You are on page 1of 4

1. Која е разликата помеѓу преведување и интерполација?

2. Од колку и кои нивоа (levels) се состојат современите компјутери?


3. Ако пропусната моќ (bandwidth) на процесор со една извршна единица си со 7 (седум) фази во
протечната обработка изнесува 2000 MIPS колку изнесува времето на извршување на една
инструкција?
4. Кои се карактеристики на суперскаларните архитектури?
5. Што е мултипроцесор, а што мултикомпјутер?
6. Зошто примената на бинарниот броен систем е најдоверлива метода на кодирање на
дигитални информаии?
7. При конструирањето на код за корекција на грешки со примена на Хаминговиот алгоритам,
на еден 8-битен збор му се додаваат 4-битови за парност. Да се открие грешката во 12-
битниот коден збор 101101111110 ?
8. Ако времето на пристап до кеш меморијата изнесува 4 ns и ако 10 од вкупно 12 мемориски
обраќања се реализираат во кеш меморијата, средното време на пристап до кеш меморијата
изнесува 14 ns! Да се определи времето на пристап до главната меморија!
9. Кои се општи карактеристики на секундарната меморија?
10. Како се запишуваат/читаат податоците на/од магнетен диск Hard Disk?
11. Објасни ја логичката структура на едноставен персонален компјутер и наброј некои видови на
магистрали?
12. Кои се уреди за автоматизирано внесување на податоци (со минимална човечка
интервенција)?
13. Која е намената на следните регистри кај Mic-1 микроархитектурата: MDR, PC, LV, TOS, H и
MIR?
14. Кај MIC-1 микроархитектурата, потребни се: 1 ns за поставување на микроинструкцискиот
регистер (MIR), 1 ns за проследување на еден од регистрите на магистралата B, 2 ns за
извршување на операцијата на ALU и поместувачот и 1 ns за проследување на резултатите
назад кон регистрите. Колку најмногу треба да изнесува ширината на импулсот на
системсикиот часовник, за машината да може да работи на фреквенција од 166 MHz?
15. Во форматот на Mic-1 микроинструкциите, магистралата C е претставена со низа од 9 битови
(не е кодирана). Зошто?
16. Кои подрачја се присутни во меморијата на IJVM?
17. Koja JAVA (или C) наредба го продуцирала следниов IJVM код?

ILOAD j
DU0
IADD
ILOAD k
SWAP
ISUB
ISTORE i
Исцратај ја состојбата на stack-от по секоја инструкција.
18. Колку време (во наносекунди) е потребно кај 250 MHz Mic-1 за изврушување на Java наредба
i = j – k; ?
19. На кој начин може да се зголеми брзината на извршување на инструкциите кај Mic-1
микроархитектурата (Mic-1 -> Mic-3)?
20. Што е кеш меморија и кои видови на локалност на мемориските адреси се ползуваат?
21. Директно – мапирана кеш меморија има капацитет од 32 KB и должина на кеш-линијата од 64
бајти. Во колку редици е организирана кеш меморијата и каква ќе биде структурата на 32
битните мемориски адреси? Како ќе се промени структурата на мемориските адреси ако
меморијата се имплементира како 4-насочна ограничено асоцијативна, а капацитетот остане
ист?
22. Кои стратегии се применуваат за ажурирање на главната меморија при запишување во кеш-
меморијата
23. Што е анти-зависност, а што излезна зависност и како можат да се елиминираат?
24. Под претпоставка дека :
- машината има 4 регистри видливи за програмерот ( R0 – R3 ) и доволен број на регисти за
преименување (скриени регистри)
- инструкциите се издаваат и комплетираат вон редослед (out–of–order)
- ако инструкцијата се декодира во циклус n, извршувањето започнува во циклус n + 1,
запишувањето на резултатот во целиот регистар настапува на крајот на циклусот n + 2, а
за покомплексните инструкции (на пр. множење) на крајот на циклусот n + 3
- единицата за декодирање може да издава најмогу две инструкции во еден циклус

Да се пополни scoreboard (табела на резултати) за следнава секвенца на инструкции:


R1=R0+R2 * или + или /
R3=R0*R2
R2=R0*R1
R2=R0-R1
25. Врз основа на која карактеристика на инструкциите се врши претскажување на вредностите и кои
шеми се применуваат? Стр. 71, 72, 73
1. Објаснете го секој од следниве термини:
- преведувач
- интерпретатор
- виртуелна машина

2. Кои временски периоди и кои технолошки пронајдоци се поврзани со првите четири генерации
на компјутери?
3. Ако вчитувањето на влезните регистри на аритметичко-логичката еденица 5 ns, извршувањето на
операцијата 10 ns, а запишувањето на резултатот назад во регистрите 5 ns, колку MIPS–а може да
извршува машина без протечна обработка?
4. Кои принципи за дизајн се применуваат кај современите компјутери?
5. Направи разлика помеѓу процесорско поле и векторски процесор?
6. На колку начини можат да бидат нумерирани бајтовите во еден збор?
7. При конструирањето на код за корекција на грешки со примена на Хаминговиот алгоритам, на
еден 8-битен збор му се додаваат 4-битови за парност. Да се конструира 12-битен коден збор за 8-
битниот збор 10101110.
8. Ако времето на пристап до кеш меморијата изнесува 5 ns, времето на пристап до главната
меморија изнесува 70 ns, а средното време на пристап до кеш меморијата изнесува 12 ns, да се
определи колку од вкупно 20 мемориски обраќања се реализираат во кеш меморијата!
9. За што служи секундарната меморија и кои се единици на секундарната меморија?
10. Хиерарсиски подредиги видовите на меморија и обајсни кои клучни параметри се менуваат и
како?
11. Како се запишуваат/читаат податоците на/од оптички диск?
12. Кои се уреди за внесување на податоци од страна на човекот?
13. Објасни зошто за дизајнот на микроархитектурата може да се размислува како за програмерски
проблем?
14. Која е намената на следните регистри кај Mic-1 микроархитектурата: MAR, MBR, SP, CPP, OPC,
MPC?
15. Кај Mic-1 микроархитектурата, потребни се 1 ns за поставување на микроинструкцискиот
регистер (MIR), 1 ns за проследување на еден од регистрите на магистралата B, 3 ns за
извршување на операцијата на ALU и поместувачот, и 1 ns за проследување на резлултатите
назад кон регистрите. Ширината на импулсот на системскиот часовник изнесува 2 ns. Дали
машината може да работи на фреквенција од 100 MHz?
16. Во форматот на Mic-1 микроинструкциите, регистерот од магистралата B е кодиран 4-битно
поле. Зошто?
17. Koja JAVA (или C) наредба го продуцирала следниов IJVM код?

ILOAD j
ILOAD к
ISUB –
BIPUSH 6
ISUB –
DUP
IADD
ISTORE i
Исцратај ја состојбата на stack-от по секоја инструкција.
18. Колку време (во наносекунди) е потребно кај 200 MHz Mic-1 за изврушување на Java наредба
i = j + k; ?
19. Во колку и кои фази се одвива протечната обработка кај Mic-1 микроархитектурата?
20. Кои техники придонесуваат за подобрување на перформансите на процесорот?
21. Директно – мапирана кеш меморија има капацитет од 16 KB (1024 210). Колкава е должина на
една кеш-линија и каква ќе биде структурата на 32 битните мемориски адреси? Како ќе се
промени структурата на мемориските адреси ако меморијата се имплементира како 4-насочна
ограничено асоцијативна, а капацитетот остане ист?
22. Што е n - насочна ограничено-асоцијативна кеш меморија и кој алгоритам се применува за
определување на кеш линијата што треба да се исфрли при преземање на нова кеш-линија од
главната меморија?
23. Што е контролна зависност, а што е вистинска податочна зависност и како може да се
минимизира ефектот од нивното појавување?
24. Под претпоставка дека :
- машината има 4 регистри видливи за програмерот ( R0 – R3 ) и доволен број на регисти за
преименување (скриени регистри)
- инструкциите се издаваат и комплетираат вон редослед (out–of–order)
- ако инструкцијата се декодира во циклус n, извршувањето започнува во циклус n + 1,
запишувањето на резултатот во целиот регистар настапува на крајот на циклусот n + 2, а за
покомплексните инструкции (на пр. множење) на крајот на циклусот n + 3
- единицата за декодирање може да издава најмогу две инструкции во еден циклус

Да се пополни scoreboard (табела на резултати) за следнава секвенца на инструкции:


R2=R0-R1 * или + или /
R3=R0*R1
R1=R0*R2
R1=R0+R2
25. Кои шеми се применувааат за претскажување на исходите на разгранувањата?

You might also like