компјутери.

12. Повеќе статички издавања – повеќето решенија се донесени од компајлерот пред


извршувањето

13. Повеќе динамички издавања - повеќето решенија се донесени за време на извршување во


процесорот.

14. Единица за потврда - единица во динамичка или линија за извршување надвор од


редослед што решава кога е сигурно да се извлече резултатот на една операција за
програмерски видливи регистри и меморија.

15. Станица за складирање - бафер со функционална единица што ги содржи операндите и


операцијата.
16. Бафер за преуредување -ги содржи резултатите во динамички распореден процесор
додека тие не се префрлат во меморија или регистар.

17. Временска локалност: Според овој принцип, ако некоја податочна локација е пристапена,
таа има тенденција набрзо повторно да биде пристапена.

18. Просторна локалност: Според овој принцип, ако некоја податочна локација е пристапена,
податоците со блиска адреса имаат тенденција дека ќе бидат пристапени.

19. Бафер за запишување: Ред на чекање во кој се чуваат податоците додека тие чекаат да
бидат запишани во меморијата.

20. Запишување назад: Начин што оперира со записите ажурирајќи ги вредностите само кон
блокот во кешот, потоа пишувајќи го изменетиот блок во пониското ниво на хиерархијата кога
блокот е заменет

21. Партнер: Човек или машина е на другиот крај од В/И уредот, и внесува на податоци на
влез, или чита податоци на излез.

22. Однесување: Влез (едно читање), излез (само запишување, не може да се чита), или систем
за складирање (може да биде повторно прочитано и најчесто и повторно запишано).

23. Доверливост на компјутерски систем е квалитетот на испорачаната услуга, така што


довербата може оправдано да биде доделена на оваа услуга.

24. Испад на системот се јавува кога вистинското однесување отстапува од специфицираното


однесување.

25. Надежноста е мерка на непрекинато исполнување на услугата – или еквивалентно, времето


до испад – од една референтна точка.

26. Достапноста е мерка за исполнување на услугата во однос на преминот меѓу двете состојби
на исполнување и прекин.

27. Синхрона магистрала: Магистрала што вклучува такт во контролните линии и фиксиран
протокол за комуникација што е поврзан со тактот.

28. Асинхроно поврзување: Користи протокол за ракување за координирање наместо такт.


Може да смести различни уреди со различни брзини.

29. Силно скалирање Забрзување постигнато на повеќепроцесорски систем без зголемување


на големината на проблемот.

30. Слабо скалирање Забрзување постигнато на повеќепроцесорски систем додека се


зголемува големинатана проблемот пропорционално со зголемувањето на бројот на
процесорите.

31.МИМД (MIMD) или Повеќе инструкциски потоци, повеќе податочни потоци.


Повеќепроцесорски систем.

You might also like