You are on page 1of 10

ССОУ ,,Коле Неделковски” - Велес ​Година: IV

Клас: 5

РЕГИСТРИ

Професор/ментор: Изработил:
Проф. Љубе Бабунски Маријан Ристов

Велес, 2020
СОДРЖИНА
1. ВОВЕД
2. РАЗРАБОТКА НА ТЕМАТСКИТЕ ЕДИНИЦИ​………………………..2
2.1 Општи регистри…………………………………………………....2
2.2 Регистри со специјална намена………………………………2/3
2.2.1 Регистри за пишување и читање податоци од меморија...3
2.2.1.1 Регистар MAR…………………………………………....3
2.2.1.2 Регистар MDR…………………………………………....3
2.2.2 Регистри за пренос на инструкцијата……………….........4
2.2.2.1 Регистар PC……………………………………………...4
2.2.2.2 Регистар IR…………………………………………….....4
2.2.3 Регистри за работа со стек меморија……………………..5
2.2.3.1 Регистар ЅР……………………………………………....5
2.2.3.2 Регистар ТОЅ…………………………………………….6
2.2.4 Помошни регистри…………………………………………...6
3. Архитектура на 8085 микропроцесор​…………………………...7
4. ЗАКЛУЧОК​……………………………………………………………...8
5. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА​………………………………………….8
1. ВОВЕД
- Регистрите се брзи мемориски локации во внатрешноста на
микропроцесорот и служат за чување на податоци, инструкции и
информации за состојбата на микропроцесорот.
Нивната основна поделба се сведува на:
● Општи регистри
● Регистри со специјална намена

Повеќето модерни компјутери работат на принципот на преместување на


податоците од компјутерската меморија во регистрите па повторно враќање назад
кон меморијата. Значи тие се основните единици што ги користи обработувачот
при извршувањето на својата работа. На слика 1, може да се видат позначајните
регистри и поврзувањето со внатрешната магистрала на микропроцесорот,
надворешната податочна и адресна магистрала.

​Слика 1

1
2. РАЗРАБОТКА НА ТЕМАТСКИТЕ ЕДИНИЦИ
Според нивната употреба или нивните карактеристики има многу различни
поделби па ќе ги споменеме поважните.

​2.1 Општи регистри

Регистри за општа употреба - се регистрите коишто имат комбирана употреба за


зачувување на адреси или пак за чување податоци. Тие се поврзани само со
внатрешната магистрала, некои модели на микропроцесори содржат по 32
регистри како тој претставен на слика 1 во воведот и тие се обележани со буквите
G​0 до ​G​31 ​каде што буквата ​G ​е прва буква од англискиот збор ​General што во
превод значи општ. За секој општ регистар постојат по два контролни сигнали кои
се бележат со ​G​xin ​и ​G​xout . ​Овие контролни сигнали служат за оспособување на
влезовите односно илзезите на општите регистри. Преку активирање на овие
контролни сингали микропроцесорот бира од кој регистар ќе чита податок и во кој
регистар ќе за пишува податок.

2.2 Регистри со специјална намена


Регистрите со специјална намена може да бидат:

● Кориснички (пристап има програмерот)


● Системски

Исто така друга поделба на специјалните регистри е според функцијата. Тука би се


истакнале три групи од кои:

2.1.1 Регистри за пишување и читање податоци од меморија (MAR,MDR)

2.1.2 Регистри за пренос на инструкцијата (PC, IR)

2.1.3 Регистри за работа со стек меморијата (SP, TOS)

2.1.4 Помошни регистри

За секој регистар постојат контролни сигнали кои овозоможуваат поврзување со


внатрешната магистрала или надворешната податочна и адресна магистрала.
Контролните сигнали за поврзување со магистралите имаат префикс ​in или ​out во

2
зависност од тоа дали сакаме да запишеме или прочитаме податок од регистарот,
а доколку до овие префиски стои буквата b тоа значи дека се работи за
надворешна системска магистрала.

2.2.1 Регистри за пишување и читање податоци од меморија

2.2.1.1 Регистар MAR

Регистарот MAR односно Memory Address Registar или мемориски адресен


регистер, ја чува адресата на податокот кој треба да се обработи во
микропроцесорот. Некои инструкции во себе содржат адреса на мемориска
локација од која треба да се земе податокот за обработка. Оваа адреса се внесува
во меморискиот адресен регистер преку активирање на контролниот сигнал MAR​in ,​
а кога адресата треба да се пренесе до меморијата истата се испраќа по
адресната магистрала преку активирање на контролниот сигнал MAR​bout​,
содржината исто така може да се пренесе на внатрешната магистрала преку
активирање на сигналот MAR​out​.

2.2.1.2 Регистар MDR

Регистарот MDR односно Memory Data Registar или мемориски податочен регистер
го чува податокот кој треба да се прочита или запиште во меморијата.
Поврзувањето на овој регистер со магистралите е двонасочно, па поради тоа ќе ни
требат четири контролни сингали: MDR​bin , ​MDR​bout , ​MDR​in​, MDR​out​. Тие се
прикажани на слика 2.

​Слика 2

3
2.2.2 Регистри за пренос на инструкцијата

2.2.2.1 Регистар PC

Регистарот PC односно Program Counter, или програмски бројач, ја содржи


адресата на следната инструкција. Со претпоставка дека инструкцијата е голема
32 бита, за да ја добиеме следната инструкција треба да додадеме четири на
адресата на инструкцијата која моментално се извршува. Ова е така бидејќи една
мемориска локација памти информација од еден бајт, па за меморирање на
32-битна инструкција ќе бидат потребни четири мемориски локации. Програмскиот
бројач има три контролни сигнали: PC​bout​, PC​out​, PC​in​.
Со сингалот PC​bout содржината на програмскиот бројач се носи на адресната
магистрала
Со сигналот PC​in се
​ впишува новата содржина за програмскиот бројач преку
внатрешната магистрала
Со сигналот PC​out содржината на програмскиот бројач се носи на внатрешата
адресна магистрала.

2.2.2.2 Регистар IR

Регистарот IR односно Instruction Registar, или инструкциски регистар е регистарот


во кој се запишува содржината од PC регистарот, односно содржината на PC
регистарот се носи до системската адресна магистрала, потоа се чека меморијата
да смести инструкцијата на податочната магистрала и потоа инструкцијата се
запишува инструкцискиот регистар, кај овој регистар се користат два контролни
сигнали: IR​bin​, IR​out при што едниот се користи кога треба да се запише
инструкцијата од меморијата во регистарот, а другиот кога треба да се пренесе
инструкцијата до управувачката единица.

4
2.2.3 Регистри за работа со стек меморијата
2.2.3.1 Регистар SP
Регистарот SP односно Stack Pointer или стек покажувач е еден од најважните
регистри кои се користат за работа со стек меморијата, овој регистар ја содржи
адресата на последно внесениот податок во стек меморијата, односно адресата на
моментално единствениот достапен податок во стекот. Со внесување на податоци
во стек меморијата вредноста на стек покажувачот се намалува, а при празнење а
стекот вредноста на овој регистар се зголемува, ова е така бидејќи при внесување
на нови податоци во стекот неговата длабочина се намалува и стрелката се
поместува надолу. Тоа може да се согледа а слика 3.

Слика 3

5
​2.2.3.2 Регистар ТОЅ
Регистарот ТОЅ односно Top Of Stack, или врв на стек меморија е регистарот кој
всушност го содржи податокот кој го покажува стек покажувачот, а во некои
микропроцесори постои и специјален регистар SS или Stack Segment кој ја памти
адресата на најдолната локација на стек меморијата.

2.2.4 Помошни регистри


Едни од најважните и клучни регистри за работа се Акумулаторот кој се користи и
служи за чување на податоци, а меѓутоа и вршење на аритметичко-логички
операции со податоците.
И контролно-статусните регистри ​се регистрите кои служат за зачувување на некои
команди или пак отчитување на статус на некои компоненти кои се потребни при
работата на обработувачот. Вредностите на статус регистарот се познати како
Flags односно знаменца кои можат да бидат:
- S односно ​Sign знаменце за знак. Ако резултатот на операција е негативен,
ова знаменце е единица, а во спротивно е логичка нула .
- Z односно ​Zero знаменцето нула е логичка единица ако резултатот од
извршената операција е нула, а ако добиениот резултат е различен од нула,
тогаш знаменцето Z е логичка нула.
- Aх Ова е помошно знаменце за пренос и се активира кога имаме пренос од
четврта на петта позиција при собирањето бинарни броеви или позајмување
од петта на четврта позиција кај одземањето.
- Р односно ​Parity знаменце за парност. Ако резлутатот на операцијата
содржи парен број единица знаменцето P е единица, а во спротивно е
логичка нула.
- С односно ​Carry Индикатор на пренос. Овој бит хардверски се сетира ако
постои пренос кај собирањето од осма на деветта позиција во бинарните
броеви, односно позајмување кај одземањето од деветта на осма позиција.
Исто така, знаменцето С се користи и при операциите на поместување низи.

6
2.3 Архитектура на 8085 микропроцесор
Во архитектурата на микропроцесорот на слика 4 може да се видат некои од
регистрите и начинот на кој регис се поврзани меѓусебно и како всушност се
одвива целата операција.

Слика 4

7
3. Заклучок
Заклучокот на оваа проектна е тоа што со развивањето на технологијата
микропроцесорите стануваат се побрзи и по напредни но сепак регистрите се
нивните главни двигатели и притоа нивна основна конструкција. Секој од
регистрите има своја функција во работата на микропроцесорот

4. Користена литература

Книги:

,,​Дигитална електроника и микропроцесори”​ (2011 г.) за III година - Автори:


Љубица Маркулова, Искра Јовановска, Јасна Домазетовска - Издавач:
Министерство за образование и наука за Република Македонија - Печати:
Графички центар дооел, Скопје

Прилози:

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE
%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%80%D0%B5
%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80

https://www.tutorialspoint.com/microprocessor/microprocessor_8085_architecture.htm

You might also like