You are on page 1of 3

Глобална архитектура на микропроцесор

понеделник, 30 септември 2013 14:14

Микропроцесорот е составен од дигитални кола: логички кола, декодери,


регистри, кола за одземање и собирање, мемории итн.

Овие дигитални кола ја формираат архитектурата на микропроцесорот. Од


архитектурата зависи функционалноста, способноста на микропроцесорот да
извршува различни видови инструкции.

Микропроцесорите од различни производители и генерации имаат различна


архитектура, но 80% од хардверските компоненти се среќаваат речиси кај сите
видови микропроцесори.

Пред да се запознаеме со глобалната архитектура на еден општ микропроцесор


да го објасниме извршувањето на инструкциите преку нивно разложување на
повеќе фази. Инструкцијата ќе ја разложиме на пет фази:

• Пренос на операциски код од меморија во инструкцискиот регистар од


микропроцесорот.
• Декодирање на операцискиот код во управувачката единица.
• Пренос на податоци од меморијата во некој од општите регистри на
микропроцесорот.
• Ефективно извршување на инструкцијата во аритметичко логичката единица.
• Запишување на добиениот резултат во некој општ регистар од
микропроцесорот или мемориска локација.

Регистрите се брзи мемориски локации во внатрешноста на микропроцесорот и


служат за чување на податоци, инструкции и информации за состојбата на
микропроцесорот.

Основна поделба на регистрите е на општи регистри и регистри со специјална


намена.

На сликата прикажани се позначајните регистри и поврзувањето со


внатрешната магистрала на микропроцесорот, надворешната податочната и
адресна магистрала.

Osnovna organizacija na mikroprocesor - Copy Page 1


надворешна магистрала

Сл. Регистри во општ модел на микропроцесор

Регистрите со специјална намена можат да бидат кориснички (пристап има


програмерот) или системски.

Друга поделба на регистрите со специјална намена е според функцијата. Тука


би истакнале три групи:

○ регистри за читање и пишување податоци во меморија (MAR, MDR),


○ регистри за пренос на инструкција (PC, IR)
○ регистри за работа со стек меморија (SP, ТОЅ, LV).

За секој регистар постојат контролни сигнали кои овозможуваат поврзување


со внатрешната магистрала или надворешната адресна и податочна
магистрала.

функцијата на поважните регистри со специјална намена е:


Osnovna organizacija na mikroprocesor - Copy Page 2
функцијата на поважните регистри со специјална намена е:

• He постои микропроцесор кој во својот состав не содржи регистар програмски


бројач (PC=Program Counter).

Тој ја содржи адресата на следната инструкција.

Kora микропроцесорот ја бара следната инструкција содржината на


програмскиот бројач се носи на адресната магистрала

Содржината на програмскиот бројач може да ја менува само управувачката


единица при што новата содржина се пренесува преку внатрешната магистрала

• Содржната на регистарот PC се пренесува до системската адресна магистрала,


се чека меморијата да ја смести инструкција на податочната магистрала и потоа
инструкцијата се запишува во инструкцискиот регистар IR (Instruction Register).

• MAR (Memory Address Registar) или меморискиот адресен регистар ја чува


адресата на податокот кој треба да се обработи во микропроцесорот.

• MDR (Memory Data Register) или меморискиот податочен регистар го чува


податокот кој треба да се прочита или запише во меморијата.

• Co регистрите за работа со стек меморија ќе се запознаеме подоцна кога


детално ќе биде објаснета стек меморијата и постапките за читање и пишување
во неа.

Регистрите со општа намена се поврзани само со внатрешната магистрала.


Моделот на микропроцесорна слика 3.5. содржи 32 регистри со општа намена

Osnovna organizacija na mikroprocesor - Copy Page 3

You might also like